Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2009
Мислења
3.671
Поени од реакции
5.293
Од кој ќе го лапнат?..од кандитати на ДПмне шо не постојат моментално?...и во Центар и Карпош ќе го лапнеле? :pos: ...најсдсмовски општини во Македонија се овие..тука нема шанси...и Град Скопје генерално Шилегов ќе победи оти ќе се здружат со Дуи..за другите места не знам.
Сега јас ти кажувам што ветиле вс што оствариле во овие општини, не ти кажувам прикаски за мали деца која е најсдсмовска, која највмровска. Првично почнувам од тој факт, и плус како е расположението на граѓаните од овие општини. Од оние што ги знам што беа анти вмро на претодните избори, независни граѓани, сега се 100% анти сдсм. Не се сите милион жители во Скопје вработени во администрација или па гласаат како гласале татко му и дедо му.
Башка тропаш зелени а појма немаш што се дешава у Скопје. Шилегов ќе победел дека ќе се удружел со ДУИ, со Меџити од Чаир очи ќе си извадат. И многу поверојатно е да се удружат ВМРО со АА.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.613
Поени од реакции
70.167
Кисела Вода/Скопје. Ќе гласам за Левица на се, втор круг ако влезат пак за нив (што не очекувам), ако не влезат ондак за тој што е против СДС (ваљда ДПМНЕ).

@Saber Rider Да извадиме книшки да не стават на список за советници. :ROFLMAO:

Мислам дека ќе биде блиска трката за Скопје, СДС со ДУИ вс ДПМНЕ со АА. Тука може Левица да ќари некако, да ги подржи ДПМНЕ за Скопје а за возрат да бидат подржани во некоја друга општина како Аеродром на пример.
Да ти кажам, за моменти имав таква идеја. После приметив дека немаат баш голем капацитет на локално ниво, односно има голема разлика меѓу Апасиев и Борис во однос на остатокот. Некако многу нереални размислувања имаат, а во оваа држава треба да знаеш и да се лакташ малку. Ќе зависиш од сто други институции, никој нема да ти излезе во пресрет, им требаат малку пореални размислувања, затоа што никој не ги есапи во ваквите институции. Да ме имаа во редовите, да водев кампања цело време, глава сечам дека ќе добиев за градоначалник во општината :P

Можам цел текст да напишам какви глупаци имаат и едните и другите од вемерото и сдс на нашата земја, не пенал, од гол линија, на празен гол, нема гол да постигнат. Мисири, не знаат ни како до политички поени да дојдат.
Сепак имаат редовно гласачко тело и со оглед на тоа што нема албанци, многу голема е веројатноста дека ќе тепа вмро, освен ако не извадат некој што ни неговите нема да го гласаат (како Јохан).

Мој тип е:
Карпош и Центар сигурна победа на Сдс, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Аеродром сигурна победа на вмро. Сдс ни самите не знаат како победија во Гази Баба и Бутел минатиот пат. Самите одбраа очајни кандидати, не очекуваа победа.

Во Ѓорче би имало тесна битка мислам. На ниво на Скопје тепа сдс, поради албанците. Вмро треба да извади некој ептен добар кандидат, а немаат таков кадар. Ако оди Нело за Скопје, ќе изгуби уште во прв круг.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
642
Поени од реакции
2.076
Традицинално ќе си го поништам лифчето.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.331
Поени од реакции
19.002
Еден предлог, да се стави нема да гласам и ке направам неважечко ливче. Секако, ако се почитува волјата на сите.
Што ќе добиеш со тоа?
Автоматски споено мислење:

Традицинално ќе си го поништам лифчето.
Што ќе добиеш со тоа?
Автоматски споено мислење:

Гласам за Левица, ако во втор круг влезат дпмне и сдс, гласам за дпмне.


Се надевам дека конечно ќе падне оваа власт, и дека после локалните набрзо ќе има и вонредни парламентрани избори.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.809
Поени од реакции
13.408
Ќе искине левица во скопскиве општини. Контактиве во другите партии што ги имам се тресат од нив, воопшто не зборат за нивното ривалство. Нема да ме чуди во скопје и скопските општини да бидат и втора партија по број на советници после сдс. Ск ќе гласам за шилегов генерално сум задоволен, центар ваљда за левица или за некоја независна листа.

Доаѓам од една од најмртвите скопски општини, во која што и двете најголеми партии ќе извадат ужасни кандидати.
Се надевам дека Левица ќе земе повеќе советнички места и пчекувам на ниво на општина да имаат некои 13% од гласовите за советници.
Сепак, не знам каде ќе најдат толку кадарни луѓе за советници.
Ти кажав кај ќе најдат кандидати не се заебавај. Ќе ми треба човек од внатре да ме крие кога димче ќе дојде на власт.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Левица може да изненади, но ни приближно за да ги симне СДСМ од власт.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.671
Поени од реакции
5.293
Ако одат со Коце и Стефче за Скопје/Карпош лаганица зимаат Вмро.
За подобри резултати освен со АА коалиција на ниво на цела држава подршка едни за други во мешаните етнички средини, мора да направат Вмро и соломонско решение, со добри анкети и соработка со Левица каде е нивна најголема подршката да номинираат заедно кадар од Левица. Центар или Велес на пр.
Сигурно не би одбиле, т.е. би биле презадоволни и со еден од овие градоначалнички места. Левица се у подем само што не е исто подршка и лајкови на ФБ или форуми и ситуација на терен.
Си треба прво и основно добар и препознатлив кадар на локално ниво, добра организација на микро ниво, добри проекти и програми што ќе ги таргетираат секоја улица во секоја општина, а не да идат паушално само ради реда. Искрено незнам дали Левица сеуште имаат капацитет на тоа ниво.
Имаат подем очигледно и тој можат, и мораат да го искористат за да дојдат до барем едно видно/ богато градоначалинчко место, налик ЛДП со општина Центар. Само тука ќе мораат да разграничат претопување и губење на налетот, со останување независни на парламентарни избори. А сега на локалниве да го искористат моментумот.
Сепак и Апасиев сам вели дека немаат никакви пари во партијата, неможат ни да вработат внатре лица што ќе им вршат основни папиролошки работи, па еве им можност да дојдат до нешто и се засилат финансиски за следните парламентарни избори.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.011
Поени од реакции
7.085
Како е во другите градови, се сработи нешто овие 4 години?
Во Струмица буквално неколку улици ако се чепнаа, друго се си остана крш.
Ништо, нула работа цели 4 години.

А ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ од 2 причини, прво сум вмровец, второ комуњарите северни 20 години се власт во Струмица, треба малку да земат воздух, да одморат.
У Струмица ДПМНЕ нема да тепа уште 100 години на локални оти дечките шо се у ОК за кур не ги бива, не знаат ништо шо се дешава на терен, СДСМ ги шамара как сака, 3-5000 сигурни купени гласови ќе имат у џеб, а ДПМНЕ од шо се неспособни не можат ни 100 гласа да купат.

На последните локални избори гласах за ДПМНЕ ама само поради кандидато како личност кој беше најдобар кандидат шо го е имала Струмица за градоначалник, за партијата не гласам мајка јана да е, а на овие избори може да излезам само ако се остваре мојта замисла и цел да се излезе у Струмица со квалитетна независна листа која се надевам дека ќе може да се остваре до летото и да лапне 2-3 советника па да ги растресе комуњарите у совето и градо.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.843
Сега јас ти кажувам што ветиле вс што оствариле во овие општини, не ти кажувам прикаски за мали деца која е најсдсмовска, која највмровска. Првично почнувам од тој факт, и плус како е расположението на граѓаните од овие општини. Од оние што ги знам што беа анти вмро на претодните избори, независни граѓани, сега се 100% анти сдсм. Не се сите милион жители во Скопје вработени во администрација или па гласаат како гласале татко му и дедо му.
Башка тропаш зелени а појма немаш што се дешава у Скопје. Шилегов ќе победел дека ќе се удружел со ДУИ, со Меџити од Чаир очи ќе си извадат. И многу поверојатно е да се удружат ВМРО со АА.
Добро можеби навистина појма неам за Скопје ама во едно сум убеден..Карпош и Центар на гла да се наместат дпмне неможи да добие таму...значи види ги бројките на парламентарните во тие општини шо се одржеаа пред 6 месеци...нема шанси да ја превртат тука...другите општини веројатно ќе ги земи Дпмне како што гледам според бројките од парламентарните..ама на ниво на Скопје за Сдсм 1.15 е коефициент дека ќе добие поради Дуи и албанците.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Би било интересно Левица да добие што повеќе мандати на локално ниво, чисто за да видиме со што располагаат кадровски.
Освен Димче, кој го почитувам како интелектуалец, има впечаток дека останатото е собрана багра. Јас никогаш нема да подржам партија со таква идеологија, ама и никогаш нема да подржам некој од членовите на стандардното двовластие. Така да, зошто да не видиме и поразлична продукција на реалново шоу, за промена.
 
M

Macedon1um

Гостин
Левица во прв круг.
ДПМНЕ во втор.
Во Прилеп ќе решаваат помалку од 100 гласа, дотолку е поделен градов.
Прилеп победува Дпмне на ова и пари би ставил да се кладам, со последниве дешавки околу тутунот мислам Сдсм ништо не ги спасува таму
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.591
Поени од реакции
13.279
Прилеп победува Дпмне на ова и пари би ставил да се кладам, со последниве дешавки околу тутунот мислам Сдсм ништо не ги спасува таму
На парламентарни беа преблиску, со стотина гласови победи ВМРО.
Плус не заборавај народот колку кратко памтење има + за локални се прават најлесно поткупи + има најмало расположение за излезност кај неопределените и оние кои сакаат да ја казнат власта.

Инаку и ја би сакал да бидат исшамарани, клучни ќе бидат гласовите од Левица во втор круг дали ќе се прелеат кај ВМРО. И 500 такви гласа ќе вредат злато.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.144
Поени од реакции
34.996
Сдсм ќе изгуби неколу општини, ама сепак ќе победи во поголемиот број. Пред се ќе изгуби во Аеродром, Кисела Вода и некои рурални општини, градовите ќе си ги добие.
И Ѓорче губи, 100%! Овој моментално е пет пати понеспособен градоначалник од Сокол на времето. Сокол барем градеше згради и лапаше станови. Овој од кафана не е излезен, уште слави за победата од пред 4 години.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.057
Поени од реакции
36.555
Левица тешко да има градоначалник, овие избори повеќе ќе им бидат пребројување на гласачкото тело и да видиме дали тие проценти рејтинг шо ги зборуваат за Апасиев се точни. Ако освојат пар советници и да прават проблеми на соросоидите во некои поголеми општини би било супер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom