...велиме, телото си сака ТАМАН ни повеќе ниту помалку во неговиот метаболизам и затоа доктор бр.1 на секој пациент е лабораториското испитување и споредбата на неговите вредности со референтните, па потоа класичниот доктор како под бр.2 !
...ретко гледам толку обемни лабораториски испитувања, оти најчесто докторите одат само на ударните 2,3 параметри во кои тој всушност бара потврда за негово сомневање во воспотавување на дијагнозата...
UA 145,8 umol/L -->LOW ( 150,0 - 450.0 )
како и да е во овие прикажани лабораториски резултати би рекла идеални, јас гледам еден параметар - урична киселина (acidum uricum) малкуцка нискичко што обично не е причина за загриженост и не предизвикуваат некои забележителни симптоми, НО ниски нивоа на урична киселина може да развие болка во коските, омалаксаност, намален апетит, депресија, замор, отекување на екстремитетите, зашеметеност, тешкотии при пешачење, голтање или зборвање...
причини за појава на ниски нивоа на урична киселина ги има повеќе, но јас сум сигурна дека кај тебе е поради некоја диета слаба со пурини и сигурно си веган, евентуално ти недостасува и цинк (претежно недостигот на цинк се чувствува повеќе кај жените, но и мажите не се иземени) !
мој совет- поправи го ова и доведи ја уричната киселина на повисоко ниво