- Член од
- 21 ноември 2005
- Мислења
- 5.237
- Поени од реакции
- 959
Точно така.За сите што трескаат глупости за Албанија дека нечини прво да се запрашаат дали вкусовите на сите се исти. Јас го имам поминато цело крајбрежје на Албанија од Велипоја до Ксамил и секое место си има свои предности и свои недостаоци зависи кој што бара. Но некој да рече нечини Албанија како туристичка дестинација тој лаже или не нашол тоа што го барал, а секој бара различно. Некој вода чиста, некој ситен песок, некој место за журки, некој ефтино, некој бара самотија на плажа а некој голема плажа. Бара скриени плажи бара забава. Се има во Албанија од 1но до 101но, само треба да се информираш.
Читам некој бил Ксамил и вели нечини нема каде да излезеш нема забави. Има на 15 км е Саранда, влез до 17 часот. И Ксамил има плажи рај за очи, мали но стокмени од рајот. Тиркизно море и бела песок.
Драч да, градска плажа катастрофа, но има други плажи . Голем град кој сака ефтино.
На Север, Свети Јован и Велипоја. Свети Јован или Шенѓин огромна плажа со 1000 големи хотели до плажа, се и сешто, од забава до јадење и слично. Песок ситна како Велипоја или Улцињ па малку се мати. Во близина се влива Дрим тука е закопан Скендербег. Има и диви плажи.
Шпиле исто интересно. нема многу маркети и слично но преубава плажа.
За мене најубави се плажите се измеѓу Валона и Саранда. Химара, Дерми, Ливади бич, Џипе сите на тој потег.
Валона е како Беверли Хилс со палмите покрај море кога се возиш со кола. И тука разни убави плажи само не градската. Горе е Звернец ситна песок а надоле од Радхиме ситни камечиња и чиста убава вода. Околу други плажи како Бора Бора со забава за млади и Вега бич и други.
Итн, Итн, Итн. А да не пишувам за места кои не се на море, како Сино Око, Коман, Ѓирокастра, Розафа и друго.
Така да секој кој ќе пише нешто негативно за било што прво нека се информира и нека размисли што бара и за колку пари.
Само една споредба. Неа Потеидаи _ Грција гарант биле многу и многу се одушевени од местото. нека ми објасни некој зошто? Два ресторана и две продавници, плажа со песок за бетонирање и дупки и во морето ежови/ Но некому и тоа му е убаво,
Наздравје
Јас бев скептик за Албанија кога бев пред 4 години, меѓутоа го истражив убаво местото, сфатив дека не е така лошо и баш фино поминав.
Единствена маана е лошиот и далечен пат.