Не мислев на топлинската енергија, туку воопшто, на сета енергија (материјата е само енергија на пониско енергетско ниво - и да не е така, ако се земе во предвид еден атом, односот на “материјалните“ честички во него према “празниот“ простор, кој и не е празен туку е исполнет со сили, односно енергија, е зачудувачки голем).
Во суштина ние не ја користиме енергијата директно, туку “складирана“ во “акумулатори“ (дрва, јаглен, потенцијална енергија на вода, ветерот, класични акумулатори, батерии и т.н.) и само ја претвораме таа енергија која понекогаш е складирана со години (дрвата на пример) во поинаков вид (ја ослободуваме) кој можеме да го искористиме. Природата одамна направила кондензатори за какви што говорам (јас ги именував кондензатори) - таков пример се дрвата, минералните масла (нафта), радиактивните елементи и сл. Зошто не би можел човекот повторно да ја имитира природата и да создаде слично нешто, или енергијата да ја користи директно од изворот? (сега веќе звучам како Јода

).
П.С. Наместо кеси за пилевината може да се користат (поефикасно согорува пилевината) тетра пакувања од млеко, јогурт, сокови (се отвораат одгоре или се пресекува горниот дел, се полнат со пилевина и се затвораат со парче хартија или весник, за да не се растура предвреме), а и наместо да се купуват книжни кеси можат да се користат оние книжни кеси од леб - не мора се баш да заврши во канта.