Анксиозност

Дискусија во форумот 'Философија и психологија' започната од pisatelka, 21 август 2010.

  1. Ligar

    Ligar

    Член од:
    23 октомври 2011
    Мислења:
    681
    Допаѓања:
    1.733
    Луѓе, едно прашање со недели ми се врти во глава никако да го исфрлам:

    Дали ние анксиозно-депресивните сме луди??

    Знам дека ќе ми дадете одговори од типот не, не сте, од анксиозност не се полудува и сл. Меѓутоа ми треба аргумент и објаснување за да си ја убедам психава.

    По што се разликуваме ние од оние што се стварно ,,луди" ? :D
     
    Последно уредено: 16 март 2017
  2. Agda Beata

    Agda Beata (A)

    Член од:
    12 февруари 2014
    Мислења:
    4.680
    Допаѓања:
    12.332
    Анксиозноста е состојба на умот предизвикана од насобрани страв и фобии и се средува. Менталните болести како на пример шизофренија се нешто сосема друго, но некои психолози ја дефинираат и анксиозноста како ментална болест, сепак ова е дискутабилно, дури ни стручните лица не можат да дадат ист одговор. Зошто? Затоа што анксиозноста е „нормална“ во ограничени количини и секој човек ја има. Тоа е оној инстинкт за преживување што предизвикува fight or flight реакција. Е сега, секој човек различно реагира на стрес. Некој е во состојба полесно да се справи со животните кризи, а некој ќе се плаши постојано дури и откако кризата поминала. Сѐ зависи од менталниот склоп на човекот, животното искуство, возраст итн.
     
  3. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    15.992
    Допаѓања:
    14.678
    Или од неадекватен внес на минерали/витамини (исхрана и суплементација) кои го прават ефектот на тие стравови и фобии 10x поголем.
     
    На Tongue Twister му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shahbaz

    Shahbaz Vojo Ushevski

    Член од:
    15 октомври 2013
    Мислења:
    303
    Допаѓања:
    582
    ѓумбир и тумерик -- одлични резултати!
     
  5. Gunner_L

    Gunner_L Lord , Lord Bendtner

    Член од:
    7 април 2009
    Мислења:
    909
    Допаѓања:
    490
    Здраво сакам да прашам дали тешкото дишење како да се има некоја тежина во градите цело време, и потребата од длабоки воздишки може да укажува на анксиозност, немам некој страв било рационален или ирационален сум под стресен период , и да кажам дека само навечер ми се случува ова затоа мислам дека не сум за доктор...
    Мислење ?
     
  6. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    15.992
    Допаѓања:
    14.678
    Диета и тежина?
     
  7. Gunner_L

    Gunner_L Lord , Lord Bendtner

    Член од:
    7 април 2009
    Мислења:
    909
    Допаѓања:
    490
    Не, нормална тежина
     
  8. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    15.992
    Допаѓања:
    14.678
    Мислев на тоа како се раниш - дали вежбаш (како се осеќаш) итн. Симптомите ти се најверојатно од анксиозност ама да се дознаат повеќе информации прво треба.
     
  9. Gunner_L

    Gunner_L Lord , Lord Bendtner

    Член од:
    7 април 2009
    Мислења:
    909
    Допаѓања:
    490
    Пешачам доста, играм футсал 1-2 неделно, кога како и по дома по некој склек.
    Исхрана ништо посебно во смисла на режим и слично не внимавам нешто посебно ма да не би требало тоа да има до толку влијание како тоа што мислам дека ова ескалира и дека долго време имам проблем со самодоверба, деструктивни мисли итн..
     
  10. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    15.992
    Допаѓања:
    14.678
    Аха, епа тоа е. Почни со поздрава храна и б комплекс - почесто спорт, и види дали ќе ти биде подобро.
     
    На Gunner_L му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Keepitreal

    Keepitreal И сега ?....

    Член од:
    18 септември 2012
    Мислења:
    379
    Допаѓања:
    364
    После голема борба, после многу порази редно бешеда го видам сонцето.

    За моја среќа со анксиозноста се збогувавме засекогаш.
    Сакам да споделам со вас, па можеби во некои случаеви ќе помогнам.
    После долги 2-3 години ( последната година неверојатно тешки напади) борба со анкси се заврши со хепи енд. Значи одпрвен се започна во блага форма, страв од онесвестување, премногу грижи што ќе биде со животот, со фамилијата итн.
    Чудно е што кај мене баш беше спортивно од нормалното, кај мене анкси напаѓаше баш кога бев сам. Така да премногу тешко го поминував и она најмалку време кога ќе остаев сам. Во мислите ми се вртеше дека ако припаднам нема кој да ме спаси итн...
    Сега кога се заврши сватив кој беа причините. ПРЕД се беше пертнерката. Добивав огромен притисок за тоа во каква ситуација живеам, каков ќе ни биде животот понатаму и многу други работи.
    Многу се грижев околу тоа и затоа анкси рокаше се посилно и посилно а богами и немилосно.
    Потоа следуваше втората причина а тоа е Работата...
    Многу стресни ситуации за многу краток период, ставајќи го животот 2 пати во огромна опасност..
    Еден ден заминав далеку од градот во една викендица, решив да останам 2 дена сам, без телефони и никаква конекција со светот.
    Морав да го средам животот некако. Добивав огромни напади на паника, секоја ситуација ме вадеше од такт, губев здив и бев тотално разочаран.
    Решив дека ќе почнам од првата работа што добивам притисок, па така се разделив со партнерката.
    Болна разделба после многу години, но сепак морав. Само уште од првиот ден осетив олеснување.
    Потоа се разрешив и со втората најголема причина на ански, работата.
    Го немав повеќе притисокот на работа, но остана притисокот после работата.
    Потоа и ја направив најголемата работа што 1000% ми го смена животот, заминав од градот и од државата. Тоа беше крајот на ански.
    Неможе повеќе никако да допре до мене поради тоа што и ги скратив сите конекции кои ги имаше за да стигне до мене.
    Мој совет, пошто знам колку е гадно играњето со анкси е :
    - Прекините се што ви прави немир во душата
    -Пресечетеја секоја конекција која анкси ја носи до вас
    -Иако не можи така лесно да се свртат мислите сепак потрудетесе да ги насочите кон позитива
    -Дефинитивно спортувајте или пронајдете некакво хоби како издувен вентил
    -Разговарајте со некој близок или пак испукајтесе баш на форумов за се што ве мачи, ветувам ќе се осетите подобро.
    - И најбитно признајтеси сами дека се измачувате и дека мора да пронајдете излез.
     
    На Del Boy, marijamare, someonee и уште 5 други им се допаѓа ова.
  12. Agda Beata

    Agda Beata (A)

    Член од:
    12 февруари 2014
    Мислења:
    4.680
    Допаѓања:
    12.332
    Зарем не ти направи некаква пречка заминувањето од државата, т.е. менување на зоната на комфорт?
    Иначе, браво! Си направил сѐ што јас треба да направам, ама не се чувствувам спремна и тоа си пресекол сѐ од корен. Човече, која храброст треба за такво нешто, особено ако си анксиозен. Алал!
     
    На DuskoMkd и Ѕид на плачот им се допаѓа ова.
  13. Ѕид на плачот

    Ѕид на плачот Намќорка

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    139
    Допаѓања:
    67
    Ова воопшто не е точно, мислам на погоре кажаното, текстот.

    Јас за да ја победам, побегнав на гости во Германија, бидејќи едноставно не сум гледала излез, мислев дека сум во преголема агонија и не сум можела да дишам, но не сум знаела дека ќе ја понесам со себе сеа таа тежина, дури таму истово му го кажав на братучед ми кој во истиот момент и заплакал, тој куфер тежина, и преголема доза на тага, депресија.. Како овде така и таму... Каков поглед имав овде, таков имав и таму. Така што после три месеци, веднаш сум се вратила и почнала од почетак овде, каде што ми започнало... И супер сум сега. Не сум на таблети, на никакви хемикалии и слично.
    Туку едноставно, решив да не ја поттиснувам, за да живеам со неа, туку тешко ми е и сега кога излегувам... Но морам, не сакам да умрам, не сакам да преживувам, сакам да живеам, да сум среќна. Не сакам напади на паника, или пак кога вечерам со друштво во ресторан, кафана,да се поттам и да бидам чудна. Почнувам тука од корен, си идам на факс и едноставно станувам нормална. Се соочувам секој ден со проблеми, се носам со тоа. И се опуштам, се контролирам и подобра сум.

    И да, заборавив од депресија и анксиозност, сум стасала повторно на апчиња за дијабет и висок крвен притисок, се тоа што чувствував, мислев, се манифестирало и физички. :) хормони и слично. Целото тело болно. И без сериозни болести, испитав се, имам кажувано повторно ќе речам, ништо добро не ми донела оваа болест,освен вистински болести. И две години шетање по Државна болница. И пари давање за снимање бубрези, срце, цело тело испитав и на крај компјутерска томографија, два пати. Бадијала. :)
     
    Последно уредено: 22 март 2017
    На Keepitreal, DuskoMkd и Agda Beata им се допаѓа ова.
  14. Ligar

    Ligar

    Член од:
    23 октомври 2011
    Мислења:
    681
    Допаѓања:
    1.733
    Знам дека е офтопик, но не знаев каде да прашам. Ако веќе има соодветна тема префрлете го овој пост таму.Дали психозата е состојба на умот слична на анксиозноста или се работи за ментална болест слична на шизофренијата?
     
  15. Agda Beata

    Agda Beata (A)

    Член од:
    12 февруари 2014
    Мислења:
    4.680
    Допаѓања:
    12.332
    Психозата е губење на контакт со реалноста. Може да настане преку земање на дрога, мозочна повреда, одредени болести или претрпена огромна траума.
    Анксиозноста може да се појави како придружен симптом на психозата, додека психозата е еден од симптомите на шизофренијата.
     
    На Ѕид на плачот и Ligar им се допаѓа ова.

Сподели преку: