Не ми е толку жал бидејќи изгуби Мит Ромни колку што ми е жал бидејќи не изгуби Барак Обама, бидејќи не навивав да победи Мит Ромни, туку навивав да изгуби Барак Обама.
Уште кога резултатот помеѓу Ромни и Обама беше израмнет на 163:163 во број на изборни делегати во источните сојузни американски држави, ми стана јасно дека најверојатно Обама ќе победи, бидејќи од западните сојузни американски држави, а и од сите сојузни американски држави, Калифорнија има најголем број на изборни делегати, дури 55 изборни делегати, а последниот претседателски кандидат од редовите на Републиканската Партија на САД кој победил во Калифорнија е Џорџ Хертберт Вокер Буш, уште попознат како Џорџ Буш Постариот, кој победил во Калифорнија на редовните претседателски избори во далечната 1988 година.
Но во сето ова има и среќа во несреќа.
Од се срце се надевам дека Обама ќе ги исполни сите ветувања кои им ги даде на американците - за субвенционирање на абортуси и на операции за менување на полот со народни пари, за легализирање на марихуаната, за давање државјанства на нелегални имигранти - претежно поранешни или сеуште активни криминалци, и ред други ветувања кои ги даде.
Па така американците ќе си имаат уште 4 години за да научат многу важна лекција:
Дали навистина на Обама му требаа уште 4 години како претседател на САД, бидејќи првите 4 години се соочуваше со последиците од лошите одлуки на неговиот претходник Џорџ Вокер Буш, уште попознат како Џорџ Буш Помладиот, или проблемот е всушност во самиот левичарски радикал наречен Барак Хусеин Обама ?
Ова е прашање со кое американците ќе се занимаваат во наредните 4 години.
Не залудно Винстон Черчил рекол:
" Секогаш можеме да очекуваме од американците да го направат правилниот избор, откако претходно ќе ги направат сите можни погрешни избори. "
Но дефинитивно ќе навивам за кандидатот за претседател на САД од редовите на Демократската Партија на САД на наредните редовни претседателски избори во САД кои треба да се одржат во 2016 година, бидејќи бесмислено ми делува оваа 50:50 демократија во која 8 години ќе биде демократски претседател, па 8 години републикански претседател, па повторно 8 години демократски претседател, па повторно 8 години републикански претседател и така натаму до бескрај.
Тоа не е вистинска демократија, па затоа во 2016 година ќе навивам за кандидатот за претседател на САД од редовите на Демократската Партија, бидејќи очигледно Републиканската Партија на САД е во хибернација, воопшто не излегоа масовно за да го поддржат Мит Ромни во текот на изборната кампања, како што тоа го направи Демократската Партија на САД, која масовно го поддржа Барак Обама во текот на изборната кампања.
А како капак на се, Чајанката беше во целост исклучена од редовните претседателски избори во САД 2012, Републиканската Партија воопшто не се консолидираше со своите членови на Чајанката, поради што очигледно републиканците се подготвуваат да ја "вратат" Белата Куќа во 2016 година со кандидат кој не смее да биде член на Чајанката, а со задоволство ќе навивам тоа да не се случи во 2016, бидејќи овие луѓе не сакаат да си ја научат лекцијата.
Како што Роналд Реган им одржа лекција на Џими Картер (кој не освои втор претседателски мандат) и на демократите со својата победа на редовните претседателски избори 1980 во САД, како што Бил Клинтон им одржа лекција на Џорџ Буш Постариот (кој исто така не освои втор претседателски мандат) и на републиканците со својата победа на редовните претседателски избори 1992 во САД, така треба некој да им одржи лекција повторно на републиканците со пораз на нивниот кандидат за претседател на САД на наредните редовни претседателски избори 2016 во САД.