AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Подетален одговор, како што ти кажав, треба да бараш од матичниот доктор, не од форум.Очекував подетален одговор. За на матичен знам дека треба да одам но мислев да не треба да променам нешто во навики или да внесам нешто во исхрана.
На форумов се добиваат само „паушални“ одговори, никој не може, не треба и не смее да ти даде нешто конкретно бидејќи на пример не знае никој на што си алергичен, дали имаш семејна историја на некоја болест, дали имаш некакви претходни заболувања, дали си имал некој вирус во скоро време, какви ти се животните навики, какви ти се нивоата на витамини/минерали во крвта.
Тоа што важи за еден, не важи и за друг. Може да ти дадат совет на пример да земаш магнезиум или калиум (фрлам од ракав) зашто на пријателката на комшиката тоа многу и помогнало, а ти во твојот организам да имаш доволно и да ти се покачи нивото што ќе ти направи електролитен дисбаланс и потенцијално може да ти ја поремети работата на срцето.
Затоа и ти дадов таков одговор. Едно е кога се работи за нешто минорно, како превиткано прсте или осип од потење, друго е кога се работи за нешто што влијае на целиот организам и од нешто што ти изгледа безопасно и банално може да си направиш проблем. Особено што сега ти всушност и немаш било каков проблем што побарува интервенција ни со исхрана, ни со лекови.