Не е баш така едноставно. Плантинга тргнал да го соборува Логичкиот проблем на злото (омилен кај атеистите):
1. Ако постои Бог, тој е бескрајно добар, семоќен и знае се.
2. Ако Бог ги има горните атрибути, тој нема да дозволи зло (кое го прават луѓето).
3. На светот постои зло (кое го прават луѓето).
4. Заклучок: Бог не постои.
Плантинга
докажал дека точката 4
не произлегува од претходните 3 точки, затоа што постоењето на слободната волја на луѓето (во која спаѓа и правењето зло) е поважна од евентуалното зло што би можело да произлезе како последица од таа слободна волја. Уште повеќе, произлегува дека ако важат првите 3 точки, тогаш Бог
не може да створи свет со луѓе, во кој не би постоела слободна волја.
Атеистите би требало да се запознаат со оваа Одбрана на Плантинга и да не се обидуваат да го користат Логичкиот проблем на злото во своите напори да докажат дека Бог не постои. Заклучокот 4 едноставно не произлегува од првите 3 точки! Плантинга совршено прецизно го соборил Логичкиот проблем на злото.
Но, последиците од Одбраната на Плантинга даваат завршен удар на христијанската догма за постоење на Рајот - во него по дефиниција не смее да има зло, а тој е населен со луѓе кои имаат слободна волја, па според тоа во Рајот е можно зло (особено после бесконечно долго време досадување...
). Контрадикторност!
Да резимирам: од првите 3 точки не произлегува дека Бог не постои, но затоа од неопходноста на постоењето на слободна волја кај луѓето произлегува дека не постои Рај - онаков каков е дефиниран во христијанството! Со тоа не се докажува дека Бог (дефиниран во точката 1) не постои, но се соборува една основна догма од христијанството, а со тоа паѓа целата таа религија.