Анализа на репрезентации - ЕП 2016

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.944
Поени од реакции
25.213
*Темата е за анализа на репрезентациите,
ве молам не постирајте

Австрија


Основана: 1904
Најдобар успех: групна фаза ЕП 2008
Селектор: Марсел Колер
Капитен: Христијан Фухс
Најдобар стрелец: Тони Полстер (44); моментално – Марк Јанко (25)
Највеќе настапи: Андреас Херцог (103); моментално – Христијан Фухс (72)
ФИФА ранкинг: 11

Историја и патот до ЕП 2016
На ЕП 2008 репрезентацијата на Австрија заедно со репрезентацијата на Швајцарија како домаќини беа автоматски квалифицирани. Во група Б беа извлечени заедно со репрезентациите на Хрватска, Полска и Германија. Со два пораза од Хрватска и Германија и еден освоен бод против Полска (1:1) ја завршија групата како третопласирани и не успеаа како домаќини да продолжат во нокаут фазата. Тогашниот селектор Јозеф Хикерсбергер по елиминацијата си даде оставка.

Во јули 2008 за нов селектор беше назначен Чехот Карел Брукнер кој требаше да ја води репрезентацијата во квалификациите за СП 2010. На првите две натпревари на австриската репрезентација под новиот селектор Брукнер и тргна добро, 2:2 против Италија во пријателски натпревар како и големата победа во стартот на квалификациите за СП 2010 против Франција од 3:1. Но, потоа на гостинските квалификациски натпревари против Литванија, репрезентацијата на Австрија доживеа пораз како и на гостувањето против Фарски Острови одиграа само нерешено. Селекторот Брукнер беше отпуштен и во последните квалификациски натпревари репрезентацијата ја предводеше Дитмар Константини. И покрај победите над Романија, Литванија и Фарските Острови, Австрија ја заврши квалификационата група на 3-то место зад Франција и Србија и не успеаа да се квалификуваат за СП 2010 во Јужна Африка.

Селекторот Константини ја предводеше репрезентацијата и во квалификациите за ЕП 2012 секако неуспешно како и претходните селектори. Во група со Германија, Турција, Белгија, Азербејџан и Казахстан, репрезентацијата на Австрија не успеа да се квалификува за ЕП 2012. Константини беше отпуштен, а за нов селектор го назначија Марсел Колер како прв Швајцарец кој ќе ја предводи репрезентацијата на Австрија во квалификациите за СП 2014 во Бразил.

Австрија беше во група со Германија, Р. Ирска, Шведска, Азербејџан и Фарски Острови. Колер во тие квалификации не сметаше на играчи од австриското првенство. Сите играчи кои беа дел од репрезентацијата играа надвор од Австрија. Колер исто така во тие квалификации успеа да ги победи сите репрезентации што се одиграа на домашен терен во Виена (освен против Германија) и се бореше до самиот крај за позицијата која водеше во бараж.

И покрај неуспешните квалификациии за СП 2014 беше продолжен договорот со селекторот Колер за две години. Тој во исто време имаше и понуда да биде селектор на репрезентацијата на Швајцарија која ја одби.

Во квалификациите за ЕП 2016, Австрија повторно се најде во група со Шведска како и со Русија, Црна Гора, Лихтенштајн и Молдавија. Откако во првиот натпревар одиграа 1:1 со Шведска, во следните 7 наптревари Австрија победи и ја зацврсти 1-та позиција во квалификационата група и си обезбеди учество за ЕП 2016 во Франијца со вкупно 9 победи и еден нерешен натпревар. Ова е прво учество за Австрија на едно ЕП со успешно поминати квалификации бидејќи во 2008 како домаќини беа автоматски квалификувани како што објаснив претходно.
Најдобри стрелци во квалификациските натпревари за Австрија беа Марк Јанко со 7 постигнати гола, Давид Алаба со 4 гола како и Мартин Харник и Марко Арнаутовиќ со по 3 постигнати гола.




Натпревари за паметење:

08/09/2015: Шведска - Австрија 1:4, квалификации за ЕП 2016

12/06/2008: Австрија - Полска 1:1, групна фаза Еп 2008
Со голот на Ивица Вастиќ од пенал за конечни 1:1, Австрија го освои првиот бод на едно ЕП

15/10/1967: Австрија - СССР 1:0, квалификации за ЕП

Составот

Голмани: Robert Almer (Austria Vienna), Heinz Lindner (Eintracht Frankfurt), Ramazan Oezcan (Ingolstadt).

Дефанзивци: Aleksandar Dragovic (Dynamo Kiev), Christian Fuchs (Leicester), Gyoergy Garics (Darmstadt), Martin Hinteregger (Borussia Monchengladbach), Florian Klein (Stuttgart), Sebastian Proedl (Watford), Markus Suttner (Ingolstadt), Kevin Wimmer (Tottenham).

Среден ред: David Alaba (Bayern Munich), Marko Arnautovic (Stoke), Julian Baumgartlinger (Mainz), Martin Harnik (Stuttgart), Stefan Ilsanker (RB Leipzig), Jakob Jantscher (Luzern), Zlatko Junuzovic (Werder Bremen), Valentino Lazaro (Salzburg), Marcel Sabitzer (RB Leipzig), Alessandro Schoepf (Schalke).

Напаѓачи: Lukas Hinterseer (Ingolstadt), Rubin Okotie (1860 Munich), Marc Janko (FC Basel).


Играчи од кои се очекува најмногу

На голманската позиција како прв голман во квалификациите беше Роберт Алмер од Австрија Виена кој најверојатно ќе биде прв голман и на ЕП. Втор голман е Рамазан Ожкан од Инголштад.

Александар Драговиќ – стоперот кој игра моментално во Динамо Киев и од кој се очекува летово да премине во подобар клуб од топ лигите. Неговата вредност на трансфер пазарот изнесува околу 15 милиони евра. Негов партнер во одбраната ќе биде Себастијан Предл (Ватфорд) или младиот Кевин Вимер (Тотенхем). Покрај нив тука е и левиот одбранбен нек Христијан Фухс кој со Лестер успеаа да направат нешто неочекувано и да ја освојат титулата во ПЛ. Фухс ќе ги предводи исто така и како капитен. На десната бековска позиција која е и најслаба во репрезентацијата е Флориан Клајн од Штутгарт. На таа позиција ќе биде најслаба репрезентацијата и се очекува противниците да напаѓаат највеќе по таа страна.
Во средниот ред се очекува највеќе од Давид Алаба. Тој дебитираше во 2009 за репрезентацијата во квалификациски натпревар против Франција. И покрај тоа што сезонава Алаба во Баерн играше како лев одбранбен бек и доста утакмици изигра како централен дефанзивец поради повеќето повредени играчи, за репрезентацијата селекторот Колер смета на него во средниот ред како креатор на играта заедно со капитенот на Мајнц, Јулиан Баумгартлингер кој изминативе денови, пред да ги започне подготовките со репрезентацијата за ЕП, потпиша за Баер Леверкузен.

На левата крилна позиција со сигурност еден од побитните играчи во офанзивата е Марко Арнаутовиќ кој имаше добра сезона во Стоук каде што постигна 11 гола и 6 асистенции во ПЛ. На десната крилна позиција најверојатно ќе игра Мартин Харник кој сезонава немаше многу успех со својот клуб Штутгарт бидејќи отпаднаа во 2-та Бундеслига. Харник пола сезона ја пропушти поради повреди и успеа да постигне само 2 гола за Штутгарт. Можно е селекторот Колер на таа позиција да смета на Лукас Хинтерзер кој е член на Инголштад, но поголеми шанси давам за Харник. Сезонава Хинтерзер постигна 6 гола во Бундеслигата.

Како плејмејкер се очекува многу и од Златко Јунузовиќ кој со Вердер во последното коло од Бундеслигата успеа да обезбеди опстанок во Бундеслигата. Но и покрај слабата сезона на Вердер, Јунузовиќ покрај Пизаро беше еден од најдобрите во тимот. Тој успеа да постигне 4 гола сезонава за Вердер како и 13 асистенции. Јака страна му се изведувањата на дирекните слободни удари и изведувањето (нафрлувањето) на слободните удари како и корнерите за кои сигурно и ќе биде заслужен и на натпреварите на ЕП. Се очекува и негов трансфер летово во подобар клуб.

Во нападот селекторот Марсел Колер со сигурност ќе смета на 32-годишниот напаѓач на Базел, Марк Јанко. Тој сезонава за Базел постигна 16 гола во 20 одиграни натпревари како и 2 гола во Лига Европа. Јанко исто така беше и најдобар стрелец за репрезентацијата во квалификациите за ЕП со 7 постигнати гола.

Можен стартен состав:

-----------------------------Алмер-----------------

Клајн---------Драговиќ----------Предл/Вимер------Фухс

---------------Баумгартлингер---------Алаба-----

Харник/Сабицер--------Јунузовиќ-----------Арнаутовиќ

---------------------------Јанко-----------------------

Како замена при повреда или суспензија во средниот ред селекторот има добар избор на млади играчи и ќе смета на младиот Алесандро Шепф кој од јануари е играч на Шалке (претходно Нирнберг) и во иднина со сигурност ќе се очекува повеќе од него и да биде еден од позначајните играчи во репрезентацијата. Покрај него тука е и 22-годишниот Марсел Сабицер кој сезонава беше дел од РБ Лајпциг во 2-та Бундеслига со што од следната сезона ќе се натпреварува во 1-та Бундеслига. Тој беше еден од клучните играчи сезонава за РБ Лајпциг со постигнати 8 гола и 5 асистенции. Може да игра на повеќе позиции – напаѓач, офанзивно крило и полушпиц.

Дресовите со кои ќе настапат на ЕП




Распоред на натпреварите
14.06: Австрија - Унгарија
18.06: Австрија - Португалија
22.06: Австрија - Исланд
Репрезентацијата на Австрија се наоѓа во групата Ф заедно со репрезентациите на Португалија, Исланд и Унгарија и е една од фаворитите покрај Португалија за првата позиција со која ќе си обезбеди полесен противник во осминафиналето. Очекувањата се дека ќе играат во осминафиналето и тоа за прв пат на едно ЕП кое ќе биде најголем успех за нив. Исто за очекување е и дека ќе видиме убав фудбал од нивна страна и голем број на навивачи присутни на стадионите во Франција кои ќе ја бодрат репрезентацијата.

Пред стартот на ЕП, репрезентацијата на Австрија ќе одигра уште еден контролен натпревар против Холандија на 4-ти јуни.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Ирска




Ја имате таа прилика да сознаете нешто повеќе за момците во зелено од мене. Затоа земете од најдоброто ирско виски или кригла ирско пиво и да почнеме. Но најпрво да дознаеме некои основни иформации. Република Ирска има популација од 4.638.000 жители, но Ирците се далеку поголем народ од ова поради фактот што низ светот живеат околку 80 милиони Ирци. Заштитен знак на Ирска е детелината, како и празникот St. Patrick's Day. Исто така можат да се пофалат и со ирското виски и одличното пиво. Ирците се втори конзумирачи на пиво во светот по глава на жител. Фудбалот не најпопуларен спорт во Ирска, ирското рагби, ирскиот ракомет и харлинг се многу пополурани од фудбалот. Исто така Ирците се фанатици во бокс, коњските спортови, рагби, голф и крикет. Најголеми ривали на Ирска се репрезентаците кој се дел од Велика Британија.


Историја


Сега со сигурно знам дека следи најомилениот дел на Рики. Ирска низ историјата немала некој позначајни моменти, најмногу поради фактот што фудбалот не е во преден план во Ирска. Сепак нивната историја почнала рано уште во 1882 кога била формирана репрезентација на единствена Ирска, се до 1924 кога се одвоиле Ирска и Северна Ирска по што била создадена Irish Free State. Одма во првата година како одвоена нација учествувале на првото големо натпреварување односно Олимписките игри во Франција каде што завршиле на 5та позиција Во 1937 почнале да се водат под името Ирска, во овој период по од ова име учествувале на Олимписките игри во Велика Британија и завршиле 17ти. Во 1953год конечно настапуват под своето официјално име, односно Република Ирска. По ова следи голема пауза на фудбалско ниво и траело се до назначувањето на Jack Charlton во 1986 год. Со Jack Charlton тие учествувале на три мундијали, Европското првенство 1988, Светско 1990 и Светско 1994, со најдобар пласман четвртфинале во Италија 1990. Овие години на Jack Charlton биле најдобрите години во ирскиот фудбал. По пауза од 8 год тие учествуват на следно големо натпреварување, односно во Кореа Јапан на чело со Mick McCarthy и се елиминрани во осминафинале од Шпанија на пенали. По ова следи барање на вистинскиот менаџер и се до назначувањето на Giovanni Trapattoni во 2008 тие немат позначајни резултати. Со Trapattoni во 2010 год по контраверзен гол го губат бараж дуелот со Францијаза Светско по што го вртат вниманието на фудбалската јавност. Но дека заслужуват да бидат дел од фудбалските мундијали покажуват со учеството на Европското во Полска и Украјна каде што во тешка група се декласирани но нивниот настап ќе биде запамтен по одличните фанови кој не престанаа да ги бодрат и да прават позитивна атмосфера.Од 5 Ноември 2013год селектор на репрезантацијата е Мартин О`нил


Навивачи

Кој и да резултатот едно е сигурно, вие нема да ги затнете навивачите на Ирска. Навивачите на Ирска би ги посакала да ги има било која репрезантација зошто едноставно се вистински мотиватори за тимот. На претходниот мундијал токму овие навивачи беа прогласени како најдобро нешто во целиот турнир. Зборови за опис не се потребни, доволно е само да погледнете.

Квалификации

Во група со Германија, Полска, Шкотска, Грузија и Гибралтар успеват да завршат на 3та позиција, позиција која водеше во бараж дуелите. Групата ја завршија со 5 победи, 3 нерешени и два пораза и гол разлика 19-7 Во последното коло се водеше директна битка со репрезентацијата на Полска за директен пласман на првенстово, но Ирска не успеа да ги победи на гостински терен. Како најдобар стрелец на овие квалификации за Ирска беше кој друг ако не легендата Robbie Keane со пет гола.

Во баражот тие ја добија репрезентација на БиХ. Првиот натпревар се одигра во тешки услови со многу магла. Натпреварот заврши 1-1 со голови во финишот на натпреварот. Во вториот дуел Ирска успеа да го надигра својот противник и со 2-0 и вкупни 3-1 успеа да се пласира на ЕП 2016.





Состав

Голмани:Гивен (Стоук), Рендолф (Кристал Палас), Вествуд (Шефилд венздеј)

Одбрана:Кристл (Дерби каунти), Кларк (Астон Вила), Колман (Евертон), Дафи (Блекбурн), О’Шеј (Сандерленд), Вард (Барнли), Киог (Дерби каунти)

Среден ред:Брејди (Норич), Хендрик (Дерби каунти), Хулахан (Норич), Мекарти (Евертон), Меклин (ВБА), Мекгиди (Шефилд венздеј), Мејлер (Хал), Кин (Ридинг), Вилан (Стоук)

Напад:Роби Кин (ЛА Глакси), Лонг (Саутемптон), Марфи (Испвич); Волтерс (Стоук)

Селектор:Мартин О’Нил







Тактики и очекувани формации
Тренерот Мартин O`Нил по превземање на репрезентацијата најмногу ја користеше фомрацијата 4-4-2 и 4-3-1-2 што најверојтано и на ова ЕП ќе ги користи овие две формации.

На голманска позиција би требало да застане искусниот Шеј Гивен, но не би било изненадување неговото место да го зеде Дарен Рандолф кој по повредата на Шеј Гивен лани, го замени во вистинско светло

Во одбраната десно е неприкосновениот Сејмус Колман кој е насијлната алка на оваа репрезентација, на центарските позиции ќе бидат искусниот О`Шеј и играчот на Астон Вила, Кларк. Најверојатно како ротација на овие двајца, а не и ни чудно доколку и ги стартува мечевите е Ричард Киог. На левата страна зависи од барањата на тренерот ќе бидат или Вард или Брејди кој по позиција игра во средина но може да биде солиден офанзивен бек.

Во средината на теренот ќе орат Мекарти и Вилан, додека по крилата ќе бидат Хулахан лево, а на десната страна тренерот Мартин О`Нил се уште проблем во наоѓање на вистинскиот играч. За сега главни конкуренти се Хендрик, Меклин и Мекгиди, а може и да започне и со Волтерс на таа позиција. Доколку тренерот се одлучи за 4-3-1-2 формација тогаш Хулахан ја завзима позицијата зад напаѓачите. Како играчи за ротација ќе бидат Бредји и Мејлер.


Засега најголемиот проблем на тренерот беше нападот, поради посилна конкуренција. Во квалификациите и подготовките тренерот О`нил искачаше со најразлични дуа, но на главниот настан најверојатно ќе се одлучи за дуото Лонг-Волтерс, додека легендата Роби Кин ќе помага кога ќе биде потребно, но нема да зачуди доколку заземе место и во стартниот состав.

Предности – Слабости
Како предности дефинитивно ќе ги одвојам тимската игра и посветеноста. Послем тоа, бековите на Ирска се еден од аспектите на кои противничките тренери треба да обврнат внимание. Колман и Брејди/Вард се доста агресивни и офанзивни играчи кој знаат да направат проблем на противничката половина. Тука се и напаѓачите Лонг и Кин кој со својата брзина и итрост ќе бидат тешки за контролирање од страна на противничките одбранбени играчи.

Најголема мана кај тимот на Ирска преставуват стоперите. О`Шеј и Кларк имаа катастрофална година и доколку продолжат вака и на ЕП тогаш Ирска нема што да бара понатаму. Покрај тоа друга слабост е немањето на плејмејкер односно играч кој би разиграл и би додал квалитетна топка. Вилан и Мекарти се играчи кој знаат да копат по цел терен но не и да бидат двигатели на играта. Тренерот за оваа работа се потпира најмногу на Хулахан, но дефинитивно тој не е играч од тој калибар.


Натпревари и очекувања.



- 13/06/2016 Република Ирска – Шведска. Прв и најзначаен натпревар, доколку се победи на овој натпревар или пак се освои бод тогаш вратата за наредна фаза се отвара. Шведска ќе е најслаб противник на Ирска (доколку има таков) во оваа тешка група и екипа со која може да се надигрува.

- 18/6/2016 Белгија – Република Ирска. Шансите за било каков бод на овој натпревар за мали. Белгија е една од кандидатите за најисок пласман и екипа која дефинитивно не им одговара на Ирска поради брзина и техничката способност на играчите.

- 22/6/2016 Италија - Република Ирска. Со нив само позади и бркање на контра и мислам дека италијанците ќе паднат на колена. :D Очекувам дека ќе извадат минимум бод на оваа утакмица.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
У Н Г А Р И Ј А
Или `Маџарска` за постарите ликови на форумот, пошто ќе дојде Анчо ќе замара.
Имам еден пријател тука од кај мене, заедно игравме фудбал, не е битно и сеа се бави со купопродажба на коли, увезува коли од странство. И пред некое време го сретнувам на фудбал и ај муабет ради реда, кај идеш брат, од кај зимаш коли кур се тресе и ми вика од Германија, сеа се вратив пред 2-3 дена.. ок и ај пак ради реда продужувам со муабетот му викам а од кај идеш бе, преку Словенија-Австрија или преку Унгарија? Ме гледа и ми вика не бе брат... преку Маџарска идам. ...
Ај да се вратиме на фудбал, прво нешто што не` асоцира на Унгарија е секако легендата на светскиот фудбал и еден од најдобрите светски голгетери Ференц Пушкаш. Второ нешто е тој тренерот што ја проколнал Бенфика.
Идеме:


Фудбалска Федерација основана: 1901
Најдобар успех на ЕП: Трето место 1964, четврто место 1972.
Селектор: Бернд Шторк, морам да го спомнам и неговиот асистент, легендарниот играч на Борусија Дортмунд, Андреас Молер.
Капитен
: Балаш Џуџак
Најдобар стрелец: Ференц Пушкаш (84); моментално – Золтан Гера (24)
Највеќе настапи
: Јожеф Бошик (101); моментално – Габор Кирали (100)
Европско првенство, историја и патот до Франција
Унгарците прв пат дебитирале на едно Европско првенство во далечната 1964та година во Шпанија каде предводени од Ференц (not Пушкаш) Бене стигнуваат до бронзениот медал што го прави најдобриот успех на едно Европско првенство.
Кај бил Пушкаш? Пушкаш тоа време бил на залезот од својата кариера, се пензионирал 2 години после Европското првенство а тој период настапувал за Шпанската репрезентација. Зашто? Па генерал Франко јеби га.

8 години подоцна, во 1972ра година на европското во Белгија, Унгарците го освојуваат 4тото место и со тоа практично се збогуваат со Европските првенства за цели 44 години.

Унгарците на ова Европско првенство се пласираа преку баражот откако во група со Северна Ирска, Романија, Финска, Фарски острови и Грција завршија на 3тото место.
Во баражот се сретнаа со репрезентацијата на Норвешка која ја добија со вкупен резултат од 3-1. Првиот дуел во Осло заврши со резултат од 1-0 каде стрелец беше Клајнсајлер но тука мора да се забележи и фантастичната партија на легендарниот голман Габор Кирали. Реванш дуелот во Будимпешта заврши со резултат 2-1 за домаќините на огромна радост на Маџарите кои се пласираа на едно Европско првенство по 44 години.

Состав:
Голмани:
1.Габор Кирали (Халадас)
12. Денес Дибуш (Ференцварош)
22. Петер Гулаши (РБ Лајпциг)

Одбрана:
2. Адам Ланг (Видеотон)
3. Михали Корхут (Дебрецен)
4. Тамаш Кадар (Лех Познањ)
5. Атила Фиола (Академија Пушкаш) - сеоска Академија Пандев.
16. Адам Пинтер (Ференцварош)
20. Ричард Гузмиш (Висла Краков)
21. Барнабаш Бесе (МТК Будимпешта)
23. Роланд Јухаш (Видеотон)

Средина:
6. Акош Елек (Дисгиори ВТК, некој Ѓер ваљда)
8. Адам Наџ (Ференцварош)
14. Герго Ловренчич (Лех Познањ)
15. Ласло Клајнсајлер (Вердер Бремен)
18. Золтан Штајбер (Нинберг)

Напад:
7. Балаш Џуџак (Бурсаспор)
9. Адам Салаи (Хановер 96)
10. Золтан Гера (Ференцварош)
11. Криштијан Немет (Ал Гарафа)
13. Даниел Боде (Ференцварош)
17. Немања Николиќ (Легија Варшава)
19. Тамаш Прискин (Слован Братислава)

Играчи од кои највеќе треба да се очекува се секако легендите на унгарскиот фудбал, 40 годишниот голман што цел живот брани во тренерки, Габор Кирали и 37 годишниот Золтан Гера. Тука е и капитенот Балаш Џуџак и секако Адам Салаи напаѓачот на Хановер 96 кој би требало да биде ударната игла во шпицот на нападот.

Група и распоред на натпревари:
Унгарија се најде во групата Ф каде за противници ќе ги има селекциите на Португалија, Австрија и Исланд.
Првиот натпревар Унгарците ќе го играат на 14ти Јуни против Австрија во Бордо. 4 дена подоцна во второто коло се среќаваат со Исланд на Велодром во Марсеј и последниот натпревар од групата го играат со Португалија на 22ри Јуни на новиот Жерлан во Лион.

Унгарците нема што многу да очекуваат од ова Европско првенство, конкуренција на Португалија и Австрија па и Исланд кој никако не е за потценување реален пласман би било 3то место и избегнување на тоа последно место во групата.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785


....или низ светот попознати како "Жабари" на ова Европско првенство ги имаат можеби најниските очекувања во својата историја поради низа од несреќни околности.

Ниските очекувања се должат на тоа што двајца клучни играчи за оваа репрезентација се повредени и нема да настапат а тоа се Марко Верати од ПСЖ и Клаудио Маркизио од Јувентус но удел во тоа има и моменталниот селектор Антонио "Перикле" Конте кој на изненадување на светската јавност изостави неколку добри играчи кои мораа да бидат повикани за ова првенство со оглед на моменталната ситуација во тимот.

Репрезентацијата на Италија не може да се пофали со некои огромни успеси на Европските Првенства бидејќи истото го има освоено само еднаш и тоа во далечната 1968-ма година и на два пати биле второ место во 2000-та и 2012-та година.

Патот на Италија до Франција беше исклучително лесен каде што завршија први во групата со 24 бода со скор од 7 победи и 3 нерешени натпревари.
Втори во групата беа Хрватска а трета репрезентацијата на Норвешка.

Во останатиот дел од овој прекрасен пост ќе следат играчите кои ги одбра Маестро Конте за престојново првенство!









Господинот Антонио "Presadiv kosa pa shto" Конте на првенствово се очекува да игра со стандардната 3-5-2 која ја форсираше во своите шампионски денови со Јувентус па одбраната би била сочинета од Киелини,Барзаљи и Бонучи.

Во средниот ред кој никогаш не би поужасен во историјата на Италија би требало да играат Тиаго Мота,Даниеле Де Роси и третиот e фантастичниот Стураро за кој се зборува дека мајка му уште не му верува дека е на Европско во Франција.
На крилните позиции би требало да ротираат Дармиан/Кандрева/Флоренци а на другата страна Де Шиљо/Џакерини(кој и самиот не верува дека е на Европско).

Нападот е исто еден од поочајните и освен Инсиње кој имаше фантастична сезона со Наполи другите се ништо повеќе од просечни играчи.
Партнер на Инсиње ќе биде најверојатно Симоне Заза кој најчесто сезонава влегуваше од клупата кај Јувентус.

Можни се и други формации како 3-4-3, 4-3-3 и 4-4-2 но сигурно за овој очаен состав на Конте нема да елаборирам тука до сабајле.

За крај ова се најдобрите 11 во Серија А годинава и неколкумина од нив требаше да се најдат на составот на Конте бидејќи ќе придонесеа да се игра колку-толку поквалитетен и понапаѓачки фудбал.



Жоргињо,Бонавентура и Васкез мораа да се најдат на списокот место Стураро,Џакерини и Едер кој цела полусезона во Интер нема влезено у една полушанса.

Групна Фаза

Италија е во група со Шведска,Белгија и Ирска и според моите предвидување а и реално моја желба е да испаднат уште одма и Конте да оди на раат да си ја кваси таа елитна перика на дождот во Лондон бидејќи како што знаеме тој е новиот тренер на Челзи.

Првиот натпревар екипата го игра против Белгија на 13.06 во 21 часот, вториот натпревар се игра против Шведска на 17.06 во 15 часот а последниот натпревар е против Ирска и тој почнува во 21 часот на 23.06.

ANDIAMO RAGAZZIIIIIIII!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!



 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695



Словачка
Slovak Republic

Slovenská republika

"... тука се Норберт Ѓумбир, Корнел Салата....
-Кој корнел салата бе Златко? Ѓумбир?
- Ха, ха, ха, токму така Дарко, како да се наоѓаме на пазарче.“


Една од најинтересните репрезентации за следење на престојниот евро собир ќе биде несомено Словачка. Не заради фудбалот кој го практикуваат, туку заради нивните имиња и презимиња кои во македонска „транскрипција“ звучат урнебесно. Коментаторскиот тим на МТВ ќе има загадочен предизвик во текот на натпреварите на словачката репрезентацијa, но се веќе испраксирани затоа што ја имаа таа можност во текот на квалификациите, во кои бевме во иста група со споменативе браќа по slavic линија.

Токму така, на ова ЕП, Словаците се пласираа директно завршувајќи втори во „нашата“ група, зад Шпанија, со одлични 22 бода, а долго време беа и на чело на групата.

Не се многу познати по настапите на големите собири, па ова ќе им биде дебитантски настап на Евро собрир. Односно прв по распадот на заедничката држава со Чешка, во која очигледно се шлепале до огромните успеси кои ги постигнаа како Чехословачка. Досега имаат едно СП, во 2010 каде успеаа да влезат во нокаут фазата.

Состав:

SLOVAKIA'S SQUAD FOR THE EUROPEAN CHAMPIONSHIP
Goalkeepers: Matus Kozacik (Viktoria Plzen), Jan Mucha (Slovan Bratislava), Jan Novota (Rapid Vienna)

Defenders: Peter Pekarik (Hertha Berlin), Milan Skriniar (Sampdoria), Martin Skrtel (Liverpool), Norbert Gyomber (Roma), Jan Durica (Lokomotiv Moscow), Kornel Salata (Slovan Bratislava), Tomas Hubocan (Dynamo Moscow), Dusan Svento (Cologne)

Midfielders: Viktor Pecovsky (Zilina), Robert Mak (PAOK Thessaloniki), Juraj Kucka (AC Milan), Patrik Hrosovsky (Viktoria Plzen), Jan Gregus (Jablonec), Marek Hamsik (Napoli), Ondrej Duda (Legia Warsaw), Miroslav Stoch (Bursaspor), Vladimir Weiss (Al Gharafa)

Forwards: Michal Duris (Viktoria Plzen), Adam Nemec (Willem II), Stanislav Sestak (Ferencvaros)
На голот на Словаците неприкосновен е Јан Муча, некогашниот член на Евертон.

Одбранбеното стоперско дуо би требало да го сочинуваат веќе ветераните Јан Џурица и Мартин Шкртел. На бековските позиции би требало да оперирааат Хубочак и Пекарик, додека во игра за местата во одбранбениот ред на Словаците се уште Шкринар, Швенто и нутриционистички богатите Салата и Ѓумбир. (да, Корнел Салата и Нормбер Ѓумбир!).

Во среднот ред неприкосновен е Марек Шамшик, кој е срцето на тимот. Роберт Мак и Виктор Печовски треба да е дуото зад него кое ќе му помага во креирањето и разбивањето на играта. Во навалнаат линија на едната страна ќе игра вечниот талент Владимир Вајс кој сега игра во некој вукојебниски катарски клуб, но некако успеа да биде најдобар асистент во квалификациите. Карши него покрај линијата ќе игра Јурај КуЧка, од кого се очекува многу. Мирослав Шток, Патрик Хрочовски и Јан Греџуш се оние кои ќе чекаат шанса од клупата.

Најслабиот дел од тимот на Словаците е најверојано нападот каде што селекторот има на располагање само двајца класични напаѓачи. Тоа се Адам Немец и Михал Џуриш. Ниту еден од нив се нема целосно наметнато како стартер, така да до последен момент нема да знаеме кој ќе биде прв избор.

Ѕвезди:

Мартин Шкртел и Марек Шамшик се двајцата најпознати Словачки фудбалери кои ќе бидат во центарот на вниманието. Од стоперот на Ливерпул се очекува да го направи она што најдобро го знае, да си постигне автогол и така да остане забележан во страниците на ова ЕП. Вториот, кој сеуште гние во Наполи со добра претстава на ова ЕП може да ги врати шпекулациите за него и Де Лаурентис повторно да се јача со 100 милионските откупни клаузули.

Талент:

„Новиот Марек Шамшик“ е членот на Легија од Варшава, младиот Андреј Дуда. Тој несоменно ова ЕП може да го искористи и да биде еден од оние млади играчи кои ќе најдат подобар клуб заради настапите на првенството. Дуда треба да биде џокерот на Козак доколку на „ветераните“ им затреба млад ветер во грбот.

Селектор:

Јан Козак е еден од најпознатите поранешки (чехо)Словачки фудбали, кој има и бронзено одличје од ЕП 1980 со селекцијата на Чехословачка.

Како менаџер е птица преселница која често се враќа во Кошице, каде го има постигнато и најголемиот успех, двоен шампион во домашната лига и едно учество во групната фаза во лигата на шампионите.

На клупата на Словачката репрезентација е од 2013 година и има значителен процент на победи (61,5).

Распоред:
Capture.JPG


Тоа е накратко за Словаците, немам повеќе време а реално овие и не заслужуваат толку многу. :D
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
CROATIA



Основана: 1940
Моментален селектор: Анте Чачич
Капитен: Даријо Срна
Најдобар стрелец: Давор Шукер (45)
Најмногу настапи: Даријо Срна (129)
Моментален ФИФА ранкинг: 23
Највисок ФИФА ранкинг: 3 (Јануари 1999)
Најдобар успех: 3 место на СП во Франција 1998

Историја
Хрватската фудбалска репрезентација е основана во 1940 година и во тој период до 1945 има одиграно само 19 натпревари.Првиот натпревар е запишан како одигран на 2 април 1940 година против Швајцарија,резултатот бил 4-0 за коцкестите.Подоцна со приклучувањето кон Југославија репрезентацијата е укината бидејки Хрватска не настапувала самостојно.Со распадот на Југославија креирана е официјалната репрезентација во 1990 година,а подоцна во 1993 официјално станува членка на ФИФА и УЕФА.Првиот официјален натпревар во рамките на денешната држава Хрватска го играла на 5 Јули 1992 против Австралија,а првите квалификации во група за пласман на едно големо натпреварување биле за ЕП 1996 година.Тогаш тие успеваат да се квалификуваат и на првенството настапот го завршуваат во четврт-финалето.
Најдобар резултат за коцкестите досега е третото место во Франција во 1998 година завршувајки веднаш зад домаќинот и Бразил.
Домашните натпревари оваа репрезентација ги игра во Загреб на стадионот на Динамо(Максимир) од горенаведениот град.
Најголема победа имаат остварено против репрезентациите на Асвтралија и Андора од по 7-0.
Најголем пораз имаат доживеано од Англија 5-1.

Квалификации за ЕП 2016

Ватрените беа во квалификациската група Х заедно со селекциите на Италија,Норвешка,Азербејџан,Бугарија и Малта.Поради расистички испади на натпреварот против Италија,репрезентацијата беше казнета со одземен бод,мораше да плати 100.000 евра казна и следните 2 домашни натпревари беа одиграни пред празни трибини.
Хрватите одиграа одлични квалификации и завршија на второто место позади Италија со 4 бода помалку.Во квалификациите победуваа 6 пати ,одиграа 3 нерешени и доживеаа 1 пораз со што ја имаа најдобрата гол разлика во групата од +15.Најдобар стрелец за нив беше Иван Перишич со 6 постигнати голови.


Хрватска - Малта 2:0
Бугарија - Хрватска 0:1
Хрватска - Азербејџан 6:0
Италија - Хрватска 1:1
Хрватска - Норвешка 5:1
Хрватска - Италија 1:1
Азербејџан - Хрватска 0:0
Норвешка - Хрватска 2:0
Хрватска - Бугарија 3:0
Малта - Хрватска 0:1

Составот



Голмани: Danijel Subasic (Monaco) , Lovre Kalinic (Hajduk) , Ivan Vargic (Rijeka)

Дефанзивци: Darijo Srna(Sahtar Donetsk), Vedran Corluka (L.Moscow) , Domagoj Vida (Dinamo Kyiv) , Ivan Strinic (Napoli) , Gordon Schildenfield (Dinamo Zagreb), Sime Vrsaljko(Sassuolo), Tin Jedvaj (Bayer Leverkusen)

Среден ред : Luka Modric(Real Madrid),Ivan Rakitic(Barcelona), Mateo Kovacic(Real Madrid),Ivan Perisic(Inter),Milan Badelj(Fiorentina),Marcelo Brozovic(Inter),Marko Rog (Dinamo Zagreb),Ante Coric (Dinamo Zagreb)


Напад : Mario Mandzukic (Juventus), Nikola Kalinic (Fiorentina), Andrej Kramaric (Hoffenheim) , Marko Pjaca (Dinamo Zagreb), Duje Cop (Malaga).


Можен почетен состав

Голманската позиција е најверојатно резервирана за незаменливиот на голот на монако Субашич,за втор голман ќе се борат Ловре Калинич и Варгич Иван.

Одбраната на Хрватска ќе биде составена од веќе искусни и докажани играчи на кои ова нема да им е прв настап на големо натпреварување.
Даријо Срна стандарден на десен бек,како лев бек ќе игра фудбалерот на Наполи Стринич и централната двојка ќе биде составена од искусниот Ведран Чорлука и еден од Домагој Вида или Гордон Шилденфилд.

Средниот ред со сигурност еден од најдобрите во светот,дефинитивно најбитниот дел од овој тим на Хрватска.
Лука Модрич и Иван Ракитич во средината со сигурност ќе креираат огромен број шанси за своите соиграчи.Тука до нив ќе биде и Перишич кој игра одлично во дресот на Интер и најверојатно средината ќе ја заокружиме со уште еден феноменален играч за врска Брозович.

Нападот ќе го предводи со сигурност фудалерот на Јувентус,Марио Манџукич потпомогнат од Андреј Крамарич кој имаше одлична полусезона во германскиот Хофенхајм каде постигна голови кои со сигурност го спасија тимот во Бундеслигата.


-----------------------------Субашич-----------------

Срна---------Чорлука----------Вида------Стринич

-------------------------Брозович--------

--------------Ракитич----------Модрич---------

-------------------------Перишич---------

---------------Манџукич-----------Крамарич--------

Имаше изјави дека коцкестите ќе играат со позгусната средина иако многу лесно може да се случи селекторот да игра и во формација 4-2-3-1 со тоа што ќе го изостави Крамарич и во средината ќе влезе крилен играч со што би добиле на брзина во контрите.




Дресови за ЕП






Распоред на натпреварите

12.06 Турција - Хрватска (15:00)

17.06 Чешка - Хрватска (18:00)

21.06 Шпанија - Хрватска (21:00)

Во оваа група Хрватска дефинитивно ќе треба да си го заработи пласманот во следната рунда,сите екипи имаат реални шанси и нема некој изразит фаворит во натпреварите.
Шпанија можеби како главен кандидат за прво место,другите 3 селекции со израмнети шанси за 2 позиција.
Хрватска има за нијанса подобар тим од чесите меѓутоа овде се игра еден натпревар и квалитетот не мора да значи ама баш ништо.
Првиот натпревар со Турција ,МОРА да се добие.


Пред почетокот на првенството Хрватска игра уште еден пријателски натпревар и тоа зачудувачки против Сан Марино.Натпреварот се игра денес во 20 часот и 15 минути.

 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043

ИЦЕЛАНД
ИСЛАНД
АЈСЛЕНД



- ИСТОРИЈА
После 11 неуспешни обиди, годинава Исланд за прв пат успеа да обезбеди место во ова натпреварување. За само неколку години оваа репрезентација забележа ооогромен напредок, така што ако во јуни 2012та година поставија неславен рекорд од најниска позиција на ФИФА Ранг листата (132ра), три година подоцна, во јули 2015та година беа на одличната 23та позиција, на само 5 бода зад репрезентацијата на Франција.
Случајно? Не случајно! Тој период Сигурдсон стана дел од Премиер лигата (СВОНСИ :cool:) каде што се стекна со големо искуства кое го пренесе и во националниот тим.
Ќе биде греота ако заслугата му ја препишам само нему, но ете, беше еден од најзаслужните за овој успех на Исланд. Ова момче беше предводник на репрезентацијата на Исланд и во квалификациите за СП 2014, каде што со 4те гола и 4те асистенции успеа Исланд да ги доведе на чекор до Бразил, но за жал во плеј-оф двомечот против Хрватска беа неуспешни. До тогаш ова претставуваше најголем успех на Исланд.

- ПАТОТ ДО ФРАНЦИЈА
Две години подоцна во конкуренција на на Чешка, Холандија, Турција, Летонија и Казахстан, репрезентацијата на Исланд направи вистинско изненадување освојувајќи го второто место во групата кое им го отвори патот кон европското првенство во Франција (лесно можеа и прво да се, но оплескаа работа во последните 3 кола против "слабите"). И повторно клучен играч беше Сигурдсон со 6 гола и една асистенција. На два наврати успеа "сам" да ги совлада Холанѓаните и да и донесе големи и неочекувани 6 бода на својата репрезентација.

- СОСТАВ
Секако и овој пат се очекува Сигурдсон да биде предводникот на оваа селекција, но не смееме да ги заборавиме и Бјарнасон, Гунарсон, искусниот Халфредсон. Тука е и легендата на Исландскиот фудбал, Еидур Гудјонсен кој најверојатно поддршката на својот тим ќе ја дава од клупата, пошто најверојатно предност ќе добијат неговите помлади колеги.
Останува дилема кој ќе биде главен во нападот. Сигторсон или Финбогасон? До сега предноста беше давана на Сигторсон, но годинава неговата игра не беше "за машала", додека Финбогасон одигра одлична втора полусезона, која ја помина во дресот на Аугсбург како позајмен играч и постигна 7 гола на 14 натпревари и им донесе злато вредни поени кои им помогнаа да го задржат местото во Бундеслигата.

- ДРЕСОВИ
Домашен


Гостински


Голмански - домашен


Голмански - гостински

- РАСПОРЕД
qwsdasdczsdxcvgv.png



Јасно е дека штом ја обрав репрезентацијава дека и ќе ги поддржувам на ова Европско (знаете зашто, или да кажам пак? :D), сакам да победуваат но не сакам Сигурдсон да биде главен. Ќе му фрлат око големциве, ќе ни го земат за ништо пари ко што се алчни овие нашиве :D

Не, озбилно. Исланд се најде во според мене најслабата група, па така што шанса за пласман во следна рунда постои. Барем за трето место може да се изборат, ги гледам како поквалитетни од Унгарците, па во плеј-офот ќе видиме каква ќе ни е среќата.

 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Германија
Die Mannschaft



Вовед
Силен Баварски блок и играчи од вкупно 16 клубови: тимот на Германската репрезентација е возбудлив поради интересниот микс - можеме да најдиме минато, сегашност и иднина. Секако Германија како актуелен светски шампион е меѓу главните фаворити за титулата. Исто така Бундестренерот Јоахим Лев е пример за континуитет и го игра петтиот турнир како главен селектор на Германската репрезентација.

Актуелности
Објавувањето на конечниот тим на Германија за голем турнир не може да остане без изненадувања и разочарувања. Карим Белараби, Јулиан Бранд, Себастиан Руди и... Марко Ројс не успееа да се најдат во кадерот на Германската репрезентација. Кај првите тројца тоа сигурно се спортски аспекти кои беа пресудни за Лев. Но Марко Ројс е сериозно повреден и пак нема да биде дел од репрезентацијата како и 2014. Истото важи за Илкај Гундоган иако кај него уште од порано се знаеше дека после 2014 и 2016 нема да биде дел од тимот.



Формата на Германија не може лесно да се процени. Последните припремски партии со Словачка и Унгарија не покажаа ништо спектакуларно. Но тоа не значи многу затоа што Германија важи за турнирска екипа која е спремна да го покаже максимумот кога ќе потребе.

Планот на Лев
Лев има конкретен план за ЕП 2016. Неодамна зборуваше за две различни фази кои ги чекаат во турнирот. Правата фаза е групната, каде Германија е фаворит покрај Украина, Полска и Северна Ирска. Не може да очекуваме овие тимови да играат отворен фудбал против Германија, напротив се очекува вид бункери и деструктивна игра. Германија има решенија за тоа со технички добри играчи како Озил, Дракслер или Геце.



Во одбраната тимот почнува со отворањето на играта. Боатенг, Кедира и Крос стојат за компактност и прецизност во отворањето на играта. Хумелс, кои подоцна можеби ќе се најде во првиот тим, исто така е бек со добри способности при отварање на игра.

Втората фаза иде после групната фаза. Германија може да се соочи со многу квалитетни состави како Белгија, Шпанија или Италија. Тие репрезентации сакаат и знаат да играат и исто така одат кон победа. Затоа партиите ќе се разликуваат од групните. Но добриот микс на Германската репрезентација му нуди на Лев многу опции да менува по потреба. Тоа можеби е главен адут на Германската репрезентација.

Објавувањето на тимот
Има и дискутабилни одлуки на Лев. Швајнштајгер е капитенот и херојот од 2014 но долго време беше повреден и сеуште нема сила за 90 минути. Но како лидер е потребен на тимот. Новобаварецот Хумелс исто така поради повреда нема да ги игра групните партии. Со Кимих, Сане и Вајгл Лев ги повика новите звезди на Германскиот фудбал. Не дека многу ќе играат, ама тие се иднината на оваа репрезентација. Случајност или не, Лев не преферира играчи од второпласираниот Борусија Дортмунд. Само Вајгл е повикан, Хумелс де факто е веќе играч на Баерн. Гинтер, Дурм, Шмелцер, Бендер и Вајденфелер кои се потенцијални репрезентативци не се дел од тимот. До душа мора да се спомне, дека со Ројс и Гундоган, кој во иднина ќе биде дел на Манчестер Сити, двајца Прусијци се повредени.



Со Мертесакер, Лам и Клозе врвни репрезентативци после победата 2014 се збогуваа и оставија дупки, посебно Лам па и Клозе. Лидерите на тимот се Нојер, Швајнштајгер, Хумелс, Боатенг, Кедира, Крос, Озил и Милер. Исто така Гомез е пак дел од тимот. 2014 не беше повикан поради тазе враќање од повреда и слаба форма но Гомез сега покажа добра форма во Турција и како класичен шпиц е играч кој може да му служи на Лев ако има потреба од тоа.

На 12. Јуни Германија ја игра првата партија на ЕП против Украина.

Состав:
Гол:
Мануел Нојер (Баерн Минхен), Бернд Лено (Баер Леверкузен), Андре тер Штеген (Барселона)

Одбрана:
Жером Боатенг (Баерн Минхен), Емре Чан (Ливерпул), Јонас Хектор (Келн), Бенедикт Хеведес (Шалке), Матс Хумелс (Дортмунд / Баерн), Шкодран Мустафи (Валенсија), Антонио Рудигер (Рома)

Средина/Напад:
Јулиан Дракслер (Волфсбург), Марио Гомез (Бешикташ), Марио Геце (Баерн), Сами Кедира (Јувентус), Јошуа Кимих (Баерн Минхен), Тони Крос (Реал Мадрид), Томас Милер (Баерн Минхен), Мезут Озил (Арсенал), Лукас Подолски (Галатасарај), Лерои Сане (Шалке), Андре Шурле (Волфсбург), Бастиан Швајнштајгер (Манчестер Јунајтед), Јулиан Вајгл (Борусија Дортмунд)



Статистика:
СП победи: 1954, 1974, 1990, 2014
ЕП победи: 1972, 1980, 1996
Рекорден голгетер: Мирослав Клозе - 71 гол
Рекорден играч: Лотар Матеус - 150 партии
Прекар: Die Mannschaft, DFB-Elf
ФИФА ранглиста: 4. место (највисокопласирана Европска репрезентација)
Наголема победа: 1912 со Русија: 16:0
Најголем пораз: 1909 со Англија: 0:9
Настапи на ЕП: 12



Анализа:
Гол:
Традиционално голманската позиција е многу силна кај Германците. Со Мануел Нојер го имаат моментално можеби најспремниот голман во нивните редови. Има по некојпат грешки али тие се дешаваат доста ретко а Нојер со неговиот стил е како 12. играч. Исто така Лено и тер Штеген се многу солидни голмани во случај, Нојер да не може да игра.

Одбрана:
Одбраната 2014 беше најсилниот дел на тимот. Хумелс и Боатенг несомнено се меѓу најдобрите бекови на светот. И покрај повредата на Хумелс, Лев има доста алтернативи со Мустафи и Хеведес па и Рудигер. Едино страничните бекови се проблем. Хектор е класичен лев бек но му фали уште искуство. На десната страна Лев пак ќе импровизира и ќе ги игра Чан или друг бек на таа позиција. Скептик сум сали одбраната ќе биде толку стабилна како 2014та. Во последните партии покажа сериозни слабости.

Средина:
Повредата на Гундоган му одзема на Лев креативен играч. Крос и Кедира сепак се солиден тандем со големо искуство. Може да очекуваме компактна средина. Вајгл и Кимих се добри алтернативи, посебно Вајгл ако добие шанса да заигра, може да биде големо изненадување на ова ЕП. Швајнштајгер не е опција за прв тим.

Офанзивниот ред и покрај повредата на Ројс, кој годинава сепак имаше и послаби периоди, е доста силна. Озил, Милер, Шурле, Дракслер и Сане стојат за голема динамика и техника, па и креативност. Едино што овие играчи не се познати по нивната дефанзивна игра но затоа тука се Крос и Кедира. Многу ќе зависи од офанзивната средина и моќта да пробијат низ одбранбените редови. Првиот предизвик се групните утакмици.

Напад:
Гомез е класичен шпиц и ќе добие шанси да игра но Лев веќе покажа, дека го планира Геце како лажна деветка, па и Милер е секојпат опција. Со тоа Германија има опции да реагира по потреба и затоа важно е што Лев го зеде Гомез. За оваа екипа идеален шпиц би бил Клозе ама тој веќе не е дел од репрезентацијата. Покрај страничните бекови, нападот е една од слабостите на Германија, иако офанзивниот среден ред може добро да покрие и секако во денешниот фудбал се игра динамично и не се толку битни позициите на тефтер.

Можен прв тим:

-----------------------Нојер-----------------------
--Чан-----Боатенг---Хеведес----Хектор--
------------Кедира----------Крос---------------
---Милер---------Озил----------Дракслер---
----------------------Гомез------------------------

Распоред:


Прогноза:
Германија е меѓу најголемите фаворити и реално е да влезе во полуфинале. Од тука ќе зависит формата на тимот дали ќе ја освои титулата. Лев ако освои верувам дека ќе се повлече како селектор.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин


Ш В Е Д С К А
S W E D E N
S V E R I G E
ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА ОСНОВАНА: 1904
СЕЛЕКТОР: Ерик Хамрен​
КАПИТЕН: Златан Ибрахимовиќ​
НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ: Златан Ибрахимовиќ (62)​
НАЈВЕЌЕ НАСТАПИ: Андерс Свенсон (148); моментално Андреас Исаксон (127)​

ИСТОРИЈА НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА

Репрезентацијата на Шведска за прв пат настапила на едно Европско првенство во 1992ра година каде како домаќини турнирот го завршуваат на 4тото место што е нивен најголем успех на едно вакво натпреварување.
Втор најдобар пласман на ЕП го имаат во 2004та година кога во Португалија завршуваат како 7мо рангирани.
Претходно во 2000та година во Белгија и Холандија завршуваат на 14то место, во 2008ма на првенството во Австрија и Швајцарија истотака не успеваат да ја поминат групата па завршуваат како 10то пласирани и на последното ЕП што се одржа во Полска и Украина 2012та година истотака својот настап го завршуваат во групната фаза со конечен пласман на 11тото место.

ПАТОТ ДО ФРАНЦИЈА

Селекцијата на Шведска во квалификациите за ова Европско првенство се најде во групата Г заедно со Австрија, Русија, Црна Гора, Лихтенштајн и Молдавија каде заврши на третото место и пласман во плеј оф-от.
Швеѓаните групата ја завршија со 5 победи, 2 порази и 3 нерешени натпревари.
Во бараж дуелот за пласман во Франција се сретнаа со Данска која ја победија со вкупен резултат од 4-3, најголемите заслуги секако ги носи Златан Ибрахимовиќ кој со 3 гола на двомечот ја чекираше картата за Франција. На првиот натпревар во Солна, Швеѓаните победија со 2-1 а на реваншот во Копенхаген им беше доволно и ремито од 2-2.
Златан Ибрахимовиќ беше и втор стрелец во овие квалификации со 11 голови, само 2 помалку од првиот стрелец Левандовски од Полска со 13.

СОСТАВ

Селекторот Ерик Хамрен се одлучи за овие 23 играчи кои ќе патуваат во Франција.

Голмани:
1. Андреас Исаксон (Касимпаша)
12. Робин Олсен (Копенхаген)
23. Патрик Калгрен (АИК)

Одбрана:
2. Микаел Лустиг (Селтик)
3. Ерик Јохансон (Копенхаген)
4. Андреас Гранквист (Краснодар)
5. Мартин Олсон (Норич)
13. Понтус Јансон (Торино)
14. Виктор Линделоф (Бенфика)
17. Лудгив Аугустинсон (Копенхаген)

Средина:
6. Емил Форсберг (РБ Лајпциг)
7. Себастијан Ларсон (Сандерленд)
8. Албин Екдал (Хамбургер)
9. Ким Калстром (Грасхопер)
15. Оскар Хиљемарк (Палермо)
16. Понтус Вернблом (ЦСКА Москва)
18. Оскар Левицки (Малме)
21. Џими Дурмаз (Олимпијакос)
22. Еркан Зенгин (Трабзонспор)

Напад:
10. Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ)
11. Маркус Берг (Панатинаикос)
19. Емир Кујовиќ (Норкопинг)
20. Џон Гуидети (Селта Виго)

Можеби најголемо изненадување во овој состав на Шведска е неповикувањето на Ола Тоивонен (не успеав да најдам инфо за евентуална повреда) во составот на сметка на Емир Кујовиќ од Норкопинг, кој е прилично анонимус со своите 27 години. Истотака и Јонас Олсон од ВБА нема да патува во Франција.

МОЖЕН СТАРТЕН СОСТАВ:

Ерик Хамрен најчесто практикува систем 4-4-2.
На голот сигурен е Андреас Исаксон кој со своите 34 години сеуште е најдобар шведски голман и заслужено ќе го носи дресот со број 1 и на ова првенство.
Во одбраната практично сигурни се Микаел Лустиг на десната бековска позиција и Мартин Олсон на левата. Едната штоперска позиција е резервирана за Андреас Гранквист а другата најверојатно ќе ја завземе младиот Виктор Линделоф од Бенфика кој со своите 21 година се очекува да биде една од младите ѕвезди на ова ЕП. Вреди да се спомене и Понтус Јансон од Торино истотака млад играч кој може да покрие и на десен бек па и како последен играч за врска во везниот ред.

Во везниот ред главна улога ќе има еден од поискусните играчи во овој состав, Ким Калстром, иако многумина очекуваат покрај него во централниот дел од средината на теренот да се најде еден од Албин Екдал или Понтус Вернблом селекторот Хамрен не мисли така па се очекува прва постава да игра уште еден млад играч а тоа е 23 годишниот играч на Малме, Оскар Левицки кој има настапувано во младинските категории на Баерн Минхен а најверојатно после ова Европско првенство ќе се пресели во некоја од најсилните лиги во Европа.
На страничните позиции би требало да оперираат, лево Емил Форсберг уште еден млад играч кој со својот РБ Лајпциг изборија пласман во Бундес лигата, десно најверојатно шанса ќе добие искусниот Себастијан Ларсон од Сандерленд но не треба да не изненадува доколку како стартер се најде Џими Дурмаз од Олимпијакос.
Вреди да се спомене и Оскар Хиљемарк кој имаше забележителна прва сезона во калчо лигата во дресот на Палермо.

Нападот секако е резервиран за главниот играч на оваа репрезентација и најдобриот шведски фудбалер во историјата на оваа држава, нема потреба да се трошат зборови за прекалениот ас со балкански корени, познат како Ибракадабра, еден и единствен Ибрахимовиќ Златан звани Носоња.
Како негов партнер во самиот врв на нападот се очекува Маркус Берг.

Исаксон

Лустиг - Гранквист - Линделоф - Олсон

Ларсон - Левицки - Калстром - Форсберг

Ибрахимовиќ - Берг

Играчи на кои треба да се внимава: Покрај искусните Ибрахимовиќ, Калстром и Исаксон посебно внимание треба да се обрати на младите Јансон, Линделоф, Левицки, Форсберг и Гуидети кои ќе бидат на тапет на многу скаути од големите екипи.

ГРУПНА ФАЗА, РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ И ОЧЕКУВАЊА

Репрезентацијата на Шведска се наоѓа во групата Е, заедно со Белгија, Италија и Република Ирска.
Својот прв натпревар го играат на 13ти Јуни против Р. Ирска на Стад де Франс во Сен Дени - Париз.
Во второто коло се среќаваат со Италија на 17ти Јуни во Тулуз на Мунисипал. Во последното трето коло од групната фаза на 22ри Јуни на Алијанц Ривиер во Ница ќе играат против репрезентацијата на Белгија.

Ова е тешка група за Шведска, за тоа се свесни и самите тие, покрај една Белгија и Италија реално би било да се очекува пласман на 3тата позиција и пласман во групата на најдобро трето пласирани репрезентации од групите.


 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Северна Ирска




Основана: 1880 (заедно со денешна Република Ирска); 1921 (како Северна Ирска)
Селектор: Мајкл O'Нил
Капитен: Стивен Дејвис
Највеќе настапи: Пет Џенингс - 119 (општо); Арон Хјуз - 100 (моментално)
Најдобар стрелец: Дејвид Хили - 36 (општо); Кајл Лаферти - 17 (моментално)
Стадион: Винѕор Парк, Белфаст​

„Британските“ Ирци доаѓаат на Европското првенство! Ова е прв пат репрезентацијата на Северна Ирска да настапува на Европското првенство. Досега, таа настапувала три пати на Светското првенство, а два пати стигнала до четврт-финалето од натпреварувањето, во 1958 и 1982 година. Во двете натпреварувања успеале да ги елиминираат гигантите Западна Германija, односно Шпанија.

Нејзината репрезентација има контроверзно минато, подеднакво контроверзно како и самата Ирска историја. По создавањето на Слободната Ирска Држава, постоеле турбуленции во врска со играчите кои можат да настапуваат за двете држави, како и конфузиите при тоа што двете држави го држеле името Ирска. Компромисот бил донесен со тоа што ФИФА одлучила ниедна репрезентација да не го користи само името Ирска, па така настанале репрезентациите на Република Ирска (чие официјално име е Ирска) и Северна Ирска. Секако, двете репрезентации денес се огромни ривали. Се крева голема прашина кога некој играч ќе биде во можност да избере за која репрезентација да игра, и обете го сметаат за предавник доколку се приклучи на другата.

Северна Ирска имаше фантастична кампања која ја доведе до Франција. Во квалификациите беа извлечени со репрезентациите на Романија, Унгарија, Финска, Фарските Острови и Грција, каде избија на првото место со 21 поен и само еден пораз.


Еве ги и 23-те избраници на Мајкл О'Нил.

Голмани:

Рој Керол (Нотс Каунти)
Алан Манус (Ст. Џонстон)
Мајкл Мекговерн (Хамилтон)

Одбрана:

Крис Бард (Фулам)
Крег Кеткарт (Ватфорд)
Џони Еванс (ВБА)
Ли Ходсон (МК Донс)
Арон Хјуз (Мелбурн Сити)
Герет Мекколи (ВБА)
Лук Меккулоу (Донкастер)
Конор Меклохлин (Флитвуд)
Педи Мекнер (Ман. У)

Средина:

Стјуарт Дaлас (Лидс)
Стивен Дејвис (Саутемптон)
Кори Еванс (Блекбурн)
Шејн Фергусон (Милвол)
Џош Мегенис (Килмарнок)
Оливер Норвуд (Рединг)
Џејми Ворд (Нотингем Форест)

Напад:

Вил Григ (Виган)
Кајл Лаферти (Бирмингем)
Ниал Мекгин (Абердин)
Конор Вашингтон (КПР)​

Во врска со стартните 11, О'Нил за време на квалификациите практикуваше 4-3-3 формација, но на пријателските ја форсираше формацијата 3-5-2. Дискутабилни се одлуките дали на голот ќе биде Керол или Мекговерн, дали како ДМ ќе игра МекНер или Бард, и кој ќе му прави друштво во нападот на Кајл Лаферти. Фановите се надеваат дека ќе го видат фамозниот Вил Григ, кој им беше од огромна помош на Виган во нивниот пат до промоција во Чемпионшип лигата и заврши како најдобар стрелец во Лига 1, поради што ја смислија песната која беше огромен хит на социјалните мрежи - Will Grigg Is on fire!

Но, еве ја најверојатната стартна 11-ка:

Керол
Кеткарт, Досон, Еванс
Меклохлин, Дејвис, Мекнер, Норвуд, Далас
Ворд, Лаферти​

Северна Ирска е во групата Ц, каде исто така се репрезентациите на Германија, Украина и Полска. Еве ги и натпреварите:

12 јуни - Полска
16 јуни - Украина
21 јуни - Германија​

Зелено-белата армија тргнува со огромен ентузијазам, компактна, сложна и харизматична екипа, чии единствени аспирации се да даде се од себе на првенството.

Let's go Norn Iron!


 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Türkiye


Основана : 1923
Моментален селектор : Фатих Терим
Капитен : Арда Туран
Најдобар стрелец : Хакан Шуќур (51)
Најмногу настапи : Рушту Речбер (120)
Моментален Фифа ранкинг : 18
Најдобар фифа ранкинг : 5 (јуни 2004)
Најдобар успех : 3 место на Светско 2002 , полуфинале на Европско 2008

Историја : Првиот натпревар го одиграле на 26.11.1923 година, против Романија. Првиот официјален натпревар го одиграле на Олимписките игри 25.05.1924 против Чехословачка.
Турција со победата од 7-0 против Сирија се пласирала на Светското првенство 1950 , но заради финансиски проблеми го откажала учеството. Четири години покасно пак се пласирала на првенството. Овојпат играле против Шпанија. Првиот натпревар Шпанија го добила 4-1 а возвратниот Турција 1-0. Тогашните правила биле такви што ниедна од двете репрезентации не се квалификувале па морало со фрлање паричка да се одреди кој ке патува на Светското првенство. После подобрата среќа со фрлањето на паричката ,во извлекувањето на групите немала среќа па се паднала со Западна Германија , Унгарија (за Анчо Маџарска според Џонтра) и Јужна Кореја. Ова натпреварување го завршила во групата. Две години подоцна 1956 година Турција ја победила една од најдобрите репрезентации тогаш ,Унгарија со 3-1 во Истанбул.
Без обзир на воведувањето на националната лига и настапувањето на турските клубови во европските натпреварувања од 1960 до 1990, тоа биле разочарувачките години за репрезентацијата. Турција во тој период претрпела 2 огромни порази од Англија и 1 од Полска со 8 : 0 .
Од почетокот на 90-ите Турција почнала сериозно да вложува во најважната споредна работа на светот, а првите видливи резултати биле 1996 со пласманот на ЕП во Англија .
После тоа , 4 години покасно пак се квалификувале на ЕП во Белгија и Холандија и првпат влегле во вториот круг .
На Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја ,Турција го освоила фантастичното 3 место на нејзиниот втор настап. Биле во група со Бразил, Костарика и Кина, а подоцна ги совладале Јапонија и Сенегал. Во полуфиналето изгубиле од шампионот Бразил. А во борбата за 3 место ја победиле Јужна Кореа. (Турција е единствената репрезентација што ги има отфрлено двата домаќина на Светското првенство 2002).
Во 2008 стигнале до полуфиналето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Репрезентацијата на Турција ја поминала групата со тогаш многу силните репрезентации на Португалија, Чешка и Швајцарија. Во четврт финалето ја исфрлиле Хрватска,додека во полуфиналето изгубиле од Германија.
Најголеми победи репрезентацијата на Турција има против Сирија 1949 во Анкара со 7-0 , Јужна Кореја 1954 во Женева со 7-0 и 1996 во Истанбул исто така со 7-0 против Сан Марино.
Трите најголеми порази од 8-0 ги има два од Англија во Истанбул 1984 година и во Лондон 1987 година и еден од Полска 1968 во Чорзов.

Квалификации за Еп 2016 :



dasdas.png
Селектор :

Фатих Терим - Императорот
Играчката и менаџерската легенда на Галатасарај повторно е на клупата на Турција после успешниот настап на Европското првенство 2008 во Австрија и Швајцарија. Досега во кариерата ги има водено Анкарагуџу, Ѓозтепе, Турција под 21 , сениорската репрезентација на Турција (прв пат), Галатасарај, Фиорентина, Милан, втор пат Галатасарај, втор пат Турција, трет пат Галатасарај и трет пат Турција.
Со Галатасарај ги има постигнато најголемите успеси во историјата на клубот : Купот и Суперкупот на Уефа во 2000 година и четврт финалето во Лигата на Шампионите во 2013 година.
Третиов пат репрезентацијата ја презема на 22.08.2013 во критичната група Д од квалификациите за Светското првенство во Бразил на последните 4 натпревари. Остварува 3 победи (против Андора, Романија и Естонија) но поразот од Холандија од 2-0 во Истанбул е тој што ги исклучува шансите на Турција да се пласира на Светското првенство.
Во квалификациите за Европското првенство во Франција,Турција ги губи воведните 2 натпревара против прво и второ пласираните Исланд и Чешка,одигрува нерешено со Летонија и победува против Казакстан на последниот натпревар од 2014. Во следните натпревари Турција забележува 4 победи и 2 нерешени. Со нерешениот резултат во Амстердам и со победата во Коња, Турција се зацврстува на третото место и ја исфрла Холаднија од завршницата на ЕУРО 2016.
Состав :



Complete squad:

Goalkeepers: Volkan Babacan (Medipol Basaksehir), Onur Kivrak (Trabzonspor), Harun Tekin (Bursaspor)

Defenders: Gokhan Gonul (Fenerbahce), Ahmet Calik (Genclerbirligi), Sener Ozbayrakli (Fenerbahce), Hakan Balta (Galatasaray), Mehmet Topal (Fenerbahce), Semih Kaya (Galatasaray), Ismail Koybasi (Besiktas), Caner Erkin (Fenerbahce)

Midfielders: Emre Mor (Nordsjaelland), Volkan Sen (Fenerbahce), Hakan Calhanoglu (Leverkusen), Nuri Sahin (Borussia Dortmund), Oguzhan Ozyakup (Besiktas), Ozan Tufan (Fenerbahce), Selcuk Inan (Galatasaray), Arda Turan (Barcelona), Olcay Sahan (Besiktas)

Forwards: Burak Yilmaz (Beijing Guoan), Cenk Tosun (Besiktas), Yunus Malli (Mainz)

Можен почетен состав :
Volkan Babacan;
Gökhan Gönül, Mehmet Topal, Hakan Balta, Caner Erkin;
Selçuk İnan, Volkan Şen, Hakan Çalhanoğlu, Oğuzhan Özyakup, Arda Turan;
Burak Yılmaz.

Заради кратка повреда на почетокот на првенството на Сердар Азиз,Мехмет Топал ке биде принуден да игра на позицијата централен бек.

Дресови :


Лично срање се дресовиве заради црната мрежа . Најк (n)

Распоред на натпреварите :



12 Јули : Турција - Хрватска
17 Јули : Шпанија - Турција
21 Јули : Турција - Чешка


Турција има реални шанси да ја помине оваа група благодарејќи на промената на генерации во Чешка , ``германците - повратници`` Нури Шахин, Хакан Чалханоглу, Јунус Мали ..., големото искуство на селекторот Фатих Терим од големи натпреварувања и евентуалниот кикс на Хрватска поради неискуството на селекторот Анте Чачич од големи натпреварувања.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
РОМАНИЈА

Основана: 1909
Најмногу настапи : Доринел Монтреану (134)
Најмногу голови :Георге Хаџи, Адриан Муту (35)
Фифа ранкинг : 22
Највисок пласман :3

Најголема победа : Романија 9-0 Финска
Најголем пораз : Унгарија 9-0 Романија

Учества на ЕП : 4
Највисок пласман Четврт финале

Вовед
Романија е репрезентација која низ минатото немалa посебни успеси.Кога се споменува Романија и романскиот фудбал, двајца играчи се вредни за споменување Георге Хаџи и Адриан Муту.
Георге Хаџи е познат како Марадона од карпатите, пред се со неговиот претпознатлив стил на игра, сметан како фудбалски бог во Романија и Турција.Пред се она што е вредно за напоменување за Хаџи, е неговото македонско потекло, одсно неговото националност е Македонска, а го знае и Македонскиот јазик.За Муту нема што да се пишува, општо познат по неговите глупости надвор од теренот.
Секогаш прва помисла за Романија и големите натпреварувањa, е СП 1994 во САД, ќе ја видите сликата и ќе ви стане јасно.

Патот до ЕП :
Романија е една од ретките репрезентации која успеа да се пласира на ЕП, без притоа да има ниту еден пораз.Скорот на квалификациите за Романија беше 5 победи и 5 нерешени.Овие квалификации, посебно ќе ги паметат по победите на нивниот најголем непријател на сите полина Унгарија, и против Грција која ги изненади за време на баражот за СП 2014.Романија речиси две години немаше пораз, и првиот пораз по две години го имаа од Украина со резултат 3-4 на пријателските пред стартот на ЕП.
Состав :

Goalkeepers: Ciprian Tatarusanu (Fiorentina, 35/0), Costel Pantilimon (Watford, 22/0), Silviu Lung (Astra, 3/0)

Defenders: Cristian Sapunaru (Pandurii Tg. Jiu, 12/0), Alexandru Matel (Dinamo Zagreb, 16/0), Vlad Chiriches (SSC Napoli, 40/0), Valerica Gaman (Astra Giurgiu, 13/1), Dragos Grigore (Al Sailiya, 19/0), Cosmin Moti (Ludogorets, 7/0), Razvan Rat (Rayo Vallecano, 110/2), Steliano Filip (Dinamo, 4/0)

Midfielders: Mihai Pintilii (FC Steaua Bucuresti, 30/1), Ovidiu Hoban (Hapoel Be'er Sheva, 19/1), Andrei Prepelita (Ludogorets, 9/0), Adrian Popa (FC Steaua Bucuresti, 13/0), Gabriel Torje (Osmanlispor, 49/10), Alexandru Chipciu (FC Steaua Bucuresti, 20/3), Nicolae Stanciu (FC Steaua Bucuresti, 4/3), Lucian Sanmartean (Al Ittihad, 19/0)

Forwards: Claudiu Keseru (Ludogorets, 12/4), Bogdan Stancu (Genclerbirligi, 39/9), Florin Andone (Cordoba, 5/1), Denis Alibec (Astra, 3/1)


Како може да се забележи од самиот состав, Романците немат играч кој посебно отскокнува со својот квалитет, а главен адут ќе им биде тоа што сите се тимски и борбени играчи, па опасноста за противникот на Романија, доаѓа пред се од тимот како колектив.Повеќето од играчите доаѓаат од домашната лига, и само 4ца играчи од топ 3 лигите.

Дресови :

Група :

Распоред на натпревари
10 Јуни: Романија - Франција
15 Јуни: Романија - Швајцарија
19 Јуни: Романија - Албанија
Oчекувања :
Сите во Романија, она што го очекуваат како минимум од својата селекција е да ја поминат групата А.Со својот квалитет искрено очекувам 1/4 финале како минимум од оваа селекцијa.За самите групи, со Франција нема што премногу да се бара на отворањето, но затоа ќе се оди на полн плен против Албанија и Швајцарија.
Бонус



HAI ROMANIA
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
fa.png
Англија
Основана:1863
Селектор:Рој Хоџсон
Најдобар стрелец:Вејн Руни(51)
Најмногу настапи:Питер Шилтон(125),моментално Вејн Руни(109)

Историја:
Репрезентацијата на Англија, колевката на фудбалот неможе да се пофали со голем успех на европските првенства.Имено, таа е единствената репрезентација која успеала да го освои светското првенство, но не и да застане на европскиот трон.Најдобро пласирани биле на 3-тата позиција,два пати,во далечната 1968 година на еврошампионатот во Италија, и на домашен терен во 1996 година.Во поновата историја,во 2000 година Англија на првенството во Португалија испадна во четврт-финалето, а на првенството во Австрија и Швајцарија таа не успеа ниту да се пласира на завршницата од турнирот.На последното европско првентво во Полска и Украјна во 2012 година испаднаа во четрт-финалето од Италија по изведувањето на пенали.

Квалификации за Франција 2016:
Патот за европското првенство Англија го помина супериорно, на 10-те квалификациони натпревари, Англија успеа да забележи 10 победи и собра максимални 30 бодови.Во група се најдоа со репрезентациите на Швајцарија, Словенија, Естонија, Литванија и Сан Марино.Најдобар стрелец беше Вејн Руни со 7 погодоци.

Состав:
Сите играчи избрани од селекторот Хоџсон настапуваат во екипите од островот, поточно 22 играчи настапуваат во премиерлигашки екипи и само еден играч,3-тиот голман Том Хитон кој доаѓа од Чемпионшип екипата Барнли.Најмногу репрезентативци дават екипите на Ливерпул и Тотенхем по 5.
Ова се повиканите играчи:
aaaaa.png
aaaaaaaaaaa.png
Можен состав:
Харт
Клајн-Смолинг-Стоунс-Роуз
Вилшир-Даер-Али
Руни
Кејн-Варди

Oчекувања:
Од оваа генерација и овој настап на ова првенство се очекува Англија конечно да се пласира во финалето.Овој состав преовладува со млади и докажани играчи, предводени од својот капитен Вејн Руни и двајцата напаѓачи кои експлодираа оваа сезона во премиер лигата, Хери Кејн и Џејми Вуарди.
На голот го имаат Џо Харт, еден од подобрите голмани која што оваа репрезентација ги имала.
Во одбраната на бековските позиции се очекува во почетниот состав да бидат Натанаиел Клајн од Ливерпул и Дени Роуз од Тотенхем.На штоперските позиции скоро сигурен е Крис Смоулинг, а негов партнер се очекува да биде младиот Џон Стоунс.
Во средниот ред како деструктивец ќе игра Ерик Даер, а до него се очекува да играат Џек Вилшир и Деле Али.
Пред нив ќе игра Вејн Руни, а напаѓачи че играат Хери Кејн и Џејми Вуарди.

Групна фаза:
Англија се наоѓа во групата Б, заедно со репрезентациите на Русија, Велс и Словачка, па се освен пласман на првта позиција во оваа група ќе биде разочарување.
Првенството го започнуваат на 11 јуни во 21:00 со репрезентацијата на Русија.Второто коло го играат на 16 јуни против Велс од 15:00 часот, а групната фаза ја завршуваат на 20 јуни од 21:00 часот против Словачка.

Дресови: England Euro 2016 kits released.jpg
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Швајцарија (ака Животот на Дино Мерлин)
Прикладна песна за слушање додека се чита.





Нема што многу да ви ја претставувам земјата. Мислам дека на сите им е добро позната,али ајде ред е да се кажат збор или два за државата.Позната е по многу работи, како на пример, имаат многу референдуми, зборат 3 јазика (исто како и тие во БиХ:D) , градат долги тунели и црни дупки,а рушат минариња и сл.
Многу наши,а и соседни државјани одат да работат таму, имаат добри чоколади, прават добри часовници и перат многу пари. Покрај тоа ја имале таа среќа да бидат помеѓу Италија, Австрија, Франција и Германија и некако да останат нечепнати од сите војни,па поради тоа сега можат да си дозволат на референдуми да одбиваат 2300 евра месечно за секого без разлика на тоа дали работеле или не и биле богати или не.

Што се спортова тиче Швајцарците и не се некои фудбалери,а и општо не им се во крв тимските спортови. Повеќе сакаат да спортуваат индивидуални спортови како скијање, јодлање и молзење крави. Од екипните спортови евентуално карлинг играат (ако го сметате тоа за спорт:rolleyes:). Арно ама паметни ко што ги дал Господ си увезоа стотици илјади гастарбајтери кои доаѓаат од места каде што фудбалот е религија и им ги собраа децата да играат фудбал за нив. И така од нигде никаде во последните 3-4 години и Швајцарците станаа сила во фудбал.

Патот до ЕП
Швајцарците беа во квалификациската група Е заедно со Англија, Словенија, Естонија, Литванија и Сан Марино. Во ваква група и со ваков формат на ЕП греота е да си толку квалитетна екипа,а да не можеш да се квалфикуваш.
Групата заврши точно како што би ја предвидел секој пред почетокот. Англија убедливо прва (од кога памтам најдобри квалификации изиграа), Швајцарците втори и Словенците трети. Швајцарците имаа 7 победи и 3 порази, Англија 2 порции од 2-0 им даде и изгубија минимално од Словенците еднаш.
Барав видео на интернет за како се имаат квалифицирано, а на јутјуб Switzerland road to euro 2016 ми дава за како Албанија се пласирала и како Албанците во Швајцарија славеле :pos: Најдобро што можев да најдам е ова


Состав за ЕП
Голмани : Јан Сомер ; Марвин Хилц ; Роман Бурки

Одбрана : Јохан Џуру ; Нико Елведи ; Михаел Ланг ; Стефан Лихштајнер ; Франсоа Моубанје ; Рикардо Родригез ; Фабиан Шар, Стив вон Берген

Средина : Валон Бехрами ; Блерим Џемаили ; Гелсон Фернандез ; Фабиан Фреи ; Џердан Шакири ; Гранит Џака ; Денис Закариа

Напад : Ерин Дердјлок ; Бреел Емболо ; Адмир Мехмеди ; Харис Сеферовиќ ; Шани Тарашај

Од прилика вака би требало да изгледаат стартните 11



Од имињата кои сме навикнати да ги гледаме кај "Швајцарците" фалат голманот Бенаљо кој што се повлече после СП 2014 (малце рано за еден голман, тек има 32 години) , Инлер кој што Петковиќ реши дека не му треба и номинално првиот напаѓач Јосип Дрмиќ кој што има повредено колено.


Клучни играчи според мене се Гранит (крстен по дедо му Бетон) Џака и Џердан ( и овој на дедо му Накит) Шаќири.


Тренер на екипата е Владимир Петковиќ, босанско-хрватски-швајцарски тренер. Верувам дека ви е најпознат е по водењето на Лацио од 2012 до 2014 година каде што го освои Купот на Италија. Ова му е прва селекторска работа,а освен Лацио ги има тренирано Јанг Бојс, Белинзона, Самсунспор, Сион и Лугано.



Очекувања од ЕП
Ждрепката сакаше да се паднат во групата А заедно со домаќинот Франција. Тоа ќе биде веројатно и најинтересната утакмица и веројатно единствениот сериозен тест за Французите во групата. Иако ова е ЕП и ништо не е сигурно не верувам дека домаќинот ќе има големи проблеми со Албанија и Романија, другите 2 екипи во оваа група.
Романците се тврд орев и доста организирана екипа, но сепак сум убеден дека Швајцарија ќе успеа да дојде до 3 бода против нив, додека со Албанија ќе биде се и сешто. Ако јаничарите играат како пред неколку годни кога намерно промашуваа против Албанија може да биде гадно. Во овие квалификации Албанците покажаа дека иако се сериозно лимитирани со квалитет знаат да бидат доста незгоден противник. Дисциплинирани, борени, цврсти и 1-2-3 шанси што ќе им се укажат знаат да ги користат. Сепак не верувам дека на ЕП би си дозволиле глупирања. Ако изигра максимално Швајцарија и тука би требало да освои 3 бода.
Мое предвидување е дека Швајцарија ќе заврши 2 во групата зад Франција,а што ќе направат понатаму е целосна енигма. Сепак не ги гледам подалеку од 1/4 финалето.


 
C

Castiel

Гостин
Полска




Националната фудбалска репрезентација на Полска е под водство на Полската фудбалска федерација која е основана на 20.12.1919 година. Првиот официјален натпревар полјаците го имаат изиграно 18.12.1921 година во Будимпешта против Унгарија каде што резултат завршил 1-0 во корист на Унгарија. Додека пак првата победа ја имаат доживеано против Шведска една година подоцна со резултат од 2-1. Прво големо наптреварање на кое имаат учествувано е светското првенство во Франција во 1938 каде што го имаат изиграно еден од најинтересните натпревари во историјата на светските првенства против репрезентација на Бразил каде што биле поразени 6-5 после продолжениата. Досега имаат учествувано на 7 светски првенства каде што на 2 наврати имаат освоено бронзена медала, и 2 европски 2008 и 2012 година каде што ја немаат поминато групната фаза. Ова е нивно 3то евроспко натпреварување.





Историја на учество на евроспките првенства



Полската репрезентација нема некоја богата историја кога во прашање се евроспките наптреваравуња. Прв пат се квалификувани за евроското 2008 кое се одигра во Австрија и Швајцарија. Ова ќе го означи првиот успех на европската сцена по после скоро 50 години. Беа извлечени во група со Герминија, Австрија и Хрватска каде што завршија на последно место со само 1 даден гол на 3 наптревари. Два порази 2-0 од Германија и 1-0 од Хрватска додека единствениот бод и гол го постигнаа против репрезентацијата на домаќинот Австрија.


За европското 2012 Полска како домаќин заедно со Украина автоматски имаа обезбедено учество во групната фаза. Но за жал повторно не успеаа да забележат првата победна на евроските натпреварувања и во група заедно со Грција, Русија и Чешка остварија 2 нерешени натпрвари со резултати од 1-1 против Грција и Русија за да изгубат во последниот наптревар од репрезентацијата на Чешка со резултат од 1-0.



Патот на Полска до Франција 2016 година


Во ждрепката за квалификациите за евроспкото 2016 година Послка беше извлечена во групата Д со Германија, Ирска, Грузија, Гибралтар и Шкотска. Полска ја имаше честа да биде првиот противник на Гибралтар во квалификации за европските наптреварувања каде што победија со резултат од 7-0. Со што станаа само 2рата репрезентација која има играно против сите европски фудбалски федерации. Исто така Полската репрезентација беше најефикасната селекција во целокупните квалификации со постигнати неверојатно 33 гола. Каде што Левандоски беше најефикасниот играч во квалификации со постигнати 13 гола. Во следната слика може да се видат резултати на Полска за време на квалификациите.




Група Ц


Натпревари




Повикани играчи за европското првенство



Предводник и тренер на полската репрезентација е поранешниот играч на Висла Краков и екс репрезентативец на Полска Навалка. Овој човек е добро познат на Полскиот народ бидејќи цела своја играчка кариера, а и тренерска ја има поминато токму во Послка. Пред да биде нанзначен за национален селектор ги има предводено екипина на Висла Краков, Заглебие Лубин, Нови Саџ, Јагелонија, Катовице, Горник Забрзе и Свит Крезовице. На 26.10.2013 беше назначен за селектор на Полската репрезнтација каде што до сега има успех од 52% победи. Ова се неговите 23 избраници кои ќе ги бранат боите на Послката фудбалска репрезентација.
Goalkeepers: Artur Boruc (AFC Bournemouth), Lukasz Fabianski (Swansea City), Wojciech Szczesny (Roma)

Defenders: Thiago Cionek (Palermo), Kamil Glik (Torino), Artur Jedrzejczyk (Legia Warsaw), Michal Pazdan (Legia Warsaw), Lukasz Piszczek (Borussia Dortmund), Bartosz Salamon (Cagliari), Jakub Wawrzyniak (Lechia Gdansk)

Midfielders: Jakub Blaszczykowski (Fiorentina), Kamil Grosicki (Rennes), Tomasz Jodlowiec (Legia Warsaw), Bartosz Kapustka (Cracovia), Grzegorz Krychowiak (Sevilla), Karol Linetty (Lech Poznan), Krzysztof Maczynski (Wisla Krakow), Slawomir Peszko (Lechia Gdansk), Filip Starzynski (Zaglebie Lubin), Piotr Zielinski (Empoli)

Forwards: Robert Lewandowski (Bayern Munich), Arkadiusz Milik (Ajax), Mariusz Stepinski (Ruch Chorzow)



Голманската позиција заедно со напаѓачката линија се двата најсилни и најдобро покриени делови од Полската репрезнетација. Имаат 3 одлични голмани во Боруч, Фабиански и Счезни. Навалка ќе биде на слатки маки со оваа позиција. Најискусен од овие 3ца е Артур Боруч со 36 години. Сезонава во екипата на Бурнемаут на 32 наптревари има примено 52 гола и се очекува да е 3 избор на Полјаците. Исто така се смета за одличен голман кога се во прашање пеналите. Иако 52 гола примени воопшто не се малку сепак Боруч имаше солидна сезона. Втор избор на Адам е најмладиот голман од 3цата Счезни. Счезни имаше одличен почеток на кариерата во Арсенал долго време и беше прв избор. Но после неколку инциденти и проблеми ја промени средината и е моментално прв избор на Рома. Имаше доста солидна сезона во серија А каде што на 34 натпревари прими 34 гола или по 1 на натпревар. Има одлични рефелски и знае да испрати доста добри долги топки. Прв избор на Полска е одличниот Фабиански кој е еден од најдобрите голмани во премиер лигата. После неговиот трансфер во Свонси каде што е и прв избор едноставно се прероди и почна да прикажува одлични партии при што и ја заслужи довербата на Селекторот. Сезонава на 37 натпревари има примено 51 гол. Но сепак немаше голема помош од одбраната. Негова слабост се корните каде што знае лошо да изреагира и тоа би можеле да преставува проблем за Полска ова првеснтво.


Во одбраната најзвучни имиња се Камил Глик и Лукас Пизчек. Глик веќе неколку сезони е меѓу најдобрите централни дефанзивци во Серија А. Игра одлично во одбрана, знае навремено да ја прочита играта, има одлична пас игра, знае да ја сврзе одбраната со средината, има одличен осет за старт, знае да пресече топка и е лидер во одбраната. Негова единствена слабост се воздушните дуели што ќе воедно биде и најголемиот проблем за Полска на ова првенство. Мора многу внимателно да играат при нафрлени топки.
Пизчек е одличен офанзивен десен бек. Ќе биде голема опасност по противничките екипи. Прошлава сезона не се изнаигра баш за Дортмунд но сепак пружи солидни партии. По потреба може да покрие и по централната позиција. Одличен е во пас играта и има одлична стамина. Доста е сконцентриран во клучни моменти. Сезонава имаше малку послаба игра во одбраната па може да преставува проблем за полјаците на ова првенство.
Други играчи во дефанзивнот дел се натурализираниот бразлец Тиаго Чионек кој прошлата сезона ја започна во Серија Б во модена и прикажа одлични партии при што го привлече вниманието на Палермо каде што направи трансфер но не се изнаграии баш најмногу. Изигра само 5 натревари. Знае да игра со топка и претставува опасност по нафрлени топки. Мичал Паздан со одличните игри во одбраната за Легија успеа да се избори за повик во репрезентација. Доста стабилен централен дефанзивец кој има одлична пас игра и затоа понекогаш е користен и во средината. Саламон своевремено важеше за еден од поглемите таленти кои играа во Серија А. Но никогаш не ги исполни очекувањата и моментално игра за Каљари кои од наредна сезона се враќаат во Серија А. Јакуб Варзуниак исто така е преставник на полската лигата. Има добар дриблинг и е одличен во воздушните дуели но има проблеми со дисцилината нечесто знае да заработи жолти и црвени картони. Лесно знае да загуби топки кога ќе претера со нејзино чување. Артур Једзејчук исто така игра во полската лига. Искусниот крилен бек е одличен и во офанзивата и во дефанзивата. Воздушните дуели му се една од појаките страни но исто така има проблем и со дисциплината. Често заработува картон. Стартната 4 во дефанзивата се очекува да биде Piszczek, Glik, Pazdan, Jędrzejczyk.


Ѕвездата во средината кој Полјаците е одличниот деструктивец Kричовјак. Веќе неколку сезони е клучен дел од играта на Севиља екипа која 3 години по ред ја освојува Евро лигата на Уефа. Се работи за силен деструтивец кој одлично ја чита играта на противниците знае навремено да пресече топка и да преставува проблем за организаторите на игра од противничките тимови. Баран е од доста европски клубови и трансфер во поголем клуб после европското. Блажиковски е играч кој може да покрие повеќе позиици во средната. Има одличен дриблинг, добар пас и брзина. Знае да задржи топка и да створи шанса. Сезонава не се изнаигра баш во фиорентина и на 15 натпревари постигна 2 гола. Зелински е млад играч кој ќе привличе многу внимае доколку добие шанса на ова првенство. Имаше феноменална сезона во Емполи каде што допринесе со 5 гола и 4 асистенции. Има одличен пас и визија, бомбастичен шут и знае да погоди од далечина. Противничките голмани ќе треба да пазат на тие шутеви. Гросицки е крило кое сезонава најчесто влагаше од клупа во француското првенство за тимот на Рен каде што постигна солидно 9 гола. Одличен дриблер со добро чуство за пас. Се очекува да направи доста проблеми по страничните позиции. Томас Јодловец е исто така преставник на домашното првенство. Деструктивец од кој ќе се очекува да биде замена по потреба за Кричовјак и ќе биде внесувам кога ќе треба да се умртви играта на противникот. Капустка е најмладиот играч во послката репрензентација и не се очекува нешто премногу од него. Трпеливо ќе си ја чека шансата од клупа и ова е повеќе можност да се уклопи во тимот , да ја осети атмосферата. Го сметаат за иднината на репрезентацијата.
Kарол Линети е уште еден млад играч кој е ја чека шансата од клупа. Има одличен пас, знае да креира шанси и има одлична завршница. Филип Старзински e офанзивен играч од средината кој знае да креира шанса и знае и да постигне гол. Релативно нов играч во тимот и на 2 натпревари има постигнато 1 гол за полската репрезнтација. Славомир е уште еден од домашните играчи. Црвст играч во средината кој знае да помогне на дефанзивата, притоа по потреба може и да игра како напаѓач. Средината ја комплитира уште еден играч од домашното првенство Мацзински. За овој играч не најдов некоја посебно информација. Најверојатно доколку се е во ред и се избегнат повреди поретко ќе добие шанса.



Доаѓаме до нападот кој е несомнено најсилното оружје на полската репрезентација. Лидерот на овој тим и најдобриот стрелец во квалификациите е Левнандовски. Моментално можеби најдобрата деветка во светскиот фудбал. Не е за џабе прв избор во нападот на Баерн Минхен. Покрај одличниот квалификациски циклус имаше и феноменална сезона за Баерн каде што се изнадава голови. Вистински убиец во шеснаесетникот. Ретко кој дефанзивец може да го сопре во воздушен дуел. Црвт корпулентен играч кој има и одличен шут. Знае да погоди од далечина, а знае и да даде добар пас. Ќе биде меѓу кандидатие за најдобар играч на првенството. Друштво во нападот ќе му прави напаѓачот на Ајакс Милик. Младиот напаѓач имаше одлична сезона во Ајакс каде што постигна постигна 23 гола и го привлече вниманието на доста гиганти. Доста сличен играч со Левандовски. Црвст силен, има добар дриблинг, одличен во играта со глава, знае и да подаде и ќе биде одличен партнер во нападот за Левандовски. Полска има убиствен напад на ова првенство и се очекува доста голови од овие двајца кои ќе бидат огромен проблем за сите одбрани на првенствотот. Нивна алтернатива ќе е младиот Мариус Степински кој исто така имаше одлична сезона во полското првенство каде што постигна 15 голови. Ќе ја чека својата шанса од клупа на ова првенство.

Се очекува Полска да игра 4-4-2 формација со следниве 11тима:
Fabiański;
Piszczek, Glik, Pazdan, Jędrzejczyk;
Błaszczykowski, Krychowiak, Zieliński, Grosicki;
Milik, Lewandowski.


Oва се дресовите во кој се очекува да настапат на првенстовото.




Очекувања и моја прогноза за Полска на ова првенство


Ова несомнемо е најдобриот состав кој Послка воопшто го имала на некое натпреварување. Ги сметам како фааворит од сенка. Имаат одлични играчи на сите позиици. Глик е еден од најдобрите дефанзивци во Серија А. Импресионираше и со настапи за Торино во УЕФА евро лигата. Очекувам да биде лидер на одбраната и доста да помогне на голманите. Каде што најверојатно Фабиански ќе е прв избор не нема да ме зачуди ни Счезни да добие предност. Средината исто така е одлична покрај Кричовјак доста очекувам од Зелински кој сметам дека ќе биде хит на првенстовото. Одличен млад играч со добра визија и пас. Ќе биде огромна помош за Левандовски и Милик кој се можеби најубиственото дуо на ова првенство. Очекувам да продолжи одличната гол серија која ја имаа во квалификациите. Ќе имаат блиска борба со Германија за прво место во групата и не би ме изненадило и првото место да го освојат. Покажаа во квалификациите дека можат да се носат со фудбалска сила како што е Германија. Мое предвидување е дека ќе стигнат до полуфиналето доколку немаат проблеми со повреди за време на првенстовото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom