Албанците се бореле ПРОТИВ Александар и Македонците

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ајде доста со глупостите = НАЗАД НА ТЕМАТА!

Ако имате нешто да кажете бујрум, ако не...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
222
Поени од реакции
193
http://books.google.gr/books?id=Y2ETAAAAQAAJ&printsec=frontcover&hl=el&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false
На речникот налетав случајно, го прати еден Грк кој не верувам дека знаеше што лепи. Еден член на форумот (кајгана), а и неколку мои пријатели Албанци го погледнаа и сите рекоа дека Епирскиот од 16-ти век е разбирлив за денешниот Албански јазик 70-80%. Ако има некој повеќе инфо нека сподели.
 
H

HITCH

Гостин
Долго време се мислев дали да се вклучам во дискусија на темава. Ние, класичните филолози, од неанглиско говорно подрачје, англискиот јазик е со дефицитарен фонд на зборови, Албанои денес го преведуваме како Албијци, за да се направи јасна дистинкција помеѓу Албијците и денешните балкански Албанци, плус може да стои и фуснота за која Алба станува збор. Ова го потврдува и твојот извадок од Аријановата анабаса. Според изворот се гледа за која Алба станува збор. Доколку го читаш Тит Ливиј, ad urbe condita, за создавањето на Градот тогаш станува збор за римска Алба. Англискиот превод те води во погрешна насока.
Бидејќи Аријан е изворот станува збор за Арменска Алба.
Македонскиот превод на ова дело, Александровата анабаса, од старогрчки јазик, е од проф. д-р Маргарита Бузалковска - Алексова.

pjeter guri, gledajte kako sto treba iminjata da gi napisete, ja gubaat smislata vaka
Пер, не зезај! Дури и Бугариве не се обидуваат да го присвојат Питу! Питу Гули си е Влав, дури не е ни од мешана фамилија. Како испадна Албанец???
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
http://books.google.gr/books?id=Y2ETAAAAQAAJ&printsec=frontcover&hl=el&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false
На речникот налетав случајно, го прати еден Грк кој не верувам дека знаеше што лепи. Еден член на форумот (кајгана), а и неколку мои пријатели Албанци го погледнаа и сите рекоа дека Епирскиот од 16-ти век е разбирлив за денешниот Албански јазик 70-80%. Ако има некој повеќе инфо нека сподели.
bilbili, не знам каква врска има ова со темава.
Посоодветно би било да го постираш во некои од темите за "потеклото на Албанците", или ако собра повеќе инфо да го постираш како засебна тема па таму да се разработи.

Чисто информативно, Гркот ти го пратил ова како да е во грчка полза ли..?

Долго време се мислев дали да се вклучам во дискусија на темава. Ние, класичните филолози,..
Опааа, шо не ќутиш ти за вакви работи?!?
Ихааа колку работа има да ти дадам... ;)

Долго време се мислев дали да се вклучам во дискусија на темава. Ние, класичните филолози, од неанглиско говорно подрачје, англискиот јазик е со дефицитарен фонд на зборови, Албанои денес го преведуваме како Албијци, за да се направи јасна дистинкција помеѓу Албијците и денешните балкански Албанци, плус може да стои и фуснота за која Алба станува збор. Ова го потврдува и твојот извадок од Аријановата анабаса. Според изворот се гледа за која Алба станува збор. Доколку го читаш Тит Ливиј, ad urbe condita, за создавањето на Градот тогаш станува збор за римска Алба. Англискиот превод те води во погрешна насока.
Бидејќи Аријан е изворот станува збор за Арменска Алба.
Македонскиот превод на ова дело, Александровата анабаса, од старогрчки јазик, е од проф. д-р Маргарита Бузалковска - Алексова.
- Друг пат ич не се мисли дали да се вклучиш, посебно ако имаш поголемо почетно знаење и спремност да дискутираш за нештото од другите. ;)

Имам неколку прашања, ама ај да тргнеме со ред.
Ако добро те разбирам сакаш да кажеш дека Аријан го ставил тој термин во Александровата Анабаса заради римско влијание т.е. терминологија..?
Моето знаење вели дека Аријан се користел со предходни извори за да ја пишува Анабасата коишто се пишувани ПРЕД Римјаните да ја покорат Македонија и долго пред да се рашират на исток и да имаат врска со тој дел на Азија.
 
H

HITCH

Гостин
Опааа, шо не ќутиш ти за вакви работи?!?
Ихааа колку работа има да ти дадам... ;)
Само да знаеш која мрза сум... :facepalm: Имам 6 пакети со преводи од факултет. :pos: Чек да се нурнам и да го пронајдам Аки. ;)

Инаку сакам да ти кажам дека помалку треба да се потпираш на англиски превод. Штури се со зборови, може лесно да те пренасочат.
 
Член од
3 август 2011
Мислења
523
Поени од реакции
105
Долго време се мислев дали да се вклучам во дискусија на темава. Ние, класичните филолози, од неанглиско говорно подрачје, англискиот јазик е со дефицитарен фонд на зборови, Албанои денес го преведуваме како Албијци, за да се направи јасна дистинкција помеѓу Албијците и денешните балкански Албанци, плус може да стои и фуснота за која Алба станува збор. Ова го потврдува и твојот извадок од Аријановата анабаса. Според изворот се гледа за која Алба станува збор. Доколку го читаш Тит Ливиј, ad urbe condita, за создавањето на Градот тогаш станува збор за римска Алба. Англискиот превод те води во погрешна насока.
Бидејќи Аријан е изворот станува збор за Арменска Алба.
Македонскиот превод на ова дело, Александровата анабаса, од старогрчки јазик, е од проф. д-р Маргарита Бузалковска - Алексова.

Пер, не зезај! Дури и Бугариве не се обидуваат да го присвојат Питу! Питу Гули си е Влав, дури не е ни од мешана фамилија. Како испадна Албанец???
ne rekov be deka albanec bil, imeto kazav pravilno kako mu bilo, mozda bil vlav so albansko ime ne znam, no taka mu e
 
Госпожа, ај те молам прибери си го малиот! 1:25
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 23:06 ---
Моето знаење вели дека Аријан се користел со предходни извори за да ја пишува Анабасата коишто се пишувани ПРЕД Римјаните да ја покорат Македонија и долго пред да се рашират на исток и да имаат врска со тој дел на Азија.
Фала што ме симна у подрум на мразов... :pos: Важно се опремив `ко за препишување на испит.

Пребарав во преводите, никој не ги преведува како Албанци, или пак доле ставаат фуснота за да дообјаснат за кого станува збор.
Тебе изгледа падежот те буни! Alba, ae (Алба); Albani, Albanorum, (Албјани); Albanum, i (Албан); и се менуваат зависно од деклинацијата. Англиското говорно подрачје ги вика Албанци, Албанија... Разликата ја прави периодот и времето во кое се изразуваат. Кога наоѓаш англиски прево, проверувај и на руски, француски и германски како е, немај верба на англискиот.

Значи се` уште останувам на фактот дека Албанија не е денешна Албанија. Сори! :(

Патем, Аријан по денешна национална поделба би бил Турчин по потекло од азискиот дел на Турција, добро му е познат тој дел. Не е роден во „Грчка“, мислам во европскиот дел. :)
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Истоименоста на географски термин, не мора да значи дека се работи за две различни места со еден ист народ!
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 23:41 ---

http://books.google.gr/books?id=Y2ETAAAAQAAJ&printsec=frontcover&hl=el&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false
На речникот налетав случајно, го прати еден Грк кој не верувам дека знаеше што лепи. Еден член на форумот (кајгана), а и неколку мои пријатели Албанци го погледнаа и сите рекоа дека Епирскиот од 16-ти век е разбирлив за денешниот Албански јазик 70-80%. Ако има некој повеќе инфо нека сподели.
А со ова стварно не знам шо му била поентата на гркот.. речникот е Латинско-Албански.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Те молам и тебе и сите други да не им се придава значење на тие што упорно сакаат да ја исчашат и дефокусираат темата со тотално неважни и неповрзани работи со неа.

Истото се прави во континуитет од популацијата на исток веќе со години и децении на секој еден форум и поставена тема.

HITCH напиша:
Фала што ме симна у подрум на мразов... :pos: Важно се опремив `ко за препишување на испит.
Искрено извини, немав таква намера... :pipi:

HITCH напиша:
Пребарав во преводите, никој не ги преведува како Албанци, или пак доле ставаат фуснота за да дообјаснат за кого станува збор.
Тебе изгледа падежот те буни! Alba, ae (Алба); Albani, Albanorum, (Албјани); Albanum, i (Албан); и се менуваат зависно од деклинацијата. Англиското говорно подрачје ги вика Албанци, Албанија... Разликата ја прави периодот и времето во кое се изразуваат. Кога наоѓаш англиски прево, проверувај и на руски, француски и германски како е, немај верба на англискиот.

Значи се` уште останувам на фактот дека Албанија не е денешна Албанија. Сори! :(

Патем, Аријан по денешна национална поделба би бил Турчин по потекло од азискиот дел на Турција, добро му е познат тој дел. Не е роден во „Грчка“, мислам во европскиот дел. :)
- Хмм... не сум сигурен дека терминит Αλβανοί може да се преведе на било кој друг начин освен со Албанци на било кој јазик.

Еве некое германско издание на Анабасата од Лајпциг, 1849 година.
http://books.google.com/books?id=L1xEAAAAMAAJ&printsec=frontcover&dq=Arrian+Anabasis&hl=en&sa=X&ei=u9Q-T4ywKuSziQKn_Y2IAQ&sqi=2&ved=0CDYQ6AEwAA#v=onepage&q&f=false

Оди на 145 страна (најдолу) - 146 страна (почеток) и ќе го најдеш 13 поглавје од книга Трета каде се споменати Αλβανοί ама во фуснотите (иако јас само површно знам германски) нема никакво објаснување или дообјаснување за терминот.

Јас апсолутно се согласувам дека таа Албанија и денешнава не се исти, едната е на Кавказ, а другава овде до нас. Ама во тоа време (античка Македонија, Филип и Александар) овде до нас нема Албанија, а таму на Кавказ ја има.
И таа на Кавказ постои како таква до 9-10 век ми се чини.
А оваа до нас и како име за земја и како име за народ не постои до тој период па и неколку века подоцна, итн. :свиркам:
 
H

HITCH

Гостин
Е, ти се чини. Постои од 4 век п.н.е. до 8 век, Албиската држава има територија од реката Аракс на југ, до Дербент на север, имаат и свои пари. Приложувам линк од вики, :facepalm: во неможност да ја качам сликата, нешто ме зеза комп. Клик

Речник од 1910 г. : Ἀλβανοί, οi - Албиец, жител на Кавказ, денешен Дегестан, стара Арменија. (ст.гр. им. м.р)
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 00:19 ---
Жими се` не те сфатив! Сакаш да кажеш: исти се или не се? Јас го спорам термиот Албанци, оти според преводите кои јас ги најдов, а имаме одлични преводи на класични автори, никаде не најдов Албанци.

Извинете што толку се фатив ко ќор за стап, ама ми бодеше очи. Башка „писмена“ раја одма ќе се залета за комшииве Албанци и може да настане недоразбирање.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Ако Албанија на Балканот (а прв пат Албанец во етничка смисла на зборот датира од 11 век) и Албанија на Кавказот имаат исти имиња... немора да значи дека се и исти народи... има милион примери вакви....
 
Да, но Алба е именката, а Албаниа е деклинирано. Ние во Македонија уште од времето на Михаил Петрушевски, а и претходно не ја преведуваме како Албанија, го избегнуваме тој термин. Причината погоре ја кажав.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Е, ти се чини. Постои од 4 век п.н.е. до 8 век, Албиската држава има територија од реката Аракс на југ, до Дербент на север, имаат и свои пари. Приложувам линк од вики, :facepalm: во неможност да ја качам сликата, нешто ме зеза комп. Клик
Леле, немој со викица плиз! :(
Ама тоа е тоа, значи си постои држава АЛБАНИЈА на Кавказ во цел тој период. ;)

HITCH напиша:
Речник од 1910 г. : Ἀλβανοί, οi - Албани, жители на Кавказ, денешен Дегестан, стара Арменија. (ст.гр. им. м.р)
Чиј е речникот?

Јас колку што гледам со помош на гугле транслејтерот и ден-денешен терминот Αλβανοί од грчки преведен на било кој друг јазик дава само едно = АЛБАНЦИ (македонски), Albanians (English), Albaner (German), Albanesi (Italian), Албанцы (руски), Albaneses (Spanish), итн. итн.

HITCH напиша:
Жими се` не те сфатив! Сакаш да кажеш: исти се или не се? Јас го спорам термиот Албанци, оти според преводите кои јас ги најдов, а имаме одлични преводи на класични автори, никаде не најдов Албанци.
Епа тука изгледа лежи проблемот, што некој заради називот на сегашниве наши соседи на запад сака да си поигрува со термините употребени јасно и гласно во антиката.
Јас на ниеден друг јазик не можам да најдам еквивалент на некакви си "Албијци"..?!?

Затоа и кога тргнав со "истрагата", а поттикнат од оној напис во New York Times во кој всушност пишува за Македонците и видов споменати "Албанци" барав прво во цитираниот Гроте, а после и во оригиналот од Аријан за да видам баш дали има искривување на терминот или не.
И се испостави дека НЕМА т.е. дека дословно си стои Αλβανοί = Albanians = Албанци.

HITCH напиша:
Извинете што толку се фатив ко ќор за стап, ама ми бодеше очи. Башка „писмена“ раја одма ќе се залета за комшииве Албанци и може да настане недоразбирање.
Воопшто нема потреба за извинување зашто си дискутираме точно за темата, а не за тотално неповрзани работи.

Еве пак да се дообјаснам за да нема недоразбирања.
Терминот е Αλβανοί = Albanians = Албанци и освен ова не може да има друго значење или превод.

Во времето кога си постојат тие "Албанци" и Албанија на Кавказ, коишто ете се бореле и на страната на Дариј Трети против Александар и Македонците кај Гавгамела, овде до нас нема ни "А" од некаква Албанија или Албанци.
Дали се разбираме..?

Јас ништо не тврдам априори, арно ама...

Таа држава таму згаснува некаде 8-9 век од нашава ера, а овде до нас дури после неколку векови се појавуваат термините "Албанија" и "Албанци".

Плус Братот постираше некои мошне интересни и голицкави работи на темава, и наместо да разврземе саглам дискусија, некој удри на дефокусирање и спам.
 
H

HITCH

Гостин
Дали се разбираме..?.
Најискрено не знам дали се разбираме. Претпоставувам дека се обидуваш, со отворање на оваа тема, да направиш разлика од комшииве и останатите кои се преведени како Албанци. Јас велам дека ние на Балканот правиме јазичка разлика, жителите на денешна Албанија се Албанци, а на Алба се Алби, Албани, Албијци..., а доколку се преведе како Албанци НИЕ ставаме фуснота.
Речникот е од хрватски автор, Стјепан Сенц. Македонскиот речник е одамна во изработка. :)

Арб-Арв-Арп-Алп-Алб
Арнаут-Арнавут-Арван-Арвонаут-Арбонаут-Аргонаут
Ова е историска граматика и тука не може повеќе да се коментира, тоа е факт. Во речникот кој беше приложен на темава забележав една работа, Albania е преведена како Arbeni, тоа ми мати есап. Ми треба време за да го разгледам цел речник, но мора да има и други „чудни“ преводи.
Инаку, Албените се руси, плави, што не е пример за жителите на соседниот ни див Запад.

Јас имам забелешка на постовите од Карл, не би било в ред сега да се вратам и да ги корегирам неговите глупости, ама со примерот дека од Арнаут може да се добие Агронаут е лудило! (има и други.)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom