Ајде малце поконкретно
Вкупно малцинства во Албанија според пописите :
1960 : 44.570
1979 : 54.687
1989 : 64.816 ( ромите не се вклучени).
Од 64.816 , регионаналната распределба е следна :
Саранда: 36.773
Ѓирокастер : 20.395
Корча: 4.705
Тирана: 852
Останато: 2.090
Заложбите на Албанија за бранење на малцинствата датираат од 1921 , една година откако Албанија стана членка на Сојузот на Народите , кога пред советот на Сојузот направија декларација дека ќе ги почитуваат правата на малцинствата.
И после Втората Светска Војна , комунистичкиот режим во функција на идеолошките заложби , за да се прикажат како почитувачи на малцинствата , ги фаворизираше грчкото и македонското малцинство.
Грчкото малцинство
Грците се први признати како малцинство , до доцна , кога се зборувало за малцинства , се мислело за грците. После Првата Светска Војна , Албанија се ангажирала да ги почитува правата на грците , дозволувајќи отварање на училишта на грчки јазик.
Живеат во југот на Албанија на граница со Грција , и претставува најголемо малцинство во Албанија.
Во 1989 ги имаше 58.758 , а најмногу ги имаше во :
Саранда 36.531 ( од вкупно 87.678 колку што имало Саранда жители)
Ѓирокастра 19.921 ( 66.373)
Тирана 610 ( 368.213)
Во Саранда од 64 села , 35 беа населени со грчко мнозинство. Меѓутоа денеска 50-70% од грчкото население од овие села емигрирале во Грција.
Градот Саранда , во 1990-та имало 17.000 жители , од кои 7.500 грци.
Но сега, според едно наблудување од Хелсиншкиот Комитет , градот Саранда имало околу 30.000 жители , од кои грците не се повеќе од 3.500 жители.
Во градот Делвина , 2/3 од грчкото малцинство се заминати во Грција.
За грците , отворени се 71 училишта каде се учи на грчки јазик (основни , средни).
Грците во 2000-та , имале 8 градоначалници во Албанија , и 93 советници.
Грците исто така се застапени и во државните институции рамноправно.
Во Саранда , 32% од вработени во државните институции се грци.
Во Делвина , 20% се грци.
Во Ѓирокастра , грците имаат 6 директориски места во државните претпријатија , 1 ректор.
Предвидените Владини инвестиции во општините на малцинствата , се пропорционални со бројот на населението.
Во општините Ѕаре , Ливадја , Алико , Месопотам , живеат грци , а во ниво на Регион , овие општини сочинуваат 15.3% , а инвествициите се 15.9%.
Македонското малцинство
Концентрирано е на регионот на Преспа , овој регион има 4878 жители , на територија од 213,9 км2.
Селата : Lajthiza, Pusteci, Zaroshka, Cerja, Shulini, Gollomboqi, Gorica e Vogel, Bezmishti dhe Gorica e Madhe.
Населението се занимава со семјоделство , сточарство и рибарење. После 1990-та населението не се раселило како во случајот со грците , но сепак еден дел од населението , работи во Македонија.
Албанија имала добрососедски односи со Македонија , и е меѓу првите кои ја признаа независноста.
Македонците имаа 2 основни улилишта ( 8 годишни) , и 8 основни училишта ( 4 годишни) - ( велам ИМАА , затоа што податоците се од 1999/2000 , сега можеби има повише , или помалку , во зависност од интересот за нив).
Грчките и македонските паралелки се празни. На еден учител просечно припаѓаат 6 ученици , додека кај албанските паралелки во Албанија , 1 учител , просечно има 19 ученици.
И покрај заложбата да не се затворат училиштата каде има мал број ученици од малцинствата , неколку од нив веќе се затворени во некои села , каде бројот на ученици се движел од 1-5 за целото училиште.
Во општина Пустец , сите вработени во локалната власт се македонци.
Во првите 4 месеци од 2001ва за општина Пустец беа издвоени 50.000 евра инвестиции , што е најмногу во споредба со другите општини.
Црногорско малцинство
Живеат на северот на градот Скадар во неколку помали села , ги има околу 2000 , но после 1990-та , се населиле во Црна Гора , а само 600 се вратиле , другите или живеат во Црна Гора или во странство.