Анархија

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ај сега и ти различни идеологии, различни дефиниции. Фундаменталс бе, просто со твои зборови, не сум јас копук како некои господа и општо и тука од форум кои без приложени научни трудови и докторати не влегуваат во дискусија. Значи, како анархистот го замислува општественото уредување и неговата регулација едноставно појаснение не си на испит па да мора елаборати. Или ако ти е полесно, што мислат главните фраери на анархизмот како треба да изгледа, уредува и регулира едно општество. Барем до волку би требало да знае да ми одгвори еден анархист, или симпатизер на анархизмот. Којзнае може многу интересни работи се криеле таму кои ќе му помогнат на човечанството.
Нема што да се замислува.
Се замислува нешто како божанство или нација и се верува...кога луѓето имаат потреба од замислени другарчиња за да си дадат некаква имагинарна вредност во своите животи.
Без разлика, јас прашував да се наведе една единствена позитивна работа кај нацио/патриотизмот или религиозната припадност и ве немаше никаде...а толку ве има, едно 99 од 100 се идентификувате со барем едната ако не и со двете работи...

Што мислат и каков став имаат главните теоретичари на анархизмот е прашање кое повлекува ново прашање, на кој се мисли поточно, не е еден. Мене лично најблизок ми е Прудон, правецот/економската терија се вика мутуализам, каде главен акцент е ставен на доброволната соработка меѓу економските и социјалните фактори во една средина, во отсуство на вертикала и во отсуство на насилно инсталиран апарат (држава, бирократија, аристократија...).
Ништо посебно, исто со она што го имаш и во природата каде основната организациона сила во биосферата е мутуализмот како основна биолошка интеракција меѓу живите организми, според некои извори над 70% од сите односи се такви.

Општеството зависи од средина до средина. Географија, традиции, услови, култура....нема универзални решенија. Заедничко е само отсуството на вертикала и грабеж. Отсуството на држава. Регулацијата останува на сите членови или чинители кои се заинтересирани од бенефитот на таквото општество, преку тоа и на сопствениот бенефит. Освен неколку основни правила кои би биле заеднички за секаде, како што е заштитата на животот, телесниот интегритет, здравјето и плодовите на својот труд, другото зависи од место до место.

Иако не е директно од Прудон, кооперативата како начин на економска организација е она кое досега дава најдобри резултати без да постои експлоатација. Докажано во иљадници примери, денес постојат кооперативи од неколку члена па се до 93.000 најголемиот. Кооперативот работи на принцип на доброволно здружување поради заеднички интерес. Независно дали е економски субјект или не. Условите на работа, времетраењето, целите, организацијата и поделбата на заработката се договараат меѓу членовите. Не постои плата која ја одредува некој по вертикала, туку има поделба на заработеното по претходен договор меѓу членовите. Производите си одат на слободен пазар, постои конкуренција, парите се заменско средство или ја одразуваат вредноста на трудот и тоа е тоа.

Кој ќе одлучува за тоа што ќе се учи во школо, кој ќе гарантира дека некој нема да си го прчи а другиот да работи. Дали односите ќе бидат регулирани со закон. Ако не, како ќе бидат? Ако се со закон, кој го носи тој закон, кој го контролира тој што ќе го носи законот, кој ќе го спроведува законот и кој ќе го контролира тој што го спроведува законот. Врз база на што ќе работат тие болници и школи. Кој ќе ги финансира и со кое платежно средство. Кога ќе дојде време да се оди на одмор ако 5 милиони народи сакаат да одат во Сен Тропе а капацитетот е 200 000 илјади по кој основ ќе се одредува кој ќе оди во Сен Тропе а кој во Мариово. И по кој принцип би се распределувале материјалните добра: земја, недвижнини итн. Кога во човековите здруженија (превоз, престој производство...) кој ќе одлучува во која насока и на кој начин ќе се движат процедурите? Како ќе се одвива трговијата итн....?

П.С. А зошто да не ми одговориш и покрај цинизмот и сарказмот? Па најлесен начин да да ги замолчиш таквите е преку убава аргументација, тогаш ќе останат без зборови. Како демек ти уопште не си цинична и саркастична на теми за кои или не те боли патка или ти служат за тролање а некому друг му се битни. Ајде малце да погледнеме во твојот двор како е шел ви?
Кој треба да одлучува, како во државниот систем, некој кој нема никаква допирна точка со она за кое одлучува!?
Одлучуваат оние кои се засегнати од дадена работа.
Никој не гарантира ништо.
Да, формирање на дефанзивни закони е можно, пишани или не, не е важно. Ако ја знаеш разликата меѓу дефанзивно и офанзивно законодавство that is...

Оној кој ќе ги користи школите тој ќе си плаќа, колку и за она што му треба. Во случајот родителите. Начини има многу, а и тие зависат од средината и потребите.
Ако некој оди на одмор и види дека нема место во одреден објект, ќе побара на друго место. Не знам што е посебно мистериозно во тоа.
Повторно, одлучуваат оние кои се засегнати од одредена работа.

Треба да се гради пат од Икс до Ипсилон. Викани се некоку градежници од кои секој има различно мислење. Да не збориме дека и да имаат исто мислење таа работа си бара оператива на дневна база каде што секој ден имаш мал милион ситн ици од тоа од каде ќе се набавува асфалт до што ќе ручаат работниците. Ако за се тоа има гласање ќе настане општ хаос од друга страна секогаш се создаваат фракции од поединци и групи кои си влечат накај своето решение. Ако и јас и ти сме доктори по екологија и животна средина имаме различен став според тоа како треба хортикултурно да се погрижиме за средината чив став одлучува? Зошто да ми биде од интерес да работам и зошто другите би реагирале. Ако се гради пат преку моја улица што може да се деси да не го асфалтираат делот што ми е пред куќа? Баш ме заболе за тие 5-6 метра кога остатокот од патот е направен а јас не сум мрднал. Плус секогаш можам ако имам малце среќа да организирам банда со пушки и пиштоли и на средновековен начин да палам куќи и да тероризирам луѓе, ако некој е поголем тепач или направи поголема банда и му се може бујрум. Нешто слично како и сега во Сомалии каде што не функционираат државните апарати. И види чудо во тој случај луѓето место да се ослободени од стегите на општеството се пукаат со калашникови и секој прави што сака. Како Анархизмот ќе му пријде на башибозукот. Затоа што историјата покажал дека луѓето многу лесно го гонат у курац алтруизмот кога некој ќе им тури пиштол на глава или кога ќе им извади шушки. И каков е тој принцип-услуга за услуга? Јас како архитект ако детално ти исцртам куќа и на тоа посветам 2 месеца работа, ти како водоводџија како ќе ми отплатиш ако на пример многу ретко или никогаш не ми затреба твојата услуга? Тие што даваат престој во Охрид, на кој принцип ќе го даваат и што ќе добиваат они од тоа што некој ќе му спие дома во куќа? И дали знаеш каков хаос ќе настане кога ќе иде сезона на лето и тие популарните одмаралишта ќе бидат накрцани со пола милион луѓе без резервации? На што се повикуваат анархистите кога е во прашање регулацијата на сите тие односи?
:facepalm:

Ситуациите кои ги опиша, веројатно инспириран од мултифункционалноста на твоето општество, од орбитата во која ќе полета пиратскиот брод од барокната вукојебина со велеградски аспирации.......се решаваат со претходен договор на заинтересираните. И со што ќе градат и на кој начин и сето тоа, во склад со нивните способности на терен/во пракса.
И викаш по Сомалија се пукаат луѓето оти нема држава...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.034
Поени од реакции
24.742
Тоукатер доволно беше не можам дел по дел да ти одговарам пак ќе почне тупење. Повторно истото утопистичко вертглање како Охридски таксист со навидум фини пакети. Ова твоето се базира на фантастика дека луѓето се бајчиња, кога историјата докажала дека без строг систем на организирање и регулација на општествените сфери настанува сценарио од Лудиот Макс. Ќе се организирале, заеднички интереси, колективи дрн, дрн, јариња. Ти кажав сакам прост одговор а не тоа прашање потекнува други прашња, одлучуваат тие што биле засегнати од тоа. Како да прашав некој политичар што мисли за корумпираноста во неговата партија. Да видиме малата што ќе каже, може она ќе биде поконкретна.
 
B

Black Guard

Гостин
Колку само ги жалам...и они не знаат што сакаат.

Кутрите.
 
Доби конкретни одговори. Попросто амин. Ако на некого му објасниш дека нешто постои и функционира а истиот ти реплицира по којзнае кој пат дека тоа е утопија, оној што реплицира или има сериозен проблем во главата или е под некаква хипноза. Сериозно...

The word comes from the Greek: οὐ ("not") and τόπος ("place") and means "no place".
http://en.wikipedia.org/wiki/Utopia

Откако ја разрешивме мистеријата, одиме понатаму.

http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_cooperatives
http://www.coopscanada.coop/en/about_co-operative/Co-op-Facts-and-Figures

Еве пример во Канада, 150.000 членови. Shit, it can`t be! Trpe from third floor said it. He did, i tell ya !

Нема ништо утопистичко. Постоело, постои и ќе постои. Функционира. Реално организирање на реални луѓе кое дава реални резултати и покрај постоењето на државата која ги ограбува.
Тоа што тебе ти делува утопистички или фантастично е веќе друга работа. Тоа што не може да го вклопиш во својот биртијашко-конзумеристички светоглед е твој проблем. Тоа што живееш меѓу раја која има социјална свест на мува или гасеница е ствар на географија и случајност а тоа што истото го проектираш на сите поединци и на цела планета...no comment.
 
A

AnFem

Гостин
Треба да се гради пат од Икс до Ипсилон. Викани се некоку градежници од кои секој има различно мислење. Да не збориме дека и да имаат исто мислење таа работа си бара оператива на дневна база каде што секој ден имаш мал милион ситн ици од тоа од каде ќе се набавува асфалт до што ќе ручаат работниците. Ако за се тоа има гласање ќе настане општ хаос од друга страна секогаш се создаваат фракции од поединци и групи кои си влечат накај своето решение. Ако и јас и ти сме доктори по екологија и животна средина имаме различен став според тоа како треба хортикултурно да се погрижиме за средината чив став одлучува? Зошто да ми биде од интерес да работам и зошто другите би реагирале. Ако се гради пат преку моја улица што може да се деси да не го асфалтираат делот што ми е пред куќа? Баш ме заболе за тие 5-6 метра кога остатокот од патот е направен а јас не сум мрднал. Плус секогаш можам ако имам малце среќа да организирам банда со пушки и пиштоли и на средновековен начин да палам куќи и да тероризирам луѓе, ако некој е поголем тепач или направи поголема банда и му се може бујрум. Нешто слично како и сега во Сомалии каде што не функционираат државните апарати. И види чудо во тој случај луѓето место да се ослободени од стегите на општеството се пукаат со калашникови и секој прави што сака. Како Анархизмот ќе му пријде на башибозукот. Затоа што историјата покажал дека луѓето многу лесно го гонат у курац алтруизмот кога некој ќе им тури пиштол на глава или кога ќе им извади шушки. И каков е тој принцип-услуга за услуга? Јас како архитект ако детално ти исцртам куќа и на тоа посветам 2 месеца работа, ти како водоводџија како ќе ми отплатиш ако на пример многу ретко или никогаш не ми затреба твојата услуга? Тие што даваат престој во Охрид, на кој принцип ќе го даваат и што ќе добиваат они од тоа што некој ќе му спие дома во куќа? И дали знаеш каков хаос ќе настане кога ќе иде сезона на лето и тие популарните одмаралишта ќе бидат накрцани со пола милион луѓе без резервации? На што се повикуваат анархистите кога е во прашање регулацијата на сите тие односи?
Убаво ти кажа Тукатер, дека ќе биде со договор. Во случај да не може да се постигне договор, постои гласањето како опција. Материјали за патишта ќе бидат обезбедени, како што кажав, преку трампа. Исто и работниците ќе бидат „платени“ според нивните потреби. Ќе ти биде од интерес да работиш за другите затоа што во спротивно тешко ќе опстанеш. Пример, сакаш да се бавиш со одгледување на храна. И добро си устручен во тој поглед. И баш те заболе, си имаш куќа, позади неа бавча, имаш да се прехраниш и кој ги ебе другите. Арно ама, за поправање кровови си „цреп“, плус и не можеш да се качуваш на високо, имаш фобија од височина. Ќе мора да соработуваш со некој и да дојде да ти го поправи кровот, оти пропушта вода... Како ќе функционираш ако никој од заедницата не те сака и си прочуен дека не соработуваш со другите? Или било што, ќе ти се слоши, ќе паднеш, ќе те остават да пцовисаш, нема да сака никој да те лечи. Ако бидеш ти себичен и нечовек и другите би биле така со тебе. Значи градиме општество во кое ќе има солидарност и соработка, а не нечовечност. Гледаш, сепак зависиш од другите (исто како и денес), дури и по цена да се оттргнеш и да живееш сам во пустелија.

Чија историја го покажала тоа? И јас и Тукатер ви спомнавме неколку пати дека ова веќе било реализирано, дури и кога им ставиле пиштол на глава, луѓето жестоко се борат за својата слобода. Една работа е јасна, секогаш кога дошло до успех, дошло поради освестените глави. И во пракса, тие освестени глави никогаш не земале да се убиваат меѓу себе. Нема, ако сакаш да живееш слободен, ќе бидеш ок. Не викам дека нема да има болни глави, човечката психа е лудило, секогаш ќе се најде будала која ќе откачи. Меѓутоа, криминалот значително ќе се намали. Зошто? (Ова е веќе кажано на темава) Затоа што денес најмногу криминал се случува поради желба за пари. Посилниот владее? Народот, кој е желен за слободен живот, неговиот гнев е најсилен. Значи, ако дојде до анархистичко општество, тоа значи дека луѓето го отфрлиле авторитетот како опција, автоматски се работи за посвесен народ, кој нема да прави зло, ако сака така да живее, а кога ќе се појави некоја „манга“, мнозинството ќе мора да го среди. Имаме милион примери кога полицијата не реагира на повиците за помош, поради некоја бараба, па ќе му се соберат и сами ќе го „дезинфицираат вирусот“. Во анархистичко општество, ако оваквата личност има потреба од лекарски надзор, ќе му се овозможи тоа.

Во Охрид ќе има одмаралишта, може да се работи и со резервации. А некој ако сака дома да те прибере, или ќе трампаш нешто со него, или ќе му сработиш нешто, или ќе се спријателиш, па ќе ти понуди бесплатен престој кај него, како гостин. Зарем изгледа толку невозможно да се снајдеш без пари?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
If there is a State, then there is domination, and in turn, there is slavery.
Не е проблем државата, проблем се луѓето(не сите секако) !
Доминацијата и ропството не го прави државата, туку напротив го прават живи луѓе, кои ете се нашле на такви високи челни државни позиции, па решиле да си играат ку*ташак и мајтап со народот !
Значи не се корумпирани и криминогени државата и нејзините институции, туку лицата(поединци) кои седат на високите позиции во тие државни институции и ги држат конците во раце, инаку институција како институција не постои со цел да врши некаква доминација и опресија врз народот, напротив институциите постојат да му служат на народот, но проблемот е што во секоја можна државна институција мора да седне по некоја бараба и тука почнуваат проблемите !
Е сега разликата помеѓу Македонија и некои други земји е тоа што на запад на пр. за да седнеш на некоја висока државна функција потребно е да имаш повеќегодишно искуство, определена возраст, реноме, знаење, способност, образование, култура и сл. а кај нас државните функции се даваат на лица, кои сеуште учат азбука и таблица и носат опинци(така да се изразам), ем се премногу млади и неискусни, ем немаат соодветно однесување и речник, а најлошо од се е тоа што немаат соодветно образование и познавања од секторот/областа која седнале да ја водат, е затоа државава личи на циркус !
Не се проблем институциите, во секоја држава постојат државни институции, проблемот е во луѓето кои ги водат истите !
 
Мене ми е јасно за злоупотребата, сепак, проблемот е во тоа што државата се заснова на хиерархија. Освен тоа, со постоењето на државата се раѓаат патриотизмот ( кој изгледа невин, а сепак не е толку) и национализмот.
 
B

Black Guard

Гостин
Доби конкретни одговори. Попросто амин. Ако на некого му објасниш дека нешто постои и функционира а истиот ти реплицира по којзнае кој пат дека тоа е утопија, оној што реплицира или има сериозен проблем во главата или е под некаква хипноза. Сериозно...
Не беше утопија но сега е-разјаснивме нели кога во ерата на дивјаштвото луѓето биле организирани во групи до 40-60 луѓе па морале да опстанат т.е имале заеднички интерес па оттука и алтруизмот,солидарноста а денес не се исти интересите на сите индивидуи....они не можат да се организираат во хорди туку знаеме-Семејство како основна клетка на општеството.

Нема правило без исклучок,патем и капитализмот се базира на кооперација,соработка и договор.

Нема ништо утопистичко. Постоело, постои и ќе постои. Функционира.
Да постоело во ерата на дивјаштвото:)

А што мислиш кој стои зад овие кооперативи,како опстануваат во мексико дилаат наркотици и оружје на пример.

Еве пример во Канада, 150.000 членови. Shit, it can`t be! Trpe from third floor said it. He did, i tell ya !

Реално организирање на реални луѓе кое дава реални резултати и покрај постоењето на државата која ги ограбува.
Зошто бе ограбува-не државата не ограбува туку луѓето кои се на положба-штета што делот за јавни добра завршува во нечиј џеб наместо за општо добро.
--- надополнето: 12 април 2012 во 22:48 ---
Убаво ти кажа Тукатер, дека ќе биде со договор. Материјали за патишта ќе бидат обезбедени, како што кажав, преку трампа.
Остави патишта бете ти како анархо феминистка си еднаква со мажите па ќе те пратиме во рудник од затворен коп-за трампа договори се:P

Исто и работниците ќе бидат „платени“ според нивните потреби. Ќе ти биде од интерес да работиш за другите затоа што во спротивно тешко ќе опстанеш
Според потреби-родете 13 дете:vozbud:

Како ќе функционираш ако никој од заедницата не те сака и си прочуен дека не соработуваш со другите? Или било што, ќе ти се слоши, ќе паднеш, ќе те остават да пцовисаш, нема да сака никој да те лечи.
Државата те лечи т.е медицинските установи по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ.

Значи градиме општество во кое ќе има солидарност и соработка, а не нечовечност.
Што градите даај жити се-еве ти солидарност-АКО САД прекине УСАИД,вакцини,лекови за африка ќе умрат стотици милиони,Косовските бегалци-тоа е солидарност,даваме крв и тоа е солидарност а соработка има бидејќи без истата...ништо.

Гледаш, сепак зависиш од другите (исто како и денес), дури и по цена да се оттргнеш и да живееш сам во пустелија.

Чија историја го покажала тоа? И јас и Тукатер ви спомнавме неколку пати дека ова веќе било реализирано, дури и кога им ставиле пиштол на глава, луѓето жестоко се борат за својата слобода
Да си ја бранат државата тоа е уставна обврска.
.
Една работа е јасна, секогаш кога дошло до успех, дошло поради освестените глави. И во пракса, тие освестени глави никогаш не земале да се убиваат меѓу себе. Нема, ако сакаш да живееш слободен, ќе бидеш ок.
Лажеш-имаат куп идеолошки несогласувања патем моментално сме слободни.

Не викам дека нема да има болни глави, човечката психа е лудило, секогаш ќе се најде будала која ќе откачи. Меѓутоа, криминалот значително ќе се намали.
Мексиканците,африканците,еритрејците киднапираат,убиваат мобилизираат деца...бидејќи државата не е на ниво посебно еритреја,нејсе јас сум 100% сигурен дека криминалот ќе се зголеми и тоа не ситниот криминал-туку ќе се создадат фракции кои ќе си вадат очи меѓу себе.

Имаме милион примери кога полицијата не реагира на повиците за помош, поради некоја бараба, па ќе му се соберат и сами ќе го „дезинфицираат вирусот“. Во анархистичко општество, ако оваквата личност има потреба од лекарски надзор, ќе му се овозможи тоа.
Кажи кога??

Еднаш јас барав помош па ме однесоа до дома со крајслерот а немаат таква обврска!

Во Охрид ќе има одмаралишта, може да се работи и со резервации. А некој ако сака дома да те прибере, или ќе трампаш нешто со него, или ќе му сработиш нешто, или ќе се спријателиш, па ќе ти понуди бесплатен престој кај него, како гостин. Зарем изгледа толку невозможно да се снајдеш без пари?
Може и без пари ама не може да се живее во илузија.
--- надополнето: 12 април 2012 во 22:55 ---
Мене ми е јасно за злоупотребата, сепак, проблемот е во тоа што државата се заснова на хиерархија
За да има закон и ред хиерархија е ИМАНЕНТНА не знам како не можеш тоа да го разбереш интелегентна си,еве да се апстрахираме една недела од државата т.е да претпоставиме дека одненадеж не постои,нема хиерархија и погоди што.....пола Македонија ќе се исколе а вардар ќе поцрвене.

Освен тоа, со постоењето на државата се раѓаат патриотизмот ( кој изгледа невин, а сепак не е толку) и национализмот.
Социологијата признава две дефиниции,првата е сакање на своето но и почитување на туѓоте односно без етноцентризам(еве јас ја сакам Македонија ама не ја мразам грција,ни бугарија и.т.н..) додека втората дефиниција вклучува етноцентризам,омраза е сега кој тип на патриотизам ќе има зависи од многу фактори-сигурно Данците не ги мразат германците така,или пак италијаните америте ниту пак финците швеѓаните-а пази и ова се држави-Зошто тука нема омраза и национализам(негативен)??
 
A

AnFem

Гостин
За да не помисли некој дека избегнувам да одговарам на темава, да појаснам дека членот ^ бараше од мене да не комуницираме, јас го почитувам тоа, па според тоа не треба да очекува ни да дебатрам со него на одредена тема.

Ако некој друг има прашања, нека повели.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Se izvinuvam za latinicava, nesto mi se poe*a tastaturava, nemozam da smenam vo MK font !
Znaci vaka, site nie imame nezadovolstva kon drzavata i kon nejzinite institucii, samo jas ako zemam da pisuvam za moite nezadovolstva opsto kon drzavata, nejzinite institucii i voopsto kon opstetsvoto, kje treba da pisuvam bez prekin 10 dena...
No dokolku nema hierarhija(vertikalna) vo opstestvoto i dokolku ne postoi drzava/drzavni institucii, kako na pr. najprimarnite policija, armija, sudstvo, zdravstvo, skolstvo i sl. kje otideme u p.m. Na pr. ako nema policija(bezbednost) i sudstvo(praven sistem) veruvam deka za 24h kje se ispotepa narodot megjusebe, mozebi jas kje bidam meta, moze pa drug kje bide na meta od mene, bidejkji kje nema koj da gi spreci i da sudi za tie zlostorstva, bidejkji neli nema bezbednosen i praven sistem !
Jas licno sum za postrog rezim na vladeenje(za vakov narod), no pod uslov za site da bide ednakva diktaturata/rezimot, ako go krkam jas, neka go krkaat i site drugi ! :mad:
 
Имам едно прашање за тебе. Што мислиш, според тебе, за што најмногу се оди на суд?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Имам едно прашање за тебе. Што мислиш, според тебе, за што најмногу се оди на суд?
Pa za ubistv/o/a valjda, fizicki napadi, krazbi, imotno-pravni problemi/sporovi, razvodi i sl. !
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.034
Поени од реакции
24.742
Убаво ти кажа Тукатер, дека ќе биде со договор. Во случај да не може да се постигне договор, постои гласањето како опција. Материјали за патишта ќе бидат обезбедени, како што кажав, преку трампа. Исто и работниците ќе бидат „платени“ според нивните потреби. Ќе ти биде од интерес да работиш за другите затоа што во спротивно тешко ќе опстанеш. Пример, сакаш да се бавиш со одгледување на храна. И добро си устручен во тој поглед. И баш те заболе, си имаш куќа, позади неа бавча, имаш да се прехраниш и кој ги ебе другите. Арно ама, за поправање кровови си „цреп“, плус и не можеш да се качуваш на високо, имаш фобија од височина. Ќе мора да соработуваш со некој и да дојде да ти го поправи кровот, оти пропушта вода... Како ќе функционираш ако никој од заедницата не те сака и си прочуен дека не соработуваш со другите? Или било што, ќе ти се слоши, ќе паднеш, ќе те остават да пцовисаш, нема да сака никој да те лечи. Ако бидеш ти себичен и нечовек и другите би биле така со тебе. Значи градиме општество во кое ќе има солидарност и соработка, а не нечовечност. Гледаш, сепак зависиш од другите (исто како и денес), дури и по цена да се оттргнеш и да живееш сам во пустелија.

Чија историја го покажала тоа? И јас и Тукатер ви спомнавме неколку пати дека ова веќе било реализирано, дури и кога им ставиле пиштол на глава, луѓето жестоко се борат за својата слобода. Една работа е јасна, секогаш кога дошло до успех, дошло поради освестените глави. И во пракса, тие освестени глави никогаш не земале да се убиваат меѓу себе. Нема, ако сакаш да живееш слободен, ќе бидеш ок. Не викам дека нема да има болни глави, човечката психа е лудило, секогаш ќе се најде будала која ќе откачи. Меѓутоа, криминалот значително ќе се намали. Зошто? (Ова е веќе кажано на темава) Затоа што денес најмногу криминал се случува поради желба за пари. Посилниот владее? Народот, кој е желен за слободен живот, неговиот гнев е најсилен. Значи, ако дојде до анархистичко општество, тоа значи дека луѓето го отфрлиле авторитетот како опција, автоматски се работи за посвесен народ, кој нема да прави зло, ако сака така да живее, а кога ќе се појави некоја „манга“, мнозинството ќе мора да го среди. Имаме милион примери кога полицијата не реагира на повиците за помош, поради некоја бараба, па ќе му се соберат и сами ќе го „дезинфицираат вирусот“. Во анархистичко општество, ако оваквата личност има потреба од лекарски надзор, ќе му се овозможи тоа.

Во Охрид ќе има одмаралишта, може да се работи и со резервации. А некој ако сака дома да те прибере, или ќе трампаш нешто со него, или ќе му сработиш нешто, или ќе се спријателиш, па ќе ти понуди бесплатен престој кај него, како гостин. Зарем изгледа толку невозможно да се снајдеш без пари?
Договор? Човекот почитува договор во 3 ситуации: а) поради самонаметнати морални облигации дека за нешто потпишал и треба да го почитува тоа, б) се додека има интерес да го почитува договорот за после тоа да те заебе (види Рибентроп-Молотов договор), в) поради моментот дека ако не го почитува договорот ќе биде тужен на суд каде што ќе треба да плаќа казни или да лежи затвор. Со други зборови го почитува договорот поради страв и притисок. Гласање постои од истите причини. Е сега ако анархистот претпоставува дека луѓето се со толку високи стандарди како ситуација а) тогаш збориме за Дизниленд. Ако не мора да има систем на казна и спроведувачи значи пак мора полиција и судови, тие полиции и судови мора да се финансираат од нешто (сигурно не од доброволни донации), значи мора пак даноци значи пак мора систем на "робови". Пази дури и во денешните општества има луѓе кои не се плашат ни од смрт, затвори или слично па се организираат во банди-пљачкаат, силуваат, тероризираат со други зборови прават што ќе им текне на курот а замисли во стање на анархија што би било. Како во едно анархистичко општество ќе се решаваат тие проблеми? Друга работа, ако јас имам телиња за продавање и ако не ми треба поправач на кровови сигурно нема да му дадам теле на него прво затоа што јас сум ги одгледувал и не сум до толку хуман да му дадам теле на жими мајка и на предпоставката дека некогаш ќе ми треба да ми го поправа кровот, а второ тоа теле ќе го дадам на некој друг кој за возврат ќе ми даде нешто што стварно ми треба. Друга работа, и да ми треба стварно поправка на кровот сигурно таа поправка не вреди колку една крава. Што значи треба или да го држам месец дена да ми мава по кров или на кравата да и го исечам едниот бут да и да му го дадам. Поради овие проблематики во трговијата луѓето уште пред нашата ера вовеле медијатор во трговијата-злато, благородни метали, ковани монети, банкноти. Тоа што паричниот систем добива нетангибилна димензија преку некои си салда и цифри кои стојат на некој банкарски сервер не го менува фундаментот на паричниот систем. И денес постои нешто што се вика компензација ама тоа е реткиот исклучок кога ете се погодило на една страна да и треба нешто што го има другата страна и обратно. И сега што, треба да се уназадиме на ниво на пред наша ера?
Парите се медијаторско средство. Луѓето сакаат материјални работи, поголеми куќи, коли, егзотични летувања кај што голи Тајланџанки ги масираат. Тоа што ти, монаси во Света Гора, будистички шаолини решиле да живеат со што се вика шака ориз, малце вода многу молби, медитации и најскормни услови за живеачка не го дефинира мнозинството. Ако ти мислиш дека со отфрлање на авторитет на луѓето ќе им порасне ореол на глава живееш во Дизниленд. Ако милсиш дека алтруизам>човечка алчност и ненаситност живееш во Дизниленд. Ако ти мислиш дека изјавата Давам чесен Титов(велешки) збор има поголема тежина од хелиумски балон живееш во Дизниленд. Против тебе е целата пишана историја на човештвото каде што примерите на маскри, башибозук, злосторства и терор нарочито во периодот кога немало воспоставено цврста рака на регулатива во државите се билион спрема еден во однос на хуамните дела и алтруизмот. Зарем наивно ќе одиш против тој емпиризам и против секоја логика и ќе поддржуваш бајковидни концепти? На што ти ги базираш твоите надежи?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не беше утопија но сега е-разјаснивме нели кога во ерата на дивјаштвото луѓето биле организирани во групи до 40-60 луѓе па морале да опстанат т.е имале заеднички интерес па оттука и алтруизмот,солидарноста а денес не се исти интересите на сите индивидуи....они не можат да се организираат во хорди туку знаеме-Семејство како основна клетка на општеството.
Најсериозно се сомневам дека пишувам со некаков неразбирлив јазик или дека владее некаква хипноза.
Како може да биде нешто утопија кога постои во 2012 AD, кога постои во иљадници случаи и кога има милиони луѓе кои се организирале меѓу себе?!

Заедничкиот интерес и алтруизмот не се синоними, солидарноста гледаме на кое ниво е после милениуми државствување.

Нема правило без исклучок,патем и капитализмот се базира на кооперација,соработка и договор.
На желбата за профит, (minimize the cost, maximize the profit) и експлоатација и лишување на луѓето од алтернативен начин да дојдат до средства за живот. Има некои исклучоци но се премалку.

Да постоело во ерата на дивјаштвото:)

А што мислиш кој стои зад овие кооперативи,како опстануваат во мексико дилаат наркотици и оружје на пример.
Постои и сега како што споменав (hipnotic firewall off), можеш ти и подобро.
Никој не стои “зад нив“, кооперативи не постојат во сев.Мексико, само на југ. А таму нема држава и нема трговија со наркотици.
Во Мексико трговијата со дрога е од страна на картели кои се сраснати со државата која пак ја субвенционира цената на наркотиците од WW2 наваму со што директно мотивира нови генерации на криминалци.

Зошто бе ограбува-не државата не ограбува туку луѓето кои се на положба-штета што делот за јавни добра завршува во нечиј џеб наместо за општо добро.
Која е правна дефиниција на грабеж? Можеби нешто слично на.......одземање средства со закана од сила и лишување на физичка слобода. Тоа е теоријата, дека те ограбуваат за твое добро. Истото го прави и криминалец кој би те ограбил. Тој ќе ги употреби средствата за негово добро, ќе си ги реши проблемите, егзистенција, ќе и купи сладолед на ќерката, точак на синчето...можи на баба си ќе и купи лекови...во секој случај нема да ги употреби за да си наштети себеси и на блиските... а неговото добро е дел од општото добро...hell yeah.
Еве сега и флота се градела на Вардар...:icon_lol: Тоа е и твое добро...

Државата те лечи т.е медицинските установи по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ.
Повторно тоа е фино во теорија, во пракса некако слабо оди сето тоа...или воопшто не оди.

Лажеш-имаат куп идеолошки несогласувања патем моментално сме слободни.
Сигурен си?

Мексиканците,африканците,еритрејците киднапираат,убиваат мобилизираат деца...бидејќи државата не е на ниво посебно еритреја,нејсе јас сум 100% сигурен дека криминалот ќе се зголеми и тоа не ситниот криминал-туку ќе се создадат фракции кои ќе си вадат очи меѓу себе.
Примери некои?

За да има закон и ред хиерархија е ИМАНЕНТНА не знам како не можеш тоа да го разбереш интелегентна си,еве да се апстрахираме една недела од државата т.е да претпоставиме дека одненадеж не постои,нема хиерархија и погоди што.....пола Македонија ќе се исколе а вардар ќе поцрвене.
Сам го даваш одговорот.
Во превод, после милениуми живот под државата луѓето се претвориле во такви креатури кои одвај чекаат да се исколат, само се плашат од законот инаку би тргнале во крвав поход...
Ова често го слушам, на прашање дали оној кој тврди дека е така би тргнал да масакрира, одговорот е не...

Нормално, одговорот е однапред познат, чунки таква била природата чоечка...

Социологијата признава две дефиниции,првата е сакање на своето но и почитување на туѓоте односно без етноцентризам(еве јас ја сакам Македонија ама не ја мразам грција,ни бугарија и.т.н..) додека втората дефиниција вклучува етноцентризам,омраза е сега кој тип на патриотизам ќе има зависи од многу фактори-сигурно Данците не ги мразат германците така,или пак италијаните америте ниту пак финците швеѓаните-а пази и ова се држави-Зошто тука нема омраза и национализам(негативен)??
Нема национализам во поразвниените држави? Сигурен си?

Убаво ти кажа Тукатер, дека ќе биде со договор. Во случај да не може да се постигне договор, постои гласањето како опција. Материјали за патишта ќе бидат обезбедени, како што кажав, преку трампа. Исто и работниците ќе бидат „платени“ според нивните потреби. Ќе ти биде од интерес да работиш за другите затоа што во спротивно тешко ќе опстанеш. Пример, сакаш да се бавиш со одгледување на храна. И добро си устручен во тој поглед. И баш те заболе, си имаш куќа, позади неа бавча, имаш да се прехраниш и кој ги ебе другите. Арно ама, за поправање кровови си „цреп“, плус и не можеш да се качуваш на високо, имаш фобија од височина. Ќе мора да соработуваш со некој и да дојде да ти го поправи кровот, оти пропушта вода... Како ќе функционираш ако никој од заедницата не те сака и си прочуен дека не соработуваш со другите? Или било што, ќе ти се слоши, ќе паднеш, ќе те остават да пцовисаш, нема да сака никој да те лечи. Ако бидеш ти себичен и нечовек и другите би биле така со тебе. Значи градиме општество во кое ќе има солидарност и соработка, а не нечовечност. Гледаш, сепак зависиш од другите (исто како и денес), дури и по цена да се оттргнеш и да живееш сам во пустелија.

Чија историја го покажала тоа? И јас и Тукатер ви спомнавме неколку пати дека ова веќе било реализирано, дури и кога им ставиле пиштол на глава, луѓето жестоко се борат за својата слобода. Една работа е јасна, секогаш кога дошло до успех, дошло поради освестените глави. И во пракса, тие освестени глави никогаш не земале да се убиваат меѓу себе. Нема, ако сакаш да живееш слободен, ќе бидеш ок. Не викам дека нема да има болни глави, човечката психа е лудило, секогаш ќе се најде будала која ќе откачи. Меѓутоа, криминалот значително ќе се намали. Зошто? (Ова е веќе кажано на темава) Затоа што денес најмногу криминал се случува поради желба за пари. Посилниот владее? Народот, кој е желен за слободен живот, неговиот гнев е најсилен. Значи, ако дојде до анархистичко општество, тоа значи дека луѓето го отфрлиле авторитетот како опција, автоматски се работи за посвесен народ, кој нема да прави зло, ако сака така да живее, а кога ќе се појави некоја „манга“, мнозинството ќе мора да го среди. Имаме милион примери кога полицијата не реагира на повиците за помош, поради некоја бараба, па ќе му се соберат и сами ќе го „дезинфицираат вирусот“. Во анархистичко општество, ако оваквата личност има потреба од лекарски надзор, ќе му се овозможи тоа.

Во Охрид ќе има одмаралишта, може да се работи и со резервации. А некој ако сака дома да те прибере, или ќе трампаш нешто со него, или ќе му сработиш нешто, или ќе се спријателиш, па ќе ти понуди бесплатен престој кај него, како гостин. Зарем изгледа толку невозможно да се снајдеш без пари?
Don`t bother.
Членот сака да те вовлече во дискусија за да “поентира“, нема аргументација надвор од светогледот кој му е дефиниран онака како што му е, можеби и ќе те праша дали во анархија прво ќе се моча, а потоа сере или обратно, не може да перцепира посочениот факт дека милиони луѓе се организираат во кооперативи (а тоа е само еден аспект) затоа што „у маало“ кај него Митре нема теорија да напраи нешто такво...и затоа што веројатно и самиот не може да најде мотив надвор од стравот и мотивот да има појака кола од комшијата...како што и сам споменува.

Против тебе е целата пишана историја на човештвото каде што примерите на маскри, башибозук, злосторства и терор нарочито во периодот кога немало воспоставено цврста рака на регулатива во државите се билион спрема еден во однос на хуамните дела и алтруизмот. Зарем наивно ќе одиш против тој емпиризам и против секоја логика и ќе поддржуваш бајковидни концепти? На што ти ги базираш твоите надежи?
:drk:

Пази го ова. Ако му побараш некаква потврда чисто за споредба, еден пример од таа пишана историја (настрана уште и емпиризам споменува, ефтина лага), нема да ти одговори. Ако му споменеш 200.000 мртви од екс-ју војните 1991-2001 со бруталност за е прашање дали има сличност со најцрните денови на средниот век, повторно нема да реагира...

http://www.hawaii.edu/powerkills/MURDER.HTM
 
Kajgana Shop

На врв Bottom