Мислам дека 3.2 моторот е од Maserati а не е погоден пошто многу пие и се зависи во каква состојба ќе го најдеш пошто никој не зема 3.2 за да вози 100km/h.
Јас имам Alfa Romeo 159 2.4 JTDM со 200кс фул опрема, увезена од Италија од салон на Alfa Romeo со сервисна книшка од прв газда со 90000km, 2009 година производство, до сега имам околу 130.000km направено вкупно, троши некаде околу 9-10 литри при нормално возење што е ретко, до сега не сум имал проблем со моторот и имам правено стандардни сервиси во AutomobileSk и најбрзо ја имам возено 210km/h, моментално ги чекам оргинални аблеми Quadrifoglio па можеби ќе ме мотивираат за да ја возам побрзо. Инаку во возење на се разликува дека е дизел. Нема што друго да ви кажам освен доколку најдете во добра состојба 159 да не се двоумите.
Има критики од новинари кои се платени од Ford, VW, BMW, Mercedes и итн... за да плукаат сите знаеме дека Fiat групацијата беше во криза и не можеше да спонзорира новинари.
Предходно имав Alfa Romeo 156 1.8 TS исто така задоволен, не сум имал никаков проблем ниту со електрика, мотор или предница. Пола од работите за што плукаат по Alfa Romeo се измислени.