Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Ти не си ми ја сватил поентата. Он кога ќе стане Премиер треба да биде Премиер на сите граѓани или само на тие што го гласале? Па тоа е проблмеот што партијата се изедначува со државата. Он треба да води цел народ а не само партиските определни.

сосема си во право, за тоа и јас сум. Точно така треба да се понаша како да е премиер на сите без разлика колку го гласале, тој си е легитимен а дали е легален нека каже судот, за сегашнава влада зборувам. Мене ми пречи понашањето на сдс, вика вака, сите гласови ако ги собереш опозициски, шо не биле во влада биле повеќе од тие на власта во 2011 мислам беше, демек власта не е легитимна, кој парадокс, смешки, не културно и не фер однос према сите, па и кога викаа дека само простата раја гласала за вмро, е шо сакат они ние шо сме со факултет гласот да ни се брои 1,5 или 2.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
Вака сега pumaval, ако може да разјасниме нешто.
Оваа владејачка партија владее 10 години во Македонија со апсолутна власт и контрола врз сите државни органи- Обвинителство, Суд, МВР, ама апсолутно све е под контрола на ДПМНЕ. За десет години не видовме ништо во правец на расчистување на „криминалот“ на нивните претходници. Па нели ги гласаше народот 2006 за да расчистат со криминалот и да добиеме нормална држава?
Логички, ако за 10 години апсолутна власт не уапсија никого да одговара за криминал пред 2006, значи дека или немало криминал, или не ги апсиме за да имаме покритие за она што с случува денес. Па затоа кога некој ќе го фатиш да краде , веднаш добиваш одговор - И СДСМ крадеше.
Па добро бе, не ги бира народ да се натпреваруваат кој повеќе ќе украде, туку за да ние како граѓани живееме нормлно во нормална држава.
И многу јасно зошто оваа политика опстојува од 1991 па навака, не проблемот во тие што крадат, проблемот е во нас народот. Ниска цена има овој народ, ако добие партиско вработување, му е гајле за сите други, само да е партијата на власт-дали лаже, дали краде, сеедно, на 1ви платата стигнува.
Но за кратко, кога се менува власта, други се вработуваат, ја бранат својата партија и ги плукаат другите. Тие што се сменети грчевито се борат да дојде повторно нивната власт да добијат повторно привилегии.
И додека народот очи си вади, власта си ги полни џебовите, без разлика од која партија.
Затоа, потребно е чистење на државата од криминал, без разлика на партија, а народот да разбере дека плата се зема со работа, а не со партиска книшка.
Кога ова ќе го расчистиме, ќе имаме темел за градење нормална држава-граѓанска, а не партиска...
До тогаш ќе се плукаме на форуми и на улица, а ништо нема да се смени....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Е шо е чарето, да се гостува само во емисии на избрани "новинари" кои ја величат идеологијата и да си се тапшаат по рамо 40 минути дека Заев или Бранко е крив? Зошо нема дебата на политички функционери од двете партии, или само едната идеологија треба да се почитува? Нели живееме во демократија? Кога последен пат премиерот одговарал на прашања поставени од новинари? Човекот не знае да склопи една изјава како што треба без да чита, утре да излезе на дебата не мора Оливера, просечен студент со разбирање од тематиката може да го избрише подот со него. Затоа не излегува никаде. Заев ваков таков, имаше муда и беше кај Латас. Ме интересира кога пастирот ќе се накани да гостува во Телма или на 24 вести. Или публиката што ги гледа овие вести е автоматски соросоидна па ја бришеме, небитна е?
Да, живееме во демократија. И во демократија никој не е обврзан да оди некаде каде што не сака. Има право да избере каде да гостува. “Новинарите“ што ги споменуваш не се новинари, туку истурени политички експоненти на опозицијата. Јас лично не гледам никаква потреба Груевски да се појави кај нив.

Заев не се охрабри да оди кај Латас. Заев молеше да оди кај Латас. За да го видела публиката што го гледа Латас. Затоа што дури и Заев знае дека Латас е најпопуларен новинар, и дека без публиката што го гледа него ништо не прави.
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Работата е што ја застапуваат цела медиумска зона.

Кој и да застане како прецедател од СДСМ, името ќе му го зацрнат одма во еден ден. Тоа е таа медиумска хајка. А на луѓе шо неможат да размислуваат со своја глава толку и му треба.

10 година се на власт, и сеуште некој друг му е виновен за лошите политики... Моја чудесна Македонија.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ти смета тебе што ги процесуираат твоиве за тешки криминали, па сега пробуваш да изиграваш некој поборник за социјална правда како и многу тука.. да не ти сметаа немаше да пишеш за 91 и некакви продажби на органи.
Тоа уствари е дното, честито.
Прво прочитај ми ги сите постови претходно, после ме етикетирај.
Ок?
 

gug1

њњ
Член од
14 мај 2011
Мислења
330
Поени од реакции
101
Да, живееме во демократија. И во демократија никој не е обврзан да оди некаде каде што не сака. Има право да избере каде да гостува. “Новинарите“ што ги споменуваш не се новинари, туку истурени политички експоненти на опозицијата. Јас лично не гледам никаква потреба Груевски да се појави кај нив.

Заев не се охрабри да оди кај Латас. Заев молеше да оди кај Латас. За да го видела публиката што го гледа Латас. Затоа што дури и Заев знае дека Латас е најпопуларен новинар, и дека без публиката што го гледа него ништо не прави.
Што кажа и кој одбрани, патронче...

Sent from my ONE A2001 using Tapatalk
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
“Новинарите“ што ги споменуваш не се новинари, туку истурени политички експоненти на опозицијата. Јас лично не гледам никаква потреба Груевски да се појави кај нив.
Инаку, кога би имало потреба, тој би се појавил и со своите ораторски способности би ги растурил. Само нема потреба. Исто како што нема потреба во една нормална демократија да гледаме ТВ дуел на лидерите на позицијата и опозицијата. Тоа што таквите дискусии се нормална пракса во секоја нормална демократија, нема врска. Ние ќе ја преизмислиме демократијата.
 

gug1

њњ
Член од
14 мај 2011
Мислења
330
Поени од реакции
101
НЕКА МИ КАЖЕ НЕКОЈ ЗАШО СЕ КУПЕНИ 5ТЕ МЕДИУМИ АКО ТОЛКУ Е ДОБРА ОВАА ВЛАСТ??? Што и од кој сакат да кријат...

Sent from my ONE A2001 using Tapatalk
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Вака сега pumaval, ако може да разјасниме нешто.
Оваа владејачка партија владее 10 години во Македонија со апсолутна власт и контрола врз сите државни органи- Обвинителство, Суд, МВР, ама апсолутно све е под контрола на ДПМНЕ. За десет години не видовме ништо во правец на расчистување на „криминалот“ на нивните претходници. Па нели ги гласаше народот 2006 за да расчистат со криминалот и да добиеме нормална држава?
Логички, ако за 10 години апсолутна власт не уапсија никого да одговара за криминал пред 2006, значи дека или немало криминал, или не ги апсиме за да имаме покритие за она што с случува денес. Па затоа кога некој ќе го фатиш да краде , веднаш добиваш одговор - И СДСМ крадеше.
Па добро бе, не ги бира народ да се натпреваруваат кој повеќе ќе украде, туку за да ние како граѓани живееме нормлно во нормална држава.
И многу јасно зошто оваа политика опстојува од 1991 па навака, не проблемот во тие што крадат, проблемот е во нас народот. Ниска цена има овој народ, ако добие партиско вработување, му е гајле за сите други, само да е партијата на власт-дали лаже, дали краде, сеедно, на 1ви платата стигнува.
Но за кратко, кога се менува власта, други се вработуваат, ја бранат својата партија и ги плукаат другите. Тие што се сменети грчевито се борат да дојде повторно нивната власт да добијат повторно привилегии.
И додека народот очи си вади, власта си ги полни џебовите, без разлика од која партија.
Затоа, потребно е чистење на државата од криминал, без разлика на партија, а народот да разбере дека плата се зема со работа, а не со партиска книшка.
Кога ова ќе го расчистиме, ќе имаме темел за градење нормална држава-граѓанска, а не партиска...
До тогаш ќе се плукаме на форуми и на улица, а ништо нема да се смени....
Браво бе Колумбо.
И јас тоа го зборувам. Дека треба да се исчисти државава од криминалот и партиите. Она што не успеаа да го направат империи за илјадници години, успеаа две партии за 25 години.
Ние сме си криви што им даваме власт и кредибилитет и на едните и на другите.
Ама како сакаш ти нормална држава кога партијата којашто ја одра Македонија и го продаде името и знамето има 300.000 гласови.
Тоа за тебе нормален народ ли е, неможе тоа да го разбере а камоли друго.
Шо е чарето? Да формираме Кајгана партија и мислиш дека ќе можеме да им се спротиставиме на 2те машинерии коишто за време на изборите располагаат со милијарди?

Велам дека ДПМНЕ нема да падне се додека СДСМ им се опозиција.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Инаку, кога би имало потреба, тој би се појавил и со своите ораторски способности би ги растурил. само нема потреба. Исто како што нема потреба во една нормална демократија да гледаме ТВ дуел на лидерите на позицијата и опозицијата. Тоа што таквите дискусии се нормална пракса во секоја нормална демократија, нема врска. Ние ќе ја преизмислиме демократијата.
Не би ги растурил. Груевски никогаш не се продавал како говорник, и никогаш нема да го прави тоа.

ТВ дуелите во западните држави немаат врска со демократија. Тие се случуваат бидејќи изборите таму се една голема шоу програма. Па политичарите мора да изиграваат мечки во циркуз и да анимираат публика. Во Македонија, за жал, гласачкото тело има многу поконкретни проблеми и му треба политичар што ќе му ги реши. Не политичар што ќе го забавува на ТВ пред спиење.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Други се бават со господи, правди, демократии, стандарди. И редовно испаѓаат глупи.

Ние во ВМРО се бавиме со конкретни работи, кои можат да се видат на слика или покажат на терен. Немаме вселенски претензии.
Можете барем за промена да стишите со давање земја на албанци во Аеродром. Мада некако градоначалникот не може да им одолее на албанските пари.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Можете барем за промена да стишите со давање земја на албанци во Аеродром. Мада некако градоначалникот не може да им одолее на албанските пари.
Не можеме изгледа. Знам дека во кулите се населија два милиони косовари, сега дополнително и Албанци се убија од купување земја во Аеродром. Се е тоа општо познато.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Не би ги растурил. Груевски никогаш не се продавал како говорник, и никогаш нема да го прави тоа.

ТВ дуелите во западните држави немаат врска со демократија. Тие се случуваат бидејќи изборите таму се една голема шоу програма. Па политичарите мора да изиграваат мечки во циркуз и да анимираат публика. Во Македонија, за жал, гласачкото тело има многу поконкретни проблеми и му треба политичар што ќе му ги реши. Не политичар што ќе го забавува на ТВ пред спиење.
Не, не е така. Така сакате да биде. Јас сум дел од гласачкото тело и сакам да слушнам спротиставување на аргументи, здрава и нормална дискусија на нормални теливизии. Повеќето членовви на овој форум се млади луѓе и сигурен сум дека сите сакаат да слушнат таква дискусија.

Прво го храните народот со ѓубре, потоа тврдите дека ѓубре бара.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Апсолутно нема да ја разбере. Груевски ниту говорел, а не верувам ниту дека некогаш ќе говори на тој јазик.

Повторно, не е Груевски Црвен крст, па да билда релевантност на луѓе што обожаваат да се нарекуваат новинари.
Да, живееме во демократија. И во демократија никој не е обврзан да оди некаде каде што не сака. Има право да избере каде да гостува. “Новинарите“ што ги споменуваш не се новинари, туку истурени политички експоненти на опозицијата. Јас лично не гледам никаква потреба Груевски да се појави кај нив.

Заев не се охрабри да оди кај Латас. Заев молеше да оди кај Латас. За да го видела публиката што го гледа Латас. Затоа што дури и Заев знае дека Латас е најпопуларен новинар, и дека без публиката што го гледа него ништо не прави.
Да бе, Миленко и Јанко се пример за новинари затоа он кај нив гостува. Мислам колку и да го величаш колку и да е бог ваљда смееш да признаеш дека има и маана. Едноставно човекот не го бива за јавни настапи и ќе го изеде било кој новинар или политички противник. Не туку бладај со таргет и анализи. Нека направи Сител дебата со него и било кој од опозиција пак нема да се појави. А истите новинари ќе бидат и истата публика. Некогаш треба и да си стаиш граница што све ќе му оправдуваш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Не, не е така. Така сакате да биде. Јас сум дел од гласачкото тело и сакам да слушнам спротиставување на аргументи, здрава и нормална дискусија на нормални теливизии. Повеќето членовви на овој форум се млади луѓе и сигурен сум дека сите сакаат да слушнат таква дискусија.

Прво го храните народот со ѓубре, потоа тврдите дека ѓубре бара.
Е ако де, затоа има повеќе опции. Ете го Заев, тој е за дуели, гостува кај Латаси и Богатинови, вика дека ако станел власт, такви дуели и дебати ќе имало секој ден. Никој не му тиска на народот ништо, сам ќе избере што сака да гледа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom