Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.406
Ја поставувам оваа тема,не дека сега идат празници,поводот е сосем друг.
До скоро,на работно место во социјализмот и во транзицијата па и во првите години на приватизацијата,буквално на работно место можеше кој што сака да прави.Но за тоа нема да расправаме.Сега дојдоа нови времиња,газдите бараат работа но и дисциплина и почитување на дадените правила и насоки за работа.Се донесоа разни закони.
Прво се почна со автоматско заведување на присатноста на работа.
Па на ред дојде забрана за пушење на работно место.
Па забрана на (консумирање) пиење на алкохол на работното место.
Случај од пред некој ден.Во ниедно време,во тек на работното време дојдоа во работните простории во погон, лица од истата фирма,некој „шмизли“ од дирекција и менаџери за безбедност.
На секој вработен,работник му даваа да дува балон за „алкотест“,просто трчаа по работниците и ги ловеа низ погон.Кај оние лица што се покажа дека имат алкохол, ги собраа-однесоа во амбуланта-болница за земање на крв,за понатамошно испитување.Кај оние што ќе се докаже присуство на алкохол во крвта следува отказ,или други санкции.
Ова значи,ако си дента на свадба ,не смееш да пиеш,или пак не оди на работа.
Од друга страна пак гледам на пауза кога се некој градежни работници,отидени пред најблиската продавница,сите се со пиво во раце.
Или пак ова,и просториите во владата и собранието се работни простории т.с. работни места.А таму при потпишување на некој си договор за некоја си нова млекара се наздравува и пие,и тоа најскапо виски и вино.Нели и таму важи истиот закон,ако веќе го има-да не се пие на работно место,т.с.во работни простории.А таму никој не дува.
Па кажете ми кој министер,директор или доктор нема во регалот пијалак.
Или нели и Те-Ве студијата се работни простории,а водителите на работни места,а и таму пред очите на сите се наздравува и пие алкохол,во тек на снимањето во живо.
Па и после некоја победа спортистите се се уште на работно место,а веднаш наздравуват и пијат и никој не ги тера да дуват балони.Или замислете на сред утакмица влегуват од ФС и ајде дувајте.
А ова на концерт,исто така изведувачите се на работно место,и ајде сега цела синфонија дувајте.
А порано имаше еден шофер во градски за кого викаа,-ако не е пијан не вози.
Имат ли право на ова без никаков направен прекршок,да го прават.