Uli Hoeneß
Präsident
- Член од
- 6 август 2010
- Мислења
- 13.967
- Поени од реакции
- 25.281
*Темата е за анализа на репрезентациите,
ве молам не постирајте
Австрија
Основана: 1904
Најдобар успех: групна фаза ЕП 2008
Селектор: Марсел Колер
Капитен: Христијан Фухс
Најдобар стрелец: Тони Полстер (44); моментално – Марк Јанко (25)
Највеќе настапи: Андреас Херцог (103); моментално – Христијан Фухс (72)
ФИФА ранкинг: 11
ве молам не постирајте
Австрија
Основана: 1904
Најдобар успех: групна фаза ЕП 2008
Селектор: Марсел Колер
Капитен: Христијан Фухс
Најдобар стрелец: Тони Полстер (44); моментално – Марк Јанко (25)
Највеќе настапи: Андреас Херцог (103); моментално – Христијан Фухс (72)
ФИФА ранкинг: 11
Историја и патот до ЕП 2016
На ЕП 2008 репрезентацијата на Австрија заедно со репрезентацијата на Швајцарија како домаќини беа автоматски квалифицирани. Во група Б беа извлечени заедно со репрезентациите на Хрватска, Полска и Германија. Со два пораза од Хрватска и Германија и еден освоен бод против Полска (1:1) ја завршија групата како третопласирани и не успеаа како домаќини да продолжат во нокаут фазата. Тогашниот селектор Јозеф Хикерсбергер по елиминацијата си даде оставка.
Во јули 2008 за нов селектор беше назначен Чехот Карел Брукнер кој требаше да ја води репрезентацијата во квалификациите за СП 2010. На првите две натпревари на австриската репрезентација под новиот селектор Брукнер и тргна добро, 2:2 против Италија во пријателски натпревар како и големата победа во стартот на квалификациите за СП 2010 против Франција од 3:1. Но, потоа на гостинските квалификациски натпревари против Литванија, репрезентацијата на Австрија доживеа пораз како и на гостувањето против Фарски Острови одиграа само нерешено. Селекторот Брукнер беше отпуштен и во последните квалификациски натпревари репрезентацијата ја предводеше Дитмар Константини. И покрај победите над Романија, Литванија и Фарските Острови, Австрија ја заврши квалификационата група на 3-то место зад Франција и Србија и не успеаа да се квалификуваат за СП 2010 во Јужна Африка.
Селекторот Константини ја предводеше репрезентацијата и во квалификациите за ЕП 2012 секако неуспешно како и претходните селектори. Во група со Германија, Турција, Белгија, Азербејџан и Казахстан, репрезентацијата на Австрија не успеа да се квалификува за ЕП 2012. Константини беше отпуштен, а за нов селектор го назначија Марсел Колер како прв Швајцарец кој ќе ја предводи репрезентацијата на Австрија во квалификациите за СП 2014 во Бразил.
Австрија беше во група со Германија, Р. Ирска, Шведска, Азербејџан и Фарски Острови. Колер во тие квалификации не сметаше на играчи од австриското првенство. Сите играчи кои беа дел од репрезентацијата играа надвор од Австрија. Колер исто така во тие квалификации успеа да ги победи сите репрезентации што се одиграа на домашен терен во Виена (освен против Германија) и се бореше до самиот крај за позицијата која водеше во бараж.
И покрај неуспешните квалификациии за СП 2014 беше продолжен договорот со селекторот Колер за две години. Тој во исто време имаше и понуда да биде селектор на репрезентацијата на Швајцарија која ја одби.
Во квалификациите за ЕП 2016, Австрија повторно се најде во група со Шведска како и со Русија, Црна Гора, Лихтенштајн и Молдавија. Откако во првиот натпревар одиграа 1:1 со Шведска, во следните 7 наптревари Австрија победи и ја зацврсти 1-та позиција во квалификационата група и си обезбеди учество за ЕП 2016 во Франијца со вкупно 9 победи и еден нерешен натпревар. Ова е прво учество за Австрија на едно ЕП со успешно поминати квалификации бидејќи во 2008 како домаќини беа автоматски квалификувани како што објаснив претходно.
Најдобри стрелци во квалификациските натпревари за Австрија беа Марк Јанко со 7 постигнати гола, Давид Алаба со 4 гола како и Мартин Харник и Марко Арнаутовиќ со по 3 постигнати гола.
Натпревари за паметење:
08/09/2015: Шведска - Австрија 1:4, квалификации за ЕП 2016
12/06/2008: Австрија - Полска 1:1, групна фаза Еп 2008
Со голот на Ивица Вастиќ од пенал за конечни 1:1, Австрија го освои првиот бод на едно ЕП
15/10/1967: Австрија - СССР 1:0, квалификации за ЕП
Составот
Голмани: Robert Almer (Austria Vienna), Heinz Lindner (Eintracht Frankfurt), Ramazan Oezcan (Ingolstadt).
Дефанзивци: Aleksandar Dragovic (Dynamo Kiev), Christian Fuchs (Leicester), Gyoergy Garics (Darmstadt), Martin Hinteregger (Borussia Monchengladbach), Florian Klein (Stuttgart), Sebastian Proedl (Watford), Markus Suttner (Ingolstadt), Kevin Wimmer (Tottenham).
Среден ред: David Alaba (Bayern Munich), Marko Arnautovic (Stoke), Julian Baumgartlinger (Mainz), Martin Harnik (Stuttgart), Stefan Ilsanker (RB Leipzig), Jakob Jantscher (Luzern), Zlatko Junuzovic (Werder Bremen), Valentino Lazaro (Salzburg), Marcel Sabitzer (RB Leipzig), Alessandro Schoepf (Schalke).
Напаѓачи: Lukas Hinterseer (Ingolstadt), Rubin Okotie (1860 Munich), Marc Janko (FC Basel).
Играчи од кои се очекува најмногу
На голманската позиција како прв голман во квалификациите беше Роберт Алмер од Австрија Виена кој најверојатно ќе биде прв голман и на ЕП. Втор голман е Рамазан Ожкан од Инголштад.
Александар Драговиќ – стоперот кој игра моментално во Динамо Киев и од кој се очекува летово да премине во подобар клуб од топ лигите. Неговата вредност на трансфер пазарот изнесува околу 15 милиони евра. Негов партнер во одбраната ќе биде Себастијан Предл (Ватфорд) или младиот Кевин Вимер (Тотенхем). Покрај нив тука е и левиот одбранбен нек Христијан Фухс кој со Лестер успеаа да направат нешто неочекувано и да ја освојат титулата во ПЛ. Фухс ќе ги предводи исто така и како капитен. На десната бековска позиција која е и најслаба во репрезентацијата е Флориан Клајн од Штутгарт. На таа позиција ќе биде најслаба репрезентацијата и се очекува противниците да напаѓаат највеќе по таа страна.
Во средниот ред се очекува највеќе од Давид Алаба. Тој дебитираше во 2009 за репрезентацијата во квалификациски натпревар против Франција. И покрај тоа што сезонава Алаба во Баерн играше како лев одбранбен бек и доста утакмици изигра како централен дефанзивец поради повеќето повредени играчи, за репрезентацијата селекторот Колер смета на него во средниот ред како креатор на играта заедно со капитенот на Мајнц, Јулиан Баумгартлингер кој изминативе денови, пред да ги започне подготовките со репрезентацијата за ЕП, потпиша за Баер Леверкузен.
На левата крилна позиција со сигурност еден од побитните играчи во офанзивата е Марко Арнаутовиќ кој имаше добра сезона во Стоук каде што постигна 11 гола и 6 асистенции во ПЛ. На десната крилна позиција најверојатно ќе игра Мартин Харник кој сезонава немаше многу успех со својот клуб Штутгарт бидејќи отпаднаа во 2-та Бундеслига. Харник пола сезона ја пропушти поради повреди и успеа да постигне само 2 гола за Штутгарт. Можно е селекторот Колер на таа позиција да смета на Лукас Хинтерзер кој е член на Инголштад, но поголеми шанси давам за Харник. Сезонава Хинтерзер постигна 6 гола во Бундеслигата.
Како плејмејкер се очекува многу и од Златко Јунузовиќ кој со Вердер во последното коло од Бундеслигата успеа да обезбеди опстанок во Бундеслигата. Но и покрај слабата сезона на Вердер, Јунузовиќ покрај Пизаро беше еден од најдобрите во тимот. Тој успеа да постигне 4 гола сезонава за Вердер како и 13 асистенции. Јака страна му се изведувањата на дирекните слободни удари и изведувањето (нафрлувањето) на слободните удари како и корнерите за кои сигурно и ќе биде заслужен и на натпреварите на ЕП. Се очекува и негов трансфер летово во подобар клуб.
Во нападот селекторот Марсел Колер со сигурност ќе смета на 32-годишниот напаѓач на Базел, Марк Јанко. Тој сезонава за Базел постигна 16 гола во 20 одиграни натпревари како и 2 гола во Лига Европа. Јанко исто така беше и најдобар стрелец за репрезентацијата во квалификациите за ЕП со 7 постигнати гола.
Можен стартен состав:
-----------------------------Алмер-----------------
Клајн---------Драговиќ----------Предл/Вимер------Фухс
---------------Баумгартлингер---------Алаба-----
Харник/Сабицер--------Јунузовиќ-----------Арнаутовиќ
---------------------------Јанко-----------------------
Како замена при повреда или суспензија во средниот ред селекторот има добар избор на млади играчи и ќе смета на младиот Алесандро Шепф кој од јануари е играч на Шалке (претходно Нирнберг) и во иднина со сигурност ќе се очекува повеќе од него и да биде еден од позначајните играчи во репрезентацијата. Покрај него тука е и 22-годишниот Марсел Сабицер кој сезонава беше дел од РБ Лајпциг во 2-та Бундеслига со што од следната сезона ќе се натпреварува во 1-та Бундеслига. Тој беше еден од клучните играчи сезонава за РБ Лајпциг со постигнати 8 гола и 5 асистенции. Може да игра на повеќе позиции – напаѓач, офанзивно крило и полушпиц.
Дресовите со кои ќе настапат на ЕП
Распоред на натпреварите
14.06: Австрија - Унгарија
18.06: Австрија - Португалија
22.06: Австрија - Исланд
Репрезентацијата на Австрија се наоѓа во групата Ф заедно со репрезентациите на Португалија, Исланд и Унгарија и е една од фаворитите покрај Португалија за првата позиција со која ќе си обезбеди полесен противник во осминафиналето. Очекувањата се дека ќе играат во осминафиналето и тоа за прв пат на едно ЕП кое ќе биде најголем успех за нив. Исто за очекување е и дека ќе видиме убав фудбал од нивна страна и голем број на навивачи присутни на стадионите во Франција кои ќе ја бодрат репрезентацијата. 14.06: Австрија - Унгарија
18.06: Австрија - Португалија
22.06: Австрија - Исланд
Пред стартот на ЕП, репрезентацијата на Австрија ќе одигра уште еден контролен натпревар против Холандија на 4-ти јуни.
Последно уредено: