Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.421
Ако Лештар усепал да му го продаде Сивус за 6 милијарди евра на тип што има вкупно 6 милијарди евра како портфолио. Тогаш Лештар е бог.
Поентата е дека се се може ако се сака. Но и ако се сака доколку нема добра бизнис клима, бизнисмените ќе ги снема од тука.

Зошто на пример јас да градам фирма тука, кога можам многу поевтино да си поминам во Белорусија или во Украина. Единствено нешто што ме држи тука е што ми се блиските тука, ама ако ме дупат со даноци, фаќам патот под нозе како и многу други, па ранете тука учки во администрација.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Добро бе на толку работни часови кајгана дане е твоја ја не можам да разберам 24/7 си на форумов а викаш дека работиш по цел ден :confused:
Ми плаќаат во биткоин да ви ширам тука пропаганда :D

Шала на страна, втор монитор, тука отворам додека чекам да заврши некоја скрипта, или некаде чекам нешто.
Инаку немам од-до време, немам викенди, еве денес имам околу 7 саати работа, утре имам деливери. Плус денот е бааги долг, со добра организација има време за се: 10 саати работа, 5-6 спиење, 1 тренинг, 4 семејство и пријатели, 1-2 јадење, 1-2 да прочиташ нешто.
Автоматски споено мислење:

Поентата е дека се се може ако се сака. Но и ако се сака доколку нема добра бизнис клима, бизнисмените ќе ги снема од тука.

Зошто на пример јас да градам фирма тука, кога можам многу поевтино да си поминам во Белорусија или во Украина. Единствено нешто што ме држи тука е што ми се блиските тука, ама ако ме дупат со даноци, фаќам патот под нозе како и многу други, па ранете тука учки во администрација.
Пробав тест со Индијци, немаат квалитет ама брате нудат квантитет.
За 800 евра, таму добивам човек што дефинитивно има повеќе искуство од тој што тука ќе ја земе истата сума. Ако успеам да средам еден процес, во план ми е се што е од мид надоле да рентам од таму, тука сениори само quality control и да средат тоа што не е добро.
Тешки се ѓупците за комуникација, ама работат за џабе.

За работи кои може да се работат римоут и не треба многу памет (кол центри и сл.), не вреди тука да си ја кршиш главата и да се расправаш со вработени. За 400 евра нето (620тина бруто) + канцеларии + опрема +платен одмор, таму ќе добиеш 2ца во иста сума и ќе покриваат 2 смени.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.876
Поени од реакции
36.921
Зошто бе? Да не се тие ич нема да се забавни паузите. Вака гледаш луѓе со х4 од просечна плата како раскажуваат за работнички права, и сиромаштија, па после тоа во наредна реченица воведуваат хибридни автомобили и делат забрани за греење, зошто им бил загаден воздухот, а некои стоки се грееле со гуми. :D
Не знам зошто би било толку спорно тоа што зборат за работнички права. Ризикувајќи да звучам ко некој социјалист (а не сум) ама на крајот на денот твоите добро платени колеги се уствари работници. Да, во овој момент добро заработуваат и нивниот труд е баран ама тоа не го менува фактот дека они продаваат работна сила на некој што поседува капитал. На пример ако работат на некој in house проект а ти си им газда, утре софтверот ќе биде твоја сопственост а нив можеш да ги оставиш на улица. Во овие околности ќе се снајдат зашто нивниот труд е баран, ама не значи дека тоа секогаш ќе остане така.

И со автоматизацијата на економијата не знам зошто би било спорно ако тоа се прави од условно кажано “работничка партија”. Па Советскиот Сојуз и Југославија под таква социјалистичка власт спроведувале радикална модернизација на економијата во државите со воведување на разни машини и голема индустријализација. Сеа имале други мал милион глупости ама тоа е друг муабет.

Сакав да кажам дека ако сте автоматизирале некој работен процес и 40 илјади луѓе останале без работа, тоа не значи дека сеа тие луѓе треба да умрат ко песови на улица, туку државата да им помогне да се снајдат во новиот променет свет.

Сум приметил дека многу често луѓе што добро заработуваат мислат дека спаѓаат во тој богаташки круг, а воопшто не се. Вистината е дека се многу поблиску до текстилните работници него ли до Лештар, Чифлиганец и на него сличните.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
У склоп на офтопик муабетов имаше интересна анализа и заклучок пред некое време, зашто во Бугарија просечната плата значително се зголемила задњи 10тина години, а економијата не.
Едноставно, работодавачите морале да понудат поголема плата, затоа што веќе немало работници. Незнам колку приметувате на велико се дешава (почнува) тоа кај нас.
Мислам дека не се разбравме за историската генеза. Зборував за постепената инволвираност на државата во регулирањето на работните односи, од времето на почетокот на индустриската револуција.

Денес на меѓународно ниво имаш механизам, МОТ, во кој членуваат владата (2), работодавците(1) и работниците (1) каде се носат препораки и конвенции кои мора да се имплементираат.

На државно ниво има ЕСС, каде се договараат сите прашања, проблеми и дилеми поврзани со работниот однос. Ист состав, различен сооднос. Така ти, или било кој друг, ако не сака да ги прифати тие работни услови, не мора да стапи на тоа работно место. Тоа е право, а не обврска и должност.

Само вие сакате нешто друго, и Тачер многу убаво го презентира вашиот проблем:

Концептот на социјална држава мора да се напушти. Едноставно, по 3 децении, мора ние да станеме неолиберална држава и конечно од држава од 3от свет (што и реално сме), да станеме држава во развој (што на папир сме)! Не знам зошто тоа го потенцираш како нешто позитивно.

За платата има Закон за минимална плата, а последниот се протна на незадоволство на работниците (т.е. нивните синдикати) затоа што им биле скратени ококу 200-300 ден! Во услови на Ковид, каде дневниот промет секаде е опаднат, а стандардот покачен, треба да бидеме среќни и со тоа. Сепак овие маханизми (МОТ/ЕСС) се креирани со цел инволвирање на сите заинтересирани страни во решавање на проблемите, динамика во односите, балансирање на силите, но и решавање на проблемите.

Улогата на владата во економијата е стриктно определена и ограничена и истата мора да се држи до својата улога и значење.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305

Врска нема изјавава на Тачер. А тие other peoples money на чив грб се направени ? На грб на стоката ли што ја презираат или на грб на децата нивни размазени?
И пак ќе ти кажам улогата на државата у права смисла држава од почеток на 19 век па навака е баш таа општествена регулација.
Ако ја изгуби таа моќ под некоја група влијателни багра, ќе умира на рати ко што рече неодамна бране (иронијата е што он ја направи прв таа грешка)

Еве пресликана у нашето опШество изјавава на Тачер. Работниците и државата ќе немаат пари, пошто ќе ги израчат парите на Свето, Чифчиганец, Орце, Мијалков, Кочо, Хари ( од попознатите) а уствари они препуни кеш за 10 животи, и направени на грб на милион ипол бедници. Fuck logic.
Автоматски споено мислење:

Иначе другото у постот ти е супер објаснето.
И денес интересното е што најуспешни социјални држави се баш тие европските. Почнувајќи од Германија, па надаље.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Јас не знам што не ти е јасно. Убаво ти објаснија погоре. Ти можеш да ја покачиш минималната плата, ама треба да размислуваш за крајниот ефект. За да ја покачиш, треба да се позајмиш ако ги немаш тие средства на располагање. Како што ќе расте минималната плата така пропорционално ќе се зголемува и јавниот долг. Со оглед дека тие пари се позајмени, тука се вклучени и каматните стапки. Лесно е да зборуваме да се зголеми минималната плата, ама треба да се размислува и за сите негативни ефекти кои произлегуваат од тоа.
Зголемувањето на јавниот долг се зголемува со купување на лубриканти,кондоми,најскап мебел,огромни патни трошкови на пратениците,апанажа за истите,разни комисии,огромна превработеност во државна администрација,наместени тендери итн.Алоо работниците во приватен сектор не земаат плата од државата.Доста со овие глпости,колку да се пишело нешто.Никој не е будала веќе да ви ринта за 200 евра по десет сати.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.501
Поени од реакции
2.409
Едноставно, државните ресурси не се користат ефикасно (да не набројувам примери) и јазот меѓу екстремно сиромашните и екстремно богатите е преголем во државава. Освен Левица јас не гледам друга опција која директно му ја мисли за ова.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Врска нема изјавава на Тачер. А тие other peoples money на чив грб се направени ? На грб на стоката ли што ја презираат или на грб на децата нивни размазени?
И пак ќе ти кажам улогата на државата у права смисла држава од почеток на 19 век па навака е баш таа општествена регулација.
Ако ја изгуби таа моќ под некоја група влијателни багра, ќе умира на рати ко што рече неодамна бране (иронијата е што он ја направи прв таа грешка)

Еве пресликана у нашето опШество изјавава на Тачер. Работниците и државата ќе немаат пари, пошто ќе ги израчат парите на Свето, Чифчиганец, Орце, Мијалков, Кочо, Хари ( од попознатите) а уствари они препуни кеш за 10 животи, и направени на грб на милион ипол бедници. Fuck logic.
Автоматски споено мислење:

Иначе другото у постот ти е супер објаснето.
И денес интересното е што најуспешни социјални држави се баш тие европските. Почнувајќи од Германија, па надаље.
А чиви се фабриките, претпријатијата, капиталот, па и долговите и кредитите? Зошто мислиш дека е едноставно да се биде сопственик на фирма? И пак трчаш, 95% се мали и средни претпријатија. Едно такво претпријатие има релативно краток животен век. Дали политиките треба да бидат насочени кон продолжување на истиот или кон косење на дел од бизнис секторот? Размислуваш низ една призма.

Механизмите се тука за баланс. Во тие механизми активно учествуваат и синдикатите, дали на ниво на гранка или на републичко ниво. Нема потреба од државно самоволие кога синдикатите се активен играч.

Да, Тачер била во право. Најлесно се трошат туѓите пари. На крајот на денот се вреднува приходот кој го внесуваш во фирмата, тоа те става во пол позиција за натамошни преговори. Ако си сопсветеник на прост труд, труд кој може да го извршува секоја индувудиа, тогаш си заменлива фигура. Бори се за знаење, стекнувај квалификации, учи и кради занает. Стани уникатна сила и ќе имаш и привилегии и повисока плата.

Мислам дека не се разбираш во економија и многу емоционално пристапуваш во дебатава. Рачунај дека и кога платата ќе порасне, ќе порасне и општиот стандард затоа што со самото тоа во раст се и трошоците за претпријатијата. :)
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.792
Поени од реакции
2.347
Зголемувањето на јавниот долг се зголемува со купување на лубриканти,кондоми,најскап мебел,огромни патни трошкови на пратениците,апанажа за истите,разни комисии,огромна превработеност во државна администрација,наместени тендери итн.Алоо работниците во приватен сектор не земаат плата од државата.Доста со овие глпости,колку да се пишело нешто.Никој не е будала веќе да ви ринта за 200 евра по десет сати.

Во приватниот сектор, самиот газда не сака да ја зголеми платата дури и да има можност за тоа и дури и да остварува екстра профит. Сум бил сведок каде што ги крадат на смени, односно им пишуваат помалку работни часови од она што сработиле. И ти очекуваш од такви дека ќе ја зголемат минималната плата? Инаку се согласувам со тебе дека приватниот сектор не зема плата од државата, ама и во државните институции постојат такви што имаат мизерна плата која е многу пониска од моменталната минимална плата. Затоа така нагласив во мојот коментар. Ама кога ќе им се даде власт на луѓе на кои не им е важно за работничката класа до овде ќе стигнеме. Првин за пример Зоран Заев треба да ја зголеми минималната плата кај него во неговите фирми, а не луѓето да работат за живо џабе. Се согласувам со вас дека минималната плата треба да се зголеми, ама власта нема идеја како да го направи тоа во државните институции освен со земање кредити. А од друга страна нема храброст да ги натера приватните фирми да ги зголемат минималните плати. Плус со голем дел од нив се во спрега и не сакаат да ризикуваат да го изгубат сигурниот глас од нив на наредните избори. Се надевам дека сега појасно објаснив.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.664
Поени од реакции
37.641
Ја уби(ја) у поим.
Хаха. Алал да им е за видеово.
...според тоа колку пари и кредити потрошиле и зеле, а колку се направило, не знам колку тоа НЕА ја убиле во поим повеќе отколку што себе си се убија во поим!

1633255868410.png

...заборавиле да го вметнат и ова зеленило на плоштад!
... инаку дискутабилно колку се тоа чисти нивни проекти или само довршени, стави на вага парите од подигнатите кредити и што се направило, не држи вода, залажување на деца,
...не дека оваа кандидатка ќе ја бидува за нешто, премногу арогантна и вештачка највероватно поради неискуство, но без разлика кој кандидат ќе биде градоначалник, позадината на неговата работа, успех и остварување на ветеното зависи од партијата што стои позади него,
...така да и мајмун од ZОО да се постави за градоначалник, све што ќе се работи за градот ќе зависи од тој што го постави мајмунот, а пак тој, мајмунот може само банани да јаде и да се удира мајмунски во гради дека е силен градоначалник!
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.666
Поени од реакции
25.043
У склоп на офтопик муабетов имаше интересна анализа и заклучок пред некое време, зашто во Бугарија просечната плата значително се зголемила задњи 10тина години, а економијата не.
Едноставно, работодавачите морале да понудат поголема плата, затоа што веќе немало работници. Незнам колку приметувате на велико се дешава (почнува) тоа кај нас.

Ми се свиѓа ентузијазмот (y) со среќа.

Tokmu taka... Eden den ke dojdeme do tocka na ekvalibrium i togas gazdite ke mozat da biraat ili ke zgolemat plata ili ke si baraat careto... Mokkta ke se prefrli od ednata na druata strana. Sega ne e taka.

Vo Britanija momentalno kuburat so vozaci. Mislis deka vo momentot ako nekoj vozac pobara pokacuvanje za 10 ili 20% ke mu pravat problem? Sekade e taka, se vrednuva nesto sto go nema, ako si prost rabotnik i lesno zamenliv tesko deka ke zemes poveke od minimalec. Ako se specijaliziras ke pomines podobro ako se bara toa sto go rabotis.

Druga rabota imaj na um, koga forsiras krevanje na plati togas da ti e jasno i cenite ke idat nagore. Retko nekoj da zrtvuva od sopsteveniot profit pogotovo ako mu e nalozeno da plaka poveke. Na kraj moze ke imas poveke pari u novcanik ama na kasa ke platis znacitelno poveke posto sekoe pokacuvanje lancano znaci pokacuvanje i na red drugi raboti...
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
А чиви се фабриките, претпријатијата, капиталот, па и долговите и кредитите? Зошто мислиш дека е едноставно да се биде сопственик на фирма? И пак трчаш, 95% се мали и средни претпријатија. Едно такво претпријатие има релативно краток животен век. Дали политиките треба да бидат насочени кон продолжување на истиот или кон косење на дел од бизнис секторот? Размислуваш низ една призма.

Механизмите се тука за баланс. Во тие механизми активно учествуваат и синдикатите, дали на ниво на гранка или на републичко ниво. Нема потреба од државно самоволие кога синдикатите се активен играч.

Да, Тачер била во право. Најлесно се трошат туѓите пари. На крајот на денот се вреднува приходот кој го внесуваш во фирмата, тоа те става во пол позиција за натамошни преговори. Ако си сопсветеник на прост труд, труд кој може да го извршува секоја индувудиа, тогаш си заменлива фигура. Бори се за знаење, стекнувај квалификации, учи и кради занает. Стани уникатна сила и ќе имаш и привилегии и повисока плата.

Мислам дека не се разбираш во економија и многу емоционално пристапуваш во дебатава. Рачунај дека и кога платата ќе порасне, ќе порасне и општиот стандард затоа што со самото тоа во раст се и трошоците за претпријатијата. :)
Да, 95% се мали и средни претпријатијата. Али како беше тоа у САД 1% од најбогатите го држат 90% од капиталот :)
Јас највеќе за тие зборам. Пошто и тие се најголемите вработувачи, како Мекдоналдс, Валмарт, Амазон и кај нив прво се покренува тој бунт за поголеми работнички права, минимална саатница (не плата), дополнителни даноци и ред други работи. Мислам дека ти баш за тоа пратиш и знаеш.

Иначе од економија се разбирам онолку колку што учев у економско предмети, и на правен факс, а не беа малце :)
И да не е лесно да си сопственик, пошто пред пар години на мои 24 год и основав ДОО.
А ова што го зборам и хејтам, ми е пробудено ради мизеријата на 70% од луѓето во која живеат, ја гледам околу мене секојдневно и пошто ми е жал.
Најлесно е да си отидат сите од тука пошто нормално не им се работи за 300€ конобар, продавач или што и да е, и неможе цела година нов мобилен да си земе после сите сметки и трошоци, а на 3 саати со авион у еден правец истото што го работи, ќе го работи за х5.
Ама не е тоа решението, според мене.
Автоматски споено мислење:

Tokmu taka... Eden den ke dojdeme do tocka na ekvalibrium i togas gazdite ke mozat da biraat ili ke zgolemat plata ili ke si baraat careto... Mokkta ke se prefrli od ednata na druata strana. Sega ne e taka.

Vo Britanija momentalno kuburat so vozaci. Mislis deka vo momentot ako nekoj vozac pobara pokacuvanje za 10 ili 20% ke mu pravat problem? Sekade e taka, se vrednuva nesto sto go nema, ako si prost rabotnik i lesno zamenliv tesko deka ke zemes poveke od minimalec. Ako se specijaliziras ke pomines podobro ako se bara toa sto go rabotis.

Druga rabota imaj na um, koga forsiras krevanje na plati togas da ti e jasno i cenite ke idat nagore. Retko nekoj da zrtvuva od sopsteveniot profit pogotovo ako mu e nalozeno da plaka poveke. Na kraj moze ke imas poveke pari u novcanik ama na kasa ke platis znacitelno poveke posto sekoe pokacuvanje lancano znaci pokacuvanje i na red drugi raboti...
За ова плати-цени у маркет сум го зборел мн пати. Ние у МК купуваме европски производи со европски цени. А платите ни се азиски.
Ете едни мобилни самсунг на пример истиот модел го продава во Европа една цена, во Индија, Виетнам, Бангладеш... 20 до 30% помала.
И бтв, инфлацијата е во бум задњиве 2/3 години, а платите не се рипнати ни промил и МК, тоа е па уште полошо, одколку што велиш ти да растат платите па следствено и цените.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да, 95% се мали и средни претпријатијата. Али како беше тоа у САД 1% од најбогатите го држат 90% од капиталот :)
Јас највеќе за тие зборам. Пошто и тие се најголемите вработувачи, како Мекдоналдс, Валмарт, Амазон и кај нив прво се покренува тој бунт за поголеми работнички права, минимална саатница (не плата), дополнителни даноци и ред други работи. Мислам дека ти баш за тоа пратиш и знаеш.

Иначе од економија се разбирам онолку колку што учев у економско предмети, и на правен факс, а не беа малце :)
И да не е лесно да си сопственик, пошто пред пар години на мои 24 год и основав ДОО.
А ова што го зборам и хејтам, ми е пробудено ради мизеријата на 70% од луѓето во која живеат, ја гледам околу мене секојдневно и пошто ми е жал.
Најлесно е да си отидат сите од тука пошто нормално не им се работи за 300€ конобар, продавач или што и да е, и неможе цела година нов мобилен да си земе после сите сметки и трошоци, а на 3 саати со авион у еден правец истото што го работи, ќе го работи за х5.
Ама не е тоа решението, според мене.
Значи имаме иста подлога за економијата (средно и факс). Ако си учел економика и применета, ќе видиш дека тоа е детален збиен опфат на целата економска наука. Во економика тематски се изучува "Богатството на народите" од Смит, но има и теоретски анализи, чисто компаративно (како командната економија). :)

Да, тие 1% плаќаат најмногу даноци и вработуваат најмногу луѓе. Зборуваме за даночната основа, не за даночната стапка. А Берни Сандерс политики (15$ саатница) не може да се имплементираат на цела територија на САД затоа што животниот стандард не е ист во сите делови од Калифорнија, не пак во Калифорнија (просек) со Монтана (просек). Тоа прашање не треба да се уредува на федерално ниво, туку да биде оставено на самите држави одделно.

Не може да ги опфатиш со саатницата (минимална плата) само нив, а да ги дискриминираш останатите работници, затоа што, пак, 95% се мали и средни претпријатија со неколку вработени. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom