Анализа на крв - толкување резултати

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
поради содржина на калциев оксалат во урина извесен период да избегнуваш храна во чиј состав има високи количини на Вит Ц како и зеленчук што содржат оксалати како домат, аспарагус, спанаќ како и малку повеќе брзо пешачење и по можност брзо качување и слегување по скали ! (y)
Се што треба е да пие вода со лимон, и магнезиум по 200 мг на ден. Храната со витамин ц, и еден тон оксалати, не придонесува за камења во бубрези, се се тоа митови базирани на стари студии од 1970-те, креирани на аматерски начин. Дури и витамин ц во големи дози не предизвикува оксалати. Треба да намали на сол исто така, не само шеќер има во најмала рака метаболички синдром.

Дечкото од горе има исто така далеку од добри резултати, зошто му викаш дека му се добри освем 3 работи кога истите се клучни 3 работи? овој резултат дефинитивно не е добар. Соодносот на LDL>HDL му е исто така лош.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.476

...јас си го кажувам моето мислење, не сум во прашање ЈАС, па сега ти кон мене коментарите, пиши му ТИ твоето мислење за неговите лабораториски резултати! :)
околу липидниот статус :
High density lipoproteins (HDL) (recommended range) > 0.91 mmol/L --- 1,21 *
Low density lipoproteins (LDL) (recommended range) < 3.4 mmol/L --- 2,75 *

HDL -
многу ниско во нормала
Below 1.0 mmol/L (men)
Below 1.3 mmol/L (women) Too Low

HDL -
износи кои се прифатливи во нормала
1-1.3 mmol/L (men)
1.3-1.5 mmol/L (women) Acceptable

HDL -
многу добри во нормала
1.6 mmol/L and above Very good

...значи ДОБРИ МУ СЕ ! :)
 
Последно уредено:

Напрајте си апдејт во цела клиника.

https://youtu.be/AoHvkrcr6EM?t=44s
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
Би сакал да ве прашам, почнав да имам непријатен здив( си осеќам мн чуден вкус во уста), и да ми крварат по малку непцата, правев анализа на крв пред 15 дена:

Седиментација на еритроцити 5 mm/h м. < 10 ж. < 12 MAC
ЕРИТРОЦИТИ 4,73 10^12/L 3.5 - 5.5
ХЕМОГЛОБИН 15,4 g/dl 11.5 - 16.5 PHO
ЛЕУКОЦИТИ 6,7 10^9/L 3.5 - 10.0 ACC
PDW 16,8 μm^3 6.0 - 15.3 ACC
Гликоза 5,7 mmol/L 4.1 - 5.9 Hexokinase
Холестерол вкупен 5,0 mmol/L до 5.2 CHOD AAP
Триглицериди 3,84 mmol/L до 1.7 GPO AAP
Креатинин 108,9 μmol/L 44 - 106 Jaffe mod.
ASAT (GOT) 50,1 U/L <37 IFCC P5P
ALAT (GPT) 58,1 U/L <65 IFCC P5P
Железо - серум 8,3 μmol/L 9.0 - 31.3 Ferene
CRP 2,8 mg/L < 3.0

Еве нешто ископирав од резултатите, има ли некој знак според резултативе што укажува на нешто посериозно ? тригилициридиве веќе стандард мислам 2 години ми се високи, железово прв пат под граница и тоа АSAT некако е мн високо
Дали на покачено ALAT смета грицкање сончоглед?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Дали на покачено ALAT смета грицкање сончоглед?
Не, воопшто не смета. Јатки и семиња се една од најдобрите храни. Бегај од се што доаѓа од животно и шеќери како и леб, пченици, житарици и слично.

Од овошје без суво, урми, јаболки, банани - можеш лимони, киви, мандарини, авокадо, бобинки, цитрон итн.
Масно е...а ова ти е црно дробен ензим...ваљда не претеруваш 100-200 грама месечно ок е...
?
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Секоја клиника има различни референтни вредности... wtf. Гледам погоре кај дечкото холестеролот вкупниот е 5.5 а на други места е 5.2... е сеа на кое да му веруваш.

Него неколку пати последниве 2 години кога правам крвна слика билирубинот ми е покачен.(Татко ми исто така имал/има покачен билирубин така да може и наследно да е) Последен пат пред 2 месеци од дозволен 24 umol/l мене ми беше 57 вкупниот. А концетрираниот од дозволена максимална граница 8.1 umol/l мене 14. Другите работи на црниот дроп се во нормала. Тестови за жолтица, хепатит и што уште не се беа ок.

резултати Референтна вредност
Total Protein 75 g/l 65-83
Albumin 45g/l 35-50
Globulin 30 g/l 26-39
Alkaline Phosphatase 68 I.U./L 30-130
ALT 41 I.U./L 0-55
Gamma GT 25 I.U./L 11-67

Е сега на ехо се гледа дека црниот дроб ми е замастен ама па и не е чудно зашто бев ептееен дебел... и сега сум ама малце помалце :D така да и замастеноста се намали. али морам уште да намалам во килажа.

Едино друго што ми беше покачено е Ferritin - от од дозволено 275 ug/l мене ми е 284. Алкохол не пијам нешто многу викенд чат пат (додуша пред крвната слика тој период со сопругата црвено винце за ручек по една чаша али не верувам дека од тоа е железото покачено) .

Друга работа е имам веќе 2 години некоја алергија која не знаат од што ми е. Значи бев на испитување и кај што живеам и кај д-р анчевски и кај д-р Ежова и на ниеден алерго тест не дава дека сум алергичен АМА имам хистамин во крвтаа. Секој втор ден веќе 2 години си пијам левоцитризин од 5ка. Ок, некогаш на 2 дена некогаш на 4 али некогаш на 1. Правев и дневник за храна и неможам да најдам некој патерн.

Можно ли е да билирубинот заедно со замастениот црн дроб го предизвикуваат чешањето ? Морам да најдам некое чаре за ова зш не иде... последен пат кога бев на доктор сакаа да ме пратат на универзитет за истражување да бидам lab rat :D.

поздрав
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
@vlatkosaurus во врска со билирубинот, побарај други мои мислења во темава, и мене ми е покачен над референтните вредности. Правев ехо, тестови на црн дроб, што ли не и на крај дијагнозата беше природно покачен билирубин и дека не треба да превземам ништо.
Си прифатив тоа ама после некое време една сестра ми збореше као демек тоа било токсин во крвта, не смеело да се остави покачен.. Така да не знам што да мислам за ова, само можам да ти кажам дека немам баш никакви тегоби или симптоми.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Можно ли е да билирубинот заедно со замастениот црн дроб го предизвикуваат чешањето ? Морам да најдам некое чаре за ова зш не иде... последен пат кога бев на доктор сакаа да ме пратат на универзитет за истражување да бидам lab rat :D.

поздрав

Да. Можно е т.е. според мене со голема веројатност јетрата ти го прави проблемот, друг потенцијален проблем е висок притсок, мери го кога ќе добиеш алергиски напад.

Те советувам што побрзо да ја средиш јетрата, огромни количина на зеленчук (брокула, карфиол) и цитрусни овошја, значи по 1-2кг на ден.

Исто така турмерик, црно семе, (цимет - сејлонски) и рузмарин (пази го притисокот кога се работи за рузмарин!) 3x на ден, 1г турмерик, 3 грама црно семе, 3 грама цимет, 500мг рузмарин, со оброк.

Благо не, ако мораш чоколадо со многу какао, месо што помалце или ич, исто како и јајца/млечни продукти.

Друг - потенцијално сериозен ризик фактор ти е високиот феритин, дури мислам дека јетрата од тоа ти е воспалена/замастена нема играчка со овие работи - санирај тоа што побрзо.
 
Фала на мислење. Како што кажав црниот дроб ми беше замастен пред да ми биде покачен феритин . Притисокот ми е ок... 120~125 со 80~85.

Утре треба да добијам нови резултати.

Е сега сакам да ти дадам еден добронамерен совет кој иако не го бараш морам да го кажам.
По форумите има многу луѓе што прашуваат за медицински совети и се лаици на тоа поле а патат од анксиозност,хипохондрија и ред други слични ситуации. Заприметив дека речиси во секој твој пост или одговор се е сериозна работа и даваш мислења дека највероватно е "најстрашното". Не ме сфаќај погрешно не кажувам дека не ги знаеш работите, напротив се гледа дека имаш познавање во темава, ама многу е лошо кога ќе кажеш дека нешто е многу сериозно а на не видено. Кажи си ама поблаго и упати на доктор или ако си самиот ти доктор викни ги кај тебе во офис ако веќе се сомневаш на нешто ептен сериозно.
Бев еден од тие и кога ќе добиев некој таков одговор неможев да дочекам да отидам на доктор па затоа и ти кажувам. Ако ги изгуглаш симптоми на нет гарант ќе ти покаже дека можно е да ја имаш најопасната болест на земјава а и пошироко па затоа лугето кој ги имаат тие проблеми бараат ре осигурување дека се е ок по форуми.

Пак ќе ти кажам ова беше добронАмерен совет (или мислење како милуваш) кое можеш да го прифатиш или одбиеш. А од старт ти кажувам дека немам намера да се препукувам или објанувам на форумов :) .

Со нови инфо од крвна слика утре.

Поздрав
 
Прво мора да сфатиш дека луѓето кои се жалат на форумот тоа го прават со причина, знаејќи дека голем дел од популацијата, не се жали додека нема сериозен проблем, и дека дијабетот е директно поврзан со кардиоваскуларни заболувања, а го имаат едно 20% + од населението, сосема е нормално да се мисли на полошо.

Постојат симпотми кои се премногу уникатни за да се преклапаат со други работи, значи буквално секој трет што го знам, мисли дека е нормално после оброк да добиеш пад на енергија - поспаност. Дедо ми на пример ми викаше да рече лебот дека цар го јадел, леги и одмори....затоа легнувал - на шала де. Другаров осеќал потреба да спие после оброк навика му било, не е толку дека му се спиело. Речено сторено по моја сугестија се договоривме 2-3 дена во периодот кога дреме, наместо животинска храна да јаде вегански - да видиме дали ќе има некој ефект на дремката.

Она што го примети го, замисли, нити еден од 3-те дена, на човекот не му се приспа, е сега ако тоа е нормално, зошто од оваа храна не му се приспа? каде отиде "навиката" за спиење? тоа е еден пример, како одредени симптоми се екстремно силно поврзани со дијабет т.е. инсулинска резистетност, дури и при оваа фаза забрзано доаѓа до оштетување на телото и тоа многу забрзано - затоа на многу теми ги приметувам тие работи, и со релативна прецизоност можам да приметам кој каков проблем има, дел од тоа е заради тоа што имам и лично искуство со оваа работа.

Истово важи за проблеми со фокус, концентрација, кратка меморија, апатија, нагло губење на интерес за разни активности. А иначе тоа што ќе се исплашат е позитивно, ќе ги натера серозно да се мотивираат да го решат проблемот, ако им го завиткам у шеќерче описто на проблемот - ќе си се тапнат на рамо и ќе си помислат дека не им е ништо, главниот проблем е што атероскелрозата е хронична и прогресивна болест, обично има минимални симптоми се додека не дојде пациентот во средно - доцна фаза.

Друга работа што јас тебе би те советувал, е да не ги слушаш докторите кога ти поставуаат дијагноза т.е. кога ќе ти опишуваат дел од проблемот кој го имаш, така се учени да го праат точно она кое го опиша во темава, на мој пријател со 9-ка шеќер, 7-ца холестерол, и 3.5 триглицедири му рекоа дека било нормално, дали си свесен дека докторот го осуди пријателот на потенцијална смрт со тоа што не му кажа да внимава и одма да ја смени диетата?

Јас да сум со некоја моќ, или на позоција - у затвор би го ставил тој доктор. А за твојот проблем, за да не мислиш дека зборам на памет, или претерувам - повели прочитај си сам.

Iron is essential for many physiological processes; whereas, iron overload has been known as a risk factor in progression of atherosclerosis. The aim of this study was to investigate the importance of serum ferritin levels, which are known as an indicator of body iron stored in the incidence of coronary artery disease (CAD).

In the present study, 212 participants with CAD in the case group and 220 participants free of CAD in the control group were included in the analysis. At baseline, there were significant differences in serum ferritin (P < 0.001) and other cardiovascular risk factors between the two groups. Moreover, when other risk factors of CVD were included in the model, serum ferritin [Odd Ratio (OR) = 1.006, 95% confidence interval of 95% (95% CI) 1.00-1.01, P = 0.045] and serum ferritin ≥ 200 (OR = 4.49, 95% CI 1.72-11.70, P < 0.001) were associated with CAD.

High iron store, as assessed by serum ferritin, was associated with the increased risk of CAD. Furthermore, it was a strong and independent risk factor in the incident of atherosclerosis in the Iranian male population.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
239
Поени од реакции
250
Прво мора да сфатиш дека луѓето кои се жалат на форумот тоа го прават со причина, знаејќи дека голем дел од популацијата, не се жали додека нема сериозен проблем, и дека дијабетот е директно поврзан со кардиоваскуларни заболувања, а го имаат едно 20% + од населението, сосема е нормално да се мисли на полошо.

Постојат симпотми кои се премногу уникатни за да се преклапаат со други работи, значи буквално секој трет што го знам, мисли дека е нормално после оброк да добиеш пад на енергија - поспаност. Дедо ми на пример ми викаше да рече лебот дека цар го јадел, леги и одмори....затоа легнувал - на шала де. Другаров осеќал потреба да спие после оброк навика му било, не е толку дека му се спиело. Речено сторено по моја сугестија се договоривме 2-3 дена во периодот кога дреме, наместо животинска храна да јаде вегански - да видиме дали ќе има некој ефект на дремката.

Она што го примети го, замисли, нити еден од 3-те дена, на човекот не му се приспа, е сега ако тоа е нормално, зошто од оваа храна не му се приспа? каде отиде "навиката" за спиење? тоа е еден пример, како одредени симптоми се екстремно силно поврзани со дијабет т.е. инсулинска резистетност, дури и при оваа фаза забрзано доаѓа до оштетување на телото и тоа многу забрзано - затоа на многу теми ги приметувам тие работи, и со релативна прецизоност можам да приметам кој каков проблем има, дел од тоа е заради тоа што имам и лично искуство со оваа работа.

Истово важи за проблеми со фокус, концентрација, кратка меморија, апатија, нагло губење на интерес за разни активности. А иначе тоа што ќе се исплашат е позитивно, ќе ги натера серозно да се мотивираат да го решат проблемот, ако им го завиткам у шеќерче описто на проблемот - ќе си се тапнат на рамо и ќе си помислат дека не им е ништо, главниот проблем е што атероскелрозата е хронична и прогресивна болест, обично има минимални симптоми се додека не дојде пациентот во средно - доцна фаза.

Друга работа што јас тебе би те советувал, е да не ги слушаш докторите кога ти поставуаат дијагноза т.е. кога ќе ти опишуваат дел од проблемот кој го имаш, така се учени да го праат точно она кое го опиша во темава, на мој пријател со 9-ка шеќер, 7-ца холестерол, и 3.5 триглицедири му рекоа дека било нормално, дали си свесен дека докторот го осуди пријателот на потенцијална смрт со тоа што не му кажа да внимава и одма да ја смени диетата?

Јас да сум со некоја моќ, или на позоција - у затвор би го ставил тој доктор. А за твојот проблем, за да не мислиш дека зборам на памет, или претерувам - повели прочитај си сам.
не ми го разбра муабетот ама ајде... кога нешто е очигледно е очигледно...и за мојот проблем не реков збориш на памет и ти реков верувам дека имаш знаење... нема везе
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Прво мора да сфатиш дека луѓето кои се жалат на форумот тоа го прават со причина, знаејќи дека голем дел од популацијата, не се жали додека нема сериозен проблем, и дека дијабетот е директно поврзан со кардиоваскуларни заболувања, а го имаат едно 20% + од населението, сосема е нормално да се мисли на полошо.
Уште поголем дел од популацијата се размазени и кенкаат за измислени болести. Со оглед на тоа што не си доктор и немаш контакт со реални пациенти, тешко е да увидиш дека 90% од луѓето креваат паника за банални работи, а уште повеќе кога ќе прочитаат вакви апокалиптични дијагнози. На пример имаше еден член што прашуваше дали можело ‘да му прелеат крв’ (акцент на прелевањето) зашто некако уморно се осеќал, а од крвната слика се гледа дека ни од далеку нема потреба за тоа. Нема потреба од хистерија за скршен нокт.
Исто така, не дека македонските доктори се за пофалба ама не може да ги советуваш луѓето апсолутно да не веруваат на дијагноза. Да побараат второ, па и трето мислење - да, ама да се лечат на база на тревки и купус без никакво следење на советите од доктор - no way jose.
 
Инаку земав резултатите... железото феретинот е во нормала... сега е 210. Transferrin Saturat е 3.04 g/l а горна граница е 3.02. Билирубинот е паднат на 30 а претходно беше 57 . Е сега пак нешто не правам ко што треба... холестеролот ми е 5,7 а прошли пат 4,7. Језда незнаев дека ќе правам слика и си јадев милка сабајлето пред да одам на доктор ама кој знае... ајт сега со овие резултати кај нутриционистот пак :)
 
Не реков да не веруваат во дијагнозата, реков да не веруваат во толкувањето на истата, да си испитаат сами, лажни утехи и муабети "ништо не ти е" се познат начин на комуникација доктор - пациент, дали е само кај нас или и надвор не знам.

Тревките се помоќни од буквално сите медикаменти on a long run, нивната неправилна и не доволно константна употреба ги прави оние кои пробале да немаат добро искуство со нив, на пример користи 1-2 недели и тоа 5-6 пати во истиот период и се откажува. За да имаат ефект мора да се зимаат најмалце 2-3x на ден, али да не идеме офтопик.[DOUBLEPOST=1512391988][/DOUBLEPOST]
Инаку земав резултатите... железото феретинот е во нормала... сега е 210. Transferrin Saturat е 3.04 g/l а горна граница е 3.02. Билирубинот е паднат на 30 а претходно беше 57 . Е сега пак нешто не правам ко што треба... холестеролот ми е 5,7 а прошли пат 4,7. Језда незнаев дека ќе правам слика и си јадев милка сабајлето пред да одам на доктор ама кој знае... ајт сега со овие резултати кај нутриционистот пак :)
Одлично, иначе не ти треба нутриционист, само додај во исхрана анти-оксиданти, дали од зачини, дали од суплементи на тебе останува. И пази на диета, многу зеленчук и овошје со малце шеќери (цитуси) а помалце или ич животински протеин и на коњ си.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom