претседателот ни е кловн.
Зошто? Оти им го плесна во фаца на европската елита тоа што повеќето го мислат а не се дрзнале да го кажат? Затоа што ги "искара" "амбасадорите" овде дека пречекориле граници во своето дејствување? Тоа што удри аболиција за да можеме едни мочани избори да ги истераме до крај без одредени плачипички изреволтирано да се изнесат на крај "E, не ми се игра бе! Никогаш не ми давате јас да бидам Бетмен!"
Што точно е кловновски? Пошто за мене кловн-worthy беше пример Бранко, кога на тие еден-два настани што беа проследени со снимка од него во странство како странциве му вртат грб. Да зине земја да го лапне. Срамој. Челото на гарда која иронично трубеше со години тука за некоја си "изолација".
Оди скриј се некаде , ДПМНЕ не требало да се реформира , ако не е тоа лоботомија што е ?
Здрав разум. Абстрактен концепт за тебе, се чини.
Ваква демократија во успрдени места во Африка има, каде уште не ја сфатиле дефиницијата што е тоа. Иронијата не е што кај нас се случува истото, имаме добар дел од народот што е телетабисен, или што за пари спремно е и родената мајка да си ја продаде, па лесно е да го извадиш на улица да јаде ќотек, да наталожи полициско досие, да го видат другарите како се тепа со полицајци и сл. Иронијата е што племенитата Европа сето ова не го осудува туку упорно вината кај пренесува кај владата, и впрочем, најавуваат дека насилството нема да запре ако ситуацијата остане статус кво, онака, лешперски протната суптилна закана. Таа Европа, заштитникот на демократијата, слободата, човековите права. Иронијата да беше смог, ќе испоцркавме до сега сите.