Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.865
Поени од реакции
40.523
У Кисела Вода 4 години буквално ништо не се смени, шајка нема заковано оној Темелковски, ама битно неделава пополнуваат дупки по главната улица кај бензиската Макпетрол.

Пред некој ден у 4 саат кога сите си идат од работа накај дома тогаш асфалтираа дупки, гужви, колона возила од кружниот тек до бензиската.

Кисела Вода е една од најмизерните Скопски општини, уназад било кој градоначалник што бил ништо нема направено. Коце го направи булеварот накај Драчево и толку.

Очекувам Вмро да победат (доколку не го кандидираат пак Јохан :icon_lol:) најмногу поради гласовите од Драчево и Припор.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034

Сега ќе продолжи со уредување до влезот на Драчево...Чекаше човекот пред избори, не може пред време да се работи :)
Освен Кисела Вода, најголеми трагичари кои имаат утопистичка амбиција за втор мандат: Марин-Аеродром и Наташа-Битола.
Мислам дека само потесно семејство ќе гласа за нив повторно.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Зошто би се замарале за добар кандидат кога народот не се буни и на овие.?
Едни те исти општини вечно имаат тиквари за градоначалници, значи сами си се криви.
Кој членува во комитетите на двете партии? - народот.
Зошто не се побунат самите членови кога ќе се дава предлог во комитетите? -поради ситни лични интереси и не ги боли таквото каде живеат, во кочина да ги затвориш и да им дадеш државна работа ќе бидат пресреќни.

Каков народ, такви политичари и градоначалници, уште еден циркуз т.н избори на кој обичните смртници мислат дека „избираат“ додека некој ги троши нивните пари.
 
Јас некако мислам дека овие избори ќе имаат неочекувани исходи. Знаеме сите дека народот е инертен ама сепак мислам дека ќе има катастрофално мала излезност на гласачи и нетипчни резултати.
СДС и ВМРО изгубија многу гласачи кои во моментов не гледаат „нормална“ политичка партија. Ќе се гласа за кандидат, не за партија.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500

Па не знам баш ова колку е точно. Аеродром и Битола на пример цело време ги менуваат градоначалниците и тоа врз основа на што направиле за општината а не чисто само за партија. И кое е фајдето од истото? Што прави разлика кога секогаш го имаш истиот избор помеѓу двете исти групи.

А комитетите и штабовите им се комплетно празни. Пред 20 години од сабајле до вечер немаше штаб без најмалку 5-10 луѓе во истиот. Денес на 2 недели пред избори ги немам видено да имаат повеќе од 5-10 луѓе и тоа најверојатно и толку кога се им се состаноци. Па и од таму доаѓа прашањето, кои членови да се бунат? членови нема. Во моментов имаат клиенти по штабови и мешавина од клиенти и странски соработници во раководството.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Јас некако мислам дека овие избори ќе имаат неочекувани исходи. Знаеме сите дека народот е инертен ама сепак мислам дека ќе има катастрофално мала излезност на гласачи и нетипчни резултати.
СДС и ВМРО изгубија многу гласачи кои во моментов не гледаат „нормална“ политичка партија. Ќе се гласа за кандидат, не за партија.
Очекувам да бидат за нијанса поизедначени иако мислам дека и овој пат повеќе општини ќе има СДСМ, ја имаат силата во рацете и целосна слобода од надворешниот фактор (полнење на кутии, закани, купување на гласови).
Може Левица да им прави троа проблеми со советници иако мислам дека надвор од Скопје на прсти ќе се бројат градови каде што ќе добијат советник.
Мора да им ги дадат повторно на СДСМ, им требаат за да го протуркаат договорот со Бугарија, а за истотото да го заврши СДСМ им треба кеш и моќ да предизвикаат страв. За овие работи и општо за тешки криминали мора да имаш неколку клучни институции под контрола + локалната власт (МВР, Судство, Царина + локална власт, само небото е граница колку кеш може да спакуваш, а во исто време ќе ги држиш во рака сите градови (рекети на локални бизниси, вработувања и тн)).
Па не знам баш ова колку е точно. Аеродром и Битола на пример цело време ги менуваат градоначалниците и тоа врз основа на што направиле за општината а не чисто само за партија. И кое е фајдето од истото? Што прави разлика кога секогаш го имаш истиот избор помеѓу двете исти групи.

А комитетите и штабовите им се комплетно празни. Пред 20 години од сабајле до вечер немаше штаб без најмалку 5-10 луѓе во истиот. Денес на 2 недели пред избори ги немам видено да имаат повеќе од 5-10 луѓе и тоа најверојатно и толку кога се им се состаноци. Па и од таму доаѓа прашањето, кои членови да се бунат? членови нема. Во моментов имаат клиенти по штабови и мешавина од клиенти и странски соработници во раководството.
Не зборувам за менувањето, зборувам на изборот на самиот човек пред избори.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.361
У Кисела Вода 4 години буквално ништо не се смени, шајка нема заковано оној Темелковски, ама битно неделава пополнуваат дупки по главната улица кај бензиската Макпетрол.

Пред некој ден у 4 саат кога сите си идат од работа накај дома тогаш асфалтираа дупки, гужви, колона возила од кружниот тек до бензиската.

Кисела Вода е една од најмизерните Скопски општини, уназад било кој градоначалник што бил ништо нема направено. Коце го направи булеварот накај Драчево и толку.

Очекувам Вмро да победат (доколку не го кандидираат пак Јохан :icon_lol:) најмногу поради гласовите од Драчево и Припор.
Најградиозен потфат у историја на Кисела Вода имаше градоначалникот на ВМРО кај рампа, али тоа не го спомињаш.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Не зборувам за менувањето, зборувам на изборот на самиот човек пред избори.
Па членовите не бираат кандидати. Пред 20 години партиите барем мораа да го земат во обзир мислењето на локалните штабови пред да одлучат. Али веќе мислам 5-10 години и во СДС и ДПНЕ претседатели на штабови, кандидати и за се останато одлучува само лидерот. Штабови нема, членови нема. Со кој ќе збориш и дискутираш во штаб, сам со себе? Што може граѓанин на Битола или Аеродром да направи во врска со тоа кој ќе кандидираат од ДПНЕ или СДС?

Ене ти чист пример во Куманово. Членовите на СДС Куманово сакаат да го номираат Максим, овие им викаат не може. Ако членовите на бастионот на СДС Куманово, општина која СДС ја држи 30 години не можат да го изнудат нивниот посакуван кандидат да биде избран. За што да се зборува повеќе.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.361
Ја да сум на местото на власта, не би преземал ништо околу индискиов сој. Не би проверувал граници (како што прават до сега), не би ги изолирал случаевите на овој сој, би пуштил школи... Така би се разгорела пандемијава и би се дошло до ситуација слична на минатите избори, кога заради пандемијата не излегоа многумина да гласаат.

Не знам како поинаку СДСМ може нешто да направи на избориве, после све што направи во реалноста. Албанците и покрај целото куропушење што им го дава СДСМ пак попрво би гласале за некоја муслиманска партија отколку за СДСМ.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.865
Поени од реакции
40.523
Најградиозен потфат у историја на Кисела Вода имаше градоначалникот на ВМРО кај рампа, али тоа не го спомињаш.
Збориш за споменик на Тодор Александров? Ако е за тоа можеа да го тргнат комуњарите, они име сменија та за еден споменик. :icon_lol:
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.633
Поени од реакции
31.842
Eве во Прилеп и лајната почнаа слободно да си шетаат низ улици.
Да сумираме, речиси низ сите општини состојбата катастрофална, сем за оние неколку вработени со договори и решенија, и фирмите тендераши.
АКо народ пак ги гласа со оној суптилен „предизборен" поткуп де со ваучери, де со субвенции, де со појма немам што, заслужуваме гомнава по дома да ни влезат и да побараат вечера и десерт на иста маса со нас.
E5nwgLhWUAgRGi3.jpg
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.263
Поени од реакции
84.361
Збориш за споменик на Тодор Александров? Ако е за тоа можеа да го тргнат комуњарите, они име сменија та за еден споменик. :icon_lol:
Јако е што се праиш на удрен, при еден таков грандиозен проект.

Секако дека не мислам на споменикот.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Ако има полоша општина од Гази Баба да ме стрелате јавно. 7 години не бев дома ништо не беше сменето бе ништо дно дна. Тој што е градоначалник испокраде јако сеа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Па членовите не бираат кандидати. Пред 20 години партиите барем мораа да го земат во обзир мислењето на локалните штабови пред да одлучат. Али веќе мислам 5-10 години и во СДС и ДПНЕ претседатели на штабови, кандидати и за се останато одлучува само лидерот. Штабови нема, членови нема. Со кој ќе збориш и дискутираш во штаб, сам со себе? Што може граѓанин на Битола или Аеродром да направи во врска со тоа кој ќе кандидираат од ДПНЕ или СДС?

Ене ти чист пример во Куманово. Членовите на СДС Куманово сакаат да го номираат Максим, овие им викаат не може. Ако членовите на бастионот на СДС Куманово, општина која СДС ја држи 30 години не можат да го изнудат нивниот посакуван кандидат да биде избран. За што да се зборува повеќе.
Ако не ги бива ни едниот ни другиот кандидат не излегуваш на избори.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
АКо народ пак ги гласа со оној суптилен „предизборен" поткуп де со ваучери, де со субвенции, де со појма немам што, заслужуваме гомнава по дома да ни влезат и да побараат вечера и десерт на иста маса со нас.
Пред избори се донесува одлука за студентите да им се исплаќа месечно хранарина, ваучери за туризам изгледа пак ќе има и уште ред други работи.
Си ги купуваат изборите ко лани со наши пари.

Инаку незнам што дискутирате ваков онаков кандидат. 95% гласаат за партија, магаре да стаат ќе го гласаат и ќе најдат начин тоа да го релативизираат и нема да им смета кога ќе дремат во канцеларија тазе вработени на државно и ќе си го прчат.
Инаку подршка за премиерот Заев да не го номинира Максим во Куманово и со тоа да им се измоча по којзнае кој пат на своето членство и на кои воопшто нема да им смета тоа мочање.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom