Јас се надевав Републиканците да најдат некој друг. Овој бизнисмен купува помали компании, ги сецка и продава и праќа работни места во Кина! Тоа е но-но. Изборот беше лесен обој пат.
Хаха, тоа е точно, но и американската влада на чело со Обама не е ништо поарна.
Американската влада на чело со Обама ги купи со народни пари Џенерал Моторс, Крајслер и ред други американски автомобилски брендови, а токму Џенерал Моторс неодамна најави дека ќе отвора дури 14 нови фабрики за автомобили, што звучи супер, со исклучок на еден важен фактор, а тоа е локацијата на која ќе се градат тие 14 нови фабрики за автомобили.
Патем, локацијата на која ќе се градат тие 14 нови фабрики на Џенерал Моторс е:
Кина.
Да да, американските даночни обврзници плаќаат даноци за да американската држава купува американски автомобилски брендови кои потоа со народни пари ги проширува, но не во САД, односно не на американска територија, туку во Кина, односно на странска територија.
Па од тука следува заклучокот дека и Обама и Ромни, кој патем е либерален конзервативец, да беше вистински републикански конзервативец, од прва ќе ги баталеше латиноамериканците и останатите американски малцинства и ќе се концентрираше на освојување на довербата на американските конзервативци, не се разликуваат нешто многу еден со друг.
Една од ретките разлики помеѓу Обама и Ромни е во тоа што Ромни со пари од приватни инвеститори купува компании кои банкротирале, а потоа ги сели нивните производствени погони во странство за да им донесе профит на приватните инвеститори од евтината работна сила и од ниските даноци во странство, додека од друга страна, Обама со народни пари купува компании кои банкротирале и наместо да им ја врати добивката на американците, односно во буџетот на САД, тој им ја враќа добивката на приватните инвеститори кои инвестирале и/или инвестираат во истите тие тазе банкротирани компании, со тоа што ги сели производствените погони на истите тие банкротирани компании во странство, а сето тоа го финансира со народни пари, а не со парите на приватните инвеститори.
Тебе шо те засега толку?
Fear tactis. Ја не знам Републиканциве у Конгрес што се опињаат толку. Ништо не беше завршено ради тоа што го блокираа Обама.
Мене ама ич не ме засега, ниту имам американско потекло, ниту имам американско државјанство, ниту еднаш досега не сум бил во САД и што се однесува до мене лично, американците слободно нека испоцркаат во својата дебелина, во своите долгови и во "бесплатните" бенефиции за кои нивните потомци ќе плаќаат дебел цех.
Но проблемот е во тоа што и ние во Македонија имаме свој Обама кој фрла народни пари на споменици, административни згради и ред други тотално непотребни глупости, а ги искористува западните држави како САД, за да се оправда дека и таму така ги фрлаат народните пари и оствариле економски раст, па затоа и ние треба да го следиме нивниот пример.
Тоа е исто како што фашизмот и нацизмот биле на власт во Фашистичка Италија, во Нацистичка Германија, во Франковска Шпанија, но истовремено фашистите и нацистите имале свои следбеници и во Велика Британија, во Франција, во САД и во ред други држави, а нивната идеологија била конечно со закон забранета во истите тие држави, за жал дури после Втората Светска Војна, односно дури после соборувањето на фашизмот во Фашистичка Италија и после соборувањето на нацизмот во Нацистичка Германија, односно дури после 50 милиони загинати војници, цивили, невини мажи, жени и деца.
И како што вели Арнолд Ахлерт, со блокирање во Конгресот, републиканците само ја зголемуваат популарноста на Обама кој секогаш си наоѓа дежурен виновник за своите неуспеси.
За националниот долг кој од 2009 година од кога Обама е на власт во САД, порасна за 4 трилиони американски долари, виновен му е неговиот претходник Џорџ Буш Помладиот, за неуспехот да усвои буџет во Конгресот виновни му се републиканците кои ќе уживаат парламентарно мнозинство во американскиот Конгрес и во наредните 2 години, за убиството на Кристофер Стивенс - американскиот амбасадор во Либија, и уште 3 американски дипломати во Бенгази, Либија, виновна му е Хилари Клинтон и така натаму.
Затоа јас се согласувам со Арнолд Ахлерт кога вели:
" Мнозинството американци гласаа за тиранија, банкрот и медиокритет. "
" Дајте му го на народот тоа што го сака, се додека не може повеќе да го поднесе тоа. "
Подобро републиканците да му дадат на Обама се што сака, па така нека му помогнат во уништувањето на американската економија, отколку да поставуваат блокади за кои републиканците секогаш ќе му бидат дежурни виновници на Обама.
Истото ни се случува и на нас, се повеќе и повеќе споменици и административни згради платени со народни пари, од кои голем дел се позајмени пари, само полнат балон со долгови, кој кога ќе пукне, цехот за плаќање и последиците ќе бидат тешки и ужасни за Македонците.
Но подобро да продолжиме по овој пат на уништувањето на македонската економија, за да си ја научиме лекцијата до крај, отколку некој да не спречи, па после да бараме дежурни виновници за тоа, истото го посакувам и за нас Македонците и за американците.