Топ екипи останаа, кој и да освои нема да имам проблем.
Вака на прво би рекол Чифс-Најнерс би бил СБ, и ваљда Чифс освојуваат.
Ама мора да кажам дека сум импресиониран од фудбалот на сите четири, кој и да освои би било заслужено.
Бенгалс - секоја чест, мислев сезонава ќе се изгубат, ама ете, Ремс се изгубија
Со билс одиграа ПЕРФЕКТНА утакмица, ако играат така до крај (што...реално е ептен тешко)
Најнерс - Многу многу добра екипа и франшиза. Пурди е сосема сосема солиден КБ. Мекафри е ИГРАЧИШТЕ. Од аспект на МВП во буквална смсила? Тој е МВП за мене. Без него Најнерс немаа да стигнат тука. Играчиште!! Се надевам во ХоФ ќе влезе, ама ќе му треба СБ можеби тука за нешто такво. Пре-пре-предобар играч. Ама можеби и последна или претпоследна сезона на врвно ниво му е ова. Одбраната им е топ.
Иглс - Уште пред 2 сезони знаев дека одат на прав пат. Мислев лани ќе имаат ваква сезона па малце ме разочараа, ама еве, оваа година го исполнија очекувањето. Браво! Некои можеби мислат не се уште на ниво, ама не се лажете, Иглс се ЛИЏИТ. Макар и да изгубат утре, сезонава им е лиџит и играат предобро. Ник е супер тренер. Впрочем сите од тренериве што останаа се ептен квалитетни
Чифс - А што да се каже. Супер франшиза, супер све. Ама..ако не освојат СБ годинава... никој нема да ги памти како "наследник на Петс" што реално и се пошто си газат воАФЦ
Кој и да освои ќе биде заслужено.
Реално, Чифс мислам се #1 фаворити, ама здравјето на Махомс ќе биде клучно тука.
Порано Најнерс не ги сакав, ама некако после сите повреди и проблеми... би било филмско да победат со Брок сезонава.
Не' очекуваат солидни натпревари.