Албанија - енергетска супер сила

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
`Слабата и неразвиена,назадна` Албанија оваа година реализира патна и железничка инфраструктура,како и хидроцентрали,инфраструктура во градовите (не само на морето) за над
10 милијарди еура.

`
Богатата и развиена` Македонија нема сила да си ги закрпи патиштата од тоа кратерите што искочиле по нив,да не зборуваме за завршување на делници кои што се `планираат` и за кои што има готови проекти едно дваесет години.

Некој некого прави луд другарчиња... :)
Хехехе ..
.

а некои се возбудуваат....најпатриоти....:pos2:

значи точно е бацилус што пиша....албанија мора како да кажам да се адаптира башпоради тоа што ете позитивни се очекувањата од НАТО членството па треба да се средат....а и гр5адежната оператива е активна..ТОАе ВАЖНО додека кај нас еве АД маврово имаше штрајк мееесеци без плата:(:(:(
 
Која енергетска супер сила со рестрикции од по неколку саата дневно:nesvest::kesa:
 
можеби исто колку кај нас-политички медиумски пропаганди:raz::raz::raz:
или се лажам....

Прашам за монтирани мокности,колко са?



Знаат колко е 350 MW/h?! Убаво е прво да имат 24 часа струja,па да немат рестрикции и да са дискотека.
 
Токму тоа ми беше муабетот, ако некоја земја на Балканов има капацитет да стане супер сила, тогаш тоа е Бугарија.

На нашиве простори никои нема капацитет да стане супер сила во ништо. Ние преди бехме некоjа сила во енергетиката, 4-ти во Европа по извоз, ама никои не ни е сметал за супер сила, а гледам албанците чак во wikipedia са написали дека ке бидат енергетска супер сила. Епа даj да видиме :)

П.П. Ние па ке бидеме економскиот тигар на Европа, ама сега сме се снишили :pos2::pos2::pos2:
 
Убаво дека ке градат такава централа ама па чак супер сила :nesvest: но нормално тука на балканите сите сме от "велики" и "супер" нагоре :pos2:
 
ЕВН ќе гради три централи во Албанија

Австриската групација ЕВН почна да инвестира и во Албанија. Завчера беше поставен камен-темелник на три големи хидроцентрали на реката Девол, кои ќе се градат заедно со норвешкиот партнер Штаткрафт, а за што ќе бидат инвестирани 950 милиони евра.
Хидроцентралите ќе бидат со вкупен капацитет од 340 МW и просечно годишно производство од 1.000 GWH, а оваа инвестиција е првиот конкретен резултат од договорот помеѓу Долна Австрија, Албанија и ЕВН , кој беше потпишан во Тирана на 16 јануари 2007 од страна на премиерот на Албанија, Сали Бериша и гувернерот на Долна Австрија, Ервин Прел.
Во моментот, ЕВН снабдува со струја околу 2,3 милиони потрошувачи во Бугарија и Македонија. Целта на ЕВН е да ги надградува своите производствени капацитети, за задоволување на побарувачката на електрична енергија.
Искористувањето на хидро потенцијалот на реката Девол, ЕВН го презентираше пред албанската Влада уште во 2007 година, врз основа на направените студии за економска оправданост. По позитивната оценка од страна на одговорната државна комисија, Владата на Албанија го одобри проектот и го оцени како проект од јавен интерес. На интернационалниот тендер ЕВН беше избран како најдобар понудувач.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=001DBB483CA2674698CC227CC1CC88D6
 
Добра работа е ова, нека тераат така, не се малце 340 МW, тоа е пола РЕК, и башка хидроцентрала, без загадување на околината, обновлив извор на енергија.

Претерано е да се каже енергетска супер сила, ама барем тргнаа напред со силно темпо.

Мене што ме загрижува е дека уште малце репер ќе ни стане БиХ.
 
Нека работат луѓето, само нека одат напред, им честитам иако веста е малку пренапумпана. Внимание со ЕВН Австрија, опасни се :vozbud: .
 
Инвестициите во енергетиката достигнаа 629 милиони евра

Албанскиот министер за економија и енергетика Дритан Прифти изјави дека во седумте месеци од годинава инвестициите во енергетиката достигнувале вредност од 629 милиони евра. Тој ова го поткрепи со барањата доставени до Министертвото за изградба на 51 хидроелектрична централа (ХЕЦ) и осум еолски паркови, чија вкупна инсталирана моќност изнесува 590 мегавати.
-Во Министерството за економија и енергетика само во изминатите седум месеци од годинава доставени се 51 барање за изградба на ХЕЦ, потпишани се 19 договори за изградба на исто толку ХЕЦ, додека 32 се во фаза на тендерирање или пред потпишување договор. Само за изградбата на ХЕЦ се предвидени 258 милиони евра, а ќе бидат со инсталирана моќност од 215 мегавати, изјави Прифти.
Што се однесува до осумте паркови за производство на електрична енергија од ветер, инвестицијата изнесува 434 милиони евра, а ќе бидат со инсталирана моќност од 375 мегавати.
Според Прифти од претходно издадените концесии, се изградени 30 ХЕЦ, некои од нив веќе почнале со работа, а 12 други се очекува да стартуваат со производство до крајот на годинава.

vecer

--- надополнето ---

Тројно зголемено домашното производство на нафта во Албанија


Домашното производство на нафта во Албанија, во првото тромесечие од годинава, е поголемо за три пати, споредено со истиот период лани.

Од нафтените извори во областа Патоз-Маринез просечното дневно производство изнесува 8282 барели (околу 1400 тони).
Во истовреме, двојно е повисока и цената на албанската нафта, од 24,73 долари за барел лани, на 47,16 долари годинава.
Албанската Влада преку нафтената компанија „Албпетрол“ годинава добила во просек по 9,65 долари по барел врз основа на правото на користење кое и е дадено на приватна компанија за ископ на нафта. Лани владата добивала по 6,61 долар за барел.
Поголемата количина од нафтата од изворите Патоз-Маринез се извезени за италијанските рафинерии преку пристаништето Валона.
Зголеменото прозиводство и повисоката цена, условиле приходите реализирани од споменатите извори, во првото тромесечие, да достигнат 35 милиони долари, наспроти ланските 13 милиони долари.
 
Хаха, Албанија - енергетска сила. А се уште постојат рестрикции за користење струја.
 
Хаха Албанија енергетска супер сила, цел ден немаат вода луѓето таму. Водата иде еднаш во денот, (пола час) и треба да седиш цела вечер буден за да знајш коа ќе дојдит за да ја наполниш цистерната која надкуќа сејт. Жими енергетскава сила.

А за струја да не збориме, де имат, де немат. Да не збориме каблите за струја се еден метар до балконите а не подземја, скери. :S

--- надополнето ---

И тоа ова во Тирана, секоја куќа имат цистерна над нејзе.
 
Со 350 MW/H не се станува енергестска супер сила (освен ако не се произведува во Ватикан па да има за извоз).Но супер е тоа што се градат хидроелектрани и да има енергетска криза пак ќе се намалат загубите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom