Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.231
- Поени од реакции
- 34.532

Ублажете ја сезонската алергија
Цвеќињата кај многумина од нас предизвикуваат солзи, но не секогаш на романтичен начин. Освен зголемената концентрација на полен и прашина, сезонската алергија може да ја зголемат и некои други фактори за кои најчесто не сме свесни...

Солзи во очите, затнат носи, бесконечно кивање... Ова се некои од симптомите кои излудуваат голем дел од популацијата за време на сезонската алергија на полен и прашина. Луѓето кои се алергични на полен, прашински грини и прашина можат да ги ублажат овие симптоми доколку избегнат некои од навиките кои ги засилуваат алергиските реакции.
Стрес
Луѓето кои патат од сезонска алергија доживуваат засилени симптоми доколу се изложени на стресни ситуации. Причина за тоа е зголеменото лачење на антитела и протеини одговорни за алергиските реакции. Ако сте често изложени на стрес, последиците од алергијата може да ги ублажите единствено со доволна количина на сон. Недостатокот на сон го зголемува стресот, а со тоа и алергиската реакција.
Алкохол
Одредени состојки во алкохолните пијалоци поттикнуваат хемиски реакции во организмот кои може да влијаат и на појава на алергиски реакции како затнување на носот, солзење на очите, кивање и тн. Строго ви препорачуваме да се обидете што почесто да избегнувате алкохол за време на врвот на алергиската сезона.
На која температура перете алишта?
Перењето на алишта на температура од 60˚C уништува голем дел од бактериите, додека перењето на пониски температури уништува само мал дел од нив - околу 6%. Луѓето кои се алергични на прашина, полен и слични алергенси, треба да користат постелнина, крпи и друг тип на ткаенина која доаѓа во контакт со дишните патишта само доколку претходно е испрана на висока температура.
Домашни растенија
Вашата преубава орхидеја може да ве расплаче доколку сте алергични на полен. Освен орхидеите, меѓу најчестите предизвикувачи на алергија во домот спаѓаат и бршлените, палмата, фикусот и јуката.

Затворени базени
Хлорот кој се наоѓа во базените делува надразнувачки на очите и дишните патишта, особено во затворените базени каде што има надостаток на кислород. Испитувањата покажуваат дека тинејџерите кои поминуваат повеќе од 100 часа во затворени базени богати со хлор во водата, имаат до 7 пати поголем ризик за добивање на грозница од полен, од оние тинејџери кои користат нехлорирани базени.
Цигари
Штетноста на цигарите врз целиот организам веќе одамна ни е добро позната, но тие се особено незгодни кај луѓето кои се алергични на полен и прашина затоа ја зголемуваат осетливоста на дишните патишта. Едно испитување во Јапонија покажа дека дури 80% од испитаниците кои доаѓаат од семејство во кое има барем еден член пушач, покажуваат симптоми на некој вид на алергија.
Утринско туширање
Ако имате навика да се туширате насабајле наместо навечер, можеби треба да ја промените оваа навика. Честичките од полен и прашина кои лебдат во воздухот и во текот на целиот ден се лепат на вашата облека, коса и кожа - најдобро е да ги отстраните пред воопшто да дојдат во контакт со сите простории во вашиот дом.
М.Л | Кајгана