Зошто ваучерите се штетни за нашата младина?
Владата сериозно пристапува кон промовирање на технолошкиот развој во земјата. Не поминаа ни 5 дена откако ни беше понудено огледало, а еве го премиерот со новитет,
ваучери за младите во земјава. Кај мене на факултет и нема апсолвенти. ЕКТС, не знам ти што. Арно ама во индексот ми стои „апсолвент“, сеуште. Тоа значи дека веројатно и мене ми следува ваучер од 200 евра. Но јас нема да го искористам. Еве, и хипотетички да замислиме дека ми следува ваучер доколку не ми следува, јас нема да го искористам. Зошто?
- Нудењето на ваучери за апсолвентите ќе повлече дополнителен трошок за фамилијата/студентот кој го користи ваучерот. 200 евра ја олеснува ситуацијата, но со 200 евра во Македонија може да се купи некоја чкарт хардверска конфигурација која на студентот НЕМА да му понуди валидна работна околина. Такви ги има во АМЦ, Анхоч, Нико, итн. преку нивните Давиди и Голиати. Ок, можеби и прашање е дали навистина може воопшто со 200 евра да се набави компјутер (кога велам компјутер мислам на машина со вклучен монитор). Тоа значи дека ваучерите нема да им помогнат на студентите, туку напротив, дополнително ќе им ја влошат состојбата преку потреба од купување на дополнителни хардверски компоненти, па не дај-боже и софтвер. Решение за ова би било да владата понуди ваучер за купување на БИЛО КАКВИ технолошки гаџети. Можеби имам компјутер, а ми треба екстерен диск, од кај знае премиерот што ми треба? Ако се прошири полето на ваучерот и ако со него можеме да купуваме било што до 200 евра, тогаш секоја чест, добар гест, но вака со принудување за купување на компјутери, се наметнува потребата од имање компјутер. А и на сите апсолвенти не им треба компјутер. На некој можеби многу повеќе му треба дупчалка (бормашина?), или што знам јас, некое друго џиџе кое му е по-приоритетно пред компјутерот.
- Со оваа кампања на Владата се промовира пиратерија. Ако ме прашате мене, воопшто не ми е гајле дали Петко ќе користи пиратски или непиратски XP. Исто гомно се и двете варијанти. Но со оглед на тоа што Владата се бори против пиратеријата, а со 200 евра практично не може да се покрие ни хардверскиот дел, Петко ќе мора да си набави пиратски софтвер. Линуксашите ќе помислиме дека Петко може да си инсталира слободен софтвер, со што сосема се согласувам, но во Македонија, ниту една компанија нема да понуди решение со GNU/Linux дистрибуција на машината. Сега мора да дојде до израз свесноста на Петко да користи слободен софтвер, но Владата треба да нагласи „ви даваме ваучер од 200 евра за хардвер, а за да не користите пиратски софтвер, бидејќи со 200 евра не може да купите MS Office и сл., ви препорачуваме да користите GNU/Linux“. И така проблемот со промоција на пиратерија ќе се реши.
- Со користење на ваучерите се прават списоци на апсолвенти кои подигнале ваучер. Тие списоци се со име и презиме, лични податоци и своерачен потпис. Сето тоа го става студентот во улога на марионетка. Ако утре владата одлучи да се повика на Вашиот потпис како согласност дека Вие (апсолвентот) се сложувате со добрата работа на Владата и си го зголеми рејтингот, Вие нема да можете да сторите ништо. Вие сте потпишале дека се вклучувате во акција на Владата и дека од сето тоа сте добиле материјални добра и со тоа му давате признание на Владата. Покрај тоа, политички загушените апсолвенти чии татковци им рекле да не земаат ваучер затоа што тато бил од СДСМ или ДУИ ќе го исфилтрираат списокот и ќе се добие листа од 90% апсолвенти кои се политички ориентирани, додека другите 10% ќе стојат на списокот како лица кои гледаат можност за подобра иднина преку искористувањето на ваучерите.
Не ја поддржувам оваа иницијатива на Владата поради тоа што фиктивно се прави впечаток дека Владата се вклучува во развој на технологијата во РМ. Зошто Владата не даде 200 евра на апсолвентите кои сакаат да го продолжат своето школување на пост-дипл. студии во нашата земја? Тоа многу повеќе би им значело. Зошто Владата пак, не им дава по 200 евра, не ваучери, на фамилиите во кои има апсолвент. Тоа би било најдоброто нешто што можело да се случи во последно време. А сепак истите пари би биле одвоени.
За да не испаднеме политизирани млади лица чија визија ја препречува политичката ориентираност на педерските политички партии (сите!), одбијте ја оваа иницијатива, и побарајте нешто кое е многу поблагородно за нас…што знам, Интернет низ цела држава? (не dialup со user: vladamk, pass: ostvaruvame
)