Апсолвентски екскурзии

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Тоа да, и во Волендам обавезно жива риба (солена). Барајте и една продавница за спортска опрема, начекавме попуст живо џабе беше, поефтино од шутка.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
996
Поени од реакции
1.762
Со Рапсоди и потпишав, сите ги фалат.
Него ајде пишете некои совети за факултативни излети, кои да идам, кои не пошто нема да бидам со јак буџет таму ќе гледам да крпам на многу работи а и реално не ми се оди на се и сешто таму што ќе биде понудено. :D
Јас одев слична тура. За Виена, можеш да го посетиш ако сакаш Шонбрун, или место него, во Париз да идеш во Версај, демек слични, само Версај поголем е. Како и да е јас бев во Шонбрун, убаво е местото. Јас не бев во Берлин, туку во Минхен и таму бевме во пивница, така да како што ти кажаа обавезно посети пивница во Берлин, не верувам дека е поразлично од Минхен, многу беше јако. За Амстердам, не не носеа во по селцата, строго центарот идевме. Немој да се излажеш во музејот Мадам Тисо да идеш, џабе пари, а ни фигурите не личат баш на вистинските личности:pos:. Ама ако имате понуда да одите во фабриката на Хајнекен, обавезно оди, многу беше интересно. Има 7D сала, па идеш после гледаш како се прави пивото, ти даваат да пробаш тазе произведено пиво, можеш и да си украдеш чаша и милион подметачи:D И точиш и пиво како што треба со пена така и така и ти даваат диплома демек мастер за точење пиво хахах. Се на се многу добро беше.
Париз. Лувр е убав музеј, мада премногу голем и 2 саата што ги имаш ти се малце да го поминеш цел. И на крај ќе стигнеш до Мона Лиза и ќе сфатиш дека е далеку од тебе.
Mona-Lisa-Louvre.jpg mona-lisa-room-real.jpg
За да не очекуваш премногу од Мона Лиза:D
Кулата обавезно качи ја, нека не те кочи гужвата што ќе ја има, греота е да стигнеш до Париз, а да не се качиш на Ајфеловата кула. За крстарење по Сена, ок беше, интересно да разгледуваш околу тебе прекрасни објекти. Нотр Дам катедралата е убаво место, само ја сам отидов со метро, немаше организирано до таму. Не се плаќаше влез мислам. Версај не го посетив. Обавезно да идеш до Монмартр, многу убаво место, со црква и скали и трева нашироко. Таму е и уметничкиот кварт. Сум се воодушевил, како сликаат уметниците. Има слики на гугл:cool:. И за крај во Париз, може скапо да ти делува Дизниленд, ама вреди да се посети. Само имаше заеабанции, една карта за едниот дел важи, пошто има Дизни Ворлд и другиот е Дизни Парк. Иди во вториот, таму се ролеркостерите и сличните ствари:D Другото е за децата. Лорет де Мар е супер место со огромна плажа. Ќе се најадете таму, ол инклузив хахаха. Барселона имаш за шетање и имаше и доста ефтини бутици за наши услови. Кошули имаше за 20-30 евра, 15 евра кратки пантолончиња и сл. Музејот на Дали промаши го освен ако сакаш уметност, иначе џабе дадени пари. Може ефтино да ти се види, ама како се ближи крај на патувањето, многу ќе ги цениш еврата што ти останале:pos:. Иди на Камп Ноу и тоа е греота да го пропуштиш кога си веќе таму. Имаш и низ него многу за шетање. Аквариумот онака интересен, ајкули над тебе пливаат.:eek: Мислам дека и фламенкото не е ништо посебно, кај нас никој не отиде хаха. Дискотеките се океј, таа Опиум Мар, пази соленки се цените на пива:cautious:
Тоа е тоа што ми текнува. Ова е се што го посетив и ти кажувам како што било од лично искуство. Другите факултативи, тој што бил нека ти каже:) Ако ми текне уште нешто, ќе допишм.

П.С Листата со факултативи нас ни ја дадоа одма после српска граница мислам и мораше одма да кажеш што сакаш и да платиш одма во автобус и некако нагло ни беше, па многу луѓе заокружуваа и плаќаа и што сакаа и што не сакаа. Затоа вака добро што праша да си имаш отприлика слика што како нудат. Сликај си ги коментариве во телефон, да се потсетиш во моментот што ти предлагаме:D
 
Последно уредено:
H

HoT IcE

Гостин
Дада, си направив белешки што како од ова што ми пишавте и си ги ставив во Google Keep, кога ќе дојде време да се одлучува за кои факултативни ќе идам, 5 минути читање and i'm ready.
Изненаден сум колку исцрпни одговори добив, легенди сте <3
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
јас сакам да прашам некои оттука шо биле на апсолвентска, ако може да ми кажат искуство со РАПСОДИ шо биле, ако има такви дал исте задоволни од нив општо за се ?

ме интересира исто може е смешно, но сепак.....зимска гардероба дали да носам или пролетна гардероба ? наводно јакни носеле зимски шо ми кажаа другарки мои :D

и од прилика колку џепарац, без факултативните би ми биле доволни да поминам ?

фала однапред
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
996
Поени од реакции
1.762
јас сакам да прашам некои оттука шо биле на апсолвентска, ако може да ми кажат искуство со РАПСОДИ шо биле, ако има такви дал исте задоволни од нив општо за се ?

ме интересира исто може е смешно, но сепак.....зимска гардероба дали да носам или пролетна гардероба ? наводно јакни носеле зимски шо ми кажаа другарки мои :D

и од прилика колку џепарац, без факултативните би ми биле доволни да поминам ?

фала однапред
За првиот пасус не можам да кажам ништо. За вториот зависи кога ќе идете, претпоставувам април мај, обично тогаш се оди. Земи и тоа и тоа. Некогаш е топло, некогаш свежо.. Поготово во приморските градови. За џепарац исто зависи колку дена идете и каде. Мене со факултативи ме фати 500 евра. Ако се сеќавам факултативите идеа околу 100-150 евра тоа јас што одбрав.
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
во април ќе одиме, почетокот, а ќе одиме на релација од 20 дена, на таа тура

500 евра е самата екскурзија, а за факултативните не знам уште немам информација. Лани вкупно сите ако сакаш да ги посетиш биле околу 300 евра

фала ти сепак :)
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
996
Поени од реакции
1.762
во април ќе одиме, почетокот, а ќе одиме на релација од 20 дена, на таа тура

500 евра е самата екскурзија, а за факултативните не знам уште немам информација. Лани вкупно сите ако сакаш да ги посетиш биле околу 300 евра

фала ти сепак :)
Јас во Мај бев. Во глобала топло беше, ама имаше некои денови ладно. Претежно долги алишта си носиш во автобусот, зашто навечер кога се патува и кога се застанува на паузи е прилично ладно. Јас во глобала износев летни алишта, со тоа што од цел куфер, 3-4 пара алишта искористив:pos:. И тренерки. Другото остана недопрено, како го спакував најдоле, така го отпакував. За факултативите стварно нема потреба сите да ги посетиш. Види во претходните постови, имавме пишано неколку членови отприлика кои факултативи вреди да се погледнат. Ако ги знаеш ти отприлика факултативите можеш да споредиш со нашите искуства. А можеш и да ги пишеш тука па да ти дадеме некој совет. Ние кога тргнавме од тука со автобус ни го дадоа листот со факултативи да одбереме, малце не фати неспремни, не ни знаевме што како е, ни колку пари ќе имаме во моментот на факултативата. Па биравме онака од нешто што сме знаеле претходно и сме слушнале. Избравме доста факултативи кои според мене беа погодени и ме фатија толку 100-150 евра.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
во април ќе одиме, почетокот, а ќе одиме на релација од 20 дена, на таа тура

500 евра е самата екскурзија, а за факултативните не знам уште немам информација. Лани вкупно сите ако сакаш да ги посетиш биле околу 300 евра

фала ти сепак :)
Јас бев во април и тоа тргавме на 1 април. Ладно и врнежливо беше амстердам друго беше оик време . Обавезно посета дизниленд и крстарење по сена ! Дискотеката во Барселона скокнија најпаметно 20 евра е само влез , а пијачките се изгор 11 евра е кокакола па види ти сеа.
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
најдов ценовник од лани, а за годинава се надевам дека пред тргање ќе имам некоја информација за цените на излетите, новодно уште не се знаело :D

http://imgur.com/Zvx3Bib
http://imgur.com/s2PwVAo
http://imgur.com/fywMCgx
http://imgur.com/svdJmBR
http://imgur.com/nQ3bJcN

ако не Ви е проблем на неколку шо ми пишавте еве видете цени има тука и каде шо ќе се посети, па дали вреди или не некои од овие да ги посетам

фала однапред :)
 

Ler

Член од
19 август 2012
Мислења
33
Поени од реакции
9
Здраво.... Годинава планирам да одам на апсолвентската екскурзија,19 дена што е, со РАПСОДИ па сакам да прашам:
-Колку пари потрошивте за џепарлак?
-Колку пари се сите факултативни?
-Кои факултативни мислите дека не вреди да се посетат, кои не ви оставиле некаков впечаток?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom