Нема да гласам јас Илко, едноставно не гласам после 2008 година. После 2001 година ова не е држава на мојот народ, уште повеќе државата е душман на Македонскиот народ. До 2008 ете сум бил наивен и сум имал надеж дека некој одвнатре ќе може да го смени тоа. Дури од 2006-2008 живеев во заблуда дека тоа и се дешава. Но полека се освестив и гледам дека секоја искра на надеж што ни ја дале е всушност фатаморгана која не закопува уште подлабоко. Демократијата што ја живееме не е ништо друго од скап маркетинг, сведен на шпекулации, празни ветувања, голи обвинувања, уценувања и поткупувања, социјален инжинеринг и полнење на гласачки кутии. И што е најинтересно, не е тоа само кај нас, туку во целиот свет.
Поштувам и така е, затоа и не влегувам во партија(во смисла слепо само Левица) или па книшка да вадам, као млад човек мора да се бунтува и да сум контра тие од 2006 и оние од 90тите. Нема некоја друга опција освен твојата која секогаш е достапна, но сега сум млад и едноставно не сум тој тип што би седел настрана на 21 година. Верувам и знам не си бил ни ти.
Нека докажат дека се работници па можат да бараат работнички права. Не може луѓе кои не работат да бараат работнички права.
"The workers' and peasants' revolution means work, comrades; it does not mean idleness and leisure."
Не гледам никаква идеолошка контрадикторност тука. Бирократијата уште од првите денови била посечена како главната причина за каков било прогрес. Права на работници не значи да не се работи, никогаш не ни значело тоа. Не сакав да влегувам во целата дискусија за да не морам да одговарам на по 5-6 во исто време али по мене и максималното работно време и минималната плата се комплетно погрешно решение за проблемот кој се пробува да се реши.
Немам поима кој е човекот, али ај ќе направам некој претпоставки. Дали работи човекот и чесно си го заработува лебот? Што треба сите кандидати монаси да им бидат од планина симнати? Работниците што работеле по фабриките, требале да дадат откази зошто ете како може да се бориш против газдите кога работиш за нив? Ова е прво оделение ниво на аргументација и дебата, да не паѓаме на тоа ниво вакви евтини трикови да се користат. Дали инженерот кој црнчи во железара за минчо нема право да каже ништо против таквите како него зошто ете работи за него.
А и за крај не гледам кај сум го подржал тој човек кога не знам ни кој е. А и јас ако не се држам до ставовите не знам кој се држи. Еве провери ќе најдеш коментар одма после кандидатурите дека за Перо не гласам зошто за мене он е латентна комуњара.
Човекот си работи супер, и ценет е таму кај што работи. И од тоа што го слушав, многу повеќе либерал, од левичар. Што и не е лошо, ако ме прашуваш мене. Ама верувам дека борците за правата на вработените нема да се согласат.
Инаку не зборев за тебе лично, те ставив во Левица група со тоа вие. Ти си конзистентен со ставови, тоа стои. Ама не верувам дека твоите ставови би биле омилени кај многу од таму.
Поштувам и така е, затоа и не влегувам во партија(во смисла слепо само Левица) или па книшка да вадам, као млад човек мора да се бунтува и да сум контра тие од 2006 и оние од 90тите. Нема некоја друга опција освен твојата која секогаш е достапна, но сега сум млад и едноставно не сум тој тип што би седел настрана на 21 година. Верувам и знам не си бил ни ти.
И тие 8 часа се многу но ајде, еве еден ден кога(се надевам дека ќе успеам во сонот, но прво треба да се среди државата така што ќе паднат сдс и дпмне) ќе имам јас мал бизнис со еден вработен или нека се двајца затоа што најверојатно ќе биде фамилијарен бизнисот, ќе ве викнам еден по еден и ќе видите што значи да се цени работник. Има и сега такви примери каде што газдите и покрај тоа што не ги обврзува законот постапуваат правилно. Не ми објаснувате со текстови, анализи и курци палци, јасен ми е мене системот и се околу него, не само во Македонија туки и насекаде, 2 века поминаа веќе а протестите не престанаа, да не го направеа ова со мерки, карантини, Европа ќе гореше од работничката класа затоа што веќе почна да гори.
Автоматски споено мислење:
Ќе се запали се живо од фабрика и веќе нема газди.
Ако е фамилијарен бизнис нормално дека ќе ги почитуваш работниците.
Ела чичин да видиш како се вади лебот со приватен бизнис, минатиот месец имав над 260 работни часови, а од почеток на оваа година не работев само на 1ви Јануари и 1ви Мај.
Вложено се што имаш, те дупат на секој чекор неписмени административци кои земаат плата од твој грб, и на крај на месец раздаваш на сите страни.
Ако греши некој од тимот, мене ме пеат клиентите. Ако некој ја заеби работата мене ќе ми активираат банкарска гаранција. Ако ти лапне поголема конкурентска фирма вработен, главоболки да бараш и обучуваш нов човек.
Да, има поголема заработка, ама и огромен стрес и постојано рмбање.
Дај Боже. Најбитно е што си чесен и искрен и ја сакаш Македонија, другото е помалку важно. Тие две работи кога ги нема можеш и не знам што да ми дебатираш и да ми кажуваш џабе е. На нас младите останува да пробаме да направиме барем ние да живееме подобро од вас а и вие да имате пристојна и мирна старост а не да гледате на стари години она што гледале нашите во 1912.
Ако е фамилијарен бизнис нормално дека ќе ги почитуваш работниците.
Ела чичин да видиш како се вади лебот со приватен бизнис, минатиот месец имав над 260 работни часови, а од почеток на оваа година не работев само на 1ви Јануари и 1ви Мај.
Вложено се што имаш, те дупат на секој чекор неписмени административци кои земаат плата од твој грб, и на крај на месец раздаваш на сите страни.
Ако греши некој од тимот, мене ме пеат клиентите. Ако некој ја заеби работата мене ќе ми активираат банкарска гаранција. Ако ти лапне поголема конкурентска фирма вработен, главоболки да бараш и обучуваш нов човек.
Да, има поголема заработка, ама и огромен стрес и постојано рмбање.
Аа, оди прашај некој во некоја кујна сега, што убаво му е си лежи или на некој ноќен чувар што убаво се грее на некоја полугреалка уклучена на кец. Па уште сакале нешто минималци, помалку саати, многу бе они.
Баш сакам да знам кој и се надевам дека ќе биде некој сериозен одговор а не Македонија, СДС или ДПНЕ. За 6 милијарди евра цела Македонија ќе треба да ја спакуваш со се панделка.
Баш сакам да знам кој и се надевам дека ќе биде некој сериозен одговор а не Македонија, СДС или ДПНЕ. За 6 милијарди цела Македонија ќе треба да ја спакуваш со се панделка.
Не те разбирам како тоа, не Македонија сдс дпне, кај спомнав партии тука? Очигледно твоите те учат да се подценуваш, затоа и си мислиш дека Македонија со панделка треба да се спакува за 6 милијарди. Очигледно дека не е така.
Баш сакам да знам кој и се надевам дека ќе биде некој сериозен одговор а не Македонија, СДС или ДПНЕ. За 6 милијарди евра цела Македонија ќе треба да ја спакуваш со се панделка.
Aricoma Group или поточно тој Чехот Карел кој ја поседува нема вкупно портфолио од 6 милијарди евра. Според официјални податоци приходите на Aricoma Group ( која е патем само еден мал дел од неговото бизнис портфолио, главниот бизнис му се игри на среќа) се 300 милиони евра од кои 23 милиони евра се профит ( тоа е заедно со се Сивус).
Чехот Карел Комарек кој ја поседува KKCG која ја поседува Aricoma Group, која ја купи Seavus има вкупна вредност од 6 милијарди евра.
The KKCG Group, managed by Karel Komárek, one of the most successful Czech entrepreneurs, is an international investment company with a total book value of more than €6bn
Аа, оди прашај некој во некоја кујна сега, што убаво му е си лежи или на некој ноќен чувар што убаво се грее на некоја полугреалка уклучена на кец. Па уште сакале нешто минималци, помалку саати, многу бе они.
Знам дека ќе бидам надвор од темата, ама погрешно ја сфати целата дискусија која ја водевме во поглед на минималната плата. Се согласувам со тебе дека треба да се зголеми, ама не може тоа преку ноќ. Инаку знам како е да работиш за ниска плата. Имам работено за 9- 10 илјади како приправник на почетокот во 3 смени и тоа 6 месеци тешка физичка работа. Се согласувам со дел од работите кои ги пишуваш во поголем дел од темите и сметам дека имаш добри и издржани мислења во голем дел од нив. И се изненадив кога напиша колку години имаш, оти не очекував дека си толку млад. И верувај дека не сите кои имаат различно мислење се партиски пиони или поддржувачи на власта. Едноставно само поинаку гледаме на работите од економска гледна точка и на моменталната ситуација. Се извинувам за делот од коментарот кој е надвор од темата.

Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.