Алко-тест на работното место

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Ја поставувам оваа тема,не дека сега идат празници,поводот е сосем друг.
До скоро,на работно место во социјализмот и во транзицијата па и во првите години на приватизацијата,буквално на работно место можеше кој што сака да прави.Но за тоа нема да расправаме.Сега дојдоа нови времиња,газдите бараат работа но и дисциплина и почитување на дадените правила и насоки за работа.Се донесоа разни закони.
Прво се почна со автоматско заведување на присатноста на работа.
Па на ред дојде забрана за пушење на работно место.
Па забрана на (консумирање) пиење на алкохол на работното место.
Случај од пред некој ден.Во ниедно време,во тек на работното време дојдоа во работните простории во погон, лица од истата фирма,некој „шмизли“ од дирекција и менаџери за безбедност.
На секој вработен,работник му даваа да дува балон за „алкотест“,просто трчаа по работниците и ги ловеа низ погон.Кај оние лица што се покажа дека имат алкохол, ги собраа-однесоа во амбуланта-болница за земање на крв,за понатамошно испитување.Кај оние што ќе се докаже присуство на алкохол во крвта следува отказ,или други санкции.
Ова значи,ако си дента на свадба ,не смееш да пиеш,или пак не оди на работа.
Од друга страна пак гледам на пауза кога се некој градежни работници,отидени пред најблиската продавница,сите се со пиво во раце.
Или пак ова,и просториите во владата и собранието се работни простории т.с. работни места.А таму при потпишување на некој си договор за некоја си нова млекара се наздравува и пие,и тоа најскапо виски и вино.Нели и таму важи истиот закон,ако веќе го има-да не се пие на работно место,т.с.во работни простории.А таму никој не дува.
Па кажете ми кој министер,директор или доктор нема во регалот пијалак.
Или нели и Те-Ве студијата се работни простории,а водителите на работни места,а и таму пред очите на сите се наздравува и пие алкохол,во тек на снимањето во живо.
Па и после некоја победа спортистите се се уште на работно место,а веднаш наздравуват и пијат и никој не ги тера да дуват балони.Или замислете на сред утакмица влегуват од ФС и ајде дувајте.
А ова на концерт,исто така изведувачите се на работно место,и ајде сега цела синфонија дувајте.
А порано имаше еден шофер во градски за кого викаа,-ако не е пијан не вози.
Имат ли право на ова без никаков направен прекршок,да го прават.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.987
Поени од реакции
3.716
Сите работни места се различни и секаде алкохолот не е исто опасен. На некое работно место ако се претера со алкохол само работникот ке се избламира и неможе да има некои големи последици додека на некои работни места алкохолот може да доведе до трагедии или големи материјални штети. Така на пример ако се опие некој пејач ќе се избламира за време на настап и никому ништо но ако се опие некој електричар кој работи на висок напон тоа може да чини животи и големи материјални штети. Ако се опие некој политичар- парламентарец ништо страшно, тој и така е безкорисен и ке дреми во парламентот но ако се опие некој работник кој работи со бруска или цинкулар истиот може да си ја отсече раката или ногата..... Така да се е од случај до случај, некаде може да се пивне некаде не, зависи од работното место но и таму каде што може сепак треба да се внимава да не се претера па да има бламажи.
 
F

FARANG

Гостин
Ко што рече членот над мене во некој струки тоа е опасна работа во некој не е. Некаде е вообичаено на пример тие што работат во продажба, комерцијала итн а некаде е опасно. На запад на пример рударите секогаш прават алко тест а исто и работниците во повеќе фабрики. Статистички во Австралија гине еден работник дневно на работно место од машина па сега ти види. Ова треба да се примени селективно.

Мене повеќе ми смета тоа што на пример во секоја канцеларија има телевизор. Тоа на запад го нема, односно во ретки случаеви. Во МКД секој прати серии и продуктивноста ни е 0. Јас би донел закон да им се забрани на сите во администрација да имаат ТВ и да гледаат ТВ за време на работа.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Anco ти доктор си или министер?\

И ај сега дали гледаш некаква ситна поврзаност со алкохолот кај тие градежните работници кои ги спомна и несреќите кои им се случуваат?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.749

Ами како ке им наплатат радиодифузна такса тогаш;)
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Anco ти доктор си или министер?\

И ај сега дали гледаш некаква ситна поврзаност со алкохолот кај тие градежните работници кои ги спомна и несреќите кои им се случуваат?
бравар сум-
значи нешто како кв работник-роб на менаџерот
Не мора да значи дека овие почести несреќи годинава-две се поврзани со алкохолот.За тоа сме расправале во други теми.
Ви спомнав за шоверот во градски,трезен бил само на својата крштевка,но никогаш не направил поголем инцидент поради таа своја навика.
Прашањето дали е ова забрането,или има ли закон за тоа.
Еве знаеме за пушењето во работни простории има некој каков -таков закон,и се почитува.
Ако е забрането за бравари, ѕидари и армирачи,треба да е и за директори, доктори и министри.
--- надополнето: 14 декември 2012 во 14:26 ---

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Со пијан ум подобро се размислува :D
Познавам еден човек седнува од сабајле пие полкило жестоко и почнува .Иначе човеков ко брокер нешто е .Тешки пари напрај Алал да му се :)
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Работев во фабрика во која немавме греење, среќа што отиде во стечај па ќе седам дома на топло оваа зима, да се вратам на темата. Нема греење, луѓето работат со челик, без заштитни ракавици. Имаше и процес - дупчење со ладење со емлзуја (демек емулзија - вода) а на тие луѓе рацете им беа цело време мокри. Наутро температурата во халата беше од 2 до 8 степени, кај мене во канцеларија до 12. Се правеа алко тестови и беа избркани од работа околу 15-20 луѓе. Па тие луѓе не пијат од задоволство или да се напијат да се забавуаат, пијат да се стоплат....
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
296
Поени од реакции
252
Пиење на алкохол за време на работно време, за вработени кои што работат со материјали, алати и др. супстанци опасни по здравјето и животот, и да не е, треба да биде забрането со закон!
Дали менаџерот, директорот, шефот, газдата има право да спроведува алко-тестови на вработените е друго прашање... Најверојато се уредува со компаниските правила, уредби и сл.
Јас да сум менаџерот, би донел (предложил) одлука на управен одбор, да сите вработени потпишат дека се запознаени со новата политика на фирмата и со последиците кои што следат доколку истата не се спроведува... Овластени лица (како оние што Ви влетале од дирекција) имаат право да спроведуваат контрола и то је то ...

Инаку, алкохолизам е болест... и има тешки општествено-социјални последици врз индивидуата и луѓето околу него/неа...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Затоа учете деца,бидете си сами газди и рокајте виски во канцеларија :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.749
Пиење на алкохол за време на работно време, за вработени кои што работат со материјали, алати и др. супстанци опасни по здравјето и животот, и да не е, треба да биде забрането со закон!
Дали менаџерот, директорот, шефот, газдата има право да спроведува алко-тестови на вработените е друго прашање... Најверојато се уредува со компаниските правила, уредби и сл.
Јас да сум менаџерот, би донел (предложил) одлука на управен одбор, да сите вработени потпишат дека се запознаени со новата политика на фирмата и со последиците кои што следат доколку истата не се спроведува... Овластени лица (како оние што Ви влетале од дирекција) имаат право да спроведуваат контрола и то је то ...

Инаку, алкохолизам е болест... и има тешки општествено-социјални последици врз индивидуата и луѓето околу него/неа...
Ама признај сега ти нити пушиш нити пиеш саде на книгата седиш и учиш.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
Ако е забрането за бравари, ѕидари и армирачи,треба да е и за директори, доктори и министри.
Чичко Анчо има лек за овој проблем.

Прво му идеш на директорот во канцеларија и му викаш: „Како што нема ракија за мене, нема виски ни за тебе. Така одлучив во име на правдата.“

Потоа идеш на костозглобна (по препорака на телохранителите на директорот) и му викаш на докторот: „Си се заколнал со Хипократовата заклетва дека нема коњак да пиеш дури мене ме лечиш“.

Откако по грешка ќе ти го снема левиот бубрег, му одиш на министерот со АјКју 169 и му викаш „Министере севишен, од денес јас одлучив дека ти шампањско веќе нема да пиеш. Како за мене така и за тебе“.

На крај му кажуваш на цимерот „Брат Љубе, јас никогаш не сум бил по алкохолот, само сакав правда во Македонија и мир во светот. Извини што грешев. Извини“
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Мислам дека на оваа тема не и место во форумот „вработувања“, туку во „право“ бидејќи истата се однесува за прашања кои се регулирани со закон (Закон за работните односи, Закон за заштита при работа).
А да одговорам на прашањето, сметам дека не е во ред да се пие на работно место (или веќе пијан да се оди на работа), било да се работи за обичен работник или пак за министер, сепак секој вработен треба да си ја одработи платата совесно и коректно. Исклучок за дегустатори :)
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
296
Поени од реакции
252
Стар сум ја за книга момче... и имам поминато фаза на пијанства многу повеќе од што мислиш... младост-лудост јбг :D
И уште пијам, ама не во работно време, и во „умерени“ количини.

п.с. едно е да пиеш после работно време, во слободно време, а сосема друго да не можеш без алкохол и да „мораш“ да испиеш барем една пред да почнеш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom