Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?

  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Еве како Ромни ги направил парите
http://articles.latimes.com/2012/jul/19/nation/la-na-bain-creation-20120719
Или накратко во две реченици објаснато имаш на следнов линк (од Нобеловец е блогов и линков) http://krugman.blogs.nytimes.com/2012/10/17/small-time-mitt/

Далеку е од гениј особено финансиски.

Имам читано доста за финансискиот подем на Ромни, и не гледам ништо спорно во тоа. Ромни начека период кога хеџ фондовите не беа најјасно правно регулирани.
 
Ок. Не реков дека е правно спорно (иако морално е спорно ама да не морализираме). Реков дека не е гениј, особено не финансиски. Просечен играч во матни времиња кој ризикувал и му опалил кец на десетка е попрецизната дефиниција.
Не може да е гениј некој кој ќе изјави дека решението за излез од криза е more austerity measures and tax cuts for the rich. Првото е тотална грешка која се коси со наука (економија), а второто само води до понееднакво општество со сите маани (економски и други) кои ги носи нееднаквоста на долг рок.
Генији (значи паметни иновативни луѓе кои направиле нешто ново) финансиски има и обично креаирале некој продукти или основале институција, но не се многу познати по име за обичната јавност. Ако сакаш да читаш стории за генији еве еден се вика Jerome Kerviel.
 
Ок. Не реков дека е правно спорно (иако морално е спорно ама да не морализираме). Реков дека не е гениј, особено не финансиски. Просечен играч во матни времиња кој ризикувал и му опалил кец на десетка е попрецизната дефиниција.
Не може да е гениј некој кој ќе изјави дека решението за излез од криза е more austerity measures and tax cuts for the rich. Првото е тотална грешка која се коси со наука (економија), а второто само води до понееднакво општество со сите маани (економски и други) кои ги носи нееднаквоста на долг рок.
Генији (значи паметни иновативни луѓе кои направиле нешто ново) финансиски има и обично креаирале некој продукти или основале институција, но не се многу познати по име за обичната јавност.

ОК, гледам дека не ви се допадна фразата финансиски гениј. Се разбира дека не мислев дека е Адам Смит. Сакав да кажам дека човекот успеал да направи огромни пари од релативно мал финансиски фонд.

:)
 
:) 37 Милиони долари и не се така баш мал фонд. Ромни во кампањата сакаше да му се доближи на просечниот амер со приказната како он почнал со мали чекори па бизнисот растел заради добри одлуки и макотрпна работа. Нешто во стилот како ’’татко ми имаше мала работилница, па го научив занаетот ама бев многу подобар и поиновативен па сега работилницата е фабрика и знам како се води бизнис’’.
Но приказната за неговиот успех е далеку поразлична од тоа.
Затоа неколку поста наназад ти го дадов тој вториот линк кој претпоставувам не го погледна.
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 14:04 ---
Финаниски гениј ќе биде оној кој ќе го дотера доларот да биде евро и пол, како што беше. Многу малку има финансиски генијалци.
Доларот си дојде на свое место каде треба да биде. Не може Америка да биде посилна од Европа. Европа е држава со поголема култура, историја и подолга традиција на наука. Индустриската револуција почна во Европа, а најголемиот дел од ремек делата во културата се пак во Европа.
(Морав малку да ја хејтам Америка :) )
 
:) 37 Милиони долари и не се така баш мал фонд. Ромни во кампањата сакаше да му се доближи на просечниот амер со приказната како он почнал со мали чекори па бизнисот растел заради добри одлуки и макотрпна работа. Нешто во стилот како ’’татко ми имаше мала работилница, па го научив занаетот ама бев многу подобар и поиновативен па сега работилницата е фабрика и знам како се води бизнис’’.
Но приказната за неговиот успех е далеку поразлична од тоа.
Затоа неколку поста наназад ти го дадов тој вториот линк кој претпоставувам не го погледна.

Го погледнав, но не е тоа поентата. Тие 37 000 000 долари не беа негови пари. Тој ги собра тие пари. Не знам кој е вистинскиот превод на to raise money. Мислиш дека тое е едноставно? Еве, смисли некој бизнис и пробај да најдеш инвеститори за него. Не мора 37 милиони долари, пробај да собереш 10 000 евра.
 
Почнуваме да се фаќаме за глупости и јас и ти ама ќе ти одговорам.
Рафело Фолиери http://www.youtube.com/watch?v=b-gj3vvCmoc успеал многу повеќе пари да собере, ама тоа не го прави гениј. И бил во полоша ситуација од Ромни. Без скршен денар без да познава било кого дошол во Њу Јорк за после неколку месеци да му доверат 50 Милиони евра да ги инвестира. Е сега тоа што ги потрошил сите пари за луксузи е друга работа. Битно ги собрал.
 
Честитки за него. Сериозно. Да најдеш луѓе кои ќе ти доверат 50 000 000 долари, треба да бидеш навистина нешто посебно.

Не беше овој дечкото на Ен Хатвеј?

:)

Инаку, сам виде колку бил профитит кој го носел фондот на Ромни...

Фолиери заврши во затвор, а Ромни како претседателски кандидат. Има разлика..

;)
 
Честитки за него. Сериозно. Да најдеш луѓе кои ќе ти доверат 50 000 000 долари, треба да бидеш навистина нешто посебно.

Не беше овој дечкото на Ен Хатвеј?

;)
Тој е. Си знаел работи. Јас те потценав малку изгледа. :)
 
Да не знае некој каква политика ке води овој Ромни кон МАкедонија ,секако ако стане претседател

Никаква посебна политика нема да води кон Македонија но ќе биде за нијанса понаклонет дипломатски бидејки Ромни е десница или по новни републиканец или по мое националист или по структура како кај нас вмро ДМПНЕ.

све е тоа исто :гомце: кој и да биде прецедник :sneaky:

Не е воопшто исто :гомце: засто десничарите (вмро, Ромни) билдаат непотребен национализам и патриотизам од кој не се живее напротив мене ми се повраќа и се стои у место на секое друго поле и се лупа у гради. Додека левичарите или демократите (Обама СДСМ) не се лупаат у гради, се оди напред, се гледа за иднината и за децата, се гледа за интеграциите на државата и воспоставување на пријателски и дипломатски односи со другите а не војни и срање патриотизам.

Треба уште 20 цитати да напраам ако продолжам да читам ама еве уште од дечково што случајно го видов

Доларот си дојде на свое место каде треба да биде. Не може Америка да биде посилна од Европа. Европа е држава со поголема култура, историја и подолга традиција на наука. Индустриската револуција почна во Европа, а најголемиот дел од ремек делата во културата се пак во Европа.
(Морав малку да ја хејтам Америка :) )
Прво не е Европа посилна од Америка не ни била нема ни да биде. Едина држава во Европа за која вреди да се збори на економски план како потенцијална светска сила е Германија и до негде Англија поради огромните резерви на злато. Додека Америка диктира све што е и како е. Нато е на Америка кај сакаат бази си поставуваат, што сакаат си прават со 95% од државите од ЕУ и никој пола збор не смее да рече. ММФ светска банка знаеш ли дека се на Евреи од Америка. Сите банки во Швицарска се во ПРИВАТНА сопственост на највлијателните луге и окрузи од Америка. Кој и го дае Косово на Албанија знаеш ли ? Ако сакаат утре и Западна Македонија ке им ја дадат и никому ништо.
Европа покрај тоа што е ДРЖАВА дечко викаш дека има поголема историја и традиција од Америка. Да се слагам арно ама ШТО КОЈ К***Ц ако има. Се живее ли од историја???? Се живее ли од споменицине на плоштад???
Алоо освести се не ме срами уште поише со вакви размислувања од млад човек што живеам у Македонијава Античка. На Марс отидоа со 300 истражувања да бараат материи кои би ни помогнале во иднината зашто иднината е важна за сите нас а не минатото.
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 15:03 ---
незнам дали пројде постот зашто ми снема интернет на кратко
 
One last question. Види знам дека си паметен човек, но не ми е јасно зошто правиш таков пропуст и Ромни ти изгледа како подобар. Треба да се земе во предвид дека кандидатот за претседател многу малку работи. Најголемиот дел од работата ја прават советниците, администрацијата и други луѓе кои се од партијата. Значи во пакет со кандидатот оди и цела една идеологија. Истотака поддржувачи на Републиканците се Teaparty движењето кое во последниве години е доста влијателно. Е прашањето е дали ти само велиш дека Ромни ти е симпатичен или (долколу ти би бил американец) би отишол и чекор понапред и би го гласал Ромни иако гласањето подразбира дека на власт заедно со Ромни доаѓаат фанатиците од Типарти?
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 15:18 ---

Дечко прво малку среди го постот и прашањата означи ми ги со бројчиња од еден па натака ако сакаш да почнам да ти ги одговарам. Не знам ни што те интересира ни од кај да почнам во салатава твоја.
Реков држава бидејќи ЕУ функционира како држава. Не е епикфејл.
 
Па и не би се согласила дека ЕУ функционира како држава. Која држава функционира без заедничка валута? Не сите членки го имаат прифатено Еврото. ЕУ е наднационална унија, која одредени структури се надеваат дека ќе прерасне во федерација, но далеку од тоа дека функционира како држава. Обама се сретнува со секој премиер или претседател од држави во ЕУ, што значи дека примат, сепак си имаат функционерите од државите како такви. Не постои европски идентитет, односно човек од Франција, првично ќе ти каже дека е Французин, а не Европјанин, а истото важи мање-више и за останатите членки. И уште многу други работи има, но не би сакала сега да започнам дискусија, затоа што ќе отидеме премногу оф-топик.
 
One last question. Види знам дека си паметен човек, но не ми е јасно зошто правиш таков пропуст и Ромни ти изгледа како подобар. Треба да се земе во предвид дека кандидатот за претседател многу малку работи. Најголемиот дел од работата ја прават советниците, администрацијата и други луѓе кои се од партијата. Значи во пакет со кандидатот оди и цела една идеологија. Истотака поддржувачи на Републиканците се Teaparty движењето кое во последниве години е доста влијателно. Е прашањето е дали ти само велиш дека Ромни ти е симпатичен или (долколу ти би бил американец) би отишол и чекор понапред и би го гласал Ромни иако гласањето подразбира дека на власт заедно со Ромни доаѓаат фанатиците од Типарти?

Вака, потполно си во право дека заедно со претседателот доаѓа целата негова администрација, и кога се гласа за некого, се гласа за целиот пакет. Не само тоа, по изборорт за претседател почнуваат да доаѓаат сметките за наплата,од разни лоби групи и финансиери на кампањата. Обама како што знаеш доаѓа од најкорумпираната сојузна држава во Америка. Има еден куп шпекулации за неговите врски со многу матни луѓе од Чикаго. Кај Ромни сметките за наплата кои ќе дојдеа по изборот ќе беа многу помали. Ромни ми се чини дека е на листата на петте најбогати кандидати за претсадател на Америка во историјата.

Што се однесува до чаенката, Ромни беше нивниот последен избор од републиканците кои беа во трката за номинацијата. Тие прво ја подржува Сара Бачман, која имаше шанса за номинација колку капка вода во пеколот. На Ромни чаенката би имала најмало влијание...
 
Ок се си тоа во право, но малку дипломатски ми го избегна прашањето. Значи прашањето ми беше: Доколку ти би бил Американец дали би го гласал Ромни (цел пакет како што објаснавме), Обама (истотака цел пакет) или не би отишол на избори?
Извини што сум вака директен можеби, ако е премногу лично не мора да ми одговориш.
 
Толку муабет истуривте, дури и мене ме заинтересиравте за изборите во Америка.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom