Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?

  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
хаххаа, па затоа што ми е гајле за Македонија. Татковина ми е. Сакам луѓето да просперираат. Само кукање слушам. АМА мораш да си признаеш дека луѓе само тоа прават, само бладаат и пак нишо. Као старици на сред село.

Јас не идам по темине за македонска економија или политика да бричам муда што би било ако би било...мислам....стварно.
Нам па ни е гајле за САД, бидејќи САД имаат директно влијание врз процесите кај нас, а и во светот. Менталитетот на луѓето во Македонија е таков, но тие луѓе со сигурност не се интересираат за тоа кој победил во САД. Ним за се им се криви Бранко и Никола.

Тоа што не одиш, не значи дека не смееш да одиш. САД водат агресивна меѓународна политика, изиграваат светски полицаец и нормално е изборите за најмоќен човек во САД да привлечат такво внимание.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Убаво ја направи споредбата со Реган, тој беше паметен човек и републиканците треба на него да гледаат пример за тоа какви луѓе треба да ги водат САД, а не во либералните конзервативци како Мит Ромни.

Во Белата Куќа е потребен бизнисмен, а не политичар кој гради политичка кариера или правник со одземена адвокатска дозвола како Барак Обама, но либералните конзервативци како Мит Ромни не се соодветен одговор на потребата од бизнисмен во Белата Куќа.

А кога сме кај војни, тука и демократите и републиканците се исти, со разликата на методите кои ги користат.

Реган и Буш Постариот испратија војски во Гренада и во Панама, Буш Помладиот испрати војски во Авганистан и во Ирак, додека Клинтон и Обама ги бомбардираа Југославија и Либија.

Во сите овие војни имаше човечки жртви и тешка материјална штета, а методот на војување е друга приказна, но останува фактот дека САД си го пикале носот во суверени држави врз кои немаат никаква власт и никакви овластувања.

Од јануари 2009 кога беше инаугуриран за претседател на САД, па се до јануари 2011 кога почна со работа 112-от Конгрес, Обама цели 2 години имаше свое мнозинство и во Конгресот и во Сенатот.

Истото тоа мнозинство го усвои неговиот закон за задолжително здравствено осигурување, а на Обама дури во 2011 година, од кога повеќе нема свое мнозинство во Конгресот, му текна да бара повисоки даноци за богатите, а богатите веќе превземаат конкретни чекори за да си ги спасат своите богатства со тоа што отпуштаат вработени и ги селат своите бизниси во странство, баш неодамна за Епл беше објавено дека надвор од САД плаќа само 2% корпоративен данок, додека во САД би плаќал 35% корпоративен данок.

Бидејќи не си по потекло од САД, доколку не знаеш, дозволи ми да те информирам, или доколку знаеш, дозволи ми да те потсетам, дека Американската Револуција за независност започнала како резултат на високи даноци и на монетарно ограничување на американските колонизатори од страна на британските власти, без никакво консултирање со претставници на колонизаторите околу тоа дали за колонизаторите би биле прифатливи високите даноци и монетарните ограничувања или не.

Но денес, во втората деценија од 21-от век, богаташите своите богатства не ги спасуваат со револуција, бидејќи се свесни дека ќе мораат да ги трошат за да ги финансираат револуционерите, туку ги спасуваат со тоа што ги селат во странство, со други зборови кажано, со или без свое мнозинство во Конгресот, доколу Обама воведи повисоки даноци за богаташите, тоа само ќе има негативни последици врз американската економија, бидејќи богаташите или ќе отпуштаат работници за да надоместат за високите даноци, или ќе ги преселат своите бизниси во странство, истовремено отпуштајќи работници и затворајќи ги своите производствени погони во САД.

Токму Форд, за кој работи твојот сопруг, неодамна најави затворање на своја фабрика во Велика Британија и преселување на нејзините производствени погони во Турција, очигледно повеќе не им е исплатливо да тераат бизнис во Велика Британија, каде што на власт е будалата Дејвид Камерон, кој нема појма од водење бизнис, а истовремено нема ни К од КОНЗЕРВАТИЗАМ во него.

Мит Ромни убаво спомна кое е решението за проблемите на американската економија - балансирање на буџетот на САД, прекинување на непотребните трошења и раздолжување, а Обама со неговиот закон за задолжително здравствено осигурување и со неговите субвенции за абортуси, за операции за менување на полот, со издавање дозволи за привремен престој и за вработување на нелегални имигранти, и сето тоа субвенционирано со народни пари, наместо да и помогне на американската економија, само ќе го зголеми националниот и јавниот долг и само дополнително ќе и наштети на американската економија.

А кога сме кај малцинствата, за тоа американците му должат благодарност на Клинтон кој го ратификуваше Северно Американскиот Договор за Слободна Трговија (North American Free Trade Agreement - NAFTA), со кој им ги отвори границите на САД на имигрантите од Мексико за да се вработат во САД, а американските работодавачи со задоволство ги вработуваат, бидејќи се свесни дека се подготвени да работат за ниски плати.

Обама за себеси вели дека е фискален конзервативец, доколку навистина е, треба да го поништи НАФТА и да ги депортира нелегалните имигранти, бидејќи тие не плаќаат даноци и не придонесуваат директно за американската економија, а не да им издава дозволи за привремен престој во САД и за врабоување.
Јас се согласувам потполно со тебе Декстер. Само не се согласував дека Ромни е решението. И дека тие заплашувања од страна на Републиканци се смешни.

НАФТА е најлошото нешто што се деси во САД. Не ради вработувањето на илегалци. Поарно да се вработат ко што треба и државата данок од нив да зима него ли да работат на црно. Лошото со НАФТА е (ова го кажувам со поглед на работник од Форд) тоа што на азиските возила им даваат 2.нешо посто данок за увезување, а на американските што се увезуваат во Кина и Јапонија данокот е 25 посто.

А за различни методи за војна измеѓу партиите, да....треба и едните и другите да извадат прсти од туѓи земји и да погледнат дома кај нив што се дешава.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 22:48 ---
Нам па ни е гајле за САД, бидејќи САД имаат директно влијание врз процесите кај нас, а и во светот. Менталитетот на луѓето во Македонија е таков, но тие луѓе со сигурност не се интересираат за тоа кој победил во САД. Ним за се им се криви Бранко и Никола.

Тоа што не одиш, не значи дека не смееш да одиш. САД водат агресивна меѓународна политика, изиграваат светски полицаец и нормално е изборите за најмоќен човек во САД да привлечат такво внимание.
Знам, ама ако идам да читам само ќе се нервирам. Цела фамилија ми е во МК и сакам да имаат опции за живот и работа. А не на другарка моја 33 години да и викаат дека е превише стара да работи у бутик....мислам стварно? Сакам Америка да се тргне више еднаш од мешање прсти во Балканот.

Додека работев дома во МК во бар, дојдоа двајца постари американци и почнаа да ме прашуваат за нашите односи кон албанците и србите. Замисли само како праќаат луѓе
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570

Мило ми е бидејќи најдовме некои заеднички ставови, јас за Мит Ромни не верувам дека ќе беше решението на проблемите на САД, но сепак верувам дека ќе беше подобар избор отколку Барак Обама.

И убаво велиш, треба САД да си ги тргнат прстите од останатите држави во светот и да си ги гледаат сопствените проблеми.

И би се согласил со тебе дека подобро е да им се дадат американски државјанства на нелегалните имигранти, да се вработат и да плаќаат данок, но голем дел од нив се криминалци кои воопшто не ни планираат да заработуваат чесно и достоинствено во САД, туку на САД гледаат како на банка која чека да биде ограбена.

Но поголемиот проблем е во тоа што, дури и да се сите тие нелегални имигранти чесни и достоинствени работници, сепак давањето американски државјанства на нив само ќе ги охрабри оние од другата страна на границата да се прошверцуваат во САД, негувајќи надеж дека и на нив добро ќе им тргне, а самиот факт дека во САД има невработени, говори повеќе од доволно дека веќе има вишок работничка маса која бара работа, односно американската економија во моментов нема потреба од нови работници, а со зголемување на бројот на невработени, не бидејќи некој останал без работа, туку бидејќи некој дошол од надвор за да бара работа од САД, американската економија само ќе трпи штети.

А кога сме кај тоа какви се американците по карактер, доволно ми е тоа што го слушам од колегите кои заминуваат во странство на семинари и конференции на Оракл, на Мајкрософт и на други фирми од областа на информатичката технологија.

Велат дека нашите колеги од САД се претежно дебели, зависници се од лекови и живеат неверојатно нездрав живот, а истото ми го кажаа и двајца пријатели кои за време на факултетските денови беа во САД на студентска размена едно лето.
 
Конечно хахаа!

Е па закони за имиграција се меч со две оштрици. Тоа е тоа. На нас овде дефинитивно ни требаат повеќе работни места, ама и места што се подобро платени. Стандардот на живеење расте, а платите се статус кво.

За дебелината зависи кај идеш. Во Мајами се све т'нки. Ви Мичиген кај мене има дебели ненормално. Повеќето луѓе се под лекови кои воопшто не им ни требаат. Само измислуваат нешто фармецеутскиве компании. Луѓево заборавиле дома да прават ручек и да јадат овошја и зеленчуци.
 
Ти благодарам бидејќи ми го потврди тоа што многумина ми го имаат кажано.

Значи и понатаму северот на САД е богат, а југот слабее. :D

Е па, нелегалните имигранти и бегалците се меч со две острици, исто како и задолжувањата.

Ние овде во Македонија, немаме баш многу пријатно искуство со бегалците од Косово кои во 2001 година на крвав начин ни заблагодарија бидејќи им пруживме покрив над глава, храна, вода и лекови, па затоа за нелегалните имигранти и за бегалците велам подобро да се спречи отколку да се лечи, ако се нелегални имигранти депортирај ги, а ако се бегалци, префрли ги во трета држава каде што ќе бидат безбедни бидејќи не можеш да водиш грижа за нив.

Сега ми е уште помило бидејќи живеам во Македонија, тука бидејќи имаме над 30% невработеност, не можеме сите да си дозволиме секакви лекови и дроги, па останува сами да ги преболиме главоболките и депресиите, а наместо да се дебелиме и да ги смируваме притисокот и холестеролот со секакви лекови и дроги, полесно ни е да намалиме на нездравата исхрана.

Не знам како е таму со вашиот животен стандард и со платите, но знам дека сигурно не е бетер од кај нас, тука цените си растат, а животниот стандард стагнира, а понекогаш дури и опаѓа.
 
Кога кажав дека стандардот за живот расте, а платите се статус кво мислев на колку е скапо да се живее - а пари нема. Да се стават платите на маса и трошковите (минус кредити) едвај луѓе поминуваат недела до недела. Тажно е.

Не бе ахахаа. Не е северот богат ахахааа. Мајами си е такво место, сите се згодни. Иди во Алабама во југот и види ги дебелине аххаха.

Со оваа економија го сотреа народов. Толку ми е преку глава од овие две партии што само се препукуваат. Мора заедно нешто да фатат, инаку ништо не бива.

Тие лекови ги добиваат на рецепт. Доктор им препишува. Бегалците се мирни овде. САД знае како да го стави стапалото доле и плус никој не им се меша. Што е најбитното нешто.
 
Ги спомнав бегалците од Косово како пример за неочекувани имигранти во Македонија, не се легални имигранти, но не се ни нелегални имигранти.

Но останува фактот дека крвнички ни заблагодарија во 2001 година за нашето гостопримство, па затоа ги спомнав како пример за Македонија.

Од друга страна, додека за нелегалните имигранти во САД многумина велат дека се вредни работници, сепак истовремено се повеќе се зголемува бројот на американски граѓани киднапирани во граничните држави како Аризона, која нема целосно обезбедена граница со Мексико, нелегално пренесени во Мексико и од таму се бара откуп за нив.

Затоа реков дека можеби не голем дел, но дефинитивно значителен дел од тие нелегални имигранти се поранешни или сеуште активни криминалци, кои не влегле нелегално во САД во потрага по таканаречениот американски сон, туку влегле за да заработуваат нелегално, а земајќи го во предвид нашето искуство со неочекуваните имигранти од Косово, моето лично мислење е дека депортацијата на нелегалните имигранти е поприфатливо решение отколку давање државјанства на истите тие нелегални имигранти.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Те разбирам, мислењата ти се од искуство. Некаков middle ground мора да се најде. Нормално дека има и криминалци, ама има доста и поштени луѓе кои што не можат фамилијата во Мексико да ја издржаваат со толку малку пари. Исто така, има доста и наши Македонци што сеуште нелегално се овде. И нивните фамилии треба да се хранат. Ако тие луѓе се вратат дома никој нема да ги вработи пошо се "превише стари".

Ги спомнав бегалците од Косово како пример за неочекувани имигранти во Македонија, не се легални имигранти, но не се ни нелегални имигранти.

Но останува фактот дека крвнички ни заблагодарија во 2001 година за нашето гостопримство, па затоа ги спомнав како пример за Македонија.

Од друга страна, додека за нелегалните имигранти во САД многумина велат дека се вредни работници, сепак истовремено се повеќе се зголемува бројот на американски граѓани киднапирани во граничните држави како Аризона, која нема целосно обезбедена граница со Мексико, нелегално пренесени во Мексико и од таму се бара откуп за нив.

Затоа реков дека можеби не голем дел, но дефинитивно значителен дел од тие нелегални имигранти се поранешни или сеуште активни криминалци, кои не влегле нелегално во САД во потрага по таканаречениот американски сон, туку влегле за да заработуваат нелегално, а земајќи го во предвид нашето искуство со неочекуваните имигранти од Косово, моето лично мислење е дека депортацијата на нелегалните имигранти е поприфатливо решение отколку давање државјанства на истите тие нелегални имигранти.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom