Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
Ферми откри енергетски светлински сигнал
17.08.2010


Светлинскиот сигнал 3C 454.3, сјаен извор на гама зраци од галаксија која е 7 милијарди светлински години далеку од нас, неодамна стана уште посјаен. Набљудувањата направени со телескопот за гама зраци Ферми потврдија дека од 15 септември 2009 година кај овој светлински објект значително е зголемено емитувањето на гама зраци (за околку 10 пати повеќе од претходните мерења), со што овој објект стана најсветол извор на гама зраци на небото.

Споредба на сликите од Ферми, направени на 3 ноември и 2 декември 2009 година, на кои се забележува осветлувањето на објектот 3C 454.3
3C 454.3 е светлински сигнал, објект т.н. блејзер (анг. blazer - не како палтото, туку како објект кој зрачи со интензивна светлина и се наоѓа во центарот на активни галаксии), кој всушност претставува млаз од енергетски честички кои се создадени од супермасивната црна дупка во центарот на галаксијата. Се смета дека повеќето галаксии во својот центар имаат супермасивни црни дупки, кои како што ја впиваат материјата од акрециониот диск кој ги опкружува може да создадат млазеви светлина и енергија во фантастични количини. Во случајот на 3C 454.3, еден од овие млазеви е насочен кон Земјата, па затоа може да го видиме и проучуваме.

Овој објект почнал да сјае и повеќе од пулсарот Вела (Vela) кој, со оглед на тоа што од нас е оддалечен само 1.000 светлински години, е најсветлиот извор на гама зраци на небото. Но, сега 3C 454.3 е скоро два пати посјаен од Вела во спектарот на гама зраците, иако е дури 7 милиони пати подалеку од Земјата. Исто така, 3C 454.3 значително сјае и во спектарот на инфрацрвените зраци, рентген зраците, радио зраците и видливата светлина.

Ова не е прв пат светлинскиот сигнал да покаже зголемување во интензитетот на светлината - забележан е скок во сјајот во мај 2005 и повторно во јули и август 2007.

Д-р Ерин Велс Бонинг (Dr. Erin Wells Bonning) од Центарот за астрономија и астрофизика при Јејл (Yale Center for Astronomy and Astrophysics) за ова вели: „Во 2005 објектот достигна 12-та магнитуда преку црвен филтер (R-band). Најголемата магнитуда која ја регистриравме сега е 13,83, што значи дека сè уште не е достигната сјајноста од 2005 година (помал сјај за фактор околу 5). На 19 јули 2007 достигна R-band магнитуда 13, повторно не толку сјаен како во 2005 година, но сепак посјаен од сега. Во 2005 не постоеа инструменти за гама зраци за набљудување на 3C 454.3, но блесокот во 2007 година беше набљудуван од AGILE со променливост над 100 MeV од 3+- 1 * 10^-6 cts/s/cm^s. Мерењата на Ферми и AGILE од 2 и 3 декември 2009 се за 6 до 9 пати повисоки. Интересно е тоа што, иако оптички објектот не е сјаен како во 2007, доста е посјаен во спектарот на гама зраците.“

Телескопот за гама зраци ФЕРМИ (претходно познат под називот GLAST) следи повеќе извори на гама зраци на небото. 3C 454.3 е само еден од десетте најсјајни извори на гама зраци кои се видливи за сателитот.

Иако објектот 3C 454.3 не е најсјајниот извор на гама зраци набљудуван од телескопите Свифт и Ферми, сепак во моментов е најпостојан сјаен извор на небото. Бонинг вели дека „и покрај тоа што изливите на гама зраци (Gamma Ray Bursts) и блејзерите се енергетски сигнали насочени кон нас, Лоренцовиот фактор (брзината на честичките во млазот) кај изливите на гама зраци е многу повисок од оној кај блејзерите, заради што тие изгледаат посјајни како резултат на специјалните релативистички ефекти“.

Набљудувањата на 3C 454.3 продолжуваат во сите бранови должини со цел да се регистрира светлинската крива на настанот и подобро се разберат периодичните блесоци во сјајот. Бонинг вели: „Изворот е релативно пасивен откако се појави од зад Сонцето и почна да го зголемува сјајот околу крајот на јули 2009. Потоа навлезе во сјаен период со доста брза варијабилност на сјајот и достигнување на врвот на секои 20 дена. Најскорешниот интензивен блесок започна кон крајот на ноември. Од 21 ноември 3C 454.3 го зголеми сјајот за фактор 3 и во оптичкиот и во инфрацрвениот дел од спектарот. Слично, и флуксот на гама зраците се зголеми за фактор 3 во опсегот 0,1-300 GeV во истиот период“.

Причината за наизменичните блесоци во сјајот на 3C 454.3 и другите слични објекти на небото сè уште е мистерија, но овој најнов настан ќе им даде на астрономите подобри податоци за откривање на можната причина.

За потенцијалната причина Бонинг вели: „Ова е поле на интензивни истражувања. Постојат бројни модели и можно е некои честички во определени региони на млазот да се возбудени или млазот можеби поминува во близина на нашето видно поле. Или, пак, постои друго објаснување.“

Повеќе телескопи во светот веќе се насочени кон овој блесок. Овие објекти зрачат во повеќе бранови должини, па 3C 454.3 е набљудуван од повеќе различни телескопи: покрај Ферми, и италијанскиот сателит AGILE го набљудува објектот во спектарот на гама зраците, телескопот Swift започна со набљудување на почетокот на декември, а мониторинг групата од Универзитетот во Бостон на чело со Алан Маршер (Alan Marscher) го набљудува објектот со VLBA (радио; 13GHz). Исто така, постои и радиоастрономска група во Мичиген, која набљудува со VLBA, како и група предводена од Јури Ковалев (Yuri Kovalev) од Институтот „Макс Планк“ во Германија.


Извор
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Месечината се смалува?

Досега незабележани пукнатини откриени на површината на Месечината, укажуваат на тоа дека единствениот природен сателит на Земјата се смалува, се собира како балон додека се лади неговата внатрешност, откриваат научниците.


Ладењето, според доказите со кои располагаат експертите од Вашингтон, довело до намалување на радиусот на Месечината за околу 100 метри, во релативно недамнешно минато на сателитот. Откритието, следувало откако на Месечината со сонда на НАСА биле снимени невообичаените линии наречени "lobate scarps."


Слични пукнатини за прв пат биле забележани на фотографии кои астронаутите ги снимиле близу месечевиот екватор на Аполо мисиите во 70-те години на минатиот век. Сега се забележани 14 нови пукнатини, кои главно биле откриени во испакнатите предели.


Експертите веруваат дека расцепите биле создадени со руптуирање на кршливата кора на Месечината, при нејзино смалување. Сепак, постои сомнеж дека во блиска иднина може да биде забележана промена на големината на Месечината, затоа што се смета дека процесот се одвива многу бавно. Наодите укажуваат дека смалувањето од 100 метри се случило во последните милијарда години.

извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
Проблеми за Меѓународната вселенска станица
19.08.2010


На почетокот на месец август откажа една од пумпите на надворешниот систем за ладење на Меѓународната вселенска станица (МВС), што предизвика последователно исклучување и на други системи на Станицата. Според официјалното соопштение од НАСА, причина за откажувањето на системот е механички дефект, а екипажот на Станицата не е во опасност.

МВС фотографирана на почетокот на 2010 година
Меѓународната вселенска станица располага со две независни кола за ладење, кои работат на амонијак што циркулира низ огромни радијатори и на тој начин се ослободува топлината која се создава од електронските системи на Станицата, пред сè од лабораториите. Станицата сега работи со само еден систем за ладење, па за да не дојде до прегрејување на останатите системи, прекината е работата на сите научни експерименти, сè додека астронаутите не го поправат дефектот.

НАСА планира што е можно побрзо да го отстрани проблемот, со оглед на тоа што системот за ладење е особено важен за севкупната работа на Станицата. Кон средината на август веќе беа изведени две вселенски прошетки од страна на двајца астронаути од екипажот. Првата од нив не беше успешна, но при втората астронаутите успеале да ја замента расипаната пумпа, која се наоѓа на носечкиот модул Ѕ1.

За целосна поправка на системот за ладење и негово повторно вклучување ќе бидат потребни уште најмалку две излегувања во Вселена. Инаку, првата неуспешна вселенска прошетка, во траење од 8 часа, е најдолгата вселенска прошетка на Станицата изведена во момент кога за неа не е прицврстен некој од вселенските шатли.

Извор
 
Член од
21 август 2007
Мислења
23
Поени од реакции
3
50 години одкако Белка и Стрелка безбедно се вратија од орбита

BelkaStrelka.jpg

Мало бело кученце со смешна муцка и шилести уши тешко дека мможе да се замисли како бестрашен пионер. Меѓутоа, баш така изгледаше првото живо суштество кое отпатува во вселената и потоа се врати живо и здраво.

Белка и Стрелка беа двете кучиња кои со леталото Спутник 5 заминаа во орбита на 19. август 1960, завртеа околу Земјата 17 пати и потоа се вратија дома. Заедно со нив патуваа и 2 лабораториски стаорци, и 40 глувци, а секако и систем за одржување живот, разни инструменти и друга опрема.

Вселненските патници веднаш постанаа ѕвезди, уживаа во медиска популарност, а подоцна и тивок и среќен живот. Едно од кученцата на Стрелка беше пратено на фамилијата на претседателот на САД Џон Кенеди од страна на Советскиот лидер Никита Хрушчов.

Извор и повеќе
 
T

Tetro

Гостин
Парче од јаболковото стебло на Њутон во вселената

Парче од јаболковото стебло на Њутон во вселената

Парче од стеблото јаболкница од дворот на бритaнскиот научник Исак Њутон, со наредниот лет на НАСА, ќе биде испретено во вселената.

Ова парчето е оригиналот кој ја потврдува легендата дека јаболкото паднало врз научникот и со тоа, ја поставил теоријата за гравитација.

Примерокот од стеблото кое се чувало во Архивата на Кралското друштво е доверено на британскиот астроном др. Пириус Селерс.

Тој, на 14 мај годинава, заедно со слика на Њутон, во знак за одбележување на 350 годишнината од неговото раѓање, ќе ги понесе со себе во орбитата.

„Сигорен сум дека Њутон ќе биде среќен “,изјави Селерс.

Извор
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Кај бинарните ѕвезди кога се со приближно слична маса најчесто кружат околу заедничкиот центар на маса, доколку се премногу блиску може да се случи и трансфер на маса меѓу нив. Ова овдека што е објаснето не ми личи на бинарен систем барем не на некој што досега е откриен.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Соларниот систем постар отколку што до сега се мислеше

Со анализа на минералите од метеорит пронајден пред шест години во пустината Сахара, научниците дојдоа до сознание дека нашиот сончев систем е можеби за дури два милиони години постар отколку што се мислеше до сега.

Минералите кои се наоѓаат во метеоритот тежок 1,49 килограми се најстарите крути материјали формирани по раѓањето на Сонцето. Според научниците, со одредувањето на нивната старост, може да се дојде до најпрецизната проценка на периодот на настанувањето на сончевиот систем.

Користејќи изотопи на олово, истражувачите од Универзитетот во Аризона дошле до сознание дека минералите се формирани пред 4.568,2 милијарди години, што е околу 1,9 милиони години порано отколку што до сега се сметаше, пишува Daily Telegraph.

"Староста на сончевиот систем може да се дефинира како време на настанувањето на првите цврсти зрна кои го опкружуваат протосонцето", вели Одри Бувие, научникот кој ја предводел студијата, додавајќи дека досегашните анализи покажуваат дека и протосонцето како и магливиот круг настанале многу порано отколку што до сега се сметало.

извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
Откриен нов сончев систем со седум планети?

Меѓународен тим астронаути тврди дека открил ѕвезда која личи на Сонцето и околу која кружат седум планети, од кои една би можела да биде најмалата која некогаш е пронајдена надвор од сончевиот систем.
Доколку истражувањето биде потврдено, планетарниот систем околу HD 10180, ѕвезди сместени во јужното соѕвездие на Хидра и оддалечени 127 светлосни години од Земјата, би можел да биде досега најголемиот кои го откриле астрономите, соопшти Европската јужна опсерваторија (ЕСО).
Астрономите тврдат и дека е малку веројатно дека на било која од планетите кои се движат околу HD 10180 има живот. Планетите се или преголеми или претопли, а според големината варираат од оние кои личат на Сатурн, до оние кои наликуваат на Земјата.
Тие наведуваат, исто така, дека оддалеченоста на планетите од матичната ѕвезда е слична на онаа во нашиот сончев систем.
„Најверојатно пронајдовме систем со досега најмногу откриени планети. Ова неверојатно откритие укажува дека влегуваме во нова ера на истражување на егзопланети, односно проучувања на сложени планетарни системи, а не само поединечни планети“, истакна Кристоф Ловис од универзитетот во Женева, а автор на студијата објавена во списанието „Astronomy and Astrophysics“.
Тој додаде дека истражувањето на планетарното движење во новооткриениот систем ќе открие сложени гравитациски интеракции меѓу планетите и ќе овозможи увид во долгорочните еволуции на системот.
Истражувањето е плод на шестгодишна работа. Астрономите користеле HARPS спектограф, прицврстен на 3,6 метри голем телескоп во Ла Стил во Чиле.

A1
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
НАСА откри две нови планети надвор од Сончевиот систем


Американската вселенска агенција НАСА објави дека открила две нови планети надвор од Сончевиот систем. , пренесе Итар-Тасс
Научникот-соработник на истражувачкиот центар на НАСА Вилијам Боруки посочи дека по димензии овие планети се малку помали од Сатурн и се вртат околу орбитата на една од ѕвездите од Млечниот пат, откриена неодамна од орбиталниот телескоп „Кеплер".
Ова е првото откритие на систем од планети - истовремено неколку планети, да ротираат околу орбитата на една ѕвезда ", истакна тој.
Планетите се наречени „Кеплер 9В" и „Кеплер 9С“.
Откритието се случи како резултат на истражување кое траеше седум месеци. Научниците набљудуваат повеќе од 156. 000 ѕвезди, обидувајќи се да најдат надвор од Сончевиот систем планети, споредливи по големина со Земјата.
Тие открија и уште едно небесно тело со радиус 1,5 пати поголем од оној на Земјата, но засега не можат да го класифицираат како планета.

Извор
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
НАСА откри две нови планети надвор од Сончевиот систем


Американската вселенска агенција НАСА објави дека открила две нови планети надвор од Сончевиот систем. , пренесе Итар-Тасс
Научникот-соработник на истражувачкиот центар на НАСА Вилијам Боруки посочи дека по димензии овие планети се малку помали од Сатурн и се вртат околу орбитата на една од ѕвездите од Млечниот пат, откриена неодамна од орбиталниот телескоп „Кеплер".
Ова е првото откритие на систем од планети - истовремено неколку планети, да ротираат околу орбитата на една ѕвезда ", истакна тој.
Планетите се наречени „Кеплер 9В" и „Кеплер 9С“.
Откритието се случи како резултат на истражување кое траеше седум месеци. Научниците набљудуваат повеќе од 156. 000 ѕвезди, обидувајќи се да најдат надвор од Сончевиот систем планети, споредливи по големина со Земјата.
Тие открија и уште едно небесно тело со радиус 1,5 пати поголем од оној на Земјата, но засега не можат да го класифицираат како планета.

Извор
Најверојатно гасовити планети ? Пред некој ден беше откриен и систем со седум планети но најверојатно без можност за живот, бар не како овој на Земјата. :) едит (видов сега дека и тука било постирано за тоа )
Ме занима најде Кеплер до сега некоја планета со слични карактеристики на Земјата ?
 
T

Tetro

Гостин
Откритие: Ѕвезда што ѕвони

Ѕвезда што ѕвони откриле научниците од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања.

Во студијата откриени биле податоци од 187 ден на набљудувањето на ѕвездата ХД 49933. Истите ќе бидат објавени во списанието Science.

Научниците ја употребиле техниката на набљудување под назив ѕвездена сеизмологија, со која се анализираат акустичните флуктуации и ги откриваат подрачјата на силна магнетна активност односно “ѕвездени очи“.

Интересно за ХД 499333 е тоа што нејзиното ѕвонење се менува со магнетниот циклус, кој што трае помалку од година.
Нетпрес


 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Ѕвезда што ѕвони откриле научниците од американскиот Национален центар за атмосферски истражувања.

Во студијата откриени биле податоци од 187 ден на набљудувањето на ѕвездата ХД 49933. Истите ќе бидат објавени во списанието Science.

Научниците ја употребиле техниката на набљудување под назив ѕвездена сеизмологија, со која се анализираат акустичните флуктуации и ги откриваат подрачјата на силна магнетна активност односно “ѕвездени очи“.

Интересно за ХД 499333 е тоа што нејзиното ѕвонење се менува со магнетниот циклус, кој што трае помалку од година.
Нетпрес


Некој бил побрз од мене...Се надевав дека ќе ја слушнам ѕвездата како ѕвони ама ништо од видеото...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.029
Најверојатно гасовити планети ? Пред некој ден беше откриен и систем со седум планети но најверојатно без можност за живот, бар не како овој на Земјата. :) едит (видов сега дека и тука било постирано за тоа )
Ме занима најде Кеплер до сега некоја планета со слични карактеристики на Земјата ?
Јас колку што знам досега никој нема откриено таква планета. Се се некои планети поголеми од Земјата и блиски до нивната матична ѕвезда.
Сепак со Кеплер се откриени и планети доста оддалечени од матичната ѕвезда.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Се извинувам што ќе ви прекинам забава, ама ако ова со планета иста или слична како земјата нели е малку глупо ако со тоа сакате да прашате дали е пронајдена планета со услови за живот на други... животни форми?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom