Постои теорија према која баш Римјаните го "измислиле" Христијанството со цел да ги поделат и ослабнат бунтовните Евреи кои често дигале востанија во тогашната римска провинција Јудеја.
Наводно Св.Павле како римски граѓанин бил задолжен со стварање на сосема нова религија базирана околу малечок култ во Ерусалим кој се базирал на месијанството на Исус.
Не верувам дека е точна теорија, но кој би знаел што се случувало пред 21 век во Јудеја. Римските извори се скржави во тој поглед.
Таа теорија нема доволно поткрепа. Во тоа време има илјадници култови и богови, зошто Римјаните би го избрале токму Христијанството да се пацифицираат Евреите? Германските племиња биле каде-каде поголема опасност по Рим со векови претходно, што не им измислиле нив некој мирољубив месија.
Римските извори се скржави зашто реално тие кои пишувале ја сметале Јудеа за релативно небитна. Некој кој се побунил, но чии востанија биле задушени и после тоа бунтовниците поробени и опљачкани. Поинтересни им биле богатствата и артефактите земени од Јудеа кои ги влечкале на триумф низ Рим. Единствен кој повеќе пишувал за Јудеа е Јосиф, јудејски бунтовник заробен од Римјаните.
Поголеми и поинтересни теми им биле Картагина (населена од друг семитски народ - Феникијци или Пуни) дур не ги збришале од светска мапа. Па Македонија, Ахаја, Епир, Парти, Гали, Германи, Египќани, итн. Јудеа е релативно периферна тема, монета за поткусурување за Рим со тогашната источна велесила Партија.