Немам јас проблем со човекот како избор (не дека сум имал контакт лично за да го оценам), поентата ми беше дека се повеќе медицински лица се пикаат во политика, а кубуриме со кадар (особено Прилепска болница).
Не е ова од сега така... декади наназад, имаме примери на градоначалници, високи министри (не за здравство), кандидати за претседатели, пратеници и тн и тн, кои доаѓаат од медицинска фела.
До толку е Македонија дно од држава што и при сами медицински интервенции се прават партиски филтрирања, и ова од прва рака го знам преку неколку примери.
За привилегии при лекување од Ковид-19, се земаа во предвид партиски припадности, врски и такви ствари. И баш после кризава со корона, очекувам дека ќе има повеќе доктори од вообичаеното на кандидатски листи.
Сум сведочел како пациенти се делат на наши и ваши. За помали места, не сакам ни да помислам со какви преисториски методи на притисок и врбување се служат.
Дури знам и дека “независни” или не-радикални опозиционери се врбуваа за лечење околу ковид криза, математики околу кревети и тн. Демек, нема проблем, ќе те лечиме и ќе добиеш кревет, ама после има да спамаме и со лупа ќе те пратиме за кого ќе гласаш.
Ситиацијава е апла out of control отидена.