Почитувањето на законите и во Македонија и Албанија и Тунгузија е задолжително,и мора државата да ги спроведе.
Да,и мене ми смета ако видам целосно непочитување од страна на НЕКОИ Албанци на државата во која живеат,Македонија. Да и мене ми смета што никој не им го брани знамето и може слободно да го користат,а еднаш не видов на бина на митинг на албанска партија или кај и да е на друго место Македонско знаме.
Ама ми смета и одбивноста кон Албанците генерално,зошто не сите албанци се лоши или сите Македонци добри. Ми смета одбивноста кон Албанскиот јазик на пример,и секогаш сум за тоа барем кај нас во западна Македонија да учиме Албански јазик на училиште. (од Гостивар сум)
На Македонецот да му беа 25% Срби немаше да се буни,а Албанецот па во Швајцарија може да чува и Швајцарско и Албанско знаме а тука не...
Ние ќе заличиме на нормална држава само кога Албанците и Албансиот јазик ќе ги третираме како секоја друга нација или јазик,или уште подобро како посвои,зошто ти с епрви комшии,а тие државата како своја татковина ќе ја испочитуваат.
Околу правата и бројките. Македонците во Албанија (Пустец) имаат добиено одредени права,и тоа е за поздравување. Споредбата на правата тука и тамо е собирање баби и жаби,зошто бројките не се исти. Е сега ќе има реплика ЗАБРАНЕТО им е... епа види,додека ние како народ немаме мажи како Васкопулос да се борат за тоа што веруваат нема ни да направиме нешто.
Нашите секаде треба самите да се изборат,ама не,ние ја забораваме нашата припадност и историја. Во Србија кај се македонците? Само во Ниш има мн мн проценти,ама ги нема зошто за нив е НЕБИТНО дали ќе се кажат србин или македонец...во Бугарија исто... во Грција молчат додека не заборавија и да зборуваат... сами сме си криви.
За инфраструктура и даноци... јас сум од Гостивар и јас не би плаќал данок и не ми с ени плаќа кога гледам дека 300 милиони ставија на површина од 500x500 метри а во Гостивар пиеме вода директно од Вардар и пиеме појше песок од вода. И јас не би плаќал кога не можеш на 20км од Скопје со ЛАДА НИВА да стигнеш а во Центарот имаш 300 милони.... исто е и во Источна Македонија... ова плаче за социјален не национален бунт,ама тоа е друга приказна...
И уште бројките...не ви треба попис да видите каде сме и каде одиме,доста со приказните за местен попис 2002,тоа е бројката сакал некој или не... земете ја бројката од запишани првачиња,учеството на Албанчињата е 30%, и како потврда,уште бројот на раѓања и умирања,каде Албанците се +2000 ние сме -4000 годишно што значи 6000 разлика во + за нив годишно. Секој коментар е вишок. А уствари што е битно? Битно е да сме ЛУЃЕ у права смисла. Мене најмило ми е кога пијам кафе со другарите Албанци и Македонци и Турци заедно во Гостивар
Во Гостивар е топ...
Гледам во Скопје и на други места ги третираат како марсовци некогаш... а да беа 25% Французи ќе научевте Француски?
А другите пак во Швајцарија и Италија пошитуваат секој закон овде ко во Авганистан да се...тамо и крст на знамето имаат па ќе го користат а овде се им смета. Се е лудо на Балканов :/