Путин порачува: Доаѓаме!
Русите во 2011 год. за вселенските прашања ќе дадат 115 милијарди рубљи, но дали тоа ќе биде доволно да се намали разликата во однос на водечките земји во таа област. Како што Американците повеќе не се во состојба да го престигнат “Apollo”, можат ли Русите да го престигнат Гагарин?
Оваа година во целиот научен свет ќе биде одбележан како јубилеј, бидејќи ќе се прославува 50 години од славниот лет на Јуриј Гагарин во Вселената. После тоа априлско утро, 1961 год., светот не бил повеќе ист, бидејќи започнала трка за Вселената, чии одеци директно или индиректно влијаеја на целиот свет, гледајќи глобално.Нормално и логично е дека прославата ќе биде најголема во Русија. Тие целата година ќе ја посветат на Гагарин, а истражувањето на Вселената, ќе добие посебно место во нивното сеопфатно ангажирање.
Пред десет дена, премиерот Путин во подмосковскиот Контролен вселенски центар (ЦУП), присуствувал на заседанието на Организацискиот комитет, по повод славењето 50 – годишнина од летот на Гагарин. Во центарот на вниманието, не бил само планот за обележување на јубилејниот настан, туку и имплементацијата на програмата на вселенското истражување, усвоен за првиот квартал од овој век, кој по мислење на сите, треба да ја обнови позицијата на Русите во Вселената. Во меѓувреме, руската космонаутика, по многу заостанувања, денес и не претставува достојна конкуренција на САД и Европа.
Веќе се закажани лансирањата во орбитата околу Земјата за околу 50 вселенски летала. Исто така, оваа година ќе биде усвоена новата сојузна програма за развој на сателитски навигациски систем - ГЛОНАСС (Глобален Навигациски Сателитски Систем), испланиран до 2020 год. За националниот вселенски програм, според зборовите на Путин, спремни сé во 2011 год. да издвојат 115 милијарди рубљи (околу 4 милијарди американски долари). Во врска со 50 – годишнина од летот на Гагарин, со декрет на претседателот Димитри Медведев, 2011 год. ќе биде прогласена за Година на Вселенета, во Русија.
Првиот значаен настан, во низа празничните прослави, на 16 март, треба да биде лансирањето со човечки екипаж “Сојуз ТМА – 21” од Бајконур, кој ќе ја пренесе целата нова посада кон ISS. Екипажот ќе го сочинуваат двајца Руси и еден Американец, додека на трупот на леталото ќе биде испишано името - “Гагарин”.
Меѓутоа, космодромот “Бајконур” станал тесен за руската космонаутика. Во Француска Гвинеја, на космодромот “Куру”, каде се гради лансирен комплекс за лансирање на ракета – носач, од типот “Сојуз – ЦТ”, кон крајот на првиот квартал, руската страна е должна да го доврши лансирниот комплекс ELS (фр. I’Ensemble de Lancement Soyouz), заедно со подвижна сервисна кула. Првото лансирање на руската ракета од Гијане, ќе биде помеѓу 15 август и 15 септември 2011 год.
Лансирајќи од космодромот “Бајконур”, руските ракети можат во геостационарната трансферна орбита (GTO), да подигнат 1.7 тони товар, додека од Гијана, тој товар потенцијално ќе порасне на 2.8 тона.
Покрај тоа, Русија не се откажува од надежта дека еден ден ќе добие сопствен космодром. Во второто полугодие, во Амурската област на далечниот исток на Русија, ќе започне изградба на космодромот “Восточнаја”. Во следните три години, за изградбата на инфраструктурата (град, патишта, струја), од државниот буџет ќе бидат обезбедени 24.7 милијарди рубљи (над 800 милиони американски долари). Очекувањата сé дека работите ќе бидат завршени до 2018 год. и дека до тогаш, трошоците ќе пораснат преку 400 милијарди рубљи (13 милијарди американски долари). Изградбата на новиот космодром со 7 лансирни летала, ќе овозможи на Русија, од своите територии да лансира летала со различни намени, вклучувајќи и интерпланетарни експедиции, а исто така и бродови со човечки екипаж, кој денес полетуваат единствено од космодромот “Бајконур”, во Казахстан. Новиот космодром ќе вработува околу 26.000 луѓе.
Русија планира во јубилејната година да продолжи со истражувањата во длабоката Вселена. Во октомври, планираат (конечно) да лансираат интерпланетарна вселенска станица “Фобос – Грунт”, кој има за задача на Земјата да донесе примерок од површината од сателитот на Марс – Phobos. На овој проект, ќе се развиваат основните технологии, неопходни за следните мисии на црвената планета. Покрај ова, во следните месеци, ќе се обнови групата од сателити, поврзани за системот ГЛОНАСС. Важен настан ќе биде јануарското лансирање на новиот сателит од третата генерација “ГЛОНАСС – К1” (некаде нарекуван и “Ураган – К”), кој за прв пат ќе биде лансиран од космодромот “Pleseck, a не од Бајкунур. При тоа, наместо “Протона”, за прв пат ќе биде користена евтина ракета – носач Сојуз-2.1б (Сојуз – 2.1б). Новиот сателит ќе има работен век од 10 – 12 години и тежина од само 750 кг.
Меѓутоа, не е во руската вселенска индустрија баш сé “мед и млеко”. Еден од црните датуми е 5.12.2010 год. На тој датум, три сателити од типот “ГЛОНАСС – М”, паднале во Тихиот океан. Штетата изнесувала над 500 милиони американски долари. Утврдено е дека причина за несреќата е поголем дотур на гориво во дополнителниот степен “ДМ – 3” на ракетата носач “Протон – М”. Преливањето со гориво е поврзано или со неисправниот индикатор или поради човечка грешка, што треба да ја утврди специјалната комисија.
Мал повод за оптимизам дава и состојбата во научните вселенски програми. Во декември 2009 год. по само 10 месеци работа, завршен бил единствениот руски научен сателит, тежок речиси 2 тони – “Коронас – Фотон”, на кој заедно со уште 12 инструменти, се наоѓа орбиталната опсерваторија - ТЕСИС, предвидена за рендгенско надгледување на Сонцето. Летното испитување на новата руска ракета – носач “Ангара”, закажана за почетокот на 2011, сега е одложено за 2012 год. поради недоволното финансирање на капитални инвестирања, а исто така и поради анализирање на неопходност од финансирање на развојните проекти.
Според секретарот за печатен медиум на руската вселенска агенција, се чувствувал дефицит од финансиски ресурси во нивната област. Тоа ќе се почувствува и при обележувањето на јубилејната година, при обновата на музејот и при давањето помош на семејствата на космонаутите. Единствено решение може да се најде во доброволните донации на патриот – бизнисмените.
Независните стручњаци сé уште критички гледаат на состојбата. Според нивното мислење, работите и идеите од областа на високата технологија, кој ‘Рускосмос” го наследил уште од времето на СССР, денес пресушиле, а новите технологии не се освоени. Водството на Русија по бројот на вселенски лансирања е слаба утеха. Европа и САД имале помал број на лансирања кон орбитата, но повеќе добиле од своите програми.
Потребни сé во Русија, значителни долгогодишни финансиски инвестиции, за нивно приближување до останатите развиени земји, кои развиваат напредни вселенски мисии и програми.
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2256
http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2258