Не, ми беше релативно касно да се премислам иако на ден пред тргнување мој другар ми обезбеди во Неи Пори смештај за иста цена како во Ксамил,али во Грција се тргнува со малку пополни торби, што не е случај во Албанија. Да имав плус ден-два сигурно заминував за Неи Пори.
Сместувањето во Ксамил веќе ги достигна цените како во Грција, рестораните се исто поскапени,лежалките се двојно поскапи него во Грција а во недели и тројно(1000 леки во недела кај островчината).
Незнам дали веќе се исплати Ксамил, во споредба со поевтините дестинации од Грција(Лептокарија,Паралија....).
Валона е посебна приказна-кога дојдоја комунистите повторно на власт,разрушиле све што постои . Урнати се и ѕидчината покрај морето,камењата се фрлени во море за сечиш нозе, палмите се искорнати,шанковите ги нема,ресторанчината покрај плажата како и да не постоеле, дрвените патеки за движење низ плажата исто така,лежалки само на крајот кај канализацијата......со еден збор Багдат во времето на бомбардирањето...
2011 година:
![](https://farm1.staticflickr.com/532/19340779090_393632aa7e_o.jpg)
2015 година
https://flic.kr/p/vt5xNs
![](https://farm1.staticflickr.com/349/19522031032_cdc4abc830_o.jpg)