Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Нема што да се замислува.Ај сега и ти различни идеологии, различни дефиниции. Фундаменталс бе, просто со твои зборови, не сум јас копук како некои господа и општо и тука од форум кои без приложени научни трудови и докторати не влегуваат во дискусија. Значи, како анархистот го замислува општественото уредување и неговата регулација едноставно појаснение не си на испит па да мора елаборати. Или ако ти е полесно, што мислат главните фраери на анархизмот како треба да изгледа, уредува и регулира едно општество. Барем до волку би требало да знае да ми одгвори еден анархист, или симпатизер на анархизмот. Којзнае може многу интересни работи се криеле таму кои ќе му помогнат на човечанството.
Се замислува нешто како божанство или нација и се верува...кога луѓето имаат потреба од замислени другарчиња за да си дадат некаква имагинарна вредност во своите животи.
Без разлика, јас прашував да се наведе една единствена позитивна работа кај нацио/патриотизмот или религиозната припадност и ве немаше никаде...а толку ве има, едно 99 од 100 се идентификувате со барем едната ако не и со двете работи...
Што мислат и каков став имаат главните теоретичари на анархизмот е прашање кое повлекува ново прашање, на кој се мисли поточно, не е еден. Мене лично најблизок ми е Прудон, правецот/економската терија се вика мутуализам, каде главен акцент е ставен на доброволната соработка меѓу економските и социјалните фактори во една средина, во отсуство на вертикала и во отсуство на насилно инсталиран апарат (држава, бирократија, аристократија...).
Ништо посебно, исто со она што го имаш и во природата каде основната организациона сила во биосферата е мутуализмот како основна биолошка интеракција меѓу живите организми, според некои извори над 70% од сите односи се такви.
Општеството зависи од средина до средина. Географија, традиции, услови, култура....нема универзални решенија. Заедничко е само отсуството на вертикала и грабеж. Отсуството на држава. Регулацијата останува на сите членови или чинители кои се заинтересирани од бенефитот на таквото општество, преку тоа и на сопствениот бенефит. Освен неколку основни правила кои би биле заеднички за секаде, како што е заштитата на животот, телесниот интегритет, здравјето и плодовите на својот труд, другото зависи од место до место.
Иако не е директно од Прудон, кооперативата како начин на економска организација е она кое досега дава најдобри резултати без да постои експлоатација. Докажано во иљадници примери, денес постојат кооперативи од неколку члена па се до 93.000 најголемиот. Кооперативот работи на принцип на доброволно здружување поради заеднички интерес. Независно дали е економски субјект или не. Условите на работа, времетраењето, целите, организацијата и поделбата на заработката се договараат меѓу членовите. Не постои плата која ја одредува некој по вертикала, туку има поделба на заработеното по претходен договор меѓу членовите. Производите си одат на слободен пазар, постои конкуренција, парите се заменско средство или ја одразуваат вредноста на трудот и тоа е тоа.
Кој треба да одлучува, како во државниот систем, некој кој нема никаква допирна точка со она за кое одлучува!?Кој ќе одлучува за тоа што ќе се учи во школо, кој ќе гарантира дека некој нема да си го прчи а другиот да работи. Дали односите ќе бидат регулирани со закон. Ако не, како ќе бидат? Ако се со закон, кој го носи тој закон, кој го контролира тој што ќе го носи законот, кој ќе го спроведува законот и кој ќе го контролира тој што го спроведува законот. Врз база на што ќе работат тие болници и школи. Кој ќе ги финансира и со кое платежно средство. Кога ќе дојде време да се оди на одмор ако 5 милиони народи сакаат да одат во Сен Тропе а капацитетот е 200 000 илјади по кој основ ќе се одредува кој ќе оди во Сен Тропе а кој во Мариово. И по кој принцип би се распределувале материјалните добра: земја, недвижнини итн. Кога во човековите здруженија (превоз, престој производство...) кој ќе одлучува во која насока и на кој начин ќе се движат процедурите? Како ќе се одвива трговијата итн....?
П.С. А зошто да не ми одговориш и покрај цинизмот и сарказмот? Па најлесен начин да да ги замолчиш таквите е преку убава аргументација, тогаш ќе останат без зборови. Како демек ти уопште не си цинична и саркастична на теми за кои или не те боли патка или ти служат за тролање а некому друг му се битни. Ајде малце да погледнеме во твојот двор како е шел ви?
Одлучуваат оние кои се засегнати од дадена работа.
Никој не гарантира ништо.
Да, формирање на дефанзивни закони е можно, пишани или не, не е важно. Ако ја знаеш разликата меѓу дефанзивно и офанзивно законодавство that is...
Оној кој ќе ги користи школите тој ќе си плаќа, колку и за она што му треба. Во случајот родителите. Начини има многу, а и тие зависат од средината и потребите.
Ако некој оди на одмор и види дека нема место во одреден објект, ќе побара на друго место. Не знам што е посебно мистериозно во тоа.
Повторно, одлучуваат оние кои се засегнати од одредена работа.
Треба да се гради пат од Икс до Ипсилон. Викани се некоку градежници од кои секој има различно мислење. Да не збориме дека и да имаат исто мислење таа работа си бара оператива на дневна база каде што секој ден имаш мал милион ситн ици од тоа од каде ќе се набавува асфалт до што ќе ручаат работниците. Ако за се тоа има гласање ќе настане општ хаос од друга страна секогаш се создаваат фракции од поединци и групи кои си влечат накај своето решение. Ако и јас и ти сме доктори по екологија и животна средина имаме различен став според тоа како треба хортикултурно да се погрижиме за средината чив став одлучува? Зошто да ми биде од интерес да работам и зошто другите би реагирале. Ако се гради пат преку моја улица што може да се деси да не го асфалтираат делот што ми е пред куќа? Баш ме заболе за тие 5-6 метра кога остатокот од патот е направен а јас не сум мрднал. Плус секогаш можам ако имам малце среќа да организирам банда со пушки и пиштоли и на средновековен начин да палам куќи и да тероризирам луѓе, ако некој е поголем тепач или направи поголема банда и му се може бујрум. Нешто слично како и сега во Сомалии каде што не функционираат државните апарати. И види чудо во тој случај луѓето место да се ослободени од стегите на општеството се пукаат со калашникови и секој прави што сака. Како Анархизмот ќе му пријде на башибозукот. Затоа што историјата покажал дека луѓето многу лесно го гонат у курац алтруизмот кога некој ќе им тури пиштол на глава или кога ќе им извади шушки. И каков е тој принцип-услуга за услуга? Јас како архитект ако детално ти исцртам куќа и на тоа посветам 2 месеца работа, ти како водоводџија како ќе ми отплатиш ако на пример многу ретко или никогаш не ми затреба твојата услуга? Тие што даваат престој во Охрид, на кој принцип ќе го даваат и што ќе добиваат они од тоа што некој ќе му спие дома во куќа? И дали знаеш каков хаос ќе настане кога ќе иде сезона на лето и тие популарните одмаралишта ќе бидат накрцани со пола милион луѓе без резервации? На што се повикуваат анархистите кога е во прашање регулацијата на сите тие односи?
Ситуациите кои ги опиша, веројатно инспириран од мултифункционалноста на твоето општество, од орбитата во која ќе полета пиратскиот брод од барокната вукојебина со велеградски аспирации.......се решаваат со претходен договор на заинтересираните. И со што ќе градат и на кој начин и сето тоа, во склад со нивните способности на терен/во пракса.
И викаш по Сомалија се пукаат луѓето оти нема држава...