PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.497
Не може да сакаш да дојдеш на власт, а притоа да не нудиш ништо подобро и поинакво од она што веќе го нуди и прави власта. Со млатење празна слама, дрн дрн јариња, ти реков ми рече, вака било така било, собирање ситни политички поени врз база на дневнополитичко препукување и повторувачки папагалски политики нема победа на избори. Опозицијата едноставно кажано не нуди ништо поинакво, поразлично и подобро од она што го нуди и веќе и го прави власта, секако кога ќе кажам опозиција не мислам само на најголемата опозициска партија туку и на сите оние т.н. трето-опционашки партии, движења и личности кои исто така не нудат ништо реално и примамливо за обичниот граѓанин. Власта не чинела, се согласувам, но на народот му требаат реални и примамливи понуди од страна на опозициските партии, со тоа што ќе се каже дека власта не чинела, премиерот бил лопов и сл. демагогии и филозофии, тоа не е доволно за да се сруши власта. Што добива обичниот граѓанин ако едни абдали на власт ги замени со исти или слични такви абдали ама од друга партија (Курто-Мурто). Да народот е мизерен, утепан и поделен, точно, но никој не пие нафта и колку-толку луѓето имаат по еден или два грама мозок за да ги сконтаат нештата. Што му нуди ДПНЕ на народот, подобро и поразлично од она што веќе го нуди и го прави СДС, што му нудат Жмицко, Ацо-Шунката, Антоњо, Влатче, Тимчо-Тротинетот, Мизрахи, Гога-Јога, Пандов и остали од тоа велико "патриотско" друштво на народот за да утре ги гласа, што му нудат на народот разно-разните Трифуновици, Димче-Апасиевици, Палчовици, Бачевици, Интегровици, Родини, Модини, Солзици, Јанковци, Петковци, Станковци и.т.н. на народот за да ги гласа. Епа затоа и постои таа апатија кај народот, никој повеќе не му верува никому, а и желбата за бојкотирање е се поголема што е и сосема оправдано, логично и нормално во вакви услови погоре опишани во постов !
Последно уредено: