Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.615
Поени од реакции
31.821
Левица во прв круг.
ДПМНЕ во втор.
Во Прилеп ќе решаваат помалку од 100 гласа, дотолку е поделен градов.
Прилеп че има градоначалник во прв круг, впрочем како во 2013 и 2017-та.

Шо се однесува до гласање, за ВМРО-ДПМНЕ. Новиот претседател на Општинскиот комитет е супер чист лик, без ниту една дамка, работник, перфекционист со чиста мисла кој лично го познавам и знам дека сака да придонеси за градот. Битно е да се види кој ќе биди за кандидат, а мислам дека ќе се избери ок лик.

Во секој случај локалната власт е очајна, со катастрофална реализација на проекти, а и тие шо ги реализираа ги сјебаа максимално, од булевар во центар на град кој е толку тесен шо сообраќајот се закочува, па до мост од над 500.000, 700.000 евра кој на ништо не личи, џабе фрлени пари. За локални инвестиции и нови работни места да не ни правиме муабет.

Што се однесува до Левица, немам ништо против локалните ликови со кои со голем дел и живеам и се познавам лично, ама во моментов како што се по мое, го немаат капацитетот и искуството да водат сериозна политика за градот, пошто на Левица гледам повеќе како на One man show и Апасиев кој е речит, има познавање и со жестоката реторика воведе нови правила во политиката кај нас. Плус чат пат има неколку ликови околу него кои се бројат на прст и кои знаат да излезат некогаш со добро мислење/статус и толку.

А дека очекувам валкана кампања очекувам и тоа како. Очајот во работењето да го сокријат со најперфидни средства. А народов наш насушен ме плаши со својата меморија на риба, кој непосредно пред избори со 100 пати повторена лага за некаков личен бенефит, на се заборава.

Во секој случај очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ тука.
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Како и секогаш, не се гласа за човек него за партија. Еве кавадарчани премногу го фалат Јанчев, многу градел. Не сум бил не знам. Но ако е така како што велат, треба да тепа 3 спрема еден ако се кандитира. И тие што се сдс да го гласаат.

Кога сме кај Левица, можи да има минимални шанси за некој градоначалник ако одат заедно со "независни" здруженија како на пример за заштита на животна средина и некој такви слични локални движења кои ги има во градовите кои носат глас повеќе.

Еве во Битола би можеле да се договорат со "Поинаку", гарант ќе влезат во втор круг. Што ќе фали кандидат од Поинаку и три од првите пет пратеници на советничка листа од Левица?:)

Иначе да, за Левица ќе гласам!
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.843
Еве во Битола би можеле да се договорат со "Поинаку", гарант ќе влезат во втор круг. Што ќе фали кандидат од Поинаку и три од првите пет пратеници на советничка листа од Левица?:)
Левица ако одат сами во Битола ништо не прават...моменталниот рејтинг на Габриела и Поинаку е одличен и ако се здружат со нив очекувам најмалку 7000 гласој и минимум 6 советнички места...тука на сите му е преку гла од вмро и сдсм и сите шо ги знаам ја подржуваат Габриела.....ама двојниот партиски систем е пресилен за нив и веројатно Наташа ќе добие втор мандат со еден куп притисоци и потплаќања..
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.103
Поени од реакции
2.236
Во тројка ќе биде тесно не е веќе верен исток за Вмро поради тоа што поставија мн кримоси во раководствата низ истокот се луѓе блиски и бизнис партнер на Мицкоски.Штип Вмро има гласачи ама нема добар кандидат за градоначалник освен Захариев кој повеќе не се занимава со политика.Значи според мене Штип е изгубен,Кочани исто мислам ќе губи исто како Делчево ии Берово каде Вмро ќе биде скршено.К.Паланка тепа сдсм во Свети Николе,Пробиштип,Виница и Пехчево ќе тепа Вмро мисламВелес искрено незнам.Ако случајно падне Мицкоски до локалните тогаш би било поинаку т.с. подобро за Вмро.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.731
Поени од реакции
5.003
За ВМРО или Интегра или нема да гласам. За Албански и леви партии не гласам.
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
314
Поени од реакции
259
Дербито е во Гостивар, Таравари против Бејта (најверојатно) ќе биде тесно тесно ќе одлучуваат македонски гласови..
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.258
Поени од реакции
4.487
Вмро добил 41 општина на парламентарни, сдс 20 и неколку, да се здружат ВМРО со Левица во Битола, Прилеп(2000 гласа Левица пред 6 месеци), Охрид, за сдс ќе останат Арачиново, Паланка, Пехчево, Струмица, Куманово Центар и Карпош.

@Jack NolanProf.19 чим комуњари го фалат Јанчев, јасно ти е колку саат. Го плукаа го вреѓаа пред кампања овие обичните полтрони, за сеа да го фалат. Не дека е добар туку има други игри во позадина
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.168
Левица ако одат сами во Битола ништо не прават...моменталниот рејтинг на Габриела и Поинаку е одличен и ако се здружат со нив очекувам најмалку 7000 гласој и минимум 6 советнички места...тука на сите му е преку гла од вмро и сдсм и сите шо ги знаам ја подржуваат Габриела.....ама двојниот партиски систем е пресилен за нив и веројатно Наташа ќе добие втор мандат со еден куп притисоци и потплаќања..
Со колку гласа Наташа тепа? Ако се паметни од Поинаку, тие треба да покренат иницијатива за да се здружат со партии. Јас мислам дека ќе имаат 10-15 илјади ко ништо. Битола е најунаказен град во Македонија. Рек и Кромберг го држат во живот, иначе ќе владееше страшна сиромаштија
 
M

Macedon1um

Гостин
Искрено, мир во душата, а и не сум левичар, па да гласам за Левица.
Секоја чест ако имаш мир во душата кога две криминални партии се вртат цело време на власт и qr ги боли за народот

И јас не се сметам за левичар ама ќе гласам за партија која може да им го помати сметките на првиве две
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.375
Поени од реакции
36.302
Мое мислење во Скопје и градските општини за советници ќе биде тесно помеѓу Вмро-Сдсм-Левица. За градоначалници Карпош и Центар ќе отидат кај Сдсм, а Ѓорче, Кисела Вода, Аеродром, Бутел и Гази Баба кај Дпмне.
За Скопје ќе се дупнам од смеење ако победи Шилегов. Полош градоначалник од него не памтам. Коце (настрана СК2014) беше Кемал Ататурк за Шилегов. Ќе видиме со каков коњ ќе истрча Дпмне.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Левица во прв круг.
ДПМНЕ во втор.
Во Прилеп ќе решаваат помалку од 100 гласа, дотолку е поделен градов.
Ќе видиме шо чоек ќе кандидираат од ДПМНЕ. Муцето до толку ја усра работата, ама од друга страна пак се живо напика по јавна администрација. Ќе има валкана игра. Ќе ја активираат Тризла 5 до 12.

Сакав нешто да дополнам околу Левица и Прилеп. Со последиве случувања околу откупот на тутунот и лошата откупна цена им се даде таков простор да застанат позади тутунарите, бидејќи се декларираат како партија на работниците, а кај нас, во Македонија, тутунот од секогаш се поврзувал како симбол за работничката мака, неправдите и класната раслоеност во општеството. Наместо тоа, тие се занимаваа со - би рекол тривијални работи и соопштенија преку кои што се препукуваа со СДС, правејќи шоу.
На Левица и треба работа на терен и промоција пред овој општествен слој - земјоделците. Се проценува дека околу 30 илјади фамилии се занимаваат со тутунопроизводство, а тоа се добар број на гласови.
 
Последно уредено:

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
Сеуште не може во Македонија да се разграничи разликата од локални избори со претседателски и парламентарни, во вторите се гласа на идеолошки концепт додека во првата се гласа според понудена програма и сериозност на кандидатот.

За да тргнат општините и со самото тоа држава прво пред се и над се потребни се силни и јаки локални движења кои ќе им ги поматуваат сметките на големите партии за кои локалната власт е само тендери, кога ќе имаш активни и силни граѓански иницијативи од луѓе кои се градски борци и ќе се борат јако во советот но и вон него да вршат притисок, тогаш ќе почнат да се развиваат општините и пред се градовите кај нас.

Кога ќе се појават такви иницијативи и да добијат поддршка ќе се помрднат работите од место, предноста на такви движења е што се ослободени од идеолошки препукувања, односно таму можат да бидат и левичари и десничари и секакви останати притоа обединувајќи се околу градењето на иницијативи кои ќе го подобрат нивното живеење во локалната средина на која припаѓаат, тоа го сакам и се надевам ќе се оствари наскоро и во Струмица.

Позитивна работа во тој контекст е Поинаку и секоја им чест за тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom