Мој совет е да ги скокнеш екскурзиите во Lloret de Mar, тие што се за шетање по винарии и во Тоса де Мар. Јас не бев нешто воодушевен, и наместо тоа со друштвото си отидовме во ботаничката градина во Lloret de Mar, картите беа 2.5 евра за студенти. Малку понатаму од ботаничката градина има една одлична песочна плажа опколена со карпи, не успеавме да одиме ама би препорачал да се посети бидејќи ќе имате слободно време.
Друго, шопингот во Барселона скокни го бидејќи викаш дека нема да трошиш многу, и веројатно нема да ти е до шопинг.
Ги фалеа средовековни вечери и фламенко претстави во Шпанија, јас не отидов и не жалам, го шетавме Lloret de Mar за тоа време и баш убаво си поминавме.
Во Берлин шетај секаде кај што ќе ве водат водичите, и после оди и нацртај се во Hofbrau пивницата во Берлин и уживај во шоуто, зошто лудница е. 3000-4000 луѓе пеат, пијат, се смеат, таква атмосфера во живот не сум осетил и препорачувам на сите
Ноќно крстарење по Сена во Париз јас го скокнав, други занимации си бркавме со друштвото, а и не сум романтичен тип.
Во Холандија оди и види ги селцата, препорачувам. И повеќе шетајте во Амстердам ако никогаш не сте биле, не се забацувајте во кофи шоп одма со травата, ништо од градот нема да видите а е апсолутно прекрасен. Јас би изнајмил точак за истите пари што ќе се надувам и би го прошетал градот на долго и на широко (секако ќе си истражиш прво од дома што вреди да се види).
Имаше кула некоја, се качуваш на врвот и го глеаш Париз, во ниедно време сабајле се посетува, мене не ми беше привлечно за посетување па тој саат и пол го шетав низ градот, и таа висина ја заменив со качување на втор кат на Ајфелова кула на зајдисонце - убавини
Сигурно испуштив нешто ама кога ке излезе списокот со факултативните излети ќе кажам што според мене вреди а што не.
Како и да е, за секој град земи и истражи што можеш да видиш за 1 ден, има одлични туторијали на интернет.