Алко-тест на работното место

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Anco
одлично прашање и ќе се распрашам да видам. иако, со примерот за свадбата или сл имаш право. 24часа се потребни за го снема алкохолот. и по таа логика ќе испадне дека НИКОГАШ не смееме да испиеме повеќе од една чашка 8часа пред работа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.771
Поени од реакции
30.447
Многу банална е дискусијава...

Нормално дека не човек под дејстово на алкохол не може да си врши работата со иста ефикасност како кога е трезен. Без разлика на вистинитоста на урбани легенди за шофери на ЈСП. За работите како учество во сообраќај и слични, тотално глупо е да се дискутира дали алкохолот е ОК.

Инаку чашка две алкохол нема шанси да се детектираат по 8 саати и пар оброци, како што некој погоре се жалеше. Мене лично ме има застанато џандар на алкотест, и таман на легална граница бев со едно испиено пиво -ова непосредно по пиењето на пивото. Ако си утре работа, вечер на свадбата не мора да се направиш ѓон или па земи си го наредниот ден слободен и унереди се до крај. Не дека утредента нема да ти биде поубаво дома со расолница одколку на работа каде ќе треба да работиш а нема да можеш ни да седиш.

Од друга страна Анчо ако се жали на двојниот аршин при применувањето на законот, тоа е друга работа.


Туку сето ова со алкохолот си е регулирано со закон, настрана колку го применуваат истиот. Мене ме интересира како стојат работите со тестовите за „психотропни суптанци„? На пример дали воопшто е покриена со закон, постапката на вакво тестирање на работно место?


Освен легалноста на тестот, во прашање се и толкувањата на резултатите на тестот. За разлика од тестовите за алкохол, кои се валидни непосредно до 12тина часа по консумација на истиот (тоа за тестовите за здив, тестирањето на крв дава резултати и по изминување на 24ч.), некои од тестовите за психотропни супстанци детектираат употреба и повеќе денови, недели па и години потоа (анализа на влакна).
Поентата е дека додека кај човек што е детектирано алкохол во здивот/крвта може слободно да се заклучи дека е под дејство на алкохолот и не е 100% способен за работа. Од друга страна некој што рекреативно испушил цигара со канабис недела дена пред тестирањето, е 100% способен за работа без никакви влијанија во тој момент од минатонеделното искуство. Нагласувам дека ситуацијата во примерот е кога во здивот/крвта нема ништо ама можно е присуство во мокрачата или во влакната.

На крајот од краиштата кој од вас не бил на журка каде обилно се пуши трава и каде сите присутни се пасивни пушачи на истата... Подолго присуство во ваква атмосфера и сите ќе бидат позитивни на тестот.
Ама нејсе, не е тоа поентата. Само ме интересира дали е покриена со закон, постапката на вакво тестирање на работно место или во сообраќај.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Еее па пола професори и администрација на мојот факултет трескаа жестоко во работно време...ама културни луѓе, ќе се заклучеа во канцеларија 2-3 сати и после се супер :D

Озбилно мислење, постојат луѓе кои без алкохол не можат да го почнат работниот ден (читај погоре) и да бидат продуктивни.
Нормално, не е исто дали ќе е дамла пијан работник во Чернобил или работник во Комуналец.И можат да им пуштат онолку промили колку на возачи во сообраќај.Да возиш ‘пијан‘ е ок, ама на работа не е?:confused:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.771
Поени од реакции
30.447
Мислам дека толеранцијата е истата за на работно место колку и за сообраќај, за непрофесионални возачи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom