Здраво, пишува "луд" анксиозен тип. Не верував дека си патам од анксиозност, иако сите ми го викаа тоа, од доктори - до членови од форумов.
Како прво и основно голема благодарност до
@Psyside, типот пишува на темава (и на еден куп здравствени) со толкав жар, дури на момент ќе си помислиш дека дава од тие жолтите бонбончиња гратис
.
Каму да постоеа повеќе такви начитани ликови, ќе цветавме.
Ќе скратам. Почнав со крварење од нос, потоа открив зголемен притисок, над 160/100. Црвенило на лице, немир, ладни екстремитети. Али секакво негирање на било каков психички проблем! Секој ден единствана помисла ми беше дека ќе ме удри, дека ќе умрам. Имам одено до Филип втори 10 пати, во воена можеби 15 пати, еднаш Систина и еднаш Ремедика. И еднаш кај доктор Јосиф АтикКор. Каде цело време ми велеа дека нема органска болест! Ама како?
Имам направено можеби над 50 ЕКГ-а, 20+ крвни слики. Во меѓувреме добив и гастритис без хелико (најверојатно ради стрес), уништив и хранопровод и желудник. Почнав да пијам PPI блокатори (омепразол, енамера) кои мислам дека ради тоа што негативен ефект им е да намалуваат магнезиум во телото, почнав да добивам екстрасистоли коишто не ме оставаа да дишам, по 5 прескоци на 10 секунди. живееш пекол - ама буквално. Се будев цел среќен, за кога покасно откако ќе почне да изминува денот да почнат да ме пукаат и црни мисли и бодежи и стравови и паники да не цркнам.
Цело време сум тука, читам одамна и дојдов до контакт со Псај којшто ми даде некои насоки како да почнам да употребувам суплементи. Земав од магнезиумовите прашкови, здрава храна како семиња али ништо посериозно. Морам да се заблагодарам што кога се најдов со него ми даде есенцијални масла помешани во маслиново, кои морам да кажам дека уствари ме натераа да верувам дека има нешто. Потоа се образовав, читав се што може да се прочита на тема анксиозност+депресија, сфатив дека големи се шансите позади таква дијагноза да стои воспаление / процес во телото кој го потикнува сето тоа чувство. Земав магнезиум глицинат од Iherb во прашкеста форма, и одкако почнав да го пијам начисто се' се промени. Претходно имав пиено хелекс, апче од кое што сите мачнини и екстрасистоли и панични состојби ми ги '' гасеше '' ко на прекидач. Епа магнезиумот го прави истото, ама буквално. Се осеќаш ко да ти излегло сето зло од тебе
Моментално си го користам магнезиумот, користам Мерц таблетки, јаткасти плодови по 50-60 грама во ден, таурин, семиња, куркума, ѓумбир ( во чај или рендан на храна), гледам да јадам здрава храна али се се вратив и на стариот живот. Крвна слика стакло, мозокот исчистен од сите демони