Приведен Здравко Савески од Левица
За уште тројца наши членови на највисоките раководни партиски органи им се стигнати покани за информативни разговори! Настаните за кои тие се товарат е поврзани со масовните протести на Движењето #Протестирам и т.н. Шарена револуција, кои почнаа по срамната и противправна аболиција на претседателот на РМ.
http://plusinfo.mk/vest/67684/priveden-zdravko-saveski-od-levica-
Почна втората фаза, ќе апсат луѓе кои протестираа. Неколку шамара врз градоначалник на општина е прекршочно дело, а неколку балончиња боја врз споменик е кривично дело .... диктаторски сваќања.
За настаните кога беше демолирана општина Центар нема ниедна прекшочна пријава.
Протестите во Македонија се едни од најмирните кога зборуваме дека сакаат да срушат недемократски режим, режим кој се дави од премногу криминал во своите редови.
Во Бугарија во 2013-та заради висока цена на струја имаше илјадници кои протестираа а имаше судири и со полицијата.
Во Србија додека го срушија Милошевиќ имаше убиени, повредени, атентати итн.
Во Грција протести имало и пред да западнат во криза, а потоа веќе се секојдневни.
Во Албанија има редовни протести.
На Косово од 1981-ва не се престанати сеуште протестите.
Во Македонија нема ни насилство од протестантите, а нема ни од полицијатa.
А излегува некој на протест, одма по куририте го прикажуваат како некое страно тело, некој соросоид, некој си странски платеник ... и така успешно устваруваат се што ќе им текне, секој што ќе се противи на повисока сметка за струја, ниски плати, голема невработеност, висока корупција, пропаднато здравство, неквалитетно образование, сечење на дрвја... ќе биде одма етикетиран како странски платеник и непријател на државата.
Се чини дека тие имаат монопол врз патриотизмот, тое се грижат за народот, за националните интереси, додека останатите се предавници, кои никако не смеат да дојдат на власт.
Протести-контрапротести, веројатно ги има и во други држави, но Милошевиќ ги употребил нешто порано, тој во 24 декември 1996 организираше огромен контрапротест во време кога протестираа и неговите противници заради изборна кражба, Милошевиќ со автобуси собрал десетини илјади подржувачи (исто како во Македонија), со цел да покаже моќ и веројатно за да се судрат со опозицијата ... така и се случува, намерно се ангажираат мал број на полицајци, за да се овозможи судир, а Милошевиќ си ангажираше и една полициска единица обечена во цивил облека за да тепаат опозиционери.
На тој ден е убиен еден подржувач на коалицијата Заједно, тој е најден мртов како последица на тепање... а десетина други тој ден биле повредени.
Србија никогаш не била поблиску од граѓанска војна, полицајците во цивилка тепале протестанти по улиците.
Милошевиќ на тој митинг изјавил:
Со Србија нема да управува туѓа рака.
Во 2000 година ерата на Милошевиќ заврши, позади него останаа многу страдања на српскиот народ ... Србија што повеќе се одалечува од ерата на Милошевиќ, толку подалеку е од работите кои се случуваа во тоа време, што значи дека Милошевиќ националистичката карта ја употребувал само за да остане на власт и за да ги етикетира неговите противници.
Ќе научиме ли од туѓите грешки или ќе оставиме тие да ни се случат и на нас?