Јас еднаш направив идиотлак и отпатував со жена и деца во Албанија – Ксамил слушајќи неколку приајтели кои наводно се задоволни од она кое го добиле, а јас мислев дека имаат вкус и стандард...
Со два збора Ксамил најдобро би го опишал како "Кабул на море". Патна инфраструктура никаква, пола подвозје го оставив по "патиштата", ем гума си скинав на сплавчето затоа што мост нема...
Плажите се вештачки со донесен песок, морето е смрдливо и матно (обоено бело, а на слики изгледа како да е тиркизно), во радиус од 20 метри од секоја плажа има барем една депонија која не се чисти додека не фати колера локалното население.
Ние преспавме еден ден и си го фативме патот назад во Грција. За тој еден ден додека седевме 3 саати немаше струја, па игравме жмурки во апартманот со децата. Со оглед на тоа дека со струја слабо стојат, ми беше страв сладолед да им купам да не закачат некоја салмонела.
И така, за овој живот Албанија како дестинација за одмор ја снема од мојот список. Слободно можам да кажам дека Охрид е Монте Карло за Албанија. Додуша не сум ги видел другите гратчиња, ама по кажувањата најисфален беше Ксамил, а Ксамил е мизерија. Ем за со кола е далеку УПМ...