Македонците од Албанија со декларација бараат враќање на националноста
Советот на општина Пустец, во присуство на градоначалникот Едмонд Темелко и претседателите на месните заедници на деветте села од Мала Преспа, усвоија Декларација со која се бара од албанските власти враќање на терминот „националност“ во граѓанската евиденција.
Ова следи по одлуката на Уставниот суд, кој оцени дека терминот е неуставен и реши „националноста“ да се брише од изводот од матичната книга на родените, како и од другите лични декументи. На припадниците на малцинствата во областите каде се признати како такви ова право им било дозволено и во времето на комунистичкиот режим.
Декларацијата, која е потишана од сите присутни, денеска ќе биде доставена до албанскиот државен врв, други инстуции, меѓународни претставници и мисии во Тирана, до судот во Стразбур, како и до амбасадата на САД и амбасадите на Македонија, Црна Гора, Србија, Грција и Романија, како матични земји на малцинсвата кои живеат во Албанија.
Во Декларацијата се наведува дека одлуката на Уставниот суд е во спртивност со член 20 од Уставот и оти со неа се кршат човековите права и дека за нив е неочекувано и несфатливо институција која треба да ја брани уставноста да носи антиуставни одлуки.
- Ние сме Македонци, горди сме на нашето потекло, лојални граѓани сме на ова држава, редовно плаќаме даноци и нема да дозволиме негирање на нашите права како Македонци. Ќе ги преземеме сите законски и институционални мерки за да овозможиме врќање на националноста во регистрите од матичната служба, стои меѓу другото во Декларацијата.
1.Што би рекле нашите , тоа е судска одлука, и не може никој да се меша.
2. За време на комунизмот македонците биле признати како малцинство , затоа повикувам едно 30 мислења тука да се избришат , пошто некои велеа дека имало притисок за време на комунизмот да се асимилираат македонците.
3.
Уставниот Суд на Албанија , не ги забрани малцинствата , туку им забрани на државните институции да ги прашат граѓаните за нивната етничка припадност, односно во документите смее да се запише само ДРЖАВЈАНСТВОТО , исто како и во Македонија.
4. Побуната до овој степен на македонското малцинство (4000) , е исто како бугарите или хрватите во Македонија да се побунат за нешто.
Констатирам дека се работи за настап , со кој повеќе сака да се прати некоја порака во Македонија , него ли во Албанија.