Значи ви пречат кадри поставени од Сдсм во Куманово, Струмица и Центар и се што се вработува преку сдсм, во 90% од државава нека земаат пари и нека живеат само членство и симпатизери на вмро, сдсм нека умре, така испаѓа работата. Ви пречат кадри поставени од Оливер и Фросина во техничка влада која е задолжена за избори. Не ви пречело до сега што има илјадници кадри од Вмро во цела држава, ама ви пречи овој мал дел што се од сдсм.
Според мене во снимките кои ги преслушале во сдсм сигурен сум дека имаат точен увид кој началник, кој командир, кој функционер кому какви задачи давал, кој бил послушен, и според тоа сметале дека е паметно тие луѓе да ги тргнат и ако сакаат регуларни избори, мора таквите да ги преместат и да стават свои луѓе од поверение, да не ги остават истите "бандити според Горде" кои одат по градови и малтретираат граѓани, фирми, уценуваат за што повеќе гласови.
Таа машинерија пробаа Оливер и Фросина да ја сопрат и да нема никакви закани, никакви притисоци, никакви запишувања, контролирања кој за кого е, кој гласал, кој не, се со цел да има регуларни избори.
НО тоа вам ви пречи, бидејќи ќе немате контрола над мвр, ќе немате контрола над социјално, не ќе можете да притискате, да уценувате, да потплатувате или да укинувате некои примања.
Затоа поништија се што припремаа Оливер и Фросина, за да има повторно изборен криминал ако воопшто има избори.
Го читам Fringe вика како ќе ги пребројат гласовите ако не ги отварале вреќите? Гласовите се во вреќи или во избирачки кутии? Јас како паметам беше збор за избирачки списоци(или оние записници во кои се потпишуваме кога гласаме) сместени во вреќи во некои магацини, и истите јадничките не знаеа ни да објаснат со што се врзани па да им ги кинат стегите ама не знаеле како без да се примети. Со цел да проверат кој се гласал(баш за тоа и збореа на снимките), а кој не, да знаат каде да трчаат да ги бараат.
Бегал Заев од судење, па ај да видиме сега кога ќе ги земе СЈО документите за ПУЧ, кој ќе бега.