Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Не го оспорувам моментот дека секој може да биде што сака и да си има амбиции, али без разлика на желбата секој треба да добие строги тестирања од одредени области: бизнис, економија, дипломатија, право, историја, странски јазици...Не е ова од сега така... декади наназад, имаме примери на градоначалници, високи министри (не за здравство), кандидати за претседатели, пратеници и тн и тн, кои доаѓаат од медицинска фела.
До толку е Македонија дно од држава што и при сами медицински интервенции се прават партиски филтрирања, и ова од прва рака го знам преку неколку примери.
За привилегии при лекување од Ковид-19, се земаа во предвид партиски припадности, врски и такви ствари. И баш после кризава со корона, очекувам дека ќе има повеќе доктори од вообичаеното на кандидатски листи.
Сум сведочел како пациенти се делат на наши и ваши. За помали места, не сакам ни да помислам со какви преисториски методи на притисок и врбување се служат.
Дури знам и дека “независни” или не-радикални опозиционери се врбуваа за лечење околу ковид криза, математики околу кревети и тн. Демек, нема проблем, ќе те лечиме и ќе добиеш кревет, ама после има да спамаме и со лупа ќе те пратиме за кого ќе гласаш.
Ситиацијава е апла out of control отидена.
Можеш да си доктор на науки во 5 факултети, а да немаш претстава како се менаџираат луѓе и ресурси, да немаш појма од политика и дипломатија, да си тотален дудук со историјата на својата земја и да ја бламираш државата при настапи/посети и сл, или пак како „ваксајнот“ да си труба од Англиски (па и со Српски се изглупира), фикусот иста приказна и тн.
Народот е проблем, тие си го знаат занатот. Ако човекот е неписмен без никакви вештини да се продаде на приватен сектор/странски пазар ќе го дупат како што сакаат. Нашиот народ е научен: додека учи да препише/помине со врски, кога ќе дојде за работа да се пикне на државно...течи дневница денес го заболе таквото.