Добро, хипотетички никој и да не лежи у затвор и покрај тоа што го направиле, дали веруваш дека тоа ќе доведе до поголема стабилизација на државата? Дали државна структура во која не постои почит кон највисока инстанца на правила, правила кои треба да бидат темел на стабилноста и редот, можеш да ја сметаш за стабилна? Наведи ги критериумите кои определуваат стабилност на една држава и кажи ми колку од тие критериуми, ги задоволуваме ние како држава у моментов.
Тоа е точно дека не можеме да знаеме што ќе се деси утре ако отиде цела криминална банда од двете партии у затвор.
Кои ни се опциите? Можеме да попуштаме до степен кајшто више нема назад и нема отпор кон ништо. Според мене, ова денес и вчера е крајното попуштање, последната илузија за демократско фер општество у кое ние бираме нешто. Пред очи го гледаме голо. Ова не се разликува во ниту една компонента од типично самоволие на власта, од типична диктатура според ниту еден елемент. Замисли утре, некој да убие луѓе што протестираат, некој трет да стаи у ендек независен новинар којшто објавил нешто. Оп, амнестија. И луѓе да протестираат... И некој тука да дојде и да рече, ако протестирате, ќе идат у затвор овие од бандава и кој ќе ги смени, Заев, Ојле, Дојле? Батали, никој нејќе дестабилизација. Задутре замисли, се воведе ново правило според кое, секој којшто не се слага со словото на владетелите, лежи затвор.
И сеа што, ако пробаме со протести, тоа е дестибилизација, па дур се возобнови структурата на државата, Ојле, Заев, Дојле, ќе искористат. Па + можност за граѓанска војна. Батали. После некој ден, сфаќаме дека живееме у адот. Отворено и јавно, смртна казна за тие што серат за владетелите. Ама што се жалиме? Сеа протести, луѓе ќе умираат, за што? Да дојде некој Заев, Ојле, Дојле? Батали.
И полека, полека ќе попуштаме. Според тебе, која е крајната линија до која еден народ треба да допушта на една ваква хипотетичка власт? Кога мислиш дека нема да има друг начин освен правење масовна промена која може да доведе до огромни срања или до боље ситуација, ама е неизбежен настан ако нејќеме да умреме со главата у чмар?