Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Се извинувам што ќе ви прекинам забава, ама ако ова со планета иста или слична како земјата нели е малку глупо ако со тоа сакате да прашате дали е пронајдена планета со услови за живот на други... животни форми?
Бараме планета погодна за нас, не не интересираат други животни форми. :):):) :pos:
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Се извинувам што ќе ви прекинам забава, ама ако ова со планета иста или слична како земјата нели е малку глупо ако со тоа сакате да прашате дали е пронајдена планета со услови за живот на други... животни форми?
Значи тука прашањето беше за планета слична на Земјата, а не планета со некаков живот на неа. Затоа што под живот се подразбира и некоја бактерија и сл. , а таков живо најверојатно го има и не некоја друга планета или сателит во нашиот Сончев систем. Дури и за интелигентен живот не мора да значи дека мора да се условите како на нашата планета, но како што кажа Human за нас од најголем интерес се планетитет кои би имале слични услови како Земјата.
 
M

mar30

Гостин
Се извинувам што ќе ви прекинам забава, ама ако ова со планета иста или слична како земјата нели е малку глупо ако со тоа сакате да прашате дали е пронајдена планета со услови за живот на други... животни форми?

ne e glupo
bidejki zemajki vo predvid sto e potrebno za zivot koj nas ni e poznat i ako odredena planeta ispolnuva takvi odredeni uslovi ne e nevozmozno da se sozdade slicen vid na zivot na nasiot,ama toa e tesko verojatno i sansite za toa se 1:1000000000000.... ama sepak ima verojatnost a druga rabota e sto skoro site takvi planeti se daleku.....mnogu dalku baska sto nacinot na odreduvanje egzoplaneti e diskutabilen toa sansite gi namaluva uste pooveke.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Откриен нов астероид околу Нептун
02.09.2010


Астрономите открија нов објект во регионот на орбитата на Нептун. Објектот, кој ја носи ознаката 2008 LC 18 е тројански астероид, што значи дека ја дели орбитата на некоја планета, во овој случај Нептун, и е лоциран во една од двете Лагранжови точки на стабилност долж орбитата. Кај Нептун, веќе беа познати шест астероиди во регионот на точката L4, но овој објект е првиот астероид откриен во регионот на Нептуновата L5 точка.

Новооткриениот астероид е означен со зелената стрелка. Другите светли точки на оваа фотографија се ѕвезди од позадината
Астероидот е откриен од тим од Институтот Карнеги, предводен од Скот Шепард (Scott Sheppard), кој при набљудувањата користел нова техника со која се блокира заднинската светлина што потекнува од галактичката рамнина и на тој начин полесно се набљудуваат помалите објекти во околината на надворешните планети од Сончевиот систем. Според проценките, новооткриениот астероид има дијаметар од околу 100 километри, а во Нептуновиот L5 регион може да има и до 150 други објекти со слични димензии. Досега се откриени толку мал број од овие тела затоа што тие се многу бледи и многу далеку од Земјата.

Шематски приказ на Лагранжовите точки на Нептун

Регионите L4 и L5 се области во орбитата на некоја планета на растојание од 60° пред и зад планетата, соодветно. За разлика од другите три Лагранжови точки, овие две се значително постабилни, па правта и другите објекти кои може да ја следат планетата се собираат во тие два региони. L5 регионот на Нептун е доста тежок за набљудување, затоа што се наоѓа во линијата на погледот во близина на галактичкиот центар.

За сега, Јупитер има најголем број на познати Тројанци – 4.076 (од февруари 2010).

Астрономија
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Едно прашање до научната јавност на форумов.
Слушнав дека е намалено магнетното поле на сонцето.
Toчно ли е ?
:smir:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Едно прашање до научната јавност на форумов.
Слушнав дека е намалено магнетното поле на сонцето.
Toчно ли е ?
:smir:
Намалена е соларната активност, да. Најверојатно и магнетното поле со тоа. :smir:
 

bonbon4e

100% крејзи :P
Член од
4 септември 2010
Мислења
226
Поени од реакции
17
Ај и ја имам прашање
- Точно ли е дека се припремаме за на МАрс?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Најверојатно гасовити планети ?
Па такви се откриени како мнозинство во вселената. Некои поради тој факт почнаа да дават дека тоа било доказ дека Бог постои. Со други зборови, нашиот сончев систем е премногу уникатен и "баш погоден" за живот.

Пред некој ден беше откриен и систем со седум планети но најверојатно без можност за живот, бар не како овој на Земјата. :) едит (видов сега дека и тука било постирано за тоа )
Се шпекулира дека има повеќе.

Ме занима најде Кеплер до сега некоја планета со слични карактеристики на Земјата ?
Да, мислам дека ова би било најблиску до тоа:

http://www.guardian.co.uk/science/2009/dec/16/waterworld-planet-earth-life
 
R

Roten 96

Гостин
ОТКРИЕН ОГРОМЕН СОЛАРЕН СИСТЕМ СО СЕДУМ ПЛАНЕТИ

Голем соларен систем со седум планети кои кружат околу ѕвезда налик на Сонцето е откриен на 127 светлосни години од Земјата, известија научниците.




Огромниот планетарен систем најверојатно е најголем до сега откриен по нашиот Сончев систем, а астрономите потврдија дека постојат пет планети, а поседуваат докази дека во тој систем се наоѓаат уште две. Исто така, астрономите тврдат дека оддалеченоста на планетите од матичната ѕвезда е слична како во нашиот Сончев систем.

- Неверојатно е што пронајдовме систем со најмногу до сега откриени планети. Ова фасцинантно откритие го нагласува фактот дека навлегуваме во нова ера на истражувања, односно проучување на сложени планетарни системи, а не само на поединечни планети, изјави водителот на студијата Кристофер Ловис, додавајќи дека истражувањата во новооткриениот систем ќе откријат сложени гравитациски интеракции меѓу планетите и ќе овозможат увид во долгорочната еволуција на системот.

Научниците од Европската опсерваторија, кои го водеа истражувањето, тврдат дека матичната ѕвезда наречена HD 10180 се наоѓа во соѕвездието Hydrus и е оддалечена 127 светлосни години од Земјата.

Ова истражување астрономите стрпливо го воделе шест години, користејќи најсовремени инструменти. Тие тврдат дека до сега забележале пет силни сигнали за планети, а веруваат дека во системот се наоѓаат уште две планети.

- Имаме две причини да веруваме дека постојат уште две планети. Една од нив е слична на Сатурн, до минимум 65 пати поголема од масата на Земјата, додека другата планета 1,4 пати поголема маса од Земјата, објасни Ловис, додавајќи дека веројатно се работи за карпести планети кои би биле премногу жешки за одржување на живот.

Истражувањето е објавено во магазинот „Astronomy And Astrophysics“.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Еве го истиот пост :smir:

--- надополнето ---

Научниците на НАСА објавија дека два астероиди ќе поминат покрај Земјата денеска на растојание колку од Земјата до Месечината.

Помалиот од двата, 2010 RF12, поминува покрај Земјата на далечина на само 21 отсто од растојанието меѓу Месечината и Земјата - 80.000 километри. Се движи со брзина до 20 аеросекунди во минута, а до Земјата најблиску ќе биде околу 21 часот на осми септември.

Поголемиот астероид 2010 RX30, би требало најмногу да и се приближи на Земјата околу 10 часот наутро, на 231.000 километри, патувајќи со брзина од 110 до 400 аеросекунди во минута.

Ниту еден од двата астероиди не претставува сериозна опасност за Земјата, затоа што ќе се распаднат поминувајќи низ нашата густа атмосфера. Поголемиот дел од астероидите ќе изгорат, а помалите делови ќе паднат во облик на метеори.

Многу научници тврдат дека диносаурусите изумреле токму поради удар од астероид на Земјата пред 65 милиони години.

извор
 
R

Roten 96

Гостин
Едно прашање тука што мислите за сатурновиот сателит Титан многумина од научниците форсираа постоење на мориња од метан под неговата површина:Ваши мислења ??
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
1. Во вселената постојат околу 100 милијарди галаксии. Најголемите галаксии имаат отприлика по 400 милијарди ѕвезди. Се проценува дека во нашата галаксија, Млечниот пат, има околу 100 милијарди ѕвезди. Доколку се обидеме да ги изброиме сите, и доколку за секоја потрошиме по една секунда, ќе ни бидат потребни околу 3000 години.

2. Сонцето е најголемиот објект во нашиот сончев систем. Содржи приближно 98% од вкупната маса во истиот систем. Температурата на површината на Сонцето изнесува 6000 степени, додека во внатрешноста достигнува и до 15 000 000 степени целзиусови.

3. Месечината се оддалечува од Земјата. Секоја година Месечината е за 3,8 см подалеку од нас. Поради ова, и планетата Земја го забавува своето ротирање. Со други зборови, по сто години, денот ќе биде подолг за 2 милисекунди.

4. Јупитер е најголемата планета во сончевиот систем. Исто така, таа е и планетата која најбрзо ротира околу својата оска. Еден ден на Јупитер трае само 9 часа и 55 минути. Јупитер има 62 месечини.

5. Сатурн, втората по големина планета, исто така е и најлесната планета во сончевиот систем. Толку е лесна што може да плови и по вода.

6. Најмногу астероиди лежат во појасот меѓу планетите Марс и Јупитер. Најопасните од нив, кои можат да предизвикаат огромни оштетувања и катастрофии на Земјата, удираат во нашата планета на секои 100 000 години.

7. Досега се познати 14 црни дупки. Најблиската, Cygnus X-1 е оддалечена на 8000 светлосни години.

8. Податокот дека само Кинескиот ѕид може да се види од вселената е мит! Всушност, астронаутите известуваат дека од нивните летала кои орбитираат околу Земјата на височина од 217 км можат да се видат и автопатишшта, аеродроми, брани, пирамидите, па дури и некои поголеми возила.

9. Најмрачната вселена, со апсолутно ништо наоколу, би имала температура од околу -270 степени целзиусови. Инаку, вообичаено вселената има температура од околу 0 степени, а на местата каде има радијација таа е малку потопла.

10. Астронаутите не можат да ждригаат во вселената. Поради малата гравитација, течностите не се одделуваат од гасовите во стомакот, па затоа ждригањето е невозможно.

11. Во отворената вселена, сите течности кои ќе бидат ослободени ќе обликуваат топка. Тоа се случува поради ниската гравитација и притисокот на површината.

12. Во вселената не се слушаат звуци. Во неа нема воздух, па затоа нема начин да се пренесуваат вибрациите од нашиот глас.

извор
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јупитер и Уран се најдоа на најголема близина до земјата, состојба која периодично се случува на повеќе десетици години. Дури, до крајот на септември Јупитер ќе биде видлив со голо око на небото, посјајна ќе биде само месечината. Оваа планета-џин вечерва ќе се најде на оддалеченост од „само“ 592.000.000 километри од Земјата, што е за 75.000.000 километри поблиску од просечната вообичаена оддалеченост, близина незабележана од 1963 година. Уран, според својата оддалеченост од Земјата од 2.700.000.000 километри нема да може да биде видлива.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=11&item=3142
 

Kajgana Shop

На врв Bottom