Анксиозност

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
А како си ги тестирал формулацииве, жити мене? Куркуминот поминува низ екстензивно метаболизирање и у фаза 1 и у фаза 2. Можеш како стручен у ова поле (глеам си тестирал), поподробно да објасниш како црно семе ја подобрува биодостапноста на ова чудо од билка?
Црп пипер, не црно семе. За био-достапноста, црниот пипер го инхибира ензимот кој го прави растволив во вода и метаболизира турмерикот/куркуминот во јетрата, па така наместо да имаш мизерна абсорција (во плазма која не е толку битна за турмерикот) имаш подобрување од 2000% - додатно, маста го зголемува за неколку пати исто така.

Сум ги тестирал и споредил ефектите, пијам прекинувам - и споредувам ефекти, не е научно базирано него субјективно, сепак е релевантно затоа што има неколку студии кои докажуваат дека кога се конзумира како билка не во форма на екстракт - има синергии кои не се возможни кога се конзумира само куркумин, имаш горе студии и видеа кои го докажуваат тоа.

Еве за дијабет, луѓе - рандомизирана студија.

D

Daedalus

Гостин

Си го мереше количеството на глукоза у крв, земено дека си ги контролирал сите други фактори ко исхрана, физичка активност и друго или благотворните ефекти на оваа билка у комбинација со црн пипер ги почувствува интуитивно?

Кој ензим у дигестивниот тракт го праи куркуминот порастворлив у вода и како црниот пипер го инхибира?

Дај прати некое објаснување ако не можеш сам да објасниш.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Си го мереше количеството на глукоза у крв, земено дека си ги контролирал сите други фактори ко исхрана, физичка активност и друго или благотворните ефекти на оваа билка у комбинација со црн пипер ги почувствува интуитивно?

Кој ензим у дигестивниот тракт го праи куркуминот порастворлив у вода и како црниот пипер го инхибира?

Дај прати некое објаснување ако не можеш сам да објасниш.
Ти пратив видео, и доловив како се случува процесот - еве ти студија. Пипреринот - се користи во многу суплементи исто така, заради истата причина, не е само за турмерик.

Има студии во кои се потврдува т.е. поклопува мое искуство со резултатите од истите. Исто така имаат пробуавно и неколку луѓе кои имаат тип 2 а и тип 1, сите се осеќаат осетно подобро после само 3-4 недели, од секој можен аспект, а и темава не е за тоа - моја грешка беше што се расфрлав со студии за се и сешто а не само за анксиозност. Има горе извадоци од студии за алцхајмер, депресија и анксиозност - подобро нив да ги коментираме.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.352

17:39 у клучниот момент. :pos:Која „професионалност“ ја има кај нас, мајко мила! :tapp:
 
Последно уредено:

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.052
Црп пипер, не црно семе. За био-достапноста, црниот пипер го инхибира ензимот кој го прави растволив во вода и метаболизира турмерикот/куркуминот во јетрата, па така наместо да имаш мизерна абсорција (во плазма која не е толку битна за турмерикот) имаш подобрување од 2000% - додатно, маста го зголемува за неколку пати исто така.

Сум ги тестирал и споредил ефектите, пијам прекинувам - и споредувам ефекти, не е научно базирано него субјективно, сепак е релевантно затоа што има неколку студии кои докажуваат дека кога се конзумира како билка не во форма на екстракт - има синергии кои не се возможни кога се конзумира само куркумин, имаш горе студии и видеа кои го докажуваат тоа.

Еве за дијабет, луѓе - рандомизирана студија.

Како го приготвуваш тумерикот со пипер и со маст? Може ли како запршка да ги направиш во тава, и да ги конзумираш со здрава храна, на пример пилешко со ориз?

И пиши, не се заебавај, луѓе имаме овде да излечиме.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Како го приготвуваш тумерикот со пипер и со маст? Може ли како запршка да ги направиш во тава, и да ги конзумираш со здрава храна, на пример пилешко со ориз?

И пиши, не се заебавај, луѓе имаме овде да излечиме.
За нова година имам една рецепта, ќе ти пишам пп.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.052
За нова година имам една рецепта, ќе ти пишам пп.
Ја ти викам да пишеш тука за луѓево што бараат чаре, ти си еден од ретките што може да помогне. Ако продолжиш да бидеш вака неозбилен на теми каде болни луѓе бараат помош, ќе барам од модераторите да те банираат.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ја ти викам да пишеш тука за луѓево што бараат чаре, ти си еден од ретките што може да помогне. Ако продолжиш да бидеш вака неозбилен на теми каде болни луѓе бараат помош, ќе барам од модераторите да те банираат.
1/10
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Луѓе, едно прашање со недели ми се врти во глава никако да го исфрлам:

Дали ние анксиозно-депресивните сме луди??

Знам дека ќе ми дадете одговори од типот не, не сте, од анксиозност не се полудува и сл. Меѓутоа ми треба аргумент и објаснување за да си ја убедам психава.

По што се разликуваме ние од оние што се стварно ,,луди" ? :D
Како можеш да наречеш некој луд ? Само затоа што се мнозинството тамн, не значи дека тие се нормални, а другите луди ? Можеби оние кои ние ги нарекуваме луди се нормални, а нормалните се луди ? Сметаме дека лудите обично гледаат работи, кои нормалните не ги гледаат. Но, само ако нормалните не гледаат нешто што некој друг го гледа, не значи дека тоа нешто не постои ... а и кој би бил тој на кого би можеле да веруваме дека тоа нешто постои или непостои ? Некои веруваат во паралелен универзум, некои веруваат во духови, некои во вонемјани и сл. ... Можеби башоние кои ние ги нарекувеме луди се вусшност многупоинтелигентни од нормалните .... Кој ја има дефиницијата за тоа даке накој е луд и која е таа, за ние мнозинството да судиме ? Размисли на темава ;)[DOUBLEPOST=1490731441][/DOUBLEPOST]
Психозата е губење на контакт со реалноста. Може да настане преку земање на дрога, мозочна повреда, одредени болести или претрпена огромна траума.
Анксиозноста може да се појави како придружен симптом на психозата, додека психозата е еден од симптомите на шизофренијата.
По кои симптоми се разликува психоза од анксиозност ? Како можам да препознаам кај некој близок дали се работи за психоза или анксиозност ?
 
Последно уредено:

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Луѓе, едно прашање со недели ми се врти во глава никако да го исфрлам:

Дали ние анксиозно-депресивните сме луди??

Знам дека ќе ми дадете одговори од типот не, не сте, од анксиозност не се полудува и сл. Меѓутоа ми треба аргумент и објаснување за да си ја убедам психава.

По што се разликуваме ние од оние што се стварно ,,луди" ? :D
За лудите, прашањето "Дали сме луди?" нема никакво значење..
Ако ти е за утеха, тоа е единствената разлика. :D:icon_mrgr:
По кои симптоми се разликува психоза од анксиозност ? Како можам да препознаам кај некој близок дали се работи за психоза или анксиозност ?
Психозата и анксиозноста се разликуваат како Канада и Монголија.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Еве што вика чичко гугл, да бидете со мирна глава:
The truth is that while anxiety can cause a lot of different changes and behaviors, psychotic behavior is not one of them. Psychosis is characterized by a dangerous loss of reality. Anxiety can cause a break from reality, but that break isn't dangerous and doesn't cause any noticeable, permanent changes.
 
Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Еве еден куп видни членови се согласуваат со мене на темава.

Тие што се согласуваат со тебе на темава, не беа болни и не боледуваат јако, онолку колку што јас боледувам. На јебани 24 години. А од 20 сум почнала. Тие имаат над 30, 40 и веројатно се нормални.
Стасав и до нутриоционист. Како и да е, јас со тебе не се согласувам ете. Пошо јас сум пробала се,со години и додуша сеуште пробувам.
А, и не пробувам веќе, пошто ми е преку глава, како сум така, шо биде- БИДЕ! Нек се јебе...
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Здраво, пишува "луд" анксиозен тип. Не верував дека си патам од анксиозност, иако сите ми го викаа тоа, од доктори - до членови од форумов.

Како прво и основно голема благодарност до @Psyside, типот пишува на темава (и на еден куп здравствени) со толкав жар, дури на момент ќе си помислиш дека дава од тие жолтите бонбончиња гратис :D. Каму да постоеа повеќе такви начитани ликови, ќе цветавме.

Ќе скратам. Почнав со крварење од нос, потоа открив зголемен притисок, над 160/100. Црвенило на лице, немир, ладни екстремитети. Али секакво негирање на било каков психички проблем! Секој ден единствана помисла ми беше дека ќе ме удри, дека ќе умрам. Имам одено до Филип втори 10 пати, во воена можеби 15 пати, еднаш Систина и еднаш Ремедика. И еднаш кај доктор Јосиф АтикКор. Каде цело време ми велеа дека нема органска болест! Ама како?

Имам направено можеби над 50 ЕКГ-а, 20+ крвни слики. Во меѓувреме добив и гастритис без хелико (најверојатно ради стрес), уништив и хранопровод и желудник. Почнав да пијам PPI блокатори (омепразол, енамера) кои мислам дека ради тоа што негативен ефект им е да намалуваат магнезиум во телото, почнав да добивам екстрасистоли коишто не ме оставаа да дишам, по 5 прескоци на 10 секунди. живееш пекол - ама буквално. Се будев цел среќен, за кога покасно откако ќе почне да изминува денот да почнат да ме пукаат и црни мисли и бодежи и стравови и паники да не цркнам.

Цело време сум тука, читам одамна и дојдов до контакт со Псај којшто ми даде некои насоки како да почнам да употребувам суплементи. Земав од магнезиумовите прашкови, здрава храна како семиња али ништо посериозно. Морам да се заблагодарам што кога се најдов со него ми даде есенцијални масла помешани во маслиново, кои морам да кажам дека уствари ме натераа да верувам дека има нешто. Потоа се образовав, читав се што може да се прочита на тема анксиозност+депресија, сфатив дека големи се шансите позади таква дијагноза да стои воспаление / процес во телото кој го потикнува сето тоа чувство. Земав магнезиум глицинат од Iherb во прашкеста форма, и одкако почнав да го пијам начисто се' се промени. Претходно имав пиено хелекс, апче од кое што сите мачнини и екстрасистоли и панични состојби ми ги '' гасеше '' ко на прекидач. Епа магнезиумот го прави истото, ама буквално. Се осеќаш ко да ти излегло сето зло од тебе :D
Моментално си го користам магнезиумот, користам Мерц таблетки, јаткасти плодови по 50-60 грама во ден, таурин, семиња, куркума, ѓумбир ( во чај или рендан на храна), гледам да јадам здрава храна али се се вратив и на стариот живот. Крвна слика стакло, мозокот исчистен од сите демони :)
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Ти пратив видео, и доловив како се случува процесот - еве ти студија. Пипреринот - се користи во многу суплементи исто така, заради истата причина, не е само за турмерик.

Има студии во кои се потврдува т.е. поклопува мое искуство со резултатите од истите. Исто така имаат пробуавно и неколку луѓе кои имаат тип 2 а и тип 1, сите се осеќаат осетно подобро после само 3-4 недели, од секој можен аспект, а и темава не е за тоа - моја грешка беше што се расфрлав со студии за се и сешто а не само за анксиозност. Има горе извадоци од студии за алцхајмер, депресија и анксиозност - подобро нив да ги коментираме.
Ок, пиперинот ја подобрува апсорпцијата. Твоите лични субјективни искуства и туѓите, не се релевантен параметар за ефикасноста. Пробај давај му куркума на пациент со тип 1, без да му даваш инсулинска терапија и са сречом. :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ок, пиперинот ја подобрува апсорпцијата. Твоите лични субјективни искуства и туѓите, не се релевантен параметар за ефикасноста. Пробај давај му куркума на пациент со тип 1, без да му даваш инсулинска терапија и са сречом. :D
Би било многу лицемерно да тврдам нешто базирано само на мое искуство, кога толку многу внимание им давам на испитувањата. Еве, јас не сум релевантен фактор. Погледни ги испитувањата горе, заеби го моето искуство и она на тие што пробале.

Испитувањата се поклопоуваат целосно со она што сум го доживеал и видел сега за сега. Тие беа причината за да пробам, не обратно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom